НАТО „ја зголеми будноста“ во Балтикот по она што Копенхаген го нарече упад на несакани беспилотни летала во данскиот воздушен простор, изјави портпаролот на алијансата Мартин О’Донел на прес-конференцијата во текот на ноќта меѓу саботата и неделата, 28 септември. „Зголемените мерки вклучуваат повеќе платформи за разузнавање, надзор и извидување и најмалку една фрегата за воздушна одбрана во регионот западно од Русија“, рече О’Донел. Тој ...

Од денеска, 28 септември, на полноќ почнува кампањата за локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Кампањата ќе трае 20 дена. На изборите има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10. 490 кандидати. Државната изборна комисија(ДИК) на седница во петокот го заклучи Избирачкиот список ва кој се запишани вкупно 1.832.415 избирачи. ...

По повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, во свое име и во име на Општина Охрид упатувам искрени честитки до припадниците на бошњачката заедница. Овој значаен ден е потсетник на богатото културно и историско наследство на Бошњаците и на нивниот важен придонес во градењето на мултикултурното и соживотно општество. Вашата традиција, вредности и посветеност се дел од мозаикот кој ја збогатува и зајакнува заедничката иднина. Нека ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не ...

Една третина од граѓаните сметаат дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ води подобра економска политика од СДСМ (9,1%), покажуваат резултатите на истражувањето на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн од 9 до 21 септември. На прашањето како би ја оцениле финансиската состојба на вашето домаќинство, една третина, односно 33,8% од испитаниците позитивно ја оцениле финансиската состојба на своето домаќинство, за разлика од 23,5% кои ...

Изградбата на гасниот интерконектор е во тек. Рокот е две години и со тоа обезбедуваме уште еден извор за снабдување со гас за домашните компании, вели вицепремиерот Николоскиво интервју за ТВ Сител. “Во однос на интерконекторт, активно се гради од наша страна. Стигнати сме некаде над Неготино, северно од Неготино. Рокот за изградба е две години, веќе активно се работи, беше избран изведувач, македонска компанија која што работи и тоа ќе ни ...

Преговараме со колегите министри од државите низ каде поминува Коридор 10 да потпишеме Договор за соработка за развој на коридорот во делот на патната и железничката мрежа, зелената транзиција и во делот на електропреносната мрежа. Оваа наша иницијатива веќе е прифатена од некои министри, со останатите ќе договараме во следниот период, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во ТВ ...

Ми претставуваше чест да присуствувам на приемот што го приредија Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации. Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат. Благодарност ...

Американскиот претседателот Доналд Трамп побара софтверскиот концерн Мајкрософт да ја отпушти својата шефица за глобални прашања, Лиза Монако: „Таа е закана за националната безбедност на САД“. Нејзиниот пристап до високо чувствителни информации во владини договори е неприфатлив и не може да се толерира, тврди Трамп. Монако беше советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот демократски претседател Барак Обама и ...

Од денес не само што продолжуваме со работата за поубав Охрид, туку и градиме нов Охрид. Охрид кој не запира! Со конкретни дела докажавме дека не само што можеме, туку и знаеме да реализираме големи проекти. Покажавме дека е можен поинаков, одговорен и чесен пристап кон водењето на градот. Нашите успеси не се само наши. Тие се плод на заедничката работа со вас, граѓаните. Заедно покажавме дека вистинскиот напредок се постигнува само кога ...

Денеска (27.09.2025) во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна ...

На 26.09.2025 околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото. Претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис. Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена трговија изврши претрес во ...

Иран ги отповика своите амбасадори од Велика Британија, Франција и Германија, додека се ближи времето за воведување „повратни“ санкции од страна на Обединетите Нации (ОН) за Техеран поради неговата нуклеарна програма. Доколку не се постигне вонреден договор во последен момент, ОН треба повторно да воведат казнени мерки против Иран до 27 септември на полноќ. Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека ги повикало амбасадорите ...

Надлежните органи во Србија уапсија две лица под сомнение за сторено кривично дело организирање учество во војна или вооружен конфликт во странска земја, објави на 26 септември српското Министерство за внатрешни работи (МВР). Во соопштението се тврди дека уапсените лица – Л.П. и С.С., се товарат за организирање борбено-тактичка обуки за државјани на Молдавија и Романија. Целта на обуката е, според сомнежите, да се обучат лица за поефикасно ...

Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Охрид, Штип, Кочани, Кавадарци, Струмица, Чаир, Карпош, Центар и другите, буквално секоја општина ќе добие своја шанса, свој развој, своја иднина, порача денеска од Штип, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска ги промовираше кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери за Локалните избори 2025 година. Мицкоски порача дека во Скопје, нивните кандидати ќе ...

Денес, во кругот на Полициската станица во Пробиштип, се одржа свечена церемонија на откривање на спомен-биста во чест на храбриот полициски службеник Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби својот живот извршувајќи службена задача во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На настанот присуствуваа неговото семејство, колегите, претставници на институциите, синдикатите и бројни граѓани, кои со достоинство и почит се поклонија пред делото на ...

Рејтинзите на политичките партии и нивните лидери покажуваат дека веќе подолго време ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните. Од 9 до 21 септември агенцијата Маркет вижн го спроведе последното истражување на МКД.мк кое покажа дека граѓаните на претстојните локални избори ќе излезат во висок процент – 64,4%. На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 25,3 отсто од ...

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија одржала нова средба во Софија на 25 и 26 септември, соопштија од македонската страна. Дел од прашањата за кои дискутирале биле новиот учебник по историја за седмо одделение во Северна Македонија, како и заеднички чествувања на одредени историски личности. „Македонската страна во Комисијата ја претстави новата реалност во ...

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова и на влажни воздушни бранови кои се поврзани со истата за време на викендов времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. И во Скопје и околината викендов ќе имаме слично време, тоа значи ...

По двојното убиство во Велес, се најавуваат дисциплински постапка за 11 полициски службеници во градот. Убиствата се случија на 15 септември, кога велешанката Росица Коцева и нејзиниот татко беа убиени во семејната куќа во Велес од страна на поранешниот партнер на девојката, кој потоа се самоуби. На убиствата им претходеле серија насилни настани и пријави. Девојката повеќепати алармирала за насилното однесување на поранешниот партнер од ...

Европската комисија е свесна за обидите на Русија да влијае врз парламентарните избори во Молдавија на 28 септември и испитува „како било можно“ десетици Молдавци наводно да биле обучени во Србија за тактики на дестабилизација, изјави за РСЕ комесарката за проширување Марта Кос. Во разговор за балканскиот сервис на РСЕ, Кос ја пофали молдавската влада за откривањето на наводниот план, велејќи дека „се покажала како отпорна и способна да се ...

Украина продолжи со систематските напади со дронови врз руската нафтена индустрија, таргетирајќи рафинерија на југ, соопштија властите во петок (26 септември). Руските власти во регионот Краснодар информираа дека избувнал мал пожар во рафинеријата „Афипски“ и дека делови од дрон паднале во постројката. Додаваат дека нема жртви. Според украински извори, рафинеријата, која произведува бензин и дизел, претходно била нападната на 28 август. ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева. Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била ...

Денес, како кандидат за градоначалник на Општина Охрид, го потпишав Кодексот за фер и демократски локални избори 2025 година. Ова не е само формален чин, туку моја цврста обврска кон вас, граѓаните, дека ќе водам кампања која ќе биде чесна, отворена и во согласност со највисоките демократски принципи. Верувам дека фер изборен процес е основа за изградба на силна и одговорна локална самоуправа. Затоа, моите заложби се во насока на политичка ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет. Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7 000 по пензионер што ...

Започна со проширување на Институтите Конфучие и заеднички академски програми, а заврши со капитално-економски и инфраструктурни договори и технолошки прилив. Денес, присуството на Кина во шесте земји од Западен Балкан е раширено, од културна до економска дипломатија. Експанзијата на присуството на Балканот се случува од 2013-14 година, кога Кина ја започна иницијативата „Појас и пат“. „Појас и пат“ е најголемиот инфраструктурен потфат во ...

Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани, рече на прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото. Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување 100-процентни царини за увоз на фармацевтски производи во САД, кои ќе стапат на сила од 1 октомври. Доколку фармацевтските производители изградат производствен погон во САД, тие би можеле да ја избегнат царината, напиша Трамп на својата интернет платформа Truth Social. Компаниите кои веќе закажале датум за почеток на изградбата или ја започнале изградбата ќе бидат ослободени од ...

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит и регионот и значително ќе го намали времето на патување од Скопје до Солун и до Атина, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Ние после долг временски период разговараме со Грција за поврзување, за економија, за бизнис, за она што го прави ...

Предлог резолуцијата за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, предложена од СДСМ, ќе се „пегла“ по изборите. Истата до моментов не предизвика поголемо медиумско внимание во соседна Бугарија, а и оние кои ја пренесоа информацијата за неа, повеќе ги видоа роковите. „Рок за усвојување на уставните измени и без нови барања од Бугарија предлага СДСМ во резолуција што ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
9.26
60%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
92%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.89
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
996
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
85%
999
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
93%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
64%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Калај

48.78

Родиум

339994.14

Кобалт

64.04

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Платина

83354.78

Сребро

2733.78

Бакар

12.12

Цинк

3.29

Иридиум

221848.72