Полицијата синоќа привела двајца 18-годишници од Скопје кои запалиле огномет на роденденска прослава организирана во угостителски објект во Градскиот парк, со што не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани. На 19 март 2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна ...

Македонските психолози имаат искуство во давањето помош и психолошка поддршка на лицата кои настрадале во различни несреќи, со оглед што досега имаше неколку поголеми трагедии како поплавата во Стајковци, големите пожари во источниот дел од државата, помагањето на настраданите во земјотресот во Турција и слично, истакнува претседателката на Комората на психолози на Македонија, Мирјана Јовановска Стојановска во интервјуто за МИА. Сепак, ...

Русија ноќеска го изврши својот „најголем напад во последниве години“ врз Кропивницки, град во областа Кировохрад, објави регионалниот гувернер Андриј Рајкових. Според полициските информации, најмалку 10 лица се повредени, меѓу кои и четири деца. Неколку жртви се хоспитализирани. Еден од повредените, кој е во критична состојба, се здобил со изгореници на 90 отсто од телото. Рајкових изјави дека над 20 руски беспилотни летала биле испукани врз ...

Руските градови Саратов и Енгелс синоќа беа цел на најтешкиот напад со беспилотни летала врз регионот Саратов од почетокот на војната, изјави гувернерот Роман Бусаргин, додавајќи дека на аеродромот избувнал пожар. Руските телеграмски канали објавија дека најпрво бил прогласен воздушен напад, по што следеле серија експлозии. Околу 4 часот по локално време се слушнале најмалку четири експлозии. Градовите Енгелс и Саратов се наоѓаат во близина ...

Гордан Калајџиев: Јас не сум толку оптимиста за досегашните истраги како други (редовно го следам Туфегиќ) главно заради пет работи: 1. Многу се меша премиерот лично и ја користи за политички поени а особено да избегне лична морална одговорност; 2. Рано е да се заклучи дали професионално е одработено 3. Мвр и Јо тераат не многу координирано (мвр скока како прле пред магаре- ЗКП јасно кажува дека за кривични настани пресовите ги води Јо. 4. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски, САД да управуваат со украинските електроцентрали како гаранција за нивната безбедност, се наведува во заедничката изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц. САД би можеле да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со своето искуство во електроенергијата и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека 175 украински војници се ослободени од руско заробеништво, а уште 22 борци се враќаат дома, вклучително и тешко ранетите. Денес е денот кога Украина ги враќа своите војници, а 175 наши бранители се ослободени од руско заробеништво. Други 22 бранители се враќаат дома благодарение на мерките надвор од размената. Меѓу нив се тешко ранетите и војниците прогонети од Русија за измислени ...

Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција објави дека ќе постојат посебни протоколи за известување од утрешниот погреб на загинатите во трагедијата во Кочани. Владата на денешната седница донесе заклучоци со задолженија за министерсва и државни служби поврзани со трагедијата во Кочани. Полициските службеници ќе обезбедат посебна зона на 300 метри од гробиштата во Кочани за медиумските работници. Оваа зона ќе обербзеди ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека разговарал по телефон со украинскиот лидер Володимир Зеленски околу еден час. Само што имав многу добар телефонски повик со украинскиот претседател Зеленски. Траеше околу еден час, напиша Трамп на својата платформа „Трут Соушал“. Тој истакна дека голем дел од дискусијата се базирала на вчерашниот телефонски разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин „за да можат и Русија и ...

На денешното судење за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Велибор Манев беше испитуван од страна на обвинетиот Љупчо Палевски и неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски. Одговарајќи на прашањата на Палевски, Манев наведе дека времетраењето на грабнувањето на Панче Жежовски било околу 40 минути, за време на кое, според неговото тврдење, Палевски ги уверувал дека „сѐ е во ред“. -Нѐ убедуваше дека сѐ е во ред, сѐ е таман, за после да ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека е разрешен директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски. Ја разгледал документацијата на државната санитарна инспекција и, како што рече, во министерството констатирале дека има предуслови да се разреши директорот на Кумановската болница. Таравари денеска го посетил семејството на младиот кумановец кој почина на 17 март во Кумановската општа болница по примање терапија. ...

Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо, велат денеска од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) во соопштение по информациите дека синоќа во полиција биле повикани на разговор новинарски екипи на ТВ21 и Ројтерс поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите на плоштадот во Скопје. АЦВ во соопштението потенцира дека лицата кои оперирале со дронови при вчерашните настани морале да бидат ...

Воените и цивилните здравствени установи во Република Србија во моментов лекуваат 30 пациенти тешко повредени во пожарот во Кочани, и нивната здравстевена состојба е тешка и сериозна. Анестезиологот потполковник доцент д-р Горан Рондовиќ од Клиниката за анестезија и интензивно лекување на ВМА изјави дека во воено-здравствениот систем за лекување на ВМА и Воената болница во Ниш има 12 пациенти чија состојба е тешка и сериозна. Сите пациенти на ...

Во Советот за човекови права на Обединетите нации денеска е поднесен извештај на независна комисија, во кој се наведува дека Русија употребувала систематска и широко распространета тортура на цивили, вклучително и киднапирања, за време на нејзините напади врз Украина, што претставува злосторство против човештвото. Во новиот извештај, по истрагата на независната меѓународна комисија на ОН, се наведува дека голем број украински цивили биле ...

Двајца од 15-те поврдени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба, соопшти попладнево прес-службата на бугарското Министерството за здравство. Екстубаираните пациенти, како и пациентот со маска за кислород, се во Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина „Н.И.Пирогов во Софија. Останатите шест пациенти во таа болница ...

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело тешки дела против ...

На три објекти со важечка лиценца за кабаре, ноќен клуб или дискотека ќе им биде забрането да работат и ќе ја загубат лиценцата затоа што не исполнуваат минимум технички услови за вршење дејност. Од 22-та вакви објекта за кои вчера беше соопштено дека имаат активни лиценци, инспекцијата кај 12 ги проверувала техничките услови при што е утврдено дека трите објекти не ги исполнуваат. Продолжува теренската контрола на Пазарниот инспекторат за ...

Драган Мишев: Дојдовме до заклучок дека старата народна поговорка „ Ако козата лаже, рогот не лаже“ сега може комотно да се рекомпонира како „Ако премиерот лаже, Инстаграм не лаже“. На една фотографија од прес-службата на Владата, во огледалото во болничката соба има одраз на човек, за кој не се знае во кое својство е таму и кој на себе нема никаква заштитна опрема, дури ниту заштитна маска, како со мобилен телефон ги фотографира премиерот и ...

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката за пожарот во Кочани на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти ЈОРМС. Вчера им е изречен краткотраен притвор уште на две лица. Од Обвинителството појаснуваат дека краткотрајниот притвор е продолжен затоа што се уште траат обемните дејствија на прибирање ...

Руските сили утринава го нападнаа електроенергетскиот систем на украинската државна железничка мрежа во областа Днепропетровск. „Утрото на 19 март непријателот со беспилотни летала го нападна железничкиот електроенергетски систем во областа Днепропетровск. Има делови со прекини на електрична енергија, но возовите продолжуваат да сообраќаат според распоредот“, напиша Украинската државна железница на Телеграм. “За време на санирањето на ...

Српското Собрание денеска на седница ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари. Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада. Вучевиќ изјави дека по констатираната оставка денеска во српското Собрание, почнува рокот за избор ...

Имаше и такви кои и од овој трагичен настан ширеа руска пропаганда дека ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска ги даде армиските хеликоптери на Украина и сега нема со што да се транспотрираат повредените во болница. Дехран Муратов Вчера на 16.03.2025 година, Македонија се разбуди со ужасна трагедија во која загинаа 59 лица, меѓу кои имаше и малолетници и еден полицаец, а повредени се 163, од кои 45 лица од повредените се во критична ...

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови и враќање на одредени пациенти кои се лекуваат надвор од државата. Последниот транспорт на пациенти е ...

Црвениот крст соопшти дека од донации досега се собрани вкупно 20.932.654,00 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население. Посочува дека продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка ...

По прекинот што настана за третман на пациентите од пожарот во Кочани на хируршките килини во Скопје од денеска ќе продолжат операциите за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со полн капацитет, туку само за онколошки пацинети, а од утре по состанокот на кризниот штаб се ...

Адвокатот Маријан Витановски го откажа полномошното за бранење на Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања и Панче. Судијата Ивица Стефановски пред почетокот на денешната расправа ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово. Палевски продолжува да го брани адвокатот Јовица Страшевски. Денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Според најавеното, по ...

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале кумановецот Т.В.(58), сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Како што соопшти денеска МВР, веднаш потоа полициски службеници извршиле контрола во објектот каде биле пронајдени и одземени пиротехнички ...

Турските власти го приведоа градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, клучен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, како дел од истрагите за корупција и тероризам, објави државната телевизија ТРТ, повикувајќи се на Обвинителството во Истанбул, пренесува CNN. Издадени се и наредби за притвор за околу 100 други поврзани со градоначалникот, вклучувајќи го и неговиот советник за печат, Мурат Онгун, според државната новинска агенција ...

Фурхан Салиу: Апел од медиум чиј директор јавно се извини по промената на власта… Светските медиуми, кои го смислија етичкиот кодекс, пренесуваа погреби на претседатели, војници, значајни личности во општеството. Зошто, според мене, треба да се пренесува овој настан? Затоа што имињата на овие деца треба да станат симбол на борбата против корупцијата и алчноста. Треба да ги закачиме нивните слики на влезот пред секој суд, обвинителство, влада ...

Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства, Владата преку соопштение ги замолува медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста. Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.57
98%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
90%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 1ᴼ
3.13
93%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Цинк

3.33

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Бакар

11.66

Иридиум

221848.72

Злато

157055.75

Родиум

336779.07