Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, спроведе акција на повеќе локациии низ Скопје. При претресите пронајдени се наркотични дроги – кокаин и марихуана, а во домот на еден од осомничените се пронајдени и куршуми за пиштол. МВР поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против Н.Г (29), Б.П. (27), Д.Б. (24) и Ф.С.(30) сите од Скопје заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и ...
На 08.10.2025 во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода В.Ш.(37) и Е.Б.(39), двајцата од Штип. При преглед кај нив се пронајдени неколку пакувања со кокаин. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и со нив е извршен службен разговор. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година. Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на ...
На 09.10.2025 во 01:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.М. (20) од Струга, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор. Тој бил осуден на една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување една година од казната. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Западен Балкан е дел од европското семејство, но дека во регионот расте недовербата дека во блиска иднина ќе стане дел од Европската Унија, што, како што предупреди, носи опасност од „враќање во старите времиња на непријателства и зголеменото влијание на Русија и Кина“. „Западен Балкан е дел од европското семејство. Затоа за нас е јасно: патот кон ЕУ ќе го поминеме заедно со ...
Македонскиот Митрополит Петар учествуваше на литургија близу Москва началствувана од рускиот патријарх Кирил на која беше изразена и поддршка за рускиот претседател и руската војска додека трае руската инвазија врз Украина. Ова е прва посета на член на Синодот откако Руската православна Црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА во 2022, во време кога руските црковни достоинственици се изолирани од останатите православни цркви. Порака на ...
Сите пратки кои пристигнуваат од странство ќе бидат поскапи за 18 проценти доколку пратениците ги изгласаат законските измени предложени од Владата. До собранието, Владата достави предлог-измени на Законот за ДДВ со кои се планира да се укине ослободувањето од плаќање ДДВ за производите од странство во износ до 22 евра. Тоа би значело автоматско поскапување на сите нарачки за 18 проценти, колку што е стапката за ДДВ. „Ако предлогот биде ...
Во периодот од 01.01.2025 година заклучно со минатиот месец 30.09.2025 година во рамки на континуираните полициски активности во делот на сообраќајот во сите Сектори за внатрешни работи, вклучително и активностите на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани се 18.458 возачи кои учествувале во сообраќајот без притоа да имаат возачка дозвола. Притоа најмногу вакви прекршоци се евидентирани на подрачјата на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците како дел од неговиот план за ставање крај на двегодишната војна во палестинската енклава. Само еден ден по втората годишнина од нападот на Хамас(која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација)врз Израел, што го предизвика разорниот напад на Израел врз Газа, индиректните разговори во ...
Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на ...
На (07.10.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај М.Ј (40) од Скопје. При претресот пронајдени се две полиетиленски кесички со амфетамин, пет шишиња со течен амфетамин и компоненти за производство на амфетамин, дигитална вага со траги од кокаин и други прекурсори за производство на амфетамин. Лицето е лишено од слобода и по ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо стана првиот милијардер меѓу фудбалерите, откако неговото богатство беше проценето на 1,4 милијарди долари, објави новинската агенција Блумберг. Во извештајот се наведува дека Роналдо одамна заработувал речиси иста сума пари како и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, кој многумина го сметаат за негов главен ривал, но дека во 2023 година имало голем јаз меѓу нив двајца кога станува збор за финансиите. ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ja повика Европа да стекне капацитет да одговори на хибридните закани по неодамнешните, како што се верува, руски упади во воздушниот простор на неколку европски земји. „Време е да се нарече со неговото име. Тоа е хибридна војна. Европа мора да стекне капацитет да одговори и да го заштити своето небо“, рече Фон дер Лајен на седницата на ЕП посветена на неодамнешните руски ...
Компанијата ЈАНАФ (JANAF) објави дека добила лиценца со која се одобрува „учество во активности што се вообичаени и неопходни за транспорт на нафта“, до 15 октомври, што значи дека преку овој нафтовод ќе може да се транспортира нафта до Нафтената индустрија на Србија (НИС) во следните седум дена. Санкциите од страна на Соединетите Држави против Српската нафтена индустрија, најголемата нафтена компанија во земјата, се планирани од 8 октомври. ...
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на состанокот со новиот командант на мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) турскиот генерал-мајор Озкан Улуташ, истакна дека нејзината земја се соочува со „закани од беспилотни летала“ од Србија. На состанокот со генерал-мајор Улуташ, кој минатата недела ја презеде функцијата командант на КФОР, Османи разговараше за безбедносните случувања, објави кабинетот на косовскиот претседател. „Разговарајќи ...
Три градинки и едно училиште во земјава добиле парични казни поради несоодветно чување на храната која се подготвува за децата, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)на 8 октомври. Од Агенцијата додаваат дека биле уништени 24 килограми храна во градинките и 59 килограми храна во училиштата. Во септември инспекторите спровеле контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Како што информираат од АХВ ...
Истражителите во средата изјавија дека новоизбраната градоначалничка на германскиот град, која беше пронајдена во нејзиниот дом со убодни рани, очигледно била нападната од нејзината тинејџерска ќерка, и дека нејзиниот живот веќе не е во опасност. Ирис Шталцер (57) беше избрана за градоначалничка на Хердеке, во западна Германија, на 28 септември и треба да ја преземе функцијата на 1 ноември. Полицијата соопшти дека итните служби биле ...
Премиерот Христијан Мицкоски во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиригодишен мандат. Но, за таа одлука, вели премиерот, ќе се водат не од политичкиот, туку од интересот на државата. „Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе рече ...
Два старечки домови во Скопје се најдоа под лупа на институциите поради сомнежи за нехуман и суров третман на штитениците. По пријава на МВР, Обвинителството ќе истражува што се случувало во приватните домови за згрижување на стари лица во населбите Бутел и Центар, за каде се добиени сознанија дека семејствата плаќале многу, а нивните најмили не го добивале соодветниот третман. Напротив, според полициската пријава, им била делена расипана ...
На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско, информира МВР. Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес. По целосно документирање на случајот, против А.А ...
Сомнителен куфер кој бил оставен на плоштадот ВМРО каде што се наоѓа и зградата на ВМРО-ДПМНЕ предизвика евакуација на целиот дел. Информацијата за Press24 ја потврди МВР Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видео надзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. ...
Војници на Националната гарда на Тексас пристигнаа во Илиноис за да го заштитат федералниот персонал и имотот среде антиимиграциски протести, потврди Пентагон. Официјален претставник на Пентагон изјави дека 200 гардисти се мобилизирани за првичен период од 60 дена, јави Фокс Њуз. Војниците пристигнаа во Илиноис „во поддршка на Мисијата за федерална заштита за заштита на федералните функции, персонал и имот“, се вели во соопштението на ...
Во периодот од 6 до 12 октомври, сообраќајната полиција при МВР спроведува засилени контроли за употреба на мобилен телефон и слушалки за време на возење. Акцијата е дел од меѓународната ROADPOL кампања „Фокус на патот“, која се одвива истовремено во 34 европски држави. Употребата на мобилен телефон за време на возење го зголемува ризикот од сообраќајна незгода и до 20 пати! Вашата концентрација и брзата реакција можат да спасат живот. ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе Упатство за гласање на Локалните избори 2025. Гласањето е лично, а избирачите на гласање ќе можат да одат само еднаш, ќе се идентификуваат со лична карта или со пасош. Ќе можат да гласаат и лица чија важност на документите им истеклa од денот на распишување на изборите до 19 октомври. Пред да го добијат гласачкото ливче избирачите ќе биат проверувани со апаратите за биометриска ...
Со гордост го најавувам мојот следен приоритетен проект: Реконструкција на Кеј „Македонија“! Овој проект е повеќе од потребен за градот. Овој проект е инвестиција во срцето на Охрид, создавајќи модерен простор за охриѓани и за нашите гости. Со реализацијата овој дел градот добива нов и урбан лик, партерно и хортикултурно уредување, нова урбана опрема: клупи за одмор, корпи за отпадоци и ново соодветно осветлување, како и подобрена безбедност ...
На 08.10.2025 во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп. Во 02:50 часот пожарот бил ...
Минатата недела во Овалната соба се случи невообичаена сцена. Американскиот претседател Доналд Трамп беше исклучително зборлест и претеруваше додека го фалеше својот турски колега Реџеп Таип Ердоган пред новинарите: „Имаме добри односи. Тој работи многу добро во својата земја. Тој е многу почитуван човек. Сите го почитуваат. И јас го почитувам“. Но, меѓу пофалбите дојде барање што претставува голем економски и геополитички предизвик за ...
Граѓаните и тоа како се изненадени оваа година од раното доаѓање на ладното време и поранетиот снег, како и порано започнатата грејна сезона. Токму поради ова од моја страна решив да дадам анализа и информација зошто токму олку рано имаме невообичаено ладно време за почетокот на месец октомври. Веќе со денови над североисточна и источна Европа е стациониран Антициклон, односно поле со висок воздушен притисок и стабилно и суво време. Токму ...
Денешниот ден (среда 8 октомври) во нашата Република Македонија ќе помине во знакот на значително облачно и релативно ладно време со потпросечни температури на воздухот за овој период од годината. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1500/1600 метри надморска височина врнежите ќе бидат од повремен снег. И во Скопје и околината денес ќе има значителна облачност со повремен локален дожд. Ќе продолжи да дува засилен, ...
На денешниот народен митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Ахмети каде што посочи дека политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци. „Јас нема да му одговарам на Али со неговата реторика, иако тој ...