Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Американски претседател Доналд Трамп изјави дека Палестинците нема да имаат право на враќање во Газа како дел од неговиот план за раселување. Во интервју за „Фокс њуз“, на прашањето дали Палестинците би имале право да се вратат во своите домови во Газа, Трамп одговори: Не, не би имале право, бидејќи би имале многу подобро место за живеење, рече тој. Тој додаде дека планира изградба на трајни живеалишта за раселените, бидејќи „на Газa ќе ѝ бидат ...
Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган денеска повторно посочи дека е потребен нов светски поредок кој ќе ги земе предвид интересите на исламскиот свет, кој брои над две милијарди луѓе, пренесоа турските медиуми. Не може да има мир, спокојство и развој на човештвото таму каде што нема правда. Не може да има правда во систем во кој исламскиот свет, чие население надминува две милијарди луѓе, не е претставен, нагласи Ердоган во главниот град на ...
Пациенти кои одат на дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје реагираат дека се оставени без превоз откако завршил договорот со такси – превозникот. Тие треба да добиваат паричен надоместок за превоз, но според Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, од октомври не им се исплатени овие парични средства. Душко Ѓоргиев од Здружението „Нефрон“ објаснува дека до октомври дел од пациентите користеле обезбеден такси превоз, а дел ...
Стотици луѓе денеска протестираа пред Парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево поради начинот на кој властите во земјата реагираа на поплавите, во кои загинаа 27 лица во октомври минатата година и да побараат казна за одговорните за жртвите и уништувањето. На протестот, организиран од неформална група студенти преку социјалните мрежи, учествуваа околу 2.000 луѓе, меѓу кои и жителите на Јабланица, најтешко погодено место при минатогодишните ...
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска е уапсен по налог на Специјалното јавно обвинителство, пренесува денеска ТВ 21 информација на Си-Ен-Ен Албанија. Специјалното обвинителство за Велиај водеше истраги за повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари. Исто така, претставници на Националното биро за истраги извршија неколку контроли во деловните ...
Во период од 20 минути во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос денеска беа регистрирани три последователни земјотреси со јачина од 4, 4.3 и 4.9 степени според Рихтер, паралелно со серијата помали земјотреси од околу 3 степени. Земјотреси над 4 степени беа регистрирани и синоќа од кои најсилниот беше 5 степени. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите посочи дека поради сеизмичката ...
Цената на природниот гас на европскиот пазар утринава се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија (ТТФ). Индексот на цените, како одраз на динамиката на цените на синото гориво со кое се тргува во гасниот центар во Холандија, достигна утрово до 58,29 евра за мегават-час природен гас, со испорака во март. И покрај тој ценовен врв, цените на природниот ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека онколошките пациенти во државава веќе имаат терапија. Истовремено, тој нагласи дека дисперзацијата мора да функционира. За онколошките пациенти, сигурен сум дека веќе имаат терапија. Дисперзацијата мора да функционира. Значи Битола, Тетово, Штип и ГОБ „8 Септември“, ќе мора да дистрибуираат и да дадат терапија на одредени пациенти коишто можат да примат во тие болници. Ќе останат ...
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои 2.075.868 граѓани ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2.533 гласачки места. Во Косово со право на глас имаат 1.970.944 граѓани, а во дијаспората 104.924 лица. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји. На деветте парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста учествуваат 28 политички ...
Специјалниот советник на Трамп, Ричард Гренел изјави дека американските даночни обврзници финансираат екстремно левичарски државни медиуми и дека е време да се затворат. Неговите зборови ги поддржа Илон Маск Радио Слободна Европа и Гласот на Америка се медиуми финансирани од американските даночни обврзници. Тие се медиуми во државна сопственост. Овие медиуми се полни со екстремни левичарски активисти. Соработката со овие новинари трае со ...
Фатмир Битиќи: Цените растат, а Владата нема стратегија како да ги ублажи шокови врз куповната моќ на граѓаните. Наместо решенија, гледаме хаотични потези и несериозни изговори. Во меѓувреме, одредени кругови профитираат, додека граѓаните сè потешко врзуваат крај со крај. Минималната плата од 30.000 денари не смее да биде далечен сон, туку економска реалност. Ако Владата навистина се грижеше за граѓаните, досега ќе имаше конкретни мерки за раст ...
На крстосницата пред Зоолошката градина во Скопје се собраа граѓани на протест за да испратат порака дека безбедноста е на многу ниско ниво и дека тоа мора да се промени. Протестот го организираше групата „Кој е следен?“ оформена по смртта на Фросина Кулакова која беше прегазена од страна на Васил Јованов. Главната порака која беше испратена од протестот е дека безбедноста не е прашање на избор, туку неопходност. Со затворање на раскрсницата ...
Кијив / Москва: Украинската армија соопшти дека соборила 70 од вкупно 151 дрон истрелани од Русија врз Украина. Додека 74 руски беспилотни летала не ја постигнале целта. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во текот на изминатата недела Русија фрлила над 1.260 бомби и лансирала речиси 760 беспилотни летала, како и повеќе од 10 балистички ракети од различен тип. Тој додаде дека руското воено производство се потпира на шеми за ...
Бранко Тричковски: Можеме да бидеме туристичка дестинација во која луѓето би доаѓале да гледаат како будалите ги бранат националните интереси. Како нивниот премиер пелтечи десет зборови мешајќи им го редоследот во пет варијанти, седум години. Тој се однесува како политичка кретенчуга од највисок ранг. Нивната претседателка е како принцеза извадена од театарот за деца во време кога театарот немал доволно пари да ја увежба и дотера попристојно за ...
Студентите од Србија денеска ги повикаа граѓаните да се соберат на улиците низ сите градови за да ги поддржат нивните барања на стотиот ден од падот на настрешницата во Нови Сад при што загинаа 15 луѓе. Во Белград е најавена блокада од 11 до 18 часот на најпрометниот мост Газела, додека во Нови Сад од 11 до 14 часот ќе бидат блокирани трите главни раскрсници, со што ќе биде оневозможен влез во градот. Протести во Србија почнаа по уривање на ...
Сите избирачки места се отворени утринава во седум часот. Најмногу гласачи со српска националност се запишани во Северна Митровица и тоа 18.781, а гласаат во шест избирачки центри со 24 избирачки места. Србите раселени од Косово, од сите 17 белградски општини, тргнаа кон Косово за да го остварат своето право на глас на Косово. Повеќето Срби кои заминаа на Косово веруваат дека со гласањето за Српска листа ќе придонесат за подобрување на положбата ...
Три лица загинаа кога автомобил влетал во реката Вардар кај селото Рашка, јавуваат неколку веб портали. Стојанче Ангелов, директор на Центарот за кризи, потврдли дека сите три жртви се од женски пол. Автомобилот бил извлечен од реката, а телата на жртвите биле внатре . Продолжува потрагата по четврто машко лице кое најверојатно испаднало од возилото во реката Вардар, рекол Ангелов. На местото на несреќата било пронајдено четиригодишно дете кое ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, објави „Њујорк пост“. Трамп запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“. – Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат, посочи Трамп. Трамп за „Њујорк пост“ истакна дека „отсекогаш имал добри односи со Путин“ и дека има ...
Венко Филипче: Ценовните шокови ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните. Цените растат а Владата ништо не прави да ги сконтролира. Да го искористам омилениот израз на владините преставници, историски најбрзо носење до просјачки стап. Тоа е страшно осиромашување на граѓаните. Нашите анализи и анкети покажуваат дека 45% од граѓаните значи секој втор има помалку пари отколку што имал минатата година ова време. Ние укажуваме на тоа ...
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом потпишал закони врз основа на кои се издвоени 50 милиони долари за да се заштити оваа американска држава и мигрантите на кои им се заканува депортација поради политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми. Врз основа на еден од тие закони, 25 милиони долари беа издвоени за Министерството за правда на Калифорнија за да се справи со правните постапки ...
Дарко Аврамовски: Интерпелацијата е прашање кое што го покренуваат пратениците, а не членови на извршната власт. Интерпелацијата не значи дека по автоматизам престанува мандатот на функционерите избрани од Собранието. Би било многу подобро доколку видевме конкретен план како би се избрале новите членови на Судскиот совет, за барем да бидеме уверени дека имаме некаков план за во иднина да може да даде некои одржливи резултати. Вака извршната ...
Повеќе од 200.000 луѓе учествуваа во денешниот протест во Минхен против екстремната десница, соопшти германската полиција. Две недели пред предвремените парламентарни избори, демонстрантите под мотото „Потребни и сте на демократијата“ се спротивставуваат на каква било соработка со ултрадесничарската Алтернатива за Германија – АфД. Додека „Бабите против екстремната десница“, движење формирано во 2018 година, денеска повика на демонстрации во ...
Уште еден „црн петок“ за маркетите во Северна Македонија. Поради бојкотот поттикнат преку социјалните мрежи, вчера, јави УЈП, прометот е помал за 22.12 % од неделниот просек. Во четвртокот на 6 февруари до полноќ во GPRS системот на Управата за јавни приходи е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки, додека во петокот на 7 февруари до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен ...
Трите балтички држави во саботата ги исклучија своите електроенергетски системи од енергетската мрежа на Русија, соопштија операторите во регионот, дел од планот дизајниран за поблиска интеграција на земјите со Европската унија и зајакнување на безбедноста. Естонија, Летонија и Литванија се исклучија од заедничката мрежа IPS/UPS и ќе се синхронизираат со мрежата на ЕУ во недела, откако во меѓувреме ќе работат сами. Ја постигнавме целта кон која ...
Американски федерален судија привремено го блокираше од страна на владата на Доналд Трамп планираното принудно „отсуство“ на 2.200 вработени во Агенцијата за меѓународен развој – УСАИД. Претставници на вработените претходно поднеле тужба. Тие тврдат дека администрацијата на Трамп нема овластување да ги испрати вработените на „административно отсуство“. Судијата нагласи дека неговата забрана е само привремена додека трае судскиот спор. Претходно ...
Хамас денеска треба да ослободи уште тројца заложници во замена за десетици Палестинци затворени во израелските затвори како дел од договорот со Израел за примирје во Појасот Газа. Според палестински и изралески извори, заложниците кои ќе бидат ослободени се Ели Шараби (52), Охад Бен Ами (56) и Ор Леви (34). Тројцата биле киднапирани за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе. Тоа ќе биде ...
Тонино Пицула: Студентите и граѓаните кои протестираат мора да одлучат како ќе продолжат со нивните протести и секако мора да ги артикулираат политички. Протестните маршеви и блокадите ја ставиле земјата во нешто како вонредна состојба. Ми се чини дека студентското и граѓанското движење во Србија бара некаква социјална еманципација, поточно, еманципација на општеството од државата, што покажува многу карактеристики на заробена држава и хибриден ...
Ричард Гренел: Односите меѓу Косово и Соединетите Држави се на најниско ниво во историјата. Косовскиот премиер Аљбин Курти го осудувале и првата администрација на Доналд Трамп, администрацијата на Џозеф Бајден, НАТО, Европската Унија и други. Курти претходно за приштинските медиуми изјави дека односите меѓу Косово и САД се на најдобро ниво досега. Заблуда. Односите никогаш не биле на пониско ниво. Албин Курти го осудуваа првата администрација на ...
Венко Филипче: СДСМ ќе поддржи реформи во правосудството но со национален надпартиски консензус за кој е потребно формирање заедничка работна група во Собранието кое че ги дефинира и контролира и заеднички ќе ги спроведува реформите во правосудството. Не смееме да дозволиме нова партизација и окупација од страна на власта а ќе подржиме ако ВМРО ДПМНЕ има само искрена намера.Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат ...
Во скопската Стара чаршија попладнево беа доделени 15 електрични колички на оние кои имаат потреба од нив, од страна на Здружението на лица со посебни потреби „СОС Вита“. Како што беше појаснето на настанот, станува збор за донација од хумани луѓе. Претседателот на здружението, Ертан Шаќири рече дека изминатите пет и пол години откако постои „СОС Вита“, биле доделени 170 електрични колички на лица на кои им се потребни. Посакувам луѓето со ...