Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против В.П., В.Н., Ј.Т., Б.Г., В.И., Г.И. и А.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

Филип успеал да излезе помеѓу првите скоро без никави повреди и решил да се врати назад во оганот и чадот да помогне на другарка која ја немало, но не се врати повеќе, сведочи г-дин Ивановски на својата социјална мрежа. Последното испраќање со Филипче ќе биде утре (четврток) 20.03.2025 во Соборен Храм Свети Никола -Штип (градска црква) од 09:00 до 11:00 часот, нашиот ангел замина во вечноста и се молиме да биде на поубаво место од оваа ...

Во овие тешки времиња за целата нација, Македонски Телеком и Дојче Телеком ја изразуваат својата солидарност со донација од 6 милиони денари на фондот на Црвениот крст на Македонија, наменет за помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените. Длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата во Кочани и сочувствуваме со нивните семејства и најблиски. Нашите мисли се со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување, ...

Компирите се богати со витамин Ц, влакна, калиум, магнезиум и витамин Б6, што ги прави хранлив избор. Сепак, нивното пречесто консумирање може да доведе до одредени здравствени проблеми. 1. Висок шеќер во крвта 2. Зголемување на телесната тежина 3. Дигестивни проблеми 4. Нерамнотежа на хранливи материи 5. Висок крвен притисок Како да јадете компири на здрав начин? ✔ Избирајте цели, неизлупени компири за да ги зачувате хранливите материи. ✔ ...

Да се молиме Панчо да издржи! Неговата состојба е под будно око на специјалистите во болницата “Систина” каде пред неколку часа беше префрлен на интензивна нега. – Пред нешто повеќе од еден час на социјалните мрежи Ребека која важи за негова блиска личност, истакна информација за влошена здравствена состојба на Владимир. Она што се знае е дека Трахеата била оштетена, поради вдишување топол дим, така што популарниот пејач е приклучен на ...

Продолжува лекувањето на пациентите во земјава и во странство. Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. На Клиника за пластична хирургија во моментот се хопитализирани – 10 пациенти, На Клиника за токсикологија – 10 На Торакална – 4 на трауматологија – 2, на Детска хирургија – 4, на КАРИЛ – ...

Живот со куче во стан – можност или предизвик? Животот во стан носи многу предности – практичност, удобност и близина до урбаните удобности. Но, кога размислувате за домашно милениче, важно е да изберете раса што добро се прилагодува на помал простор, особено ако немате двор. Среќа е што постојат многу раси на кучиња кои се идеални за живот во стан и можат да станат лојални и нежни придружници. Што треба да размислите при изборот на куче за ...

iPhone 17 Air ќе биде ултра тенок, но без приклучок за физичко полнење Apple планира да го претстави iPhone 17 Air, кој ќе се истакне со својот ултра тенок дизајн. За да се постигне ова, компанијата е подготвена да направи значителни промени, а една од најголемите би можела да биде отстранувањето на портата за физичко полнење, што би го направило првиот iPhone без никакви конектори. Дали Apple конечно ќе се ослободи од сите порти? Гласините ...

Што можеме да очекуваме од новата конзола? Иако Nintendo сè уште не открил официјални детали за Switch 2, аналитичарите веќе даваат увид во можностите и цената на конзолата. Најновите извештаи укажуваат дека Nintendo Switch 2 ќе пристигне ова лето, со почетна цена од околу 400 долари. Колку ќе чини Switch 2? Според изворите на IGN и Bloomberg, конзолата ќе чини 399 долари, а оваа проценка е направена врз основа на: Доколку оваа цена се ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на градовите Кочани и Штип. Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни ...

Со длабока тага, сочувство и присебност ги следиме трагичните настани што го потресоа нашиот град Кочани. Од име на Бирото за јавна безбедност, изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејствата и пријателите на сите оние кои ги загубија своите сакани во оваа катастрофална трагедија. На сите повредени им посакуваме брзо и успешно закрепнување. Како прв човек и директор на БЈБ, можам да ве уверам дека ќе направиме сè што е во наша моќ, ...

На 17.03.2025 во 22.10 часот, полициски службеници го привеле Н.А.(25) од с.Слупчане, општина Липково, затоа што со патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки удрил во паркирано патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, со кое полициски службеници се обиделе да го сопрат по претходно добиени сознанија дека превезува мигранти. Притоа, со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Општата ...

Иако американскиот претседател Доналд Трамп за време на изборната кампања не го криеше противењето на електричните автомобили и „љубовта“ кон нафтеното лоби, ситуацијата се промени по само неколку месеци… Веќе во својот прв мандат, Доналд Трамп ги укина строгите стандарди за емисии, ги елиминираше државните стимулации за производство на автомобили со нула емисија и се бореше против бирократијата во Калифорнија, која постави построги ...

Група на ученици преку социјалните мрежи упатуваат покана до сите свои врсници од кичевското средно општинско училиште „Мирко Милески“ но и останатите, во знак на почит за прерано починатите лица во страшната несреќа во Кочани, утре 18-ти март (вторник) со почеток од 12:00ч со збирно место во кругот на гимназијата ќе реализираат мирен собир. Како што дојдовме до дополнителна информација, станува збор за мирен собир, односно марш, крајна цел ...

ЈП за Одржување и заштита на регионалните и магистралните патишта известува дека од 22:50 часот, поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци. Од 23:00 часот, поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар во двата правци, предмалку со информација ...

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни. Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и ...

Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани. Следниот водич треба да служи како пример пред се за владините службеници, кои во неколку наврати на одвоени прес конференции имаа несоодветна комуникација со дел од новинарите. Таквата комуникација не смее да стане пракса, на прашањата на новинарите кои се глас на јавноста треба да се одговара постојано и отворено, се вели ...

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на покривот, возачот преживеал и е во стабилна состојба. – „Сè се случи како во забавена снимка. „Го видов автомобилот како паѓа и само се обидував што побезболно да ја поминам целата ситуација“, изјави за американските медиуми Кајман Јунг, возачот чија камера го сними ова. Можеби најстрашниот момент, покрај самата несреќа, ...

Во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (14./15 и 16. 03.) според статистичките податоци полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 2391 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 253 возачи, 131 возач возеле под дејство на алкохол, а пак 679 управувале возило со непрописна брзина. Исто така, евидентирани се и 348 прекршоци по основ на непрописно паркирање, ...

НУЦК „Кочо Рацин“ во интегрално соопштение преку социјалните мрежи и нашиот медиум ги информира сите кои купиле карти за „stand up“ шоуто закажано за вечерва со комичарите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски се откажува поради огромната трагедија во Кочани која ја потресе целата држава. Купените билети ќе бидат рефундирани на купувачите, во догледно време шоуто ќе биде повторно закажано. Сочувство до семејствата на загинатите и побрзо ...

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од морални причини, истата ја истакна на неговата социјална мрежа која ви ја пренесуваме во целост: – Почитувани сограѓани, Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. ...

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување на соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински ...

Вашите утрински рутини може да изгледаат безопасно, но некои навики значително го забрзуваат стареењето на кожата. Брчки, загуба на еластичност и сувост – сите овие промени може да се влошат ако не внимавате на вашите дневни навики. 1. Претерано консумирање кафе Пиењето премногу кафе без соодветна хидратација може да доведе до сува и помалку еластична кожа. Балансирајте го внесот на кафе со достаточно вода за да ја одржите кожата свежа. 2. ...

Природно однесување или причина за загриженост? Секоја мачка е различна – некои се дружељубиви, додека други се повлечени и сакаат да се сокријат под креветот или во плакарот. Криењето е дел од нивното природно однесување, но ако мачката почне нагло да се криe повеќе од вообичаено, тоа може да укажува на стрес, страв или здравствени проблеми. Зошто мачките сакаат да се кријат? Каде најчесто се кријат мачките? Ако сакате да ѝ обезбедите ...

Редизајн на Google Phone апликацијата Google тестира нов изглед на интерфејсот за дојдовни повици во својата Phone апликација, што може да донесе промени на Pixel и другите уреди со Android. Во моменталната верзија, корисниците влечат нагоре за да одговорат на повик или надолу за да го одбијат. Овој систем не е најинтуитивен, но текстуалните објаснувања помагаат во неговото користење. Сепак, Google во тишина експериментира со нов дизајн кој ...

Доминацијата на Chrome Денес, Google Chrome е најпопуларниот интернет прелистувач во светот, со над 3,45 милијарди активни корисници дневно, што претставува 66% од глобалниот интернет сообраќај. Но, дали знаевте дека неговото создавање можело никогаш да не се случи ако ко-основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, го послушале тогашниот извршен директор Ерик Шмит? Шмит не сакал Google да развие прелистувач Во неодамнешно видео објавено ...

Ширењето на новиот модел на OpenAI OpenAI започна да го продава својот најнов модел со вештачка интелигенција, GPT-4.5, за корисниците на ChatGPT Plus. Во серија објави на X, OpenAI соопшти дека пуштањето во употреба ќе трае 1-3 дена и дека можни се промени во ограничувањата на стапките. Претходно, GPT-4.5 беше достапен само за претплатниците на ChatGPT Pro планот од 200 долари месечно. Перформанси и предизвици на GPT-4.5 „Би сакале да им ...

За жал лоши вести доаѓаат после идентификација на телата. Имено, Битбоксерот Мартин Атанасовски, познат како „Буцо Битбокс“ е една од жртвите на трагедијата која ја зави Македонија во црно при ноќешниот пожар кој избувна во клубот „Пулс“ Иако преку ден мала надеж се влеваше дека ќе се пронајде, но ни трага ни глас, така што информациите до кои дојдовме се најлоши – Мартин за жал се придружи на починатите. Неговите пријатели, колеги и ...

Славчо Попоски предмалку објави првични информации за неверојатната нагла промена на времето која ни претстои. Во првата метеоролошка карта, односно до среда (19 март) наутро на повеќе места во регионот, како и во Македонија, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка, снег ќе има и во градовите. Метеокарта (приказ) Во втората метеоролошка карта, односно во среда наутро во Македонија појава на мразеви. ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
996
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.46
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
56%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Паладиум

53434.54

Платина

83354.78

Сребро

2457.28

Бакар

11.66

Злато

157055.75

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Цинк

3.33