Авиокомпанијата истовремено ќе го базира шестиот воздухоплов во својата база на Меѓународниот Аеродром Скопје, што е значаен чекор напред за поддршка на нивната експанзија со нови авиолинии на македонскиот авијациски пазар. Како резултат на плодната соработка на ТАВ Македонија, Вир ер и Владата, од идната летна сезона на летање која почнува на крајот од март 2026, Меѓународниот Аеродром Скопје за прв пат ќе се поврзе со Неапол (Италија), а ...

Во периодот од 30 август до 4 септември 2025 година мијачкиот крај повторно стана духовно-научно средиште: се одржа шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, под покровителство на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“, Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, Општина Маврово и Ростуше и Здружението на граѓани „Брзовец“ – Тресонче. Школата започна со свечено отворање во црквата „Свв. ...

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник жестоко ги гонеше христијаните. При тоа гонење, во некое место Карпин, тој го фати свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други. Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од ...

Денес во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Георгиј, со голема радост го прими спортскиот херој Марко Пејчиновски со неговиот брат Андреј од Охрид. Марко претходната недела го реализираше својот подвиг кој беше на 28-ми август 2025 година, Марко трчаше 7 часа и 47 минути од „Св. Наум“ до Струга, возеше велосипед 2 часа и 33 минути од Струга до „Свети Наум“ и пливаше 9 часа и 29 минути ...

Имаме три убави вести во однос на авиосообраќајот, а тоа е дека воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано, а до Скопје од Будимпешта и Наполи. Визер следната година ќе понуди 3,3 милиони седишта за Македонија што директен импакт ќе има врз туризмот и економијата, а ќе донесе шест нови авиони од типот Ербас А321. Дополнително ќе работиме да се вработат уште стотина македонски граѓани во авиокомпанијата, ...

Еден од седумдесетте апостоли, а не оној Тадеј кој беше од Дванаесеттемината. Свети Тадеј прво го виде и го слушна свети Јован Крстител и прими крштевање од него, а потоа Го виде Господa Исусa и Го следеше Него. Господ го вброи помеѓу седумдесетте помали апостоли, кои ги испрати двајца по двајца пред лицето Свое (Лк. 10,1). Пo Своето славно Воскресение и Вознесение, Господ го испрати Тадеј во Едеса, која е родното место на Тадеј, според ...

Во рамки на комплексот од поранешната касарна, започна да функционира и фудбалскиот терен на трева. Изминатиов период екипи на ЈП „Билјанини извори“ активно работеа на оспособување на теренот со садење на нова трева, инасталација на наводнување, поставување на реквизити. Во наредниот период теренот ќе се огради и ќе се постават монтажни трибини. Овој терен е ставен во функција за потребите на ООУ „Кочо Рацин“, фудбалскиот клуб „Св. Тројца“, ...

Чест ми е што денеска имав можност лично да му честитам на нашиот спортски херој Марко Пејчиновски, кој минатата недела успешно го совлада „Ironman“ предизвикот долг 107 километри. Неговиот подвиг е огромен спортски успех во историјата на Охрид, имајќи во предвид дека истиот е постигнат од толку млад човек. Со цел соодветно да го вреднуваме уникатниот спортски подвиг, му доделив плакета со лична посвета на Марко, кој со својата упорност и ...

Вулипан Бахатихан, Вантинг Јанг и Шини Веј се трите кинески студентки што годинава беа дел од Летната школа за македонски јазик, литература и култура, што традиционално се одржува секоја година во Охрид. Покрај редовните часови тие имаа уникатна можност да го истражуваат Охрид и околината. Тие заедно со своите колеги ги посетија куќата на Робевци, куќата на Григор Прличев и бројни други културни знаменитости. Неизбежна беше и посетата на ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 25ти до 31ви Август, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Кленоец“ – „Туристичка“(пред КАМ Маркет) – „Дејан Војвода“ бр.10 – „Живко Чинго“ бр.172 – „Шар Планина“ бр.31 – „Мирче Ацев“ бр.12 – “Партизанска“ – С.Велгошти – ...

Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога. Самуил живееше во Силоам крај ковчегот на заветот, а кога имаше дванаесет години имаше вистинско откровение од Бога за казната ...

Да се отвори ново училиште значи да се отвори нов пат кон иднината. Денес со гордост можеме да кажеме дека оваа општинска власт сериозно го трасираше патот кон иднината, затоа што по повеќе од 50 години, Охрид доби ново училиште. Училиштето „Кочо Рацин“ не е само инвестиција во градежни материјали и опрема, тоа е инвестиција во знаење, во вредности и во човечки потенцијал. Местото каде што некогаш стоеше нефукционална зграда, сега прерасна ...

На престојните локални избори, НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,, како и мнозинството на Египќани ќе ги поддржат предложените кандидати за Градоначалници и листите за советници од ВМРО ДПМНЕ. Потпирајќи се на меѓусебната доверба, Меморандумот засоработка и долгогодишната соработка и пријателство, Египќаните иако имаат законска можност да предложат сво Независни листи за Градоначалници и советници, тие тоа нема да го направат, бидејќи веруваат во ...

Особено ми е мило што имав можност да ја почувствувам радоста на 1-ви септември во новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“ и да упатам најубави желби за успешен почеток на новата учебна година. ‎Драги ученици, најдраги првачиња, нека вашите чекори бидат сигурни, вашите насмевки искрени, а вашите срца отворени за училишни успеси. Вие сте наша радост, наша гордост и мотив да работиме уште повеќе за да ви обезбедиме подобри услови за среќно ...

Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијците го загрозија со војска римското царување, на Андреј му беше доверена војска во борба против непријателите. Во таа прилика, го произведоа за војвода, односно стратилат. Бидејќи беше потаен христијанин, иако уште некрстен, Андреј се понадева во живиот Бог, па од мнозинството војници ги избра само најдобрите и со нив ...

Пограничната полиција од градот Корча во Албанија му пружи помош на македонски параглајдерист кој вчера за време на силното невреме бил однесен на албанска територија. – Веднаш по добиената дојава, полициските служби реагирале брзо и професионално, успеале да го лоцираат и да обезбедат негово спасување, објави порталот 4news.mk. Според соопштението на Дирекцијата за миграција и граница во Корча, информацијата прво пристигнала од капетанијата ...

Синоќа на пригодна свеченост беа доделени наградите на маратонците кои пливаа на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон. Согласно пропозициите, водечките во моментот на прекинувањето на трката се и победници на маратонот. Во машка конкуренција тројца пливачи имаа исто време и беа прогласени за победници: Матео Фурлан и Федерико Тамборино од Италија и аргентинецот Матијас Диас Хернандес. Во женска конкуренција водечка во времето на ...

Охридското Езеро можеби поминува незабележано од бројни патници, но штом ќе здогледате неговите блескави води на сончев ден или ќе дознаете за неговата историја – езерото е старо речиси два милиони години – веројатно ќе сакате да испланирате патување таму што е можно поскоро, порача неодамна порталот Travel and Leisure за преубавиот Охрид, кого го вброи помеѓу 20-те најубави места во Европа. – Од планински села до оддалечени острови, еве 20 ...

Синоќа на пригодна свеченост беа доделени наградите на маратонците кои пливаа на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон. Согласно пропозициите, водечките во моментот на прекинувањето на трката се и победници на маратонот. Во машка конкуренција тројца пливачи имаа исто време и беа прогласени за победници: Матео Фурлан и Федерико Тамборино од Италија и аргентинецот Матијас Диас Хернандес. Во женска конкуренција водечка во времето на ...

Овој голем подвижник и светилник на Православната Црква се роди близу Софија во местото Скрина, во времето на царот Борис. Се роди од бедни, но благочестиви родители. По смртта на родителите се замонаши и се оддалечи во една дива гора и таму во една пештера почна да се подвизува. Овде претрпе многу напади од демоните и од луѓето, од разбојници и од своите роднини. Потоа се пресели на Рилската Планина и се насели во едно шупливо дрво. Се ...

Невремето пропратено со високите бранови предизвикаа големи проблеми за учесниците на Охридскиот пливачки марато. Поради невремето пливачите речиси беше невозможно да ја довршат трката, за што одлучено е истата да биде прекината, велат од Организациониот одбор на маратонот. Согласно пропозициите судиите на маратонот наскоро ќе излезат со детални податоци и со детални информации за пласманот на маратонците до времето на прекинот на трката што ...

Свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки. При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи. Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете. Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со ...

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, вчеравечер на улица „Македонија“ присуствуваше на промоцијата на 16-те пливачи од 6 земји кои во сабота ќе учествуваат на 38. Охридски пливачки маратон. Во своето поздравно обраќање Божиновски, истакна: -По толку изминато време од врвните водени походи на легендарните Климе Савин, Нико Нестор, Дики и Атина Бојаџи, Охридското Езеро останува една од најпрестижните светски водени ...

Кога ќе се изговори името на Пресветата Богородица, срцето трепери како да е погалено од тивка и светлозарна светлина. Во душата се раѓа мир, еднаков на оној мир што го чувствува детето кога се прилепува на градите од својата мајка. Секој Христијанин, секое чедо на Светата Црква, многупати ја искусил Богородичната прегратка и утехата што изобилно извира од неа. Таа е дар за верните, милостива Мајка што никого не остава без утеха и потрепа, ...

Твоето сечесно Успение, Пресвета и Чиста Дево, го славиме мноштво ангели на небесата и човечкиот род на земјата, бидејќи си била Мајка на Христа Бога Творецот на вселената. Се молиме: Не престанувај да Го молиш за нас, кои својата надеж ја положивме на Бога и на тебе, Богородице Сепеана и неискусобрачна. (стиховна стихира) Успение на Пресвета Богородица – Каменско На свечената Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото ...

Денеска во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Словенија, предводена од министерот Боштјан Поклукар. На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на одличните пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција, ...

Во селото Церје, Преспа, Македонците од оваа област, според традицијата негувана со векови, го одбележаа денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, патрон на селската црква. Иако поголемиот број жители од Церје се иселени, сепак за нив и нивните поколенија важи изреката „каде и да се за овој голем празник во Церје да се“. Секако заедно со нив беа и жители од повеќе села на Преспа. По богослужбата што беше одржана во црквата ...

На 27-ми август 2025 година, во 11:03 часот во СВР Охрид, било пријавено дека околу 09:00 часот во куќа на улицата „Беќир Али Риза“ во Охрид починал 66-годишниот С.Л. од Република Србија. – Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство. Според пријавеното на С.Л. му се слошило и паднал, при што веднаш била повикана Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството. Извршен бил увид, информираат ...

Денеска во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Словенија, предводена од министерот Боштјан Поклукар. На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на одличните пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција, ...

Господ, Кој на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај ги таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. Јован имаше дом на Сион во Јерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
44%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
7.72
53%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
42%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
53%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.08
82%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
50%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
67%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
47%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
29%
1011
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
9.26
70%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
4.63
34%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Калај

43.91

Алуминиум

3.19

Родиум

358480.82

Паладиум

44753.84

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44