Полициски службеници од СВР Битола ноќта на 21 септември 2025 година го лишија од слобода Ј.С. (68) од Берово, со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“ (член 188 став 1 од Кривичниот законик). „Според пријавеното, делото било извршено во хотел во Битола врз 12-годишно девојче,“ информираат од МВР. Од Министерството додаваат дека по целосно расчистување и документирање на ...

Велика Британија, Австралија и Канада во неделата ја признаа палестинската држава, што е голем пресврт во децениската западна надворешна политика што брзо го предизвика гневот на Израел. Португалија, исто така, треба да ја признае палестинската државност во недела, бидејќи Израел се соочува со зголемен меѓународен притисок поради војната во Појасот Газа, која беше предизвикана од нападот на 7 октомври 2023 година од страна на палестинската ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Вашингтон да воведе „силни“ мерки против Русија откако Европската Унија се приближи кон заострување на санкциите врз Кремљ и поради зголемените тензии на небото над источното крило на НАТО. Зеленски, исто така, на 20 септември изјави дека очекува да се сретне со претседателот Доналд Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН следната недела. Средбата сè уште не е потврдена во ...

Во тек е креирањето на нови мерки со кои Владата ќе се обиде да им излезе во пресрет на граѓаните поради високите цени на прехранбените производи во маркетите. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека институциите веќе делуваат на терен. „Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политиките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од ...

Во островот Мал Град во Преспа, во Црквата на Света Богородица се служеше Богослужба, според традицијата негувана со векови, Македонците од оваа област го одбележаа денешниот голем празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Оваа црква се смета за скапоцена во Преспа и во цела Албанија. Се наоѓа во Преспанското Езеро, на островот на островот Мал Град областа Преспа, од 14 век и е еден од највредните споменици на културното ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Кривичните дела ги извршил спрема градоначалникот на Неготино. На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му пишал на градоначалникот и со сериозни директни закани кон него ...

Синоќа Штип беше центарот на регионот и вистински главен град на културата и забавата. Над 100.000 посетители од цела Македонија и пошироко присуствуваа на незаборавниот концерт на балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, кој со својот настап ја обедини публиката во љубов, почит и заедништво, без разлика на вера или нација. Настанот, кој се одржа по повод 17. издание на традиционалната “Пастрмалијада”, беше организиран на највисоко ниво, со ...

На 20.09.2025 во 17:30 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, на магистралниот пат Гостивар- Кичево го лишиле од слобода Б.Р.(32) од с.Форино, кој со неговото патничко возило „бмв” со швајцарски национални ознаки, престигнувал колона од возила во непрегледна кривина. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297 ...

На 21.09.2025 во 05:00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка Џ.Х., лишиле од слобода 15- годишен малолетник од Гостивар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило”, казниво по член 242 од КЗ, а пријавено истиот ден во 04:10 часот во ОВР Гостивар од Б.Ѓ.(43) од Гостивар. Според пријавеното, малолетникот го украл возилото „мерцедес“, кое било паркирано и оставено со ...

На 20.09.2025 во 15:00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.А.(42) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот подметнал пожар на место викано „Џидет“, во атар на село Василево, во кој била зафатена нива со сува вегетација. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле увидна ...

На 20.09.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(35) од с. Кондово, скопско, затоа што истиот ден околу 09:00 часот во Кондово, со употреба на бензин, го запалил патничкото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ.(51) од с. Кондово. СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ, а од страна на судија на ...

Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) не очекува динамична атмосфера над нашиот дел од Европскиот Континент. Тоа значи дека ни следува многу променлива есен, ќе има и почести врнежи од дожд и пониски температури на воздухот за разлика од изминатите години, сепак и порај ова не значи дека нема да имаме топли есенски денови со многу сонце. Особено ...

Сојузниците на НАТО го осудија нарушувањето на воздушниот простор на Естонија од страна на Русија, што е трето провокативно упаѓање од страна на Кремљ во последните денови, а западната воена алијанса закажа состанок на својот Северноатлантски совет за да разговара за продлабочувањето на кризата. „Денес разговарав со естонскиот премиер Кристен Михал за нарушувањето на воздушниот простор од страна на Русија“, рече шефот на НАТО Марк Руте на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг оваа есен на самитот за Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја. Трамп го објави ова преку својот профил на социјалните мрежи Трут, откако претходно имал телефонскиот разговор со Си. Тој рече дека ќе патува во Кина на почетокот на следната година и оти очекува Си Џинпинг да ги посети Соединетите Држави во соодветно време. ...

Сајбер напад предизвика доцнења на берлинскиот аеродром БЕР и на други европски аеродроми. Провајдер на системи за обработка на авионските патници бил нападнат во петокот навечер, соопшти аеродромот БЕР. Поради тоа, врските со системите биле прекинати. Патниците се соочуваат со доцнења на авиони уште од утрото. На веб-страницата на аеродромот во Берлин пишува: „Поради технички проблем кај провајдер на системи што се користи низ цела Европа, ...

Голема чест и задоволство ми е што денеска имав можност, во мое лично име и во име на Општина Охрид, да ги поздравам и да го означам почетокот на Турнирот со огнено оружје „Гранд При Лихнидос 2025“. Меѓународниот турнир во стрелање со огнено оружје е симбол на нашата посветеност кон развојот, промоцијата и унапредувањето на стрелачкиот спорт во Охрид. Нашиот град има богата традиција и се гордее со истакнати стрелци кои постигнале ...

Синоќа имав исклучителна чест да бидам во ваква академска средина, во градот кој е вечна инспирација, посебно за археологијата. Искрени честитки за организаторите, кои по повод Европските денови на наследство 2025, упеаја да го организираат првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археолигија –Лихнида“. Охрид, древниот Лихнидос, низ вековите бил крстосница на разни цивилизации кои оставиле свои траги. Дел од тие траги ...

За прв пат се пронајдени докази дека киднапираните украински деца биле користени од Русија за склопување воена опрема, според раководителот на тим од Универзитетот Јеил, кој ја истражува судбината на речиси 20.000 малолетници, за кои се вели дека биле киднапирани или насилно раселени. „Ова е прв пат да видиме таков опис на деца вклучени во изработка на уреди за воени операции“, изјави за РСЕ Натаниел Рејмонд, раководител на Лабораторијата за ...

Во српскиот главен град Белград денеска (20 септември) се одржува воена парада под слоганот „Моќта на единството“. Во исто време, група граѓани, на повик на студентите кои учествуваат во блокадите, дојдоа на мирен собир „во поддршка на армијата“. Најавено е дека повеќе од 10.000 учесници ќе маршираат на парадата, заедно со над 2.500 парчиња оружје и воена опрема. Настанот се одржува во време на масовни антивладини протести во Србија, кои беа ...

На 18.09.2025 во 20:40 часот, во населба Превалец, Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода В.Д.(45) од Виница и З.Н.(48) од Штип. При контрола на патничко возило „шевролет“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Д. а сопатник бил З.Н., била пронајдена пушка-артефакт, која претставува културно наследство, како и над 300 парчиња муниција, кои В.Д. ги поседувал без соодветна документација. Исто така, во возилото е ...

Вкупно 265,2 милиони евра биле потрошени на македонскиот пазар со недвижности во период од април до јуни годинава, од кои 112 милиони евра се само за купување станови, покажува регистарот за цени и недвижности што повторно почна да го објавува Агенцијата за катастар на недвижности по пауза од пет години. Овој регистар каде просечната цена се добива врз база на склучените договори и преддоговори за продажба на станови е законска обврска на ...

Инцидентите со дронови повеќе од една недела го привлекуваат вниманието ширум Европа. Во текот на ноќта помеѓу 9 и 10 септември, голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор. Идентификувани се до 19 дронови, од кои неколку беа соборени. Само неколку дена подоцна, руски беспилотни летала преминаа на територијата на Романија, која е исто така членка на НАТО. Во понеделникот, полските власти собориле беспилотно летало ...

По пожарот во простории на фабриката за електричен и електронски отпад, Ф Групација, во скопското село Трубарево, во воздухот биле измерени големи количини на ПМ 10 честички и тешки метали, покажаа резултатите што попладнето на 19 септември ги објави Министерството за животна средина и просторно планирање. Станува збор за мерења што биле направени денот на пожарот – 13 септември и следниот ден – 14 септември. „По пожарот е регистрирано ...

Уживајте во убавото време со многу сонце и пријатна летна топлина преку ден се до 25 септември. До тогаш нашата Република Македонија ќе биде под влијание на Антициклон и во поле на висок воздушен притисок. Температурите на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, односно тие ќе се движат близу 30 степени, а во Повардарието како и во Скопскиот регион тие повремено ќе надминуваат и 30 степени. Утрата остануваат и понатаму свежи. Веќе од 26 ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за гранични работи и миграции и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, а под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на ...

Лебот нема да поскапи, уверува претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Горан Ѓорѓиевски. Како што истакна на прес-конференција, цената на пченицата е стабилна, а не очекува големи флуктуации ниту во однос на суровото сончогледово масло. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со евентуалните нови владини мерки, Ѓорѓиевски нагласи дека бизнисот не се согласува со замрзнување маржи, туку за пазарно формирање на цените. Според ...

Полицијата попладнево интервенирала во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата болница во овој град, полицијата привела 13 лица. Физичката пресметка била меѓу повеќе лица а со цел да ги смири полицијата, службено лице пукало во воздух. Од полицијата го потврдија случајот. „Денеска (19.09.2025) околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ ...

Владата по спроведувањето на Локалните избори ќе ги соопшти мерките за запирање на превисоките цени на становите во Скопје, но и во неколку други центри во државата. Фокусот е ставен на младите полесно да си обезбедат живелиште, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање, кои мерки и олеснувањата ќе се преземат за да се намали цената на становите. Николоски ...

На 18.09.2025 во 12:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.Б.(19) од Република Турција затоа што кај неа се пронајдени и одземени таблети и предмет со остатоци од марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во станот и помошни простории, каде што живее и ги користи во Гостивар, при што се пронајдени и одземени дробилка со остатоци од марихуана, таблети, бела прашкаста материја, ...

САД повторно спречија резолуција за подобрување на хуманитарната состојба во Појасот Газа со вето во Советот за безбедност на ОН. Соединетите Американски Држави беа единствената земја во најмоќното тело на ОН во Њујорк што гласаше против предлог-резолуцијата поднесена од десетте непостојани членки, додека 14 земји гласаа „за“. Текстот изразуваше длабока загриженост поради гладот во Газа и бараше од израелската влада „итно и безусловно да ги ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
51%
997
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
66%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.32
100%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
87%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
999
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
91%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
88%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
79%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Калај

48.78

Платина

83354.78

Сребро

2733.78

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Родиум

339994.14

Паладиум

55781.55

Алуминиум

3.09

Цинк

3.29

Иридиум

221848.72