ГРК Охрид ја совлада Струга во Езерското дерби кое се одигра вчеравечер во салата „Билјанини Извори“ постигнувајќи резултат 42:25 (полувреме 20:14). Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Ојлески 3, Матцуока 3, Јукич 5, Костов 6, Ристевски 1, Ристески 5, Тасески 4, Сафранко, Јотиќ 5, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 2, Кукуловски 6, Орјоникидзе 2, Цирар. Ракометарите на ГРК Охрид пред почетокот на натпреварот им доделија новогодишни пакетчиња на најмалите ...

На 28-ми декември Струга ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал “Езерска Кралица 2024”. Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховската школа „Ласкер“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал “Езерска Кралица 2024”. На турнирот свое учество планирано е да земат деца од Струга и Охрид, но се очекуваат деца и од другите градови од Македонија. Турнирот е дел ...

18 години еден од најпрепознатливите угостителски брендови во Охрид култниот бар „Кадмо“ испишува успешна приказна на брегот на Охридското Езеро. По тој повод „Кадмо“ на 23 декември организира роденденска забава која почнува во 21 часот со поп пејачот Ѓоко Танески, а за своите посетители ќе понудат и 50% попуст на целото мени во текот на целиот ден. Успешната приказна „Кадмо“ ja започна во 2006 година кој до денес успешно чекори и се издвојува ...

Претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени. Од утре попладне под влијание на циклонска активност ќе ...

Во рамки на новогодишното украсување на градот, со цел да се збогати претпразничната атмосфера, денеска во зелениот дел на градскиот плоштад во Охрид, беа поставени декоративни новогодишни реквизити. Се работи за новогодишни макети на снешковци, гномови-дедо мраз и санка со елени во поголема димензија, кои се изработени од Зорица Азеска Спасеска, дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, вработена во ООУ„Ванчо ...

400/110 kV трансформатор пристигна во Трансформаторската Станица (ТС) Битола 2 што претставува клучен чекор кон обновување на стабилноста на електроенергетската мрежа во југозападна Македонија. Ова е значајна пресвртница во напорите на државата за справување со предизвиците во преносниот систем и обезбедување сигурно снабдување со електрична енергија во еден од најважните региони во земјата, информираат од МЕПСО. Пристигнувањето на новиот ...

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), информираше претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Во првиот блок зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, a евтината тарифа поскапува за 0,9 проценти. Тоа значи дека кај едно просечно ...

Плоштадот „Крушевска Република” денес зрачеше со позитивна енергија и празнична магија за хуманитарна цел. Бројни разиграни дечиња од основните училишта во Охрид, поставени тезги со новогодишни украси изработени од вредните раце на дечињата, но и од волонтерите на Клубот на млади и Клубот на пензионери при Црвен крст Охрид, родители, наставници, поддржувачи на хуманитарните настани беа дел од предновогодишниот хуманитарен базар „Новогодишен ...

На 17.12.2024 во 22 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и од Полициската станица Охрид од слобода лишија 38 годишно лице, а на службен разговор повикале 32 годишно лице, двајцата од Охрид. Полициските службеници, на булеварот „Туристичка“, запреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двајцата, при што го забележале ...

Овој декември специјализираната продавница за компјутери и галантерија „Еленик копјутери“ одбележува 20 години постоење. Во текот на овие две децении, заедно со вас изградивме приказна исполнета со иновации, посветеност и заеднички успеси. Од денот кога започнавме, нашата мисија беше да обезбедиме квалитетни решенија во светот на технологијата, притоа секогаш ставајќи ги вашите потреби во прв план. Оваа годишнина не е само наше достигнување – ...

Денес на плоштадот „Крушевска Република” (кај Стариот Чинар) со почеток во 12 часот ќе се одржи предновогодишен хуманитарен настан „Новогодишен сон”. Настанот е во организација на Црвен Крст Охрид во соработка со Општина Охрид со цел да се приберат средства кои ќе бидат наменети за разубавување на новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид. На настанот со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од ...

Македонскиот туристички бисер Охрид и оваа година за новогодишните празници изгледа прекрасно. Градот блеска во новогодишниот празничен сјај. Празнична магија се чувствува насекаде, во центарот, на градскиот кеј и по кружните текови каде можат да се забележат илјадници сијалички и светлечки реквизити. Централниот плоштад го краси новогодишна елка, а парковите наоколу личат на разгледница. Дополнително атмосферата ја збогатуваат и прекрасно ...

Во организација на ЗП „Великамен“ по третпат по ред, се одржа традиционалната планинарска тура по повод Светскиот ден на планината, на релацијата село Елшани – планинарски дом „Троуглеш“. Настанот, иако одржан под закана од непредвидлива временска прогноза и обилни врнежи во изминатиот викенд, успеа да ги собере најупорните љубители на планината, на кои дождот престана да им претставува предизвик токму на стартот од акцијата. Планинарскиот дом ...

Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени. До петок претпладне ќе се задржи стабилно ...

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 15.12.2024 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица: Г.М. (21) од Гостивар за кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 1) и против Х.Б. (32) од Струга, Р.С. (38) од Гостивар и Т.М. (27) од Гостивар за сторено ...

Вратено лицето кое на 14 декември беше пријавено дека се оддалечило од домот. Случајот беше пријавен во полиција од страна на неговиот брат. На 16.12.2024 во СВР Охрид било пријавено дека во својот дом се вратило 70 годишното лице од Охрид, за кое на 14 декември неговиот 71 годишен брат пријави дека се оддалечило од домот, информираат од СВР Охрид. На 16.12.2024 во 08.15 часот на улица „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ...

Реформите во јавната администрација се клучни за нашата европска иднина, истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев на состанокот на специјалната група за реформа на јавната администрација посветен на европските интеграции и административните реформи. Министерот Минчев упати благодарност до Европската Унија, СИГМА, РеСПА, и останатите партнери за нивната континуирана поддршка и посветеност, нагласувајќи ја клучната улога на ...

Езерско дерби утре во рамки на 16 коло од Супер лигата. Eкипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Струга во салата „Билјанини извори“. Со нетрпение се чека Езерското дерби и мечот од последното коло за оваа полусеозна кое го играме на домашен терен. Од мојот тим очекувам само борбеност и жeлба за победa. Со помош на навивачите кои се надевам дека ќе бидат во голем број, одиме по нови два бода и успешно да го завршиме првиот дел, вели ...

Пред бројна публика и исполнетост до последно место во големата сала на Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи годинешното издание на музичко – сценскиот спектакл “Зимска бајка“. Картите за спектаклот се веќе распродадени информираат организаторите. Оваа година „Бајката“ ќе не врати во 1990-те години, кои беа исклучителни за светската музика. Бендот на „Зимска Бајка“ составен од извонредни музичари од овие простори годинава е засилен со ...

Во ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид беше изведено “Сценарио за показна вежба на евакуација” во соработка со ТППЕ Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид. Според однапред утврдено сценарио, учениците предводени од своите класни раководители и координирани од останатите професори и вработени, внимателно ги проследија инструкциите за евакуација во случај на земјотрес, информираат од училиштето. Потенцираат дека ваквите показни вежби ги подготвуваат ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со стручните служби од секторот за урбанизам и патен сообраќај, остварија работна средба со претставници на граѓанското здружение „Биди Зелен“. Тема на средбата беше иницијативата на граѓанското здружение во однос на креирање на нови прописи со кои се уредува планирање и проектирање на велосипедска инфраструктура во населено место и надвор од него. На средбата ...

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски од 13-15 декември учествуваше на најјакиот меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “10 Кинг оф Таеквон-до” во Солун, Грција, на кој имаа пријавено учество 1239 натпреварувачи од 17 земји ширум светот. Боите на нашата држава ги претставуваа 8 натпреварувачи кои и овој пат покрај огромната конкуренција и ...

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Охрид сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени. До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната ...

Во среда, 18 декември, на плоштадот „Крушевска Република” (кај Стариот Чинар) со почеток во 12 часот ќе се одржи предновогодишен хуманитарен настан „Новогодишен сон”. Настанот е во организација на Црвен Крст Охрид во соработка со Општина Охрид со цел да се приберат средства кои ќе бидат наменети за разубавување на новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид. На настанот со музички точки ќе настапат ученици од второ и ...

Бројот на производи во “Новогодишната кошница“ континирано расте и заклучно со денешниот ден достигна 1036 производи, информираше на денешната прес конференција министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, а производите од вчера се достапни за граѓаните во 38 ланци на маркети. Оваа акција е направена на иницијатива на бизнис секторот, каде тие понудија ...

Отворен е jавениот повик за доставување барање за доделување финансиска поддршка за воведување нова/нови дестинација/и од аеродромите во земјава, информираат од Министерство за транспорт. Финансиската поддршка се доделува за период од 1 јануари 2025 година заклучно со 31 декември 2027 година. Давател на финансиската поддршка е Владата која донесе Програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против струшкиот градоначалник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое едно лице од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот го направил тоа иако знаел дека лицето нема соодветно ...

MВР распиша јавен оглас за прием на 600 нови полициски службеници. Триста полицајци ќе бидат примени во Скопје, 30 во Охрид, во Куманово 15, Штип – 35, Тетово – 20, Битола – 15, Струмица – 40, Велес -15, во Регионален центар за гранични работи Север – 25, во Регионален центар за гранични работи Запад- 20, во Регионален центар за гранични работи Исток – 20, во Регионален центар за гранични работи Југ- 15 и во Оддел за специјални полициски ...

Охрид викендов беше во центарот на македонското веслање. Предизвикот за Веслачкиот клуб Горица Ремо беше организацијата на Државното првенство во ергометар, кое што за прв пат се одржа во Охрид. Домаќини бевме на околу 40тина учесници од Веслачкиот клуб Црн Дрим и Веслачки клуб Врбник од Струга и Веслачкиот клуб Дебар од Дебар. Натпреварите се одржаа во пионерска, кадетска, јуниорска, сениорска категорија, како и натпревари во мастерс ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени. Во Охрид времето денес сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 7 степени. Утре ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. До четврток времето ќе ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
83%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1017
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.11
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
89%
1008
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
83%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
100%
1006
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
81%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20

Калај

40.49

Цинк

3.22

Паладиум

46361.38

Никел

473258.99

Бакар

10.96

Платина

52864.82

Злато

134976.58