Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Општина Охрид доби престижна награда на 56-тиот Меѓународен саем за туризам кој од денес до сабота се одржува во Нови Сад, Србија. Наградата се доделува за перспективна и јасна визија за развојот на градот Охрид како актрактивна туристичка понуда. Ова признание претставува значајна потврда за континуираните напори на општината во унапредувањето и промовирањето на туристичките потенцијали на градот. На промотивниот штанд на Општина Охрид, ...
За околу три недели во базата на „Визер“ во Скопје ќе пристигне уште еден авион, кој е шестиот по ред. Исто така, компанијата ја менува, односно осовремененува флотата со авиони со понова технологија и со поголеми авиони, со повеќе седишта, вели генералниот директор на „Визер“, Јозеф Варади, во интервју за МИА. Тој нагласува дека и покрај сите предизвици, со кои се соочуваат сите авиокомпании, тие остануваат посветени на проширување на ...
На 26.11.2025 во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки ...
На 26.11.2025 во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ј.Ќ.(34) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана. На 26.11.2025 во 10:40 часот во село Негорци, ...
Македонија годинава доби нов европски шампион во мотоциклизам – Петар Мијалков, човек кој со огромна посветеност, храброст и дисциплина успеа да се искачи на самиот врв на БМУ Европскиот шампионат. Со моќни настапи, стабилни резултати и карактер што не отстапува пред предизвиците, Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мото спорт. Во негова чест, во Штип беше организиран свечен шампионски круг, каде што ...
По големиот смртоносен пожар во станбен комплекс воХонг Конг,истражителите продолжуваат да ја бараат причината за неговото избувнување. Како што соопштија властите, полицијата уапси три лица од една градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност. Според извештаите на весникот Саут Чајна Морнинг Пост полициските службеници извршиле претрес и во канцелариите на компанијата. Во најразорниот пожар вокинескиот специјален административен ...
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во нашата Македонија времето ќе биде облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег и токму на овие ...
Ќе има ли поскапување на струјата за домаќинствата по Нoва година? Прашање на кое засега нема одговор, а ги мачи граѓаните. Се додека не се заврши тендерот на ЕСМ за снабдување со електрична енергија за една година, цената која е дадена од страна на компанијата и Владата јавно нема да се објави, бидејќи одлуката е донесена на затворена седница на Владата и е класифициран податот. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски потенцираше дека ...
Двајца припадници на американската Национална Гарда беа застрелани во близина на Белата куќа на 26 ноември, соопшти гувернерот на Западна Вирџинија, Патрик Морисеј. Полицијата во Вашингтон соопшти дека еден осомничен е во притвор и дека областа е обезбедена. Гувернерот Морисеј, во објава на социјалната платформа Х објави дека членовите на Националната гарда починале од повредите. Кратко потоа, тој објави дека информациите се сè уште ...
Тројца кандидати предложи Уставниот суд за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Тие ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Станува збор за адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски. Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски изјави дека одлуката ја донеле врз основа на критериумите за висок морален углед, квалификации за судиска ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го испраќа специјалниот претставник Стив Виткоф во Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во врска со мировниот договор со Украина, за кој Киев вели дека е подготвен „да продолжи напред“ додека се средуваат некои последни „чувствителни“ точки. Кремљ соопшти дека пратеникот на Белата куќа, Стив Виткоф, ќе допатува во Москва следната недела, во услови на забрзување на ...
Најмалку тринаесет лица загинаа во голем пожар во комплекс со високи згради во Хонгконг, додека најмалку пет други се згрижени во болници, од кои двајца се во критична состојба, како што соопшти владата. Локалните медиуми известуваат дека меѓу загинатите е и еден пожарникар. Според извештаите, неколку лица се заробени во зградите што горат. Пожарот избувнал во комплексот со високи згради „Ванг Фук Корт“ во областа Таи По и брзо бил подигнат ...
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на 26 ноември пристигнува во Белград на разговори околу деталите за тоа како Унгарија ќе ѝ помогне на Србија откако испораките на сурова нафта од Хрватска беа прекинати поради санкциите на САД. Ова информација во видео порака на социјалната мрежа Фејбук ја соопшти министерот Сијарто. Српскиот претседател Александар Вучиќ во вторник изјави дека Србија има уште четири дена целосно да ја ...
Руските власти ја спречуваат Црна Гора да се приклучи на меѓународниот договор за контрола на извозот на оружје и стоки со двојна намена – Васенарскиот договор. „Русија веќе некое време го попречува процесот на прифаќање нови членки“ иако сите услови за членство се исполнети, според документ од Владата на Црна Гора за исполнување на препораките од извештајот на Европската комисија. Васенаарскиот договор има 42 членки, вклучувајќи ја и ...
Во скопската населба Влае, во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“, се случи инцидент со сомнително труење на група ученици. Според информации на НетПрес, меѓу засегнатите деца се наоѓа и помладиот син на премиерот Христијан Мицкоски. Според неофицијални извори, ученикот бил хоспитализиран и поминал два дена во болница со симптоми на затруеност и покачена телесна температура. Истите извори наведуваат дека здравствената состојба на детето во ...
Во рамки на проектот се врши целосна замена на двете вертикални турбински пумпи кои датираат од 1988 година. Се поставуваат нови поекономични и автоматизирани пумпни агрегати, со цел обезбедување непрекинато водоснабдување на градот Охрид и околните населени места. Исто така, проектот предвидува и целосна промена на постојното напојување на пумпните агрегати со ново електрично напојување, како и целосна замена на електричната инсталација. ...
Помалиот син на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, Антониј, е еден од потешко затруените ученици од скопското основното училиште „Димо Хаџи Димов“ населбата Влае во општината Карпош, објави „НетПрес“. Како што објавува порталот, тој бил хоспитализиран и два дена е во болница со симптоми на труење и зголемена телесна температура. Моментно, тој е во подобра здравствена состојба. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ...
За време на владеењето на Ангела Меркел, Србија и Германија имаа стабилни и позитивни односи. Блискоста на Александар Вучиќ со германската канцеларка се претставуваше како доказ за успешна надворешна политика. Германија беше гледана како клучен партнер во економијата, инвестициите и европските интеграции. Но, по промената на германската власт, од Берлин почнаа да пристигнуваат остри критики за состојбата со демократијата и владеењето на ...
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (Вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон среда па се до сабота претпладне вцо нашата Република Македонија ќе имаме нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од јужен правец. На планините над 1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Овој циклон на многу места ќе донесе ново големо ...
Според проценките на Обединетите Нации, минатата година на секои 10 минути една жена или девојче било убиено од партнер или член на семејството. Во најновиот извештај за фемициди (убиства на жена или девојче поради нејзиниот пол) се наведува дека лани околу 83 000 жени и девојчиња во светот биле намерно убиени. Во околу 60% од тие случаи, сторителот бил член на семејството или партнер, соопштија телата на ОН при објавувањето на годишниот ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје соопшти дека повело постапка против пет лица во врска со злоупотреби со државните стокови резерви. Тие се осомничени дека во соизвршителство го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и го прекршиле Законот за стоковни резерви. Меѓу нив е и поранешниот министер за земјоделството, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, од опозицискиот СДСМ, од каде обвинија ...
Судијката Дијана Груевска-Илиевска, која претседава со судечкиот совет во процесот за пожарот во дискотеката „Пулс“, го отповика рочиштето закажано за утре и го закажа следното на 2 декември. Причината е што дел од обвинетите не го добиле интегрираното обвинение и не можат да се произнесат за вина, ниту нивните адвокати да дадат воведни зборови. Дополнителна причина за одложувањето е недоставувањето имиња и адреси на законските застапници на ...
Семејства на оштетените од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се приклучија на кривичниот прогон кон обвинетите во рамки на судскиот процес што се води пред Основниот кривичен суд Скопје. На денешното рочиште, законските застапници на дел од семејствата кажаа дека се приклучуваат на кривичниот прогон, додека оштета ќе бараат да им се исплати преку граѓанска судска постапка. На следното рочиште, вакво изјаснување треба да дадат и ...
Како креативно решение, Сиљановска Давкова предложи нов протокол за одблокирање на евроинтеграциите, што за дел од аналитичарите е добра опција, но треба да е прифатлива и за Скопје и за Софија. Власта, пак, не коментира дали се разгледува оваа опција, додека опозицијата критикува дека се бараат изговори да не продолжи по европскиот пат. Дали може нов протокол меѓу Скопје и Софија да го надмине застојот во преговарачкиот процес на Северна ...
„Рафинеријата НИС работи во ‘тивок режим’, сè уште не е затворена“, рече Вучиќ. На 18 ноември, НИС побара од САД посебна лиценца за работа додека траат преговорите меѓу акционерите и заинтересираните страни за промена на сопственичката структура. Вучиќ рече дека се очекува Србија да ја добие таа лиценца, „но има уште работи што тие (САД) треба да ги слушнат, видат“ за да ја одобрат лиценцата. Тој вели дека во случај на затворање на ...
На 25.11.2025 година, полициски службеници од Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ги лишија од слобода Н.Р.(51) од Куманово, поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“ Скопје, Р.А.(61) од Тетово, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, Т.К.(55) од Скопје, поранешен раководител во Агенција за ...
Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште Владата на денешната 131 седница постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат ...
На 24.11.2025 во 21:10 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот на автопатот „Пријателство“, во близина на с.Табановце, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од М.Ц. (30) од Р.Албанија, во кое што биле превезувани осум лица– мигранти, седуммина од Египет и едно лице од Судан. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик. Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство. Пријавениот, од 2016 година, ...
ОСОСК, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, денеска (25.11.2025) спроведе претреси во домови и деловни простории на повеќе локации во Скопје, Куманово и Тетово, поради сомневања за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ во периодот 2021–2022 година, дознава Република. Според првичните информации, предмет на истрагата се овластени службени лица од Агенцијата за стокови резерви, АГРО Берза, ...