На 09.12.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ. О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување ...

Полска е во преговори за трансфер на авиони МиГ-29 на Украина во замена за пристап до украинската технологија за беспилотни летала, изјави министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш на јавното радио во среда, 10 декември. „За некое време, авионите МиГ-29 повеќе нема да служат во полските воздухопловни сили поради нивниот исцрпен работен век“, рече министерот за одбрана и додаде: „Преговараме со украинската страна за трансфер на МиГ-29, но ...

Бугарската влада, составена од партиите ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија), БСП (Бугарска социјалистичка партија) и ИТН (Постои таков народ), поддржана од „ДПС (Движење за права и слободи) – Нов принцип“, нема да размислува за оставка пред земјата официјално да влезе во еврозоната на 1 јануари. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред новинарите во среда, 10 декември. „Влезот на Бугарија во еврозоната е геостратешка ...

Македонскиот пејач Зоран Илиев, добро познат по своите два триумфа на Макфест и по карактеристичниот препознатлив вокал, ја претстави новата музичка приказна – „Не боле мене“, песна снимена на српски јазик и наменета за пошироката регионална публика. Проектот премиерно беше објавен вчера на сите стриминг платформи и социјални мрежи, а веќе ги собира првите позитивни реакции од македонската и српската публика. Врвна екипа зад овој проект ...

Во Македонија и тоа како ја чувствуваме температурната инверзија, но што значи токму ова? Температурна инверзија е кога котлините и низините се поладни од високите и од планинските места каде е значително потопло. Инаку Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ и токму ова условува да имаме стабилно и суво време со значително повисоки температури на високите населени и планинските места. По ...

Се чини дека слоганот на Трамп „Америка на прво место“ е поблиску до реалноста од кога било, по објавувањето на важниот стратешки документ на САД кој ги опишува позициите на администрацијата за надворешна политика.„Во сè што правиме, ја ставаме Америка на прво место“, се вели во воведното писмо потпишано од претседателот Доналд Трамп во неодамна објавениот документ од 29 страници насловен „Националната безбедносна стратегија на Соединетите ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека во Македонија нема да се градат кампови за мигранти или да се прифаќаат мигранти од Велика Британија. Во изјава за новинарите тој нагласи дека таква тема никогаш не била предмет на разговори со британските власти. „Додека сум јас премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да примаме ниту еден мигрант. Со индигнација ги отфрлам овие шпекулации дека планираме да правиме какви ...

Целиот државен врв – премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Собранието Африм Гаши, заедно со пратениците и семејствата на загинатите во пожарот во Кочани,присуствуваа на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Седницата започна напладне, а единствена точка на дневниот ред беше претставката од Здружението „16 март 2025 Кочани“. Родителите ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави онлајн петиција и повика на мобилизација против најавите за прием на мигранти од Велика Британија во Македонија. Тој истакна дека ова е само првиот чекор во поширок план за спречување на евентуален влез на мигранти во земјата. Повик за мобилизација и безбедност на граѓаните Филипче ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата, нагласувајќи дека безбедноста и иднината на Македонија не смеат да бидат ...

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање. Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“, базирано на наводи дека ...

Нискобуџетната „АЏет“ (AJet) од следната година ќе реализира сезонски летови од Бодрум до Скопје и Сараево, објави порталот „Екс ју авиејшн“. Авиолинијата за Скопје ќе стартува од 2 јули и ќе се реализираат секој четврток, а од Сараево од 28 јуни, односно секоја недела. И двете авиолинии беа управувани од AJet и неговиот претходник Anadolujet во минатото, при што линијата до Сараево беше достапна помеѓу 2021 и 2024 година, а линијата до ...

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Промени има само кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар, и од полноќ ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар. Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 75 денари по литар, и ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 77 денари по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство исто останува ...

Литванија денеска (9 декември) прогласи вонредна состојба на национално ниво поради големиот прилив на шверцерски балони што лебдат над границата од Белорусија. Владата на балтичката земја, членка на ЕУ и НАТО, соопшти дека мерката е неопходна поради ризиците за националната безбедност и цивилното воздухопловство. Специјалната регулатива им овозможува на властите да реагираат побрзо и со поголеми овластувања при прекршувања на воздушниот ...

На 08.12.2025 во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода С.А.(35) од Гостивар. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час. На 08.12.2025 во 22:43 часот на ...

На 08.12.2025 во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен назор Богородица го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско. При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет. Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно ...

На 08.12.2025 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје. По наредба на Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси во нивните домови, при што во домот на Д.З. се пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и дигитална вага. Додека, од М.Н. е одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на ...

Министерството за внатрешни работи, апелира до граѓаните за време на Новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки последици кои можат да го запечатат животот на младиот човек. Петардите се опасни и штетни. Aктивностите на ...

На 08.12.2025 во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(47) од Штип. При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 1340 парчиња разновидни пиротехнички средства. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени уште 2993 парчиња различни пиротехнички средства. Лицето е задржано во полициска станица и за ...

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат значително над просекот за месец декември и тие ќе бидат повисоки од просечните за декември за околу па дури и за повеќе од 10 степени. Ветерот ќе ја намали својата брзина следните денови и ќе биде претежно тивко. Наутро и повторно во вечерните и во ноќните часови по ...

Од почетокот на новата година (01.01.2026) почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да ...

Кампањата против Петер Маѓар: обвиненија, дезинформации и политички цели Што сè не му припишуваат владините политичари и претставниците на Фидес: Петер Маѓар, лидерот на опозицијата, шеф на партијата Тиса и фаворит за парламентарните избори напролет (2026), наводно е роб и платеник на Брисел, агент на Украина и поддржувач на војна, кој наводно сака присилно да регрутира унгарски военоспособни мажи, корумпиран шарлатан кој ја уништува ...

Денеска (08.12.2025) полициски службеници од СВР Скопје- ЕВР Центар и Бит Пазар во Скопје, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги. Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на ...

Присуствував на Божествената литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што со длабоко смирение и молитвена радост го прославивме патрониот ден, оддавајќи почит на нашиот најголем просветител и духовен патеводител, Свети Климент Охридски. Се потсетивме на неговата клучна улога како учител, пастир и столб на нашата црква. Светиклиментовото дело е темел врз којшто се граделе, се градат и ќе се градат духовните ...

Тајланд започна воздушни напади врз соседна Камбоџа на 8 декември, соопшти тајландската војска. Ова доаѓа додека двете страни разменуваат обвинувања за најновото разгорување на конфликтот во спорната гранична област во кој загина еден тајландски војник. Откако камбоџанските војници отворија оган врз тајландските сили во понеделник наутро во покраината Убон Рачатани, „војската доби извештаи дека тајландските војници биле нападнати со боева ...

Речиси со вртоглава брзина, европските министри за внатрешни работи денеска решија многу клучни елементи од реформата на азилот на ЕУ. Клучно е што стандардизираните процедури ќе важат за депортациите во иднина на ниво на цела ЕУ. Ова вклучува притвор во исчекување на депортација, забрани за повторен влез и, пред сè, построги правила за тоа како луѓето од кои се бара да ја напуштат земјата мора да соработуваат со властите низ цела ЕУ. ...

На Балканот, каде што безбедносната рамнотежа и понатаму е кревка, а државните потези често се толкуваат над нивната вистинска тежина, дури и малите чекори добиваат посебно значење. Во овој контекст, планираното производство на муниција во Косово претставува ограничен чекор, но со потенцијал да влијае на тоа како земјата се перципира во областа на одбраната. Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, потврди дека првата фабрика ...

Земјоделците од Грција од денеска, 8 декември, ги засилуваат своите активности со дополнителни блокади откако веќе една седмица со трактори на различни локации низ земјата го стопираат сообраќајот. Во моментов има над 20 локации со блокади, а меѓу нив се и граничните премини како кон Северна Македонија, така и кон Бугарија и Турција. Со стотици трактори, изминативе денови тие повремено ги затвораат граничните премини, секој ден во различен ...

По конгресот во Кавадарци, на кој Христијан Мицкоски беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ја претстави стратегијата „Ново поглавје – Македонија 2030“. Документот најавува визија за модерна, стабилна и европски ориентирана држава со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија. Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ На 18. партиски конгрес, одржан на 6 декември во Кавадарци, Мицкоски доби трет мандат од ...

На пригоден настан, денеска во Охрид беше потпишано Писмо на намери за пријателска соработка помеѓу Охрид и градот Веспрем, Република Унгарија. ‎Документот го потпишаа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Веспрем, Ѓула Порга, со што беше официјализирана заедничката заложба за јакнење на пријателските односи и унапредување на соработката меѓу двата града и двете држави. ‎Писмото на намери се темели на принципите на ...

Со поклон пред моштите на Светителот и просветител во манастирот Свети Климент и Пантелејмон утрово продолжија чествувањата за Св. Климент – Охридски заштитник на градот Охрид. Свежо цвеќе пред споменикот на Великанот беше положено во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“ Точно напладне градоначалникот Кирил Пецаков, претставници од дипломатскиот кор во државава, пратеници во Собранието на Р. Македонија и останати претставници од политичкиот ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
54%
1012
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
59%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
49%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
55%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.67
88%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
5.66
74%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
41%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
77%
1016
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
49%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
89%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Калај

43.91

Алуминиум

3.19

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Бакар

10.65

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78