Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вечерва е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Ова го потврдуваат од МВР за МИА. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица. Дел од ...

Љубомир Костовски: Или на Марина Доковска ѝ се запали некоја алармна светилка во студиото и таа се исплаши дека поминала некоја црвена линија што ја поставиле оние кои овој сервис (што треба да ѝ служи на јавноста) го сметаат за приватен, односно партиски билтен!? Треба тој прес на Чупеска сега во штабот на Тошковски да се преработи, обработи, да се најде одговор на она што евентуално ќе се пушти од СДСМ, ама во истиот миг да се одговори на ...

Во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, брифираа грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите извори, по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, „со координирани активности на Министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и ...

За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами во изјава за телевизија „Сител“ вели дека во документацијата што ја имаат за овој објект не постои барање за елаборат. – Ја разгледуваме целата документација за објектот. Имаме информација дека е изграден во 1999 ...

МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и ...

Владата ја започна денешната седница со едноминутно молчење со што им оддаде почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Донесе одлука за прогласување седумдневна жалост на територија на целата држава, а во МНР ќе биде отворена книга на жалост. Исто така, на владината седница е донесена одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ...

Директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски “, Небојша Настов во изјава за медиумите попладнево истакна дека првата тура од двајца пациенти кои беа зависни од респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. Посочи дека втората група од двајца пациенти што пред некоја минута ја напуштиле болницата, во договор со Владата на ...

Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, како и вонр. проф. м-р Сара Пројковска, која во бендот беше придружен вокал. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски и тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев. На социјалните медиуми колегите се простуваат од ...

Српската Влада денешната седница ја почна со едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани. Владата на Србија го прифати предлогот на премиерот Милош Вучевиќ на денешната седница, на која присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на дневниот ред да има две точки – информации за актуелната политичко-безбедносна ситуација во Србија и регионот и прогласување ден на жалост за вторник, 18 март, поради трагедијата во Северна Македонија. ...

Преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин, Папата Франциск упати порака на сочувство по пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе. Папата изрази „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се наведува во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов. Тој исто така увери дека сеќавањето на ...

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници. Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во ...

Во тек се подгортовките. Засег тројца малади со изгореници че се лекуват во Грција. Во тек е организирање и тријажирање, велат од Кризниот штаб. Тројца млади со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос. Според Јанакос, солунската болница ...

Министерот за здравство Арбен Таравари во својата последна изјава најави дека 18 до 20 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани е можно да се лекуваат во странство. Тој појасни дека здравствените власти добиле понуди за лекување од неколку држави, а тим на анестезиолози ќе одлучи каде ќе бидат транспортирани пациентите. Најверојатно ќе се лекуваат во Бугарија, Грција, Србија. Добивме повици од Албанија, Холандија…, рече Таравари. Според ...

Распишана е централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип. Како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според податоците до 12 часот во пожарот се повредени 155 лица, кои се хоспитлизирани во ...

Зоран Иванов Само ние. Ние кротките, заблудени и смотани македонски граѓани кои, децении веќе, наместо европски стандарди подлегнуваме на политички измами и на лажни патриотизми зад кои, всушност, блика корупцијата која ни ги изгоре децата. Само ние. Ние сме виновни. Институциите се виновни. Сите. Од првата до последната. Владите се виновни. Од првата до оваа сегашнава. Сите. Тендерите и корупцијата се виновни. Јавашлук и грамзливоста се ...

Обраќање на Панче Тошковски. Тој соопшти дека се извршени разговори со 10 повредени лица и со еден член од групата која настапувала вечерта ДНК. Тошковски рече дека е распишана потерница за 4 лица, кои се тие лица не можеше да каже. Работиме интезивно со сите сили со кои располагаме, вклучени се сите кои имаат врска во процес на контрола и дејства кои можеме да ги преземеме. Прашан за сертификат на дискотеката за управување со пиротехнички ...

Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен изјави за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот, по пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше бендот. -Не знаеме ништо хаос е точни е дека Панчо е на кислородна поддршка со изгореници по раце и лице, но е свесен, меѓутоа се останато не е точно, изјави Спасоски Тој не можеше дакаже во каква ...

Џабир Дерала: Ова е ужасен, црн, трагичен потсетник за сите родители, чии деца секојдневно се изложуваат на ризици поради отсуството на грижа за безбедноста и превенцијата. Милионски се профитите на газдите на клубовите и дискотеките. Кога би вложиле дел од својот мрсен профит во безбедност и превенција – трагедијата во Кочани немаше да се случи. Милионски се буџетите и на институциите чија задача е да се грижат за безбедноста на луѓето. Да ...

Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради пожарот во Северна Македонија во кој загинаа најмалку 51 лице, а повеќе од 100 беа повредени. „(Премиерот) Милош Вучевиќ и претседателот (на Србија) Александар Вучиќ утрово разговараа за трагедијата во Кочани во Северна Македонија, каде што голем број граѓани загинаа во пожар во ...

о моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираа од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. На Детска хирургија има четири хоспитализирани пациенти, на ...

Од министерство за здравство информираат дека 18 лица кои се хоспитализирани се во критична состојба. Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба од кои тројца на Детската хирургија, седум во Градската општа болница и тројца во Старата градска болница. Министерството за здравство остави теелфонски броеви за семејството и блиските на пациентите на кои што ќе можат да добијат дополнителни информации за повредените. ГОБ 8 ...

Студенти по медицина се самоорганизираа да помагаат околу настраданите од трагичниот настан во Кочани. Дијана Кока Џемаили, кординатор на четврта година по општа медицина при Медицинскиот факултет во Скопје истакна дека студенти се самоорганизирале да помагаат за што и да имаат потреба болниците. Ние студентите од медицина се самоорганизиравме уште веднаш наутро кога слушнавме за немилиот настан. Најпрвин се упативме кон хируршките клиники да ...

Претседателката Гордана Силјановска Давкова е пред Градската болница „Свети Наум Охридски“. Таа за медиумите изјави : „Прво надеж, а потоа болка. Млади луѓе се тоа ќе издржат, треба да ги охрабриме“. Прашана за причините за пожарот, употребата на приотехнички средства таа рече: Тоа е нешто што мора однапред да се превидиди. Не е прв пат ова да ни се случи. Новинарката ја праша дали знае дека не постои веќе центар за изгореници. Не знам да ви ...

118 повредени, нема пациент што не е згрижен, изјави Таравари. На прашањето колку се во критична состојба рече дека не би сакал да шекулира „сега одиме на хирургија да добиеме информации“. Беше прашан за болничките капацитети, особено поради реновирањето на КАРИЛ. Секако дека има тука се и 8 септември и градска и клиничка во штип. Не почнавме со реновирање и нема да почнеме додека успешно не завршиме со оваа ситуација Тој рече дека добил и повик ...

Министерот за внатрешни работи даде изјава пред полициската станица во Кочани. Со длабока тага и болка ја изветувам јавноста дека животот го загубиле 51 лице и повеќе од 100 лица се повредени и пренесени во болниците. Тој потврди дека пожарот настанал поради пиротехнички средства т.е прскалки кои биле на бината и го предизвикале пожарот. Тој изрази сочуство до блиските на загинатите од оваа трагедија. Новинарите го прашаа за дискотеката, дали ...

На Скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8 Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани. Директорот на Градска болница „Свети Наум Охридски“ Небојша Насто потврди за МИА дека кај нив се примени досега 29 лица, меѓу нив и малолетници, со тешки изгореници на лицето, вратот и рацете. Од ТОАРИЛУЦ за МИА изјавија дека кај нив досега ...

Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група. Пожарот избил во 3 часот по полноќ. Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства. Повеќето од повредените лица во пожарот се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош. Поради сериозност на повредите здобиени како ...

Стотици илјади луѓе дојдоа на протестот во Белград на 15 март, поради што многу улици беа преполни, па граѓаните и студентите наоѓаат алтернативни начини да се приклучат на акцијата. Откако се случија инциденти во близина на Собранието, студентите ги вратија елеците и порачаа дека протестот повеќе не е студентски протест. View this post on Instagram A post shared by Samoorganizovana grupa studenata – Blokada (@studenti_u_blokadi) Студентите ...

За време на денешниот 15-минутен молк, српското МВР тврди дека не употребиле „звучен топ“ бидејќи употребата на ова звучно оружје не е во согласност со законот. Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во согласност со закон, користи исклучиво законски дозволени средства. Сите факти за тоа што се случило ќе ги утврдат надлежните органи, велат од министерството, а пренесе Н1. Ги покануваме сите граѓани кои во моментот на пукањето ...

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија, неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците, доколку постојат такви имаме разработено сценарија, но, не очекувам прелевање кај нас, вели премиерот Христијан Мицкоски. Прашан за случувањата во Србија и информациите од тамошните медиуми дека „структури од соседни земји на Србија, наводно учествуваат во некакви сценарија“, ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
6.17
70%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.26
93%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
80%
1006
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.77
89%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
86%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
72%
1008
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1012
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Платина

52952.77

Злато

135056.24

Цинк

3.23

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Бакар

10.95