Студентите во Србија кои речиси шест месеци ги блокираат факултетите барајќи исполнување на нивните барања, првенствено поврзани со одговорноста за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, најавија дека очекуваат вонредните парламентарни избори, кои неодамна ги побараа, да бидат распишани во наредните денови – кон средината на мај. Доколку изборите не бидат распишани наскоро, студентите најавуваат радикализација на протестот, но како ...

Рускиот претседател Владимир Путин предложи одржување директни разговори со Украина во Истанбул на 15. мај за кои рече дека треба да имаат за цел постигнување траен мир и елиминирање на коренските причини за војната. Неговата објава е неколку часа откако Кијив и европските лидери повикаа на безусловно 30-дневно примирје што ќе почне в понеделник. Лидерите на Украина, Велика Британија, Франција, Германија и Полска вчера во Кијив и се заканија ...

Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вечерва на отворањето на новиот партиски штаб во Скопје нагласи дека за Алијансата за Албанците би било подобро во опозиција, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат, јави ТВ 21. Не, немаме дефинитивна одлука. Но, како што гледам, довербата меѓу нас во владината коалиција е во мизерна состојба. Верувам дека овие денови ние, Алијансата за Албанците, треба да се сретнеме со премиерот, бидејќи ...

Москва разгледува предлог за 30-дневен прекин на огнот во Украина , според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен изјави дека прашањето бара внимателно разгледување. Треба да размислиме за тоа. Ова е нов развој. Имаме свој став, рече Песков, истакнувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин веќе најави тридневен прекин на огнот пред неколку дена, без никаков одговор од Кијив. Портпаролот на ...

Експлозии се слушнаа во Шринагар, главен град на делот од Кашмир контролиран од Индија, само неколку часа откако Индија и Пакистан се согласија за прекин на огнот, објавија светските агенции, повикувајќи се на првиот министер на територијата Џаму и Кашмир, Омар Абдула. Што по ѓаволите се случува со прекинот на огнот? Експлозии се слушаат низ целиот Шринагар, напиша Абдула на мрежата „Икс“. Ова не е прекин на огнот. Единиците за противвоздушна ...

Кремљ ги обвини европските земји за контрадикторни и конфронтациски изјави откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни санкции“ доколку не се придржува кон него. Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Генерално, тие се поконфронтациски по природа од оние ориентирани кон обид за оживување на нашите односи. Претседателот Владимир Путин постојано ...

Прекинот на огнот, договорен од Индија и Пакистан по четири дена интензивни борби и објавен денеска од американскиот претседател Доналд Трамп, беше договорен директно меѓу двете страни, соопшти индиската Влада. Денес, Индија и Пакистан постигнаа договор за прекин на огнот и прекин на воените операции, рече министерот за надворешни работи Субрахманјам Џајшанкар. По долга ноќ преговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес соопшти дека „Коалицијата на подготвените“ поддржува безусловен и целосен прекин на огнот во Украина во траење од 30 дена, кој треба да почне на 12-ти мај. Се договоривме дека прекинот на огнот целосно и безусловно треба да почне од понеделник, 12-ти мај, во траење од најмалку 30 дена. Заедно го бараме ова од Русија. Знаеме дека САД нè поддржуваат во тоа. Безусловно примирје. Значи без никакви ...

Семејствата на трагично загинатите млади во пожарот на 16. март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата бидејќи тие уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани. Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, ...

Индија и Пакистан се на работ на отворен вооружен конфликт откако Исламабад утрово започна воена офанзива насочена кон повеќе индиски бази. Според пакистанската војска, цел на нападите се стратешки локации, вклучувајќи складиште за ракети и воздухопловни бази. Воени и дипломатски извори информираат за загинати најмалку 48 лица од двете страни, додека серија експлозии одекнале во регионот на Кашмир, Џаму и Сринагар. Во Индија биле активирани ...

Постои согласност дека патот на Украина кон НАТО е неповратен, но никогаш не се согласивме дека како дел од мировниот договор ќе има гарантирано членство на земјата во Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт, Марк Руте. Такво нешто никогаш не беше договорено. На долг рок, сојузниците на НАТО рекоа да, ќе има перспектива за членство во НАТО. Но, тоа е на подолг рок, а не за мировните преговори што се водат во ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во подкастот „Политиканти“ на Инфомакс, рече дека работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во комуникација по неговата средба со премиерот Христијан Мицкоски. Работни групи работат на важни закони во правосудството, нашите коментари на нивните текстови ќе ги дадеме следната недела, се надевам дека се ќе биде усвоено со широк консензус. Во сите држави во процесот на преговори со ЕУ се работело ...

Бранко Тричковски: Путин: Вистината и правдата се на наша страна. Тричковски: Не, не се, товариш Владимир Владимирович и тоа е најголемиот пораз на Русија, фактот дека ти го нагласуваш своето видување за правдата и вистината на ваков начин и по ваков повод, покажува дека и самиот си жртва на сомнежот дека тоа не е така и дека оддалечувајки се од вистината и правдата и најбрутално газејки ги со страшната агресија врз Украина, меѓу другото, ја ...

Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со него, изјави денеска во Тетово Биљал Касами на новинарско прашање што се договориле како коалиција „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски. Според Касами, за да се направат промени во Владата ќе треба повеќе време, иако вчера рече дека следните денови ќе има и конкретни чекори во тој правец. Ние ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска предложи намалување на царините за Кина од 145 на 80 проценти. Одлуката за намалување е пред состанокот на американската и кинеската делегација во Женева, за време на викендот. Американскиот министер за финансии Скот Бесант и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир треба да се сретнат со кинеска делегација овој викенд во Швајцарија. Тоа ќе бидат први големи разговори откако Трамп почна ...

Млад кочанчанец залепен со селотејп на бандера на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како што самиот нагласи дека е симболично врзан, денеска побара од институциите да им помогнат на повредените од дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пред некој ден дома си дојдоа деца од болница без прсти на рацете. Дајте барем на тие деца да им се помогне, порача Мартин Кироски на кого во дискотеката му загинале петмина другари. Побара од државата да му се помогне ...

Доцна попладне кардиналите во Сикстинската капела во Ватикан го избраа новиот Поглавар на Римокатоличката црква. Неговото световно име е Роберт Франсис Превост и е прв кардинал од САД избран за Папа. Кардинал Превост, роден во Чикаго во 1955 година, има богато искуство како мисионер во Перу, каде што служеше како бискуп на Чиклајо и стекна перуанско државјанство. Пред изборот за папа, тој беше префект на Дикастериумот за епископи и ...

Белград, Српската Влада денеска соопшти дека седум месеци пред предвидениот рок – 100 земји го потврдиле своето присуство на Специјализираниот меѓународен саем Експо 2027. Специјализираната меѓународна изложба Експо 2027 Белград, со тема „Игра(ј) за човештвото: Спорт и музика за сите“, ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година, со учество на повеќе од 120 земји, меѓународни организации и компании се нагласува во соопштение од Владата на ...

Европската комисија денеска објави планови за воведување дополнителни царини на увозот од САД во вредност од околу 95 милијарди евра (107 милијарди долари) доколку преговорите со Вашингтон не доведат до решение за трговскиот спор. Списокот на таргетирани производи објавен денеска опфаќа индустриски и земјоделски стоки. Дополнително, Комисијата се консултира со членките „за можни ограничувања на одреден извоз на ЕУ на отпадно железо и хемиски ...

СДСМ денеска во Собранието ќе поднесе Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во Кочани. Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека изготвиле добро законско решение и ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да го поддржат или да се вклучат во негово модифицирање ако имаат предлози, нагласувајќи дека целта не е да се политизира трагедијата. Изработивме предлог-закон кој навистина мислам дека е добар. ...

Црн чад излезе од оџакот на од Систинската капела, што значи дека нов папа не е избран ниту во вториот круг од гласањето на конклавата на кардиналите, јави Еуроњуз. Првото гласање се одржа синоќа, а кога ќе се избере новиот поглавар од оџакот на Сикстинската капела ќе се појави бел чад. Конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква започна вчера попладне, а во изборот учествуваат 133 кардинали. Претходните два конклава, во ...

Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители. На новинарско прашање дали ќе се прошири истрагата за полициските службеници кои биле вечерта во ...

Студентите маратонци кои веќе 13 дена трчаат во штафета кон Брисел, денес прават пауза во Стразбур, каде што беа пречекани синоќа. Тие ќе ја искористат можноста да го посетат Европскиот парламент и да разговараат со европратениците. Тие беа пречекани од Србите од дијаспората, но и од Французите кои живеат во тој град. Им беше приреден свечен прием, им беа доделени медали, а ја отпеаја и својата песна “Freed from desire”. „Добредојдовте“, вака ...

Најголемата конклава во историјата на Католичката црква треба да продолжи денеска, кога би можеле да се одржат четири круга гласање, бидејќи новиот папа не беше прогласен вчера, како што се очекуваше, по едно гласање. Кардиналите вчера почнаа да избираат нов водач за 1,4 милијарди католици во светот. Вечерта, од специјално поставен оџак видлив од плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан се издигаше црн чад, сигнализирајќи дека новиот папа не е ...

Украинските власти рано утрово објавија нови бомбардирања и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ. Руски авиони исфрлија водени бомби повеќе пати над северниот Сумски регион, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за тековна воздушна активност во источен правец. Во меѓувреме, предупредувања за дронови и напади беа пријавени рано утрово и ...

Членки на католичка женска група запалија факели со розов чад на ридот зад Ватикан во знак на протест против родовата нееднаквост во Црквата, неколку часа пред кардиналите да се соберат на конклава во Сикстинската капела за избор на нов папа. „Додека светот чека бел или црн чад, нашиот розов чад сигнализира дека жените треба да бидат вклучени во секој аспект од животот на Црквата, вклучително и во конклавата“, изјави Кејт МекЕлви, извршна ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот. Авионот со кој Вучиќ се упати кон Москва за да присуствува на прославите на Денот на победата претходно беше запрен во Баку поради борбите меѓу Русија и Украина, и чекаше одобрение за продолжување на летот. Во претходните неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од ...

Косовските пратеници не успеаја да ја завршат конститутивната седница, што почна на 15 април, ниту по дванаесетти пат, поради несогласувања помеѓу најголемите партии. Парламентарната седницата повторно беше прекината бидејќи победничката партија на февруарските избори, Движењето Самоопределување, не доби доволно гласови за да формира комисија за тајно гласање за претседател на Собранието. Демократскиот сојуз на Косово, трета партија по ...

Тринаесет Палестинци се убиени во израелски напади врз училиште во северниот дел на Појасот Газа, во кое биле сместени раселени семејства, објавија локалните здравствени власти. Ова се случува во време на континуирано уништување на домови и згради од страна на израелските сили во јужниот град Рафа. Медицинските лица објавија дека два од нападите биле насочени кон училиштето Карама во Туфа, предградие на градот Газа. Локалната новинарка Нур ...

Во Баку слета свионот со кој српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се упати кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата, јавија српските медиуми. Авионот не може да го продолжи патувањето кон Москва, бидејќи нема дозвола за летот поради непријателствата меѓу Русија и Украина, наведуваат српските медиуми повикувајќи се на извештај на агенцијата Танјуг чиј новинар ја следи таа посета на српскиот претседател. „Сите ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
62%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
64%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
56%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.35
88%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
74%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
74%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
47%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
77%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
50%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
89%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Кобалт

3.86

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19

Родиум

358480.82

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Калај

43.91