Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од 1.600, додека спасувачите очајнички ги бараат преживеаните по урнатините на зградите. Повредени се повеќе од 3.400 луѓе. Шефот на војската на Мјанмар прогласи вонредна состојба и побара од секој што може да помогне да излезе. ОН веќе се во контакт со властите. Според податоците на USGS, епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има ...

Додека народот и државата тагуваат поради огромната трагедија во Кочани во која згаснаа 59 млади животи а околу 200 се повредени, Владата на ДПМНЕ турка тендери за мерење рејтинзи и пропаганда, рече на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. За поддршката на семејствата и граѓаните во Кочани се организираат донации а владата на ДПМНЕ троши 400.000 евра за анкети и мерење на рејтингот на Мицкоски. Тоа не било доволно па ...

Каја Шукова: Темелна и итна истрага за целиот случај и утврдување кривична одговорност. Итно испитување на сите реки и води кои се во допир со водите од Крива Река, вклучително и делови од Пчиња и Вардар. Потенцираме и укажуваме дека можеби храната која јадеме е под ризик. Објава на сите инспекциски извештаи поврзани со рудникот Тораница. Оставка од пратеникот Емил Спасовски, кој свесно ширеше дезинформации и ја минимизираше катастрофата. ...

Бројот на загинати во Мјанмар по вчерашниот голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтеровата скала се искачи на 1.002, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати, објавија денеска државните медиуми. Оштетени се инфраструктурни објекти како патишта, мостови и згради, што резултираше со цивилни жртви и повредени. Во тек се операции за пребарување и спасување во погодените области, се наведува во соопштението на хунтата. ...

Пред Собранието денеска со почеток во 11 часот ќе се одржи собир на граѓани во организација на Иницијативата „Кој е следен“ насловен „Народно собрание“. Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека поради одржување на протест пред Собранието, Единицата за безбедност на патниот сообраќај со почеток во 11 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Оттаму апелираа до сите ...

Земјотреот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар, , соопштуваат тамошните медиуми, може да достигне и четирицифрена бројка загинати. Помош најавија САД и ЕУ. Засега официјалната бројка е 144 загинати, но се стравува дека би можела да достигне и до тртагичните 1.000. Уништени се многу станбени ијавни објекти. Уништен е и историскиот мост на реката Иравади, изграден пред 91 година, за време на британскиот ...

Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ преку профилите на социјалните мрежи објави детали за утрешниот настан пред македонското Собрание, насловен „Народно Собрание“. Народното собрание започнува утре, ќе започнеме да се собираме од 11 часот, официјално започнуваме во 12 часот, пред Собранието на Република Македонија. Ние му даваме глас на народот и работиме наместо нашите народни избраници, кои нè напуштија во моментот кога беа најпотребни. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ја признае претходно одобрената американска воена помош како заеми што треба да се вратат. Ние сме благодарни за поддршката, но ова не е заем и нема да го дозволиме тоа“, рече Зеленски, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „неговата земја е ограбена бидејќи не ја дала оваа помош како заем. Тој потврди дека договорот за создавање ...

Солт Лејк Сити: Јута стана првата американска држава која забрани истакнување знамиња со ЛГТК + симболи на владините згради и училишта. Републиканскиот гувернер на Јута, Спенсер Кокс, ја одобри забраната, иако изрази загриженост во врска со оваа политика. Врз основа на забраната, почнувајќи од 7-ми мај, зградите на локалната самоуправа ќе можат да го истакнуваат само знамето на САД или државата Јута, а доколку ја прекршат забраната ќе бидат ...

БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, прекршок, кој според Министерството за животна средина и просторно планирање е од трета категорија. По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24 март годинава од страна на Државниот инспекторат за животна средина, ...

Телата на 909 загинати војници се вратени во Украина, соопшти Координативниот штаб за воени затвореници на Телеграм. Меѓу загинатите се и оние кои ги загубија животите во Курахово, Покровск, Бахмут, Вухледар, Луганск и Запорожје, како и оние чии тела беа пренесени од мртовечници на руска територија. Како што е наведено, паднатите бранители се вратени со помош на заедничките напори на Координативниот штаб, Заедничкиот центар на Службата за ...

Во Литванија продолжува спасувачката акција по четворицата исчезнати американски војници, кои пред три дена за време на воена вежба нивниот тенк пропадна во мочуриште. Спасувачите, во областа за воена обука Пабраде, околу 50 километри североисточно од Вилнус, сè уште се обидуваат да го извлечат тенкот, што беше пронајден на речиси пет метри длабочина во каливото мочуриште. Успеавме да ја дренираме калта во текот на ноќта, но не доволно, ...

Петрит Сарачини: Повторно се „спружуваат“ медиуми, новинари, граѓански организации и активисти, повторно се прогласува за „шарен“, „платеник“ и „предавник“ – секој што ја критикува истрагата за трагедијата и постапките на „безгрешната“ власт, која бара одговорност секаде, но најмалку во сопствените редови. Овие јалови обиди за бегство од сопствената одговорност не носат ниту сплотување, ниту обединување на целата земја за „промена на ...

Калина Малеска: Системот може да се подобри, меѓу другото, кога, наместо култура на приоретизирање на моќта и на сопствените интереси, ќе се гради една поинаква етика – во која другите доаѓаат на прво место. Не тој што претркува на пешачки зашто нему му се брзало, не тој што сака да отвори кладилница каде што нему му изгледало најпривлечно, не тој што пука петарди за нова година зашто нему тоа му се видело забавно. Туку луѓето врз кои овие ...

Нови осум пациенти повредени во пожарот во Кочани од скопските клиники се пуштаат на домашно лекување, а деветмина се враќаат од странство, информира денеска на прес-конференеција министерот за здравство Арен Таравари. На клиниките во Скопје, според него, ќе останат само 14 пациенти, додека на лекување во странство остануваат 91 пациент. Осумте пациенти кои денеска треба да стигнат, тројца од Унгарија, двајца од Италија и по еден од Атина, ...

ајмалку 20 лица загинаа во Мјанмар и три во Тајланд во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди централниот дел на Мјанмар и беше почувствуван низ Југоисточна Азија, пишува „Њујорк Тајмс“. Според д-р Кјав Зин од општата болница во градот Мандалеј, во тој град загинале најмалку 20 луѓе, а 300 се повредени. „Се повеќе и повеќе повредени пристигнуваат, но немаме доволно лекари и медицински сестри“, рече ...

Во Турција се приведени уште двајца новинари кои ги следеле протестите против апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, објави турскиот портал „Герчек Ѓундем“. Во раните утрински часови уапсени се Ниса Суде Демирел од опозицискиот медиум „Евренсел“ и Елиф Бајбурт од агенцијата „Еткин Хабер“ (ETHA), пренесува БТА. Турскиот суд вчера ослободи седум новинари, вклучително и фоторепортерот на „Франс прес“, Јасин Акгјул, кои беа ...

Европската Унија нема намера да обрнува внимание или да ја коментира пропагандата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. Запрашана за коментар на ЕУ на предлогот на Путин за ставање на Украина под времена администрација на ОН, со цел да се овозможи одржување нови избори во земјата, Хипер изјави дека рускиот претседател е криминалец по кога е распишана ...

По најавата на лидерот од опозициската СДСМ Венко Филипче дека следната недела во Собранието ќе иницира лидерска средба по пожарот во Кочани, денеска од Владата велат дека кај нив нема стасано официјално барање, ниту пак иницицијатива од СДСМ, но дека Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне. Не е пристигнато официјално барање до Владата, ниту пак има иницијатива од СДСМ. Забележани се само ...

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид од „Тораница“ – утре вонредна седница на Советот на општината. По инцидентот што се случи на 14 март, инспектор за животна средина на рудникот „Тораница“ направил увид на денот на хаваријата и констатирал дека има само заматување, односно механичко онечистување. Но, поради бурните реакции и загриженоста на населението, од страна на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, била ангажирана ...

По силниот земјотрес кој утринава се случи во Мјанмар, 7,7 степени според Рихтер, не можат да се добијат никакви информации за штетите. На социјалната мрежа X беше споделено видео на кое се гледа висококатница која се урива, но од тогаш Би-Би-Си не може да стапи во контакт со агенциите за помош кои се на терен. Зошто нема никакви информации? Со Мјанмар од државниот удар во 2021 година управува воена хунта, што го отежнува пристапот до ...

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), додавајќи дрека набрзо следел уште еден силен потрес од 6,4 степени според Рихтер. Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес, соопштија тајландските власти. Earthquake Thailand and Myanmar Burma BREAKING – Bangkok – High Rise ...

Хелсиншкиот комитет за човекови права очекува Собранието да се консолидира и да ги употреби сите механизми со кои располага и пратениците да се обединат во напорите за зголемување на функционалноста на системот и против општествените девијации. Се навршија речиси две недели од трагедијата во Кочани, а Собранието уште ги одложува своите седници, меѓу кои и седницата за пратенички прашања. Неприфатливо и неодговорно е пратениците да не ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека вчерашниот самит за поддршка на Украина во Париз е многу „мотивирачки“ и порача дека Украина нема да се откаже од својата независност. „Мислам дека самитот беше многу мотивирачки… Мислам дека мојот дијалог со лидерите е мотивирачки. Мислам дека сите лидери се полни со енергија. Мислам дека лидерите не не напуштаат, туку ќе ја поддржат Украина. Ова е лош сигнал за (рускиот претседател ...

Владата објави тендер за избор на фирма која треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание и ќе овозможи да се прави оценување на објавените вести дали се позитивни, негативни или неутрални. Тендерот е објавен на 5 март и е отворен до 4 април. Во техничката спецификација на тендерот стои дека фирмата која ќе биде избрана на тендерот треба да овозможи услуга за оценка на медиумското влијание или клипинг односно следење, селекција, ...

Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите, доволно да биде наведувањето импресум, транспарентна сопственост, уредништво, мк домејн и адреса, укажаа повеќето учесници на денешната панел-дискусија за предлог-измените на Законот за медиуми што ја организра Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Како што беше речено, бројот на вработени и некои други построги критериуми кои би можеле да се ...

Венко Филчипче: Не се само доволни зборовите дека ни е потребно еднство. Ни требаат виостионски дела. Кога младите излегуваат на улица и бараат промени , ние како политилчари треба добро да размислиме што да направиме. Изминатите денови размислував и удната недела ќе повикам на лидерска средба. Да се направи она што суштински треба. Вистински еформни во правосудниот систем. Да се направи се` за да изградба на Клинички центар. Дојно да се ...

Европските сојузници на Украина, на денешниот состанок во Париз, едногласно се изјаснија против какво било укинување на санкциите кон Русија. Воедно Франција и Велика Британија изразија подготвеност да распоредат војски во Украина како „гаранција за безбедност. Во таа насока, француско-британска мисија ќе замине „во следните денови за Украина“, објави францускиот претседател Емануел Макрон. Париз и Лондон веќе се водечки земји во ...

Израелските власти побараа од претседателот на Република Српска Милорад Додик да ја напушти конференцијата за антисемитизам во Ерусалим, откако по него беше распишана меѓународна потерница, објавија денеска израелските медиуми. Во написот на весникот „Израел Хајом“, кој го пренесоа сараевските медиуми, се наведува дека израелските власти „јасно му ставиле до знаење на Додик дека не е добредојден на настанот, што го принудило да го напушти ...

Одлуката на американската Агенција за глобални медиуми (УСАГМ) за суспензија на финансирањето на Радио Слободна Европа / Радио Слобода (РСЕ/РС) а по указ на претседателот Доналд Трамп за затворање на агенцијата е поништена. Ова се наведува во писмо од Кери Лејк, виша советничка на директорот на УСАГМ. Одлуката на агенцијата од 15 март е повлечена и грант-договорот со РСЕ е обновен. Лејк прецизираше дека агенцијата го задржува правото и во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
4.63
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
90%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
94%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
92%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Цинк

3.33

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Иридиум

221848.72

Калај

48.47

Кобалт

64.04

Злато

157055.75