Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Министерството за внатрешни работи и Транспаренси Интернешнл – Македонија потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на партнерството во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Со овој Меморандум се воспоставува рамка за заедничко дејствување, размена на податоци и експертиза, како и за спроведување на активности насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето. Министерството ќе соработува со ...
Сопругата на починатиот пеач Панчо информираше дека утре, на 16 октомври, роднините, пријателите и сите кои го познаваа и сакаа Владимир Блажев – Панчо ќе имаат можност да се простат од него и да му оддадат последна почит. Прошталната церемонија ќе се одржи во црквата „Св. Илија“ во скопската населба Аеродром. Молитвениот чин ќе започне во 9:00 часот со Заупокоена литургија, по што изразување сочувство ќе биде овозможено во периодот од 10:00 ...
Голема е честа и задоволството што денеска бев дел од пригодната свеченоста со која беа одбележани три години од отворањето на Младинскиот центар во Охрид. Младите луѓе се носители на идеи и иновации. Затоа, вложувањето во нивниот развој, создавањето услови за нивно активно учество и поддршка на нивните потреби е наша морална, и општествена одговорност. Со отворањето на Младинскиот центар во 2022 година, направивме важен чекор за младите и ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори и најавува дека фокусот ќе биде на, како што изјави, расчистување во судството и обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од власта т.н црна коалиција на „СДСМ, ДУИ и Левица“. Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично, изјави денеска ...
Поранешниот премиер, претседател на државата, лидер и икона на СДСМ, Бранко Црвенковски, предизвика бура реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ. објави Скопје1.мк На една од фотографиите, Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политички живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, ...
Кризата со гориво во Русија, предизвикана од украински напади со дронови, се заострува. Рафинерија по рафинерија се затвораат заради поправки, а обемот на производство значително опаѓа. Цените на горивото, како последица на тоа, достигнаа рекордно ниво на берзите, а и на бензинските пумпи постојано растат, но не толку драматично бидејќи владата вештачки ги одржува пониски. Но, како и во советско време, регулирањето на цените доведува до ...
Измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител и тој да се бира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието. Ова се препораките на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото (ДГИ) на Советот на Европа по двата предлог законски текста на македонската Влада. Оценката е дека предложените закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители и ...
Историски момент за македонската дигитална иднина, капитален проект со историско и национално значење, нова страница во дигиталниот развој на Македонија… Сите овие епитети ги доби Националниот центар за вештачка интелигенција – „Везилка“, проект чиј носител е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со институционална поддршка од Министерството за дигитална трансформација. Проектот „Везилка – национална фабрика за ...
Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток во текот на денот и во петок (16/17 октомври) во нашата Република Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни па така за време на овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до ...
Израел им соопштил на Обединетите нации дека од среда ќе дозволи влез на само 300 камиони со хуманитарна помош во Појасот Газа, што е половина од договорениот број и дека нема да дозволи влез на гориво или гас во енклавата, освен за специфични потреби поврзани со хуманитарната инфраструктура – објави Ројтерс повикувајќи се на белешка која е потврдена од страна на ОН. Олга Черевко, портпаролка на Канцеларијата на ОН за координација на ...
Европските и арапските земји, Канада и Соединетите Американски Држави се подготвени да придонесат со околу 70 милијарди долари потребни за обновата на Газа – изјави претставник на Обединетите нации, додавајќи дека двегодишната војна создала урнатини еквивалентни на 13 пирамиди во Гиза. Претставникот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Јако Силиерс изјави дека израелската војна против Хамас, кој ЕУ и САД го сметаат за ...
Денес, директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, оствари работна посета на СВР Велес и на регионалниот команден центар формиран за оперативното управување со активностите поврзани со локалните избори 2025. Фокусот на средбата беше насочен кон актуелната безбедносна состојба во регионот и подготовките на полицијата во пресрет на првиот изборен круг, со јасен акцент на одржување на ...
Францускиот премиер Себастиен Лекорну во вторникот објави дека ќе го суспендира долго дискутираниот план за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, со цел да го спречи паѓањето на неговата кревка малцинска влада. По една недела политички превирања, новоименуваниот Лекорну рече пред Националното собрание дека законот, кој е главна иницијатива на претседателот Емануел Макрон, ќе биде ставен во мирување до следните ...
Охридското езеро е нашето најголемо Богатство! Тоа се штити со дела, а не само со ЗБОРОВИ. Предолго гледавме како Охрид пропаѓаше без грижа и без план. ЗАЕДНО го променивме тоа. Овде сум како човек кого го познавате. Со својата желба, воља и мотив, да продолжиме уште посилно и поодлучно. Имаме иста грижа и исти соништа. Да изградиме Охрид што ќе биде и ИДНИНА и ДОМ. Да биде Охрид енергијата на нашите заеднички животни приказни и да ја ...
Анкетата е спроведена од страна на М-Проспект. Податоците се собирани во период од 1 до 8 октомври 2025 година преку телефонска анкета (CATI). Примерокот вклучува 995 испитаници и е национално репрезентативен за полнолетната популација. Истиот е подготвен согласно податоците од Пописот од 2021 година од Државниот Завод за статистика. Според анкетата ВМРО-ДПМне ВОДИ ПРЕД СДСМ СО 33,4% НАСПРЕМА 9,8% на локалните избори, ова е одговорот на ...
Во текот на следните пет години, компанијата Гугл (Google) ќе инвестира 15 милијарди долари во воспоставување капацитети за центри за податоци како дел од центрите за вештачка интелигенција во индиската држава Андра Прадеш. Ова, пишува Ројтерс, е една од најголемите инвестиции на Гугл во Индија. „Тоа е најголемиот центар за вештачка интелигенција во кој ќе инвестираме надвор од САД“, изјави извршниот директор на Google Cloud, Томас Куријан, ...
Володимир З. е во притвор во Варшава од крајот на септември 2025 година, чекајќи одлука за негова евентуална екстрадиција во Германија. 46-годишниот Украинец беше уапсен на 30 септември 2025 година врз основа на меѓународна потерница. Полска го уапси по барање на германското Сојузното јавно обвинителство во Карлсруе, кое го сомничи за учество во нападот врз гасоводот Северен тек 2 во септември 2022 година. Окружниот суд во Варшава го ...
Во рамки на активностите на полициските и оперативни служби при МВР, во делот на сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на месец септември вкупно се регистрирани 78 кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, и притоа согласно Кривичниот законик, кривично се пријавени 93 сторители. Според кривично правната класификација 71 од овие дела се за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...
Словачка е голем поддржувач на македонските евроинтеграции, а ЕУ не може да си игра со довербата на луѓето во оваа земја, порача од Скопје, словачкиот претседател Петер Пелегрини кој денеска (14 октомври) престојува во официјална посета на земјава. Пелегрини не штедеше критики кон Европската Унија, која како што рече, применува двојни стандарди во процесот на проширување. „Сфаќам дека минавте тежок пат кон ЕУ, знам колку беше тешко да се ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Западен Балкан, најави дека во регионот доаѓа со два проекти – фабрики за вештачка интелигенција во Северна Македонија и во Србија. Станува збор за проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на ЕУ, меѓу кои и во Северна Македонија. „Можам да објавам дека ќе ги отвориме нашите фабрики за ...
Јавното обвинителство потврди дека ќе биде издадена наредба за обдукција на пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по речиси седум месеци болничко лекување. Информацијата е точна, Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба, соопштија од Обвинителството. Панчо изминатите месеци се лекуваше во приватната болница „Систина“ поради ...
Денеска во Скопје, Министерството за внатрешни работи беше домаќин на конференцијата за воспоставување на Регионална асоцијација на полициски академии и центри за обука во Југоисточна Европа, на која присуствуваа претставници од повеќе држави од регионот и меѓународни партнери. Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека овој момент претставува потврда на заедничката волја за јакнење на врските меѓу ...
Со секој чекор, ја градиме нашата визија за подобар град. Продолжуваме да работиме, бидејќи само со заеднички сили можеме да изградиме функционално општество. Волонтерството е срцето на нашата заедница. Нашата мисија е да го подигнеме волонтерството на повисоко ниво, бидејќи тоа е клучот за просперитетна иднина. Зборовите на поддршка од најинволвираните ми даваат дополнителен мотив да работам уште повеќе. Мојата визија за подигнување на ...
Од денеска, САД и Кина наметнуваат пристанишни такси на товарни бродови што превезуваат сè, од играчки до сурова нафта. Со ова, трговскиот конфликт меѓу двете најголеми економии во светот, се проширува и на поморскиот превоз. Кина објави дека ќе воведе посебни давачки за бродови во сопственост на САД, управувани од САД, изградени во САД или бродови што пловат под американско знаме. Во исто време, владата во Пекинг разјасни дека бродовите ...
На 13.10.2025 во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.З.(22) и Н.Д.(23), двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно ...
Несрин Хамад, мајка на три деца, беше во исчекување на вести од својот сопруг, кој тргнал на тешкиот пат до населбата Шеик Радван во градот Газа. Таа останала во Деир ал-Балах во централна Газа, каде што нејзиното семејство било раселено. „Мојот сопруг денеска отиде во нашиот дом во Шеик Радван. Знаевме дека таму е бомбардирано, но да се види со свои очи, е уште поболно“, раскажува Хамад по телефон за ДВ. Нивната куќа била целосно уништена, ...
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од утре (среда 15 октомври) попладне и навечер па во деновите потоа во нашата Република Македонија ќе дојде до поголема промена на временската состојба. Ќе имаме зголемена облачно на повеќе места со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Во Скопје и околината во погоре ...
Српска листа, најголемата партија на Србите во Косово, очекувано ја однесе победата во девет од десет општини со мнозинско српско население, на локалните избори одржани на 12 октомври 2025 година. Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК), во општината Клокот, Српска листа добила 41,6 проценти од гласовите, па одлуката за избор на градоначалник таму ќе биде донесена во втор круг. Претседателот на Српска листа, ...
Меѓународната коалиција за слобода на медиумите, слобода на изразување и новинарски организации ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на нејзината посета на Западен Балкан оваа недела да се осврне на кризата со слободата на медиумите во регионот, соопшти Меѓународниот институт за печат (IPI) на 13 октомври. ИПИ соопшти дека меѓународните организации од октомври минатата година регистрирале „исклучителни ...
Пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток означува нешто што може да биде пресвртница во дипломатијата во регионот. Но, дали тој успех ќе го обнови притисокот за прекин на војната на Русија против Украина? Американскиот лидер одржа говор во израелскиот парламент (Кнесет), по што ќе биде копретседател на самит во Египет на кој ќе присуствуваат лидерите на повеќе од 20 земји, со цел финализирање на трајно ...