Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 13 октомври изјави дека нема да има голема енергетска криза во Србија поради воведувањето на американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС). Тој ги даде овие забелешки по средбата со претседателот на одборот на „Газпром Нефт“, Александар Дјуков, и рускиот заменик-министер за енергетика, Павел Сорокин. „Нема да има недостиг од нафта и нафтени производи“, рече Вучиќ во видео изјава на ...
Особено сум горд што нивниот број, но и бројот на нивните членови континуирано расте, благодарение на поддршката која како Општина ја издвојуваме за спортот. Заедно се сложивме дека поддршката од Локалната самоуправа во изминатите четири години е на високо ниво, а ги уверив дека согласно растот на буџетот експоненцијално ќе расте и поддршката за спортот. Како поддршка која ја издвојуваме се стипендиите за спортисти, финансиски средства за ...
Уште една група од 13 израелски заложници беше ослободена од заробеништвото на Хамас, кое САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација. „На пат сме кон израелската армија“, изјави висок функционер на Црвениот крст за „Тајмс оф Израел“. Израелската армија потврди, како што објавија медиумите, дека Црвениот крст ја информирал армијата дека пред некое време зела 13 заложници од Хамас во јужниот дел на Газа. Претходно, седум заложници, меѓу ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави „извонредното“ примирје во Газа како надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да посредува за прекин на руската инвазија врз неговата земја. „Кога ќе се постигне мир за еден дел од светот, тоа носи поголема надеж за мир во другите региони“, рече Зеленски на социјалните медиуми. Тој додаде дека ако се постигне прекин на огнот и мир за Блискиот Исток, „лидерството и ...
Советот на ЕУ ја одобри конечната верзија на Регулативата за безбедност на играчките, со која се зајакнуваат безбедносните правила, се зголемува заштитата на децата од штетни хемикалии и се промовира користењето на дигитални пасоши за производите, со цел полесна контрола на почитувањето на мерките. Со новата Регулатива за безбедност на играчките се забранува или ограничува употребата на неколку опасни хемиски супстанции во производство на ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денес учествуваше на трибината „E-evidence со Relevance Blueprint“, организирана од Бирото за јавна безбедност, каде беше презентиран концептот BLUEPRINT – интелигентен систем кој овозможува систематска анализа и идентификација на релевантни докази, поврзувајќи ги полицијата, обвинителството и судството во единствен дигитален екосистем за поефикасна и потранспарентна правда. Јанев ...
Денеска (13.10.2025) во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен ...
Преку конкретни поддршки, интензивни промоции и организирање на настани надвор од туристичката сезона, успеавме да привлечеме гости и да го раздвижиме градот. Од културни манифестации до спортски настани – докажавме дека можеме! Подобрувањето на патната инфраструктура овозможи полесен пристап до туристичките места. Имаме идеја, знаеме како и можеме да придонесеме за уште поголема туристичка промоција на градот. Продолжуваме посветено да ...
Хамас ги ослободи првите од преостанатите израелски заложници во Појасот Газа. Седум заложници биле предадени на Црвениот крст во понеделник наутро, кој ќе ги донесе ослободените заложници во Израел, изјави за Ројтерс извор вклучен во операцијата. Сè уште не се објавени информации за нивната здравствена состојба. Исламистичкиот Хамас претходно ги објави имињата на 20-те израелски заложници што треба да бидат ослободени, а кои се уште се ...
Два дена по повторното назначување на премиерот Себастијан Лекорну, Франција има нова влада. Според списокот објавен од Елисејската палата, 34-те членови на кабинетот вклучуваат и некои малку познати личности. На функцијата остануваат министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро, министерот за економија и финансии Ролан Лескир, министерката за култура Рашида Дати и министерот за правда Жералд Дарманин. Лескир се смета за близок сојузник на ...
Од среда (15 октомври) па во деновите потоа територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од нов влажен и поладен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација ќе имаме зголемена облачност која ќе услови врнежи од дожд во поголем дел од нашата Македонија. Повремено и локално врнежите ќе бидат пообилни а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината во погоре ...
„Русија на Владимир Путин има корист од тоа што Западен Балкан останува нестабилен и под влијание на Москва“, вели Валери Пери, американска експертка за Западен Балкан во интервјуто за РСЕ. „Во интерес на Путиновата Русија е Западен Балкан да остане нестабилен и под влијание на Москва, бидејќи тоа ѝ олеснува да ја дестабилизира Европа и да испрати сигнал дека демократијата не носи резултати и дека луѓето треба да се откажат од надежта во ...
Од суштинско значење е секоја активност во воздушниот простор на Косово да биде правилно координирана со мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, за да се спречат тензии и да се гарантира безбедноста, изјави за Радио Слободна Европа функционер на западната воена алијанса. На 8 октомври, косовските власти објавија дека добиле „илјадници“ борбени беспилотни летала од Турција, што предизвика силна реакција од соседна Србија. Функционерот на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави во саботата дека новиот гасен аранжман што Русија ѝ го понудила на Србија – односно продолжување на постојниот само до крајот на годината – е „многу разочарувачка вест“ и „многу, многу лоша порака“. Три години по почетокот на руската инвазија на Украина, Србија сè уште е енергетски зависна од Русија. Вучиќ, во телефонско вклучување во програмата на ТВ Информер, појасни дека очекувал ...
КОНТИНУИТЕТ! НАПРЕДОК! ОБЕДИНУВАЊЕ! Сите тие имаат еден заеднички именител – бројот 9! 9 е бројот кој обединува различни идеи и луѓе за заедничка цел. Тој е симбол за напредок и постојано подобрување на квалитетот на живот во нашиот град. 9 е бројот за континуитет кој гарантира дека започнатите проекти ќе се реализираат, а визијата за Охрид ќе се остварува без прекини. Со бројот 9, Охрид не запира повеќе! Секој нов ден да биде нов чекор кон ...
Со гордост го најавувам следниот приоритетен проект кој значително ќе го подобри изгледот и функционалноста на нашиот град: Реконструкција на дел од Булеварото „Туристичка“ (од ул. „Стив Наумов“ до ул. „Јане Сандански“) Со проектот е опфатено: ➡Нови тротоари за безбедно и пријатно пешачење. ➡Целосна реконструкција на велосипедските патеки. ➡Модерно и ефикасно јавно осветлување. ➡Поставување нови клупи за одмор и канти за отпадоци. Овој потег ...
Сезоната на берба на брусница започна во Њу Џерси, Соединетите Американски Држави (САД), каде фармите ги поплавија насадите со цел полесно да ги соберат зрелите црвени бобинки од површината на водата, јавува Анадолу Оваа американска сојузна држава е еден од водечките производители на брусница во САД, а годишната берба создава еден од најживописните и највозбудливи есенски пејсажи. Работниците користат специјализирана опрема за собирање на ...
Жестоки борби избувнаа синоќа на најмалку пет локации, при што повеќе војници беа убиени, во разгорување на насилството меѓу пакистанските и авганистанските сили во близина на напнатата граница на двете земји. Пакистански безбедносни извори во близина на граничниот регион рано на 12 октомври потврдија за Радио Машал на РСЕ/РЛ дека тројца пакистански војници и еден цивил се убиени, а пет војници се повредени во борбите и последователниот ...
До вторник (14 октомври) во нашата Република Македонија ќе имаме стабилно, суво и потопло време преку ден со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Ќе имаме сончево време со појава на мала до умерена, локално и малку позначителна облачност. Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени. Во Скопје и околината исто така времето до вторник (14 октомври) ќе биде стабилно и суво со слаб до ...
Во близина на мостот Ибар во Северна Митровица, каде што повеќе од 90 проценти од населението се Срби, атмосферата видливо се промени во последните три години. Имено, толку многу помина откако српските партии ги бојкотираа косовските избори, а албанските градоначалници го презедоа управувањето со општините на север. Муралите и графитите на српски јазик, по кои тие општини беа препознатливи, сега исчезнаа. Сите национални симболи на Србија се ...
Грижата за нематеријалното добро отсекогаш била мој врвен приоритет! Чувството на среќа и гордост е огромно кога гледам како со нашата работа и поддршка успеваме да зачуваме и возобновиме она што е навистина вредно и репрезентативно за Охрид. Охрид е ризница на култура, традиција и наследство кое мора да се негува. Затоа, ве уверуваме дека и во наредниот мандат поддршката продолжува и тоа со уште поголем интензитет! Подготвен сум за уште ...
Достоинствено и државнички денеска беше одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври, со свечена академија во Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. По повод овој значаен историски датум, директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, истакна дека 11 Октомври не потсетува на гордоста, храброста и непокорот на генерациите кои ја поставија темелната линија ...
Драго ми е што можам да се пофалам дека Општина Охрид од моето доаѓање на власт во континуитет одвојува програмски средства за покривање на оперативните трошоци на Планинската спасителна служба и единствена Општина која обезбедува финансиски и институционална поддршка за ваква волонтерска служба. Повеќе од уверен сум дека сета оваа поддршка е повеќе од заслужена имајќи предвид дека за само три години оваа служба извршила 62 интервенции за ...
Нашите заложби за заштита на животната средина не се само декларативни, туку реални дела! По децениска потреба, во тек е изградбата на пречистителна станица во Трпејца! Ова е круцијален проект за чиста околина. Продолжуваме со решавање на клучните инфраструктурни проблеми. Како приоритетен проект за наредниот мандат е изградбата на секундарна канализациона мрежа во село Трпејца. Со ова, систематски ја заштитуваме нашата околина и езерото! ...
На 10.10.2025 во 18:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, сопственост на С.Ж. од Гостивар, при што одзеле околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра. По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило “бмв х3” без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и во 19:00 часот на ...
Десеттина дена пред Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) да објави видео-сторија со досега необјавени снимки и документи од истрагата за трагедијата во Кочани, извор од Јавното обвинителство ми ја навести можноста да го добијам извештајот на анализирана телефонска комуникација меѓу неколку клучни лица, кој е дел од доказниот материјал за поднесеното обвинение зад кое стои државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, пишува новинарот ...
Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна. По фашистичката агресија од страна на Германија и Бугарија и окупацијата на ...
Израел и милитантно исламистичкиот Хамас се согласија со првата фаза од мировниот план за Појасот Газа предложен од САД. „Ова значи дека многу наскоро сите заложници ќе бидат ослободени и Израел ќе ги повлече своите трупи на договорена линија, како прв чекор кон силен, траен и вечен мир“, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата онлајн платформа, Truth Social. Трамп им се заблагодари на сите преговарачи за овој „голем ден“ и ...
Репрезентацијата на Македонија одигра нерешено 0:0 на гостувањето во Белгија и освои значаен бод во квалификациите за учество на Светското првенство 2026, известува Анадолу. Белгија вечерва и беше домаќин на репрезентацијата на Северна Македонија на стадионот „Гент Арена“ во градот Гент. Натпреварот го водеше турскиот судија Умут Мелер. Уште од самиот почеток селекцијата на Белгија наметна силно темпо и голем притисок на голот на ...
Џипот што бил користен при денешниот грабеж на златарница во центарот на Гостивар е пронајден запален на патот кон планинскиот премин Стража, на свртувањето кон Маврово. Според информациите, возилото било целосно зафатено од пламен, а истражителите се сомневаат дека разбојниците го запалиле намерно за да ги сокријат трагите и доказите од грабежот. Полицијата е на терен и врши увид на местото, при што се собираат траги што би можеле да ...