Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Три лица загинаа во Јужна Кореја поради обилни дождови, според јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Повеќе од илјада луѓе исто така беа принудени да ги евакуираат своите домови. Втор ден по ред, обилни дождови врнеа во регионот околу главниот град Сеул, како и во неколку блиски градови. Стотици патишта и домови беа оштетени од поплавите. Во четврток наутро (локално време), патиштата се претворија во кафеави реки, а автомобилите се ...
Француските пожарникари сè повеќе користат модерна технологија за борба против шумите и пожарите. Тие користат сателити во вселената, дронови во воздухот и роботи на земјата. Ова е неопходно бидејќи Франција доживува повеќе пожари. Се очекува ова зголемување да продолжи поради климатските промени. Со напреден софтвер, вештачка интелигенција (ВИ) и поврзани камери, чадот и пожарот сега се детектираат побрзо. Благодарение на алгоритмите, се ...
Од крајот на јуни, Центарот за итни случаи на ANWB доби над 450.000 пријави од туристи кои доживеале дефекти на автомобили или други итни случаи. Во деновите на гужва, организацијата известува дека добива околу 15.000 дигитални барања и телефонски повици. Вообичаените проблеми вклучуваат трепкање на светлата на контролната табла, проблеми со палењето и дупнати гуми. Дефектите што вклучуваат кампери исто така се зголемија поради популарноста ...
И покрај предупредувањата од ЕУ и противењето од домашната јавност, Србија продолжува да развива напреден систем за надзор произведен во Кина, покажуваат доверливи документи до кои дојде Радио Слободна Европа (РСЕ). Документите до кои дојде РСЕ содржат детали за купување на компоненти за проширување на заштитената eLTE мрежа, која е базирана на кинеската технологија на Хуавеи (Huawei) и ги поврзува камерите за видео надзор, полициските ...
Уставниот суд на Северна Македонија оформи предмет во кој ќе го испитува Протоколот што земјава го потпиша во Република Бугарија на 17 јули 2022 година и беше потпишан во период кога се договори т.н. „француски предлог“ за одблокирање на пристапните преговори со Европската унија. Од Уставен денеска (13 август) информираа дека во тек е постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука. Иницијативата со ...
Слободата на изразување и слободата на медиумите се ограничени во земјите од Западен Балкан, оцени американскиот Стејт департмент во својот најнов извештај за состојбата со човековите права во светот. Ова е прв извештај за човековите права издаден од Стејт департментот по преземањето на власта од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. За Северна Македонија се наведува дека невладините организации во земјава забележуваат ...
По добиена дојава од ЦУК за повреден параглајдерист во близина на месноста Мечкин Камен, Крушево, Министерството за внатрешни работи веднаш интервенираше со ангажирање на полициски хеликоптер од Хеликоптерската единица при Одделот за воздухопловни единици, кој претходно учествуваше во акција за гаснење на пожар во реонот на Јасен. Хеликоптерот итно се пренасочи кон локацијата и успешно го пренесе повредениот параглајдерист, кој имаше ...
Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до 30 август во Охрид. Оваа година фестивалот се одржува по трет пат. Фестивалот е поделен во два сегменти, едниот социјално – едукативен, а другиот спортско – рекреативен. Социјално – едукативната програма започнува на 27 август со изложба на Нуркачкиот центар Акватек и концер на ...
Полското министерство за европски фондови вчера ги запре сите исплати од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани и културни простори, откако иницијативата за транспарентност откри дека средствата биле искористени за јахти, вотка-барови и фирма регистрирана на истата адреса како секс-клуб, јавија денеска локални медиуми. Министерката за европски фондови, Катажина Пелчинска-Налеч, изјави дека ниту еден злот повеќе ...
На 12.08.2025 во 18:55 часот полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по чл.303 од КЗ (загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај). Имено, на 06.07.2025 околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска (12 август) изјави дека претставници од Министерството за правда ќе имаат средба со некои од правните експерти кои тврдат дека не може со упатство на ДИК да се регулира учество на независни кандидати на избори, како и оти потоа ќе се преземат соодветни чекори, кои, како што, истакна ќе бидат во рамки на законите. „Министерството за правда ќе има состанок со дел од тие експерти чекаме да видиме што мислат ...
Лидерите на Европската Унија (ЕУ) во вторник (12 август) изјавија дека „Украина има природно право да ја избере својата судбина“. Ставот на европскиот блок доаѓа три дена пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин за да разговараат за прекинување на руската инвазија на Украина, која започна во 2022 година. „Ние, лидерите на ЕУ, ги поздравуваме напорите на претседателот Трамп за прекинување ...
Министерството за финансии согласно одредбите од Изборниот законик од денеска на својата веб-страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Како што соопшти Министерството, согласно Изборниот законик Министерството за финансии од денот на донесување на Одлуката за распишување на изборите до нивното завршување има обврска во посебна база да ги објавува податоците за сите буџетски исплати, ...
Според она што можам моментално да го кажам и изјавам за јавноста е тоа дека барем според моменталните излези на најажурните прогностички модели (Европскиот модел ECMWF и Глобалниот модел GFS) во најголемиот дел од август месец продолжуваат топлотните бранови, односно, постојано ќе бидеме под влијание на топол воздух од југ, односно од Африка, и тоа најмалку до 20 август, а топлиот бран ќе продолжи најверојатно до околу 25 август, по што ...
Неколку пожари се активни денеска на отворен простор низ државата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Најсериозна е ситуацијата на територијата на Општина Македонски Брод, во ловиштето „Јасен“, каде пожарот со денови не може целосно да се стави под контрола. -Овој пожар е активен неколку дена. Иако повеќе пати беше ставен под целосна контрола, а на моменти и целосно изгаснат, поради исклучително ...
Оставила писмо доцна во ноќта дека си заминува од дома и од тогаш и се губи секаква трага. -Мислам дека имаше поддршка од татко му, се обидовме со таткото, биле и полиција кај него, тој тврди дека не знае ни синот каде му е, синот негов не е пријавен… На девојчето и беше забрането со дечково да се види, дечково порака кај сопругава оставил дека „милом-силом“ ние ќе ја земеме, вели Самет Муслиовски, татко на Барије Муслиовска. -Во моментов ...
Благодарност до директорот, персоналот на Клиниката, министерот, заменикот, директорот на Фондот, до сите оние коишто имаат свој дел во сето ова што се прави во здравството. Знам дека ова се можеби мали чекори, но големи во смисла дека години наназад ништо не е направено, но секако чекори коишто нѐ доближуваат да бидеме се поблиску до квалитетот којшто треба да го почувствуваат граѓаните кога ја добиваат здравствената нега. Продолжуваме и ...
На 11.08.2025 во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Л.(47) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес пронашле и одзеле бела тврда материја и две дигитални ваги. И.Л. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на Министерството за внатрешни работи, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година. Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 ...
Владата зголемувањето на инфлацијата го припишува на услугите и засилената домашна побарувачка, но најавува претпазливост со носење мерки. Дел економисти, пак, предупредуваат дека досегашните потези се недоволни и дека нема друго решение освен повторно замрзнување на цените. Инфлацијата расте, а Владата причините ги гледа во поскапувањата во рестораните, транспортот и услугите, засилени од повисоките плати и пензии. И додека премиерот ...
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец. Во Скопје и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен ...
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Ентони Албанезе – и тоа официјално за време на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември. На тој начин, Австралија им се придружува на Франција, Велика Британија и Канада, кои исто така објавија слична намера. „Решението со две држави е најдобрата надеж на човештвото да го прекине циклусот на насилство на Блискиот Исток и да го прекине ...
Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти и вршителот на должноста министер за надворешни работи Доника Грвала изјавија дека Србија сè уште претставува „вистинска закана за националната безбедност на Косово“. На Конференцијата на амбасадори – која ги собира сите косовски амбасадори од целиот свет во Приштина, Курти рече дека косовските амбасадори имаат витална улога во борбата против пропагандата, но и во промоцијата на Косово во ...
Сите осумдесет општини во земјава и Градот Скопје во 2024 година потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето покажува дека биле склучени вкупно 4006 договори за јавни набавки, а само во 2024 година, вредноста на општинските тендери пораснала за 16 проценти, односно за 26 милиони евра. Најголемо зголемување во вредноста на тендерите имаат скопските општини Гази ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека по крвавата престрелка во Тетово, во која вчера загина едно лице, а четворица беа повредени, денеска се приведени три лица. При претреси на повеќе локации во селото Гајре, тетовско, пронајдени се предмети кои се од интерес за истрагата. Во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово, ве известуваме дека лишени од слобода се три лица. При претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев од СВР Тетово: Нема да дозволиме насилството на поединци да ги нарушат сигурноста и мирот во заедницата Денеска (11.08.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во СВР Тетово оствари средба со раководството, на која детално беа разгледани сите околности и преземените мерки по вчерашниот вооружен инцидент, во кој беше одземен еден живот а повредени беа четири лица. „Сакам ...
Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија при што се разгледуваа можностите за воведување на авио линија Скопје –Мадрид со три летови неделно, по веќе воспоставената Скопје – Барселона. Тоа би значело поголем број на шпански гости на охридската ривиера. Со Амбасадорот разговаравме и за тоа што ...
Во текот на оваа седмица тириторијата на нашата Република Македонија и понатаму останува под влијание на многу топлата воздушна маса која продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Во Скопје и околината во текот на оваа седмица исто така ќе имаме сончево и многу ...
Запалени станбени згради, чад околу Киев. Русија секојдневно ги напаѓа украинските градови со дронови и ракети. Украина возвраќа со контранапади врз цели длабоко во руска територија. Можеби деновиве токму за оваа намена платени се користат дроновите платени со германски пари. „Ова е почеток на нова форма на воено-индустриска соработка меѓу нашите земји, која има голем потенцијал“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц за време на посетата ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе биде разрешен полицискиот началник во Демир Хисар поради непрофесионално однесување во случајот со претресот во домот на директорка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар. Станува збор за настан што предизвика лавина реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појави видео од претресот. Од видеото може да се забележи дека во домот на директорката присутна е и ...