Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Под влијание на Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кое е распространето над најголем дел од Европскиот Континент и целиот Балкански Полуостров, како што претходно најавив и кажав, до 25 септември во нашата Република Македонија останува стабилно, суво и сончево со поладни утра кога минималните температури во поголем дел од нашата Македонија ќе се спуштаат под 10 степени, а локално особено на повиоски и на планинските места тие ќе се ...
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривична пријава против М.Д (56), Л.Д. (26), В.М. (43) и З.С.(59), како и против правно лице со седиште во Трубарево за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Првопријавениот и второпријавената, како соизвршители, постапиле спротивно на Законот за управување со ...
Италијанскиот парламент ја усвои рамката на новиот закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на слики или видеа генерирани од вештачка интелигенција без согласност на прикажаните ќе се казнува со затвор до пет години. Мерката, која беше поддржана од двата дома на парламентот (вклучувајќи го и конечното гласање од 77-55 во Сенатот доцна на 17 септември) е насочена кон поединци и компании кои дистрибуираат фотографии или видеа ...
Кон секој проблем пристапуваме сериозно и студиозно работиме на пронаоѓање решение. Не правиме импровизација туку носиме долготрајни решенија. Во денешната моја посета на ЈП “Градски гробишта” ми беше презентиран проектот кој започнува за скоро, а тоа е изградба на атмосферска канализација, по што следува и целосно асфалтирање на градските гробишта. Тоа што долго време е проблем тука сега се решава трајно. Исто така ЈП „Градски гробишта“ ...
Претстојниот викенд, поточно во недела на 21. септември, се слави рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) – еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка. – В сабота, на 20 септември 2025 ...
На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје – Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје. Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка ...
Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, против Ф.Т. (29) од ...
На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денес и утре присуствува на регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржува во Глобалниот комплекс на иновации на ИНТЕРПОЛ во Сингапур. Директорот Јанев оствари повеќе билатерални средби со високи претставници од азиските држави како и со раководството на Генералниот секретаријат и Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ. „Со соговорниците разговаравме за унапредување на полициската ...
Со децении, повеќето големи американски технолошки компании и инвеститори го избегнуваа Пентагон. Некои беа одвратени од лавиринтот на договорните правила, оставајќи го поголемиот дел од работата на гиганти како „Локид Мартин“ и „РТИКС“. Други имаа проблеми со етичките прашања за производство на оружје и системи за надзор. Сепак, целосната инвазија на Русија во Украина, конфликтот меѓу Израел и Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка ...
Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на ...
Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: „Почитувани, Мојсоска од Левица додека ги напаѓа колегите пратеници за патни трошоци, си инкасирала над 600 илјади денари за 4 години од Левица. Лицемерието на Мојсоска и Левица не престанува, тие се тотално демаскирани. Продаваат скромност и неподмитливост пред народот, а позади нивниот грб ги полнат сопствените џебови. Мојсоска додека во Собрание ги напаѓа колегите ...
Царинските службеници на граничниот премин „Стење“ на македонско-албанската граница, заедно со граничната полиција, спречиле обид за шверц на златен накит во вредност од 346 000 денари (околу 5 600 евра). Како што информираат од Царинската управа, патникот, инаку македонски државјанин, се обидел да го внесе накитот, без да го пријави кај надлежните служби. „Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое ...
Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот ...
Руските музичари не беа добредојдени на сцената на натпреварот за песна на Евровизија откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, но Русија се осигурува дека тие имаат место каде што ќе го покажат својот талент во програма проткаена со носталгија по Студената војна. Русија го оживува „Интервижн“, натпревар за песни од советската ера, некогаш наменет да и се спротистави на Евровизија. Организаторите велат дека ...
Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови во програма, туку дела што се гледаат и чувствуваат. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници. Претходната влада ја остави администрацијата демотивирана, со нарушена доверба, со луѓе кои се чувствуваа ...
На 17.09.2025 во 18:30 часот на ул.„8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода В.Г.(19) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Г., при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час. По документирање на ...
На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје. Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет. Парите ...
На 16.09.2025 во 14:00 часот на наплатна станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе и ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(26) и Б.Д.(25), двајцата од Кочани: При преглед кај нив и во патничкото возило „сеат“ со винички регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајдени и одземени се бела грутчеста материја и пари во различни апоени. Известен е јавен обвинител и двајцата се изведенни пред судија на ...
На 17.09.2025 во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија. Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Додека, во возилото „фолксваген ...
Европската Унија во среда го откри својот најстрог план досега за притисок врз Израел да ја прекине војната во Појасот Газа, каде што Палестинците се принудени да бегаат од тенкови, беспилотни летала и израелски трупи кои напредуваат подлабоко во крајбрежната енклава разорена од војна. Каја Калас, шефицата за надворешна политика на ЕУ, ги повика 27-те земји-членки да ги зголемат царините за одредени израелски производи и да воведат санкции ...
Невообичани ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот ќе имаме многу сонце и ведро време без никаква облачност. Наутро температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под 10 степени, локално и под 5 степени а на високите и на планинските места температурите ќе се спуштаат близу 0 степени, со што е можна појава на слаб мраз и на слана. Токму ова е поради влијанието на ...
Сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија изјави дека лабораториската анализа на шверцувани биолошки примероци покажала дека тој бил убиен со труење додека бил затворен во арктичкиот затвор во февруари 2024 година. Навални, најголемиот критичар на претседателот Владимир Путин со години, почина во мистериозни околности додека отслужуваше 19-годишна затворска казна по низа обвиненија што се сметаат за одмазда за неговата ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја предупреди палестинската милитантна организација Хамас да не ги повредува заложниците што ги киднапираше. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација. „Ако повредат барем влакно од главата на еден заложник, ќе ги ловиме со поголема сила до крајот на нивниот живот и тој крај ќе дојде многу побрзо отколку што мислат“, го цитираa Нетанјаху, израелските медиуми. Според медиумските извештаи, ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, пристигна во Велика Британија на својата втора државна посета, која започна со формален пречек во замокот Виндзор. Посетата е обележана со раскошни церемонии, најстроги безбедносни мерки и протести. Трамп и првата дама Меланија беа пречекани во Виндзор од кралот Чарлс и кралицата Камила. Во поворката со кочии низ кралскиот имот, со нив се возеа принцот Вилијам и принцезата ...
По години кратења на својот воен буџет, Данска ќе набави прецизно оружје со долг дострел, за да се спротивстави на заканата што ја претставува Русија за Европа, дури и кога немаше непосреден ризик од напад врз нордиската земја, изјави премиерката Мете Фредериксен. Данска оваа година го зголеми својот воен буџет за да се справи со акутните недостатоци по целосната инвазија на Украина од страна на Русија во 2022 година. „Нема сомнение дека ...
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Тој е осомничен дека од 1 април 2021 година до 27 јуни 2022 година како градоначалник ги пречекорил службените овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Со тоа ...
На 16.09.2025 на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, сопственост на В.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. С.В. е задржан во Полициската станица ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја најави иницијативата за побрзо прекинување на целиот европски увоз на нафта и гас од Русија, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп. „Руската воена економија го финансира крвопролевањето во Украина и се одржува со приходите од продажбата на фосилни горива“, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи. За да се заврши ова, Европската комисија ќе предложи да се ...
Ако има еден збор што ви паѓа на ум кога ќе чуете „државна посета“, тоа веројатно е „протокол“. Особено кога станува збор за Виндзорската куќа, чиј истоимен замок е местото каде што кралот Чарлс Трети ќе го угости американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата втора државна посета на Обединетото Кралство. Поради реновирање, овојпат позлатените сали на Бакингемската палата се затворени. Вообичаено, на американските претседатели ...