Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, денес го предводеше македонскиот тим на регионалниот стратешки состанок одржан во Тирана, Албанија, организиран и поддржан од агенциите за спроведување на законот на Обединетото Кралство. Фокусот на состанокот беше насочен кон справување со предизвиците поврзани со нелегалната миграција, прекуграничниот криминал, дејствувањето на организираните ...

Британската влада испрати предупредување до Кремљ откако соопшти дека руски воен брод влегол во британски води и насочил ласери кон британските пилоти. Министерот за одбрана Џон Хили денеска (19 ноември)изјави дека бродот „влегол“ во британските води по втор пат оваа година, по претходниот упад во јануари. „Јантар“ е на работ на британските води, северно од Шкотска, откако влезе во пошироките води на Велика Британија во последните неколку ...

Судски процес за трагедијата во Кочани Започна судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе 63 животи и повреди над 200 лица. Овој настан ја потресе целата држава и отвори сериозни прашања за безбедноста, одговорноста и корупцијата во институциите. Судењето се одржува во големата дигитализирана судница при КПУ „Идризово“ во Скопје. Со полициски комбиња беа донесени неколкумина од обвинетите кои се во притвор. Пред ...

Општина Охрид, во рамки на Проектот “RECIRCLE MED”, кој го имплементира во рамки на Европската програма INTERREG EURO MED, организира Работилница за локална мобилизација и Форум за Западен Балкан на 3 и 4 декември 2025 година. Охрид е реномирана туристичка дестинација со значително искуство и силна посветеност на одржливиот развој, особено во заштитата на животната средина и управувањето со туризмот. Како една од дестинациите што ќе развива ...

Синдикатите против Владата – кој е во право? Деновиве повторно се отвори дебатата околу растот на минималната плата. Министерот за економија Бесар Дурмиши предупредува дека брзите и економски неоправдани зголемувања би ги погодиле малите компании, предизвикувајќи отпуштања и инфлаторни притисоци. Од друга страна, ССМ излезе со анализа која го покажува спротивното. ССМ: Зголемувањето на платите носи нови фирми, не затворања „Зголемувањето на ...

РЦУК – Куманово известува дека од ЕЛС Старо Нагоричане е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри. Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици. Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на ...

Како продолжение на активностите за развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за менторство за почетници во бизнис и постојни претпријатија управувани од жени. Обуката е втора фаза од спроведувањето на поддршката за жени-претприемачи. Во оваа фаза учествуваа жените кои претходно добија сертификати на Обуката за претприемништво и стекнаа предуслови да продолжат со ...

Соседите сведочеле дека куче се чува во крајно нехумани услови, надлежните го одземаа од сопственикот. По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка”, спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови. Согласно сведоштвата на соседите и поднесените ...

Покрај новинарските екипи еден час пред почетокот на судењето пред новата судница во Идризово се дојдени роднини и семејства на загинатите. Молкум ги гледаат полициските комбиња во кои пристигнуваат обвинетите. Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и ...

Еден свеж зимски ден во јануари 2013 година Јасер пристига на работа. Како помошник готвач во хотелски ресторан, Јасер има полни раце работа подготвувајќи свадбена гозба. Ваџиха е таму за прославата на големиот ден на нејзината братучетка, ужива во храната, музиката и свеченостите. На само 18 години, таа никогаш не размислувала за брак. Но, таа ноќ, на пат кон дома, го доживува она што подоцна ќе го опише како „најубавата“ случајност. Како ...

Денес (Среда 19 Ноември) поради влијанието на циклонската активност од Џенова во нашата Република Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено обилни врнежите ќе бидат во западните и во југозападните предели од нашата Македонија каде за 24 часа очекувам да наврне ново големо количество на дожд (над 50 литри дожд). Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има услови и за ...

Собранието ги изгласа законските измени со кои се воведува 18% ДДВ за пратки до 22 евра од странски онлајн продавници како Тему, Шиин и Али експрес. До сега овие пратки беа ослободени од давачки. За измените гласаа 56 пратеници, а 12 беа против. Ова значи дека сите нарачки до 22 евра ќе поскапат, бидејќи досега не се оданочуваа. Зошто се воведува ДДВ за малите пратки? Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски изјави дека целта е ...

Русија го критикуваше потпишувањето на договорот на Франција за евентуално обезбедување до 100 борбени авиони „Рафал“ на Украина, нарекувајќи го поттикнување на војната. Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот украински колега Володимир Зеленски потпишаа писмо за намери со кое се утврдуваат идните испораки на оружје за време на посетата на Зеленски на Париз во понеделник. „Париз на никаков начин не придонесува за мирот, туку ...

Европа ги зголемува трошоците за одбрана. Сепак, едно прашање е во голема мера занемарено – како да се премести воената опрема од една земја во друга што е можно побрзо во случај на конфликт? Со години се зборува за „воен Шенген“, област во зоната без пасоши на Европската Унија каде што оружјето и војниците би можеле да се движат слободно како и цивилите. Сепак, таков систем останува нереализиран и за ЕУ и за НАТО, и покрај зголемените ...

Над 500 случаи пријавени во последните четири години Од 2020 до 2024 година во Македонија се пријавени 508 случаи на сексуално насилство и вознемирување врз деца, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР). „Статистиката е болна и тешка, но не смее да остане само бројка. Зад секое дете стои име, семејство и доверба во возрасните. Нашата должност е да направиме сè таа доверба никогаш да не биде повредена“, вели Душан ...

Хартиените свидетелства ќе заминат во историјата. Постепено, од идната година ќе добиваат електронска верзија во рамките на е-дневникот. Дел од родителите скептични, се жалат дека е-дневникот не функционира. Образовни експерти предупредуваат – внимателно да се воведувада, да не се експериментира. Учениците од прво до трето одделение, во јуни идната година ќе добијат само дигитални свидетелства. Останатите ученици до деветто одделение ќе ги ...

Николовски бара оставка од Трипуновски Скандалот со злоупотребите на ИПАРД програмата и суспензијата на помошта за земјоделците предизвика жестока дебата во Собранието. Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, побара оставка од актуелниот министер Цветан Трипуновски, кој не присуствуваше на седницата на која опозицијата поставуваше пратенички прашања. Николовски го праша заменик-министерот зошто на ...

На 17.11.2025 околу 03:30 часот на излез од Гевгелија кон автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.Е.(27) и 22-годишната В.Е., двајцата од Република Албанија. Имено, во наведеното време, полициските службеници забележале патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки кое се движело со голема брзина, а кое го управувал ...

Пратениците на СДСМ и Коалицијата ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во дискотеката „Пулс“. Предлогот следи по протестот во Скопје, каде семејствата на загинатите побараа независна истрага, со цел да излезе вистината на виделина. Филипче: Потребна е независна истрага Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика пратениците да ја ...

Ноќеска (18.11.2025) во 01:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато-Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода П.П.(33) од Дебар. Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал П.П. и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР и при преземање мерки по незгодата ...

Советот за безбедност на Обединетите Нации усвои резолуција со која се обезбедува мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп. Силно мнозинство за мировниот план за Газа Од вкупно 15 членки на СБ, 13 гласаа „за“ резолуцијата, која меѓу другото предвидува меѓународни трупи за стабилизирање на примирјето. Во нацртот се споменува и можна идна палестинска држава. Резолуцијата беше предложена од САД и неколку други држави, ...

Украина постигна 10-годишен договор со Франција за испорака на 100 борбени авиони „Рафал“ за зајакнување на нејзината одбрана, додека Кремљ изјави дека се надева на нов самит со Соединетите Американски Држави за да разговараат за можно решение за прекин на војната во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз на 17 ноември, каде што се согласија за договорот, додека ...

Десетици илјади луѓе демонстрираа против владата на левичарскиот премиер Роберт Фико во Словачка. Бројни опозициски партии и невладини организации, како што е иницијативата „Мир за Украина“, повикаа на протести. Настани и демонстрации се одржаа во многу градови. Околу 50.000 луѓе се собраа на Плоштадот на слободата во Братислава, спроти седиштето на владата, и покрај дождливото време, според податоците на организаторите. Меѓу другото, тие ...

Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид и Секторот за внатрешни работи Охрид во координација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот го одбележа 16-ти Ноември, „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди”. На главните сообраќајници во Охрид, Бул. „Туристичка“ и Бул.„Железничка“, на возачите им беа поделени превентивно-едукативни летоци со порака секој да се присети на вредноста ...

Повеќе од 300.000 луѓе ги напуштија своите земји во последниве години и сега работат во Германија, каде што се грижат за стари и болни лица. Тоа е добро за Германија – но дали е добро и за самите негуватели? Многу земји се борат за работна сила. Научниците го користат терминот меѓународна миграциска индустрија. Миграцијата на работна сила во секторот за нега е високо професионализирана, нагласува за ДВ, Штефан Кордел, коавтор на студијата од ...

Утре, среда (19.11), почнува најважното судење во државата. Семејствата на 63 жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ доаѓаат по правда за прекинатите животи на нивните најмили и за болката што им е нанесена на повредените и на сите засегнати од трагичниот настан. Најавено е дека ќе се одржуваат по две рочишта неделно за судењето да добие навремена и квалитетна разрешница. На обвинителна клупа ќе седнат 38 обвинети, односно 35 ...

Под влијание на серија на големи влажни воздушни бранови од запад и истите се поврзани со циклонски систем со центар над Џенова во нашата Република Македонија до самиот крај од оваа недела следува многу нестабилно време со чести и обилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Сето ова ќе биде проследено и со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). ...

Косовската полиција ги негираше наводите на медиумите во Србија кои вечерта на 16 ноември објавија дека „група Албанци пукале врз припадници на српската армија во близина на базата „Дебела Глава“. Косовската полиција наведува дека станува збор за неосновани информации кои „не одговараат на никакви официјални информации или настани потврдени од властите на територијата на Косово“. „Врз основа на сите оперативни податоци, извештаите на ...

На 11 јануари ќе се одржат локалните избори во четирите општини каде на првиот круг на Локалните избори немаше доволен број граѓани кои излегоа на гласање. Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска(17 ноември)го потпиша актот за одржување избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. „Изборите ќе се одржат на 11 јануари 2026 година во согласност со Уставот, Изборниот законик и соодветното законодавство. Со стапувањето во ...

Дали Македонија ризикува нови услови за отворање на преговорите? Ова прашање на наметна на заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Уставните измени, слабиот напредок во форбата против корупцијата и функционирањето на судстото, обврските од реформската агенда и измените во Кривичниот закони – беа ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
70%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
66%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.98
86%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
3.09
85%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
3.58
76%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
50%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Калај

43.91

Кобалт

3.86