Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Возачот на цистерната со нафта што се запалила претпладнево откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, се здобил со полесни повреди, а во тек е безбедно отстранување на истеченото гориво, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој претходно информираше дека пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите, а пради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин. -Претпладне камион цистерна ...
Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила денеска важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите. Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го ...
Основниот кривичен суд Скопје, информира дека на 3 октомври, в петок истекуваат сите законски рокови за прием и достава на приговор на обвинителниот акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени. Судот, посочува дека во целост го разбира и почитува јавниот интерес во однос на ...
Судењето за случајот „Штекли“, се одложува за 9 октомври, на барање на адвокатот на првообвинетиот Раде Трајковски Штикли. Раде Трајковски пред почетокот на денешното рочиште рече имал некој вид на епилептичен напад и паднал во судница. По укажана помош од лекари од брза помош, Штекли одбил да прими терапија, а Судот донесе одлука рочиштето да продолжи да го следи од друга просторија во Судот. -Го прегледавме. Самиот беше контактибилен, ...
Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по обвинението К-ООА бр.155/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по исполнување на сите законски предвидени услови, донесе Решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост. Како што наведовме во сите претходни соопштенија и медиумски одговори, со цел доследно, точно и навремено известување на јавноста, Кривичниот суд во конкретната ...
Бојан Јовановски е осуден на пет години затвор за измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“. За делото измама е осуден на три години затвор, за перење пари е осуден исто на три години, односно единечната казна е пет години затвор. Обвинетата Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор, додека Христина Блажевска и таткото на Бојан се осудени на условни казни, сите обвинети за помагање при перење пари. Според обвинението, со ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје. Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, префрлен во надлежност на Скопското ...
Во документарниот филм на Бојан Јованосвки, познат како Боки 13, а насловен како Рекет, во првиот дел тој раскажува за снимените разговори кои ги имал Зоран Заев и со кои тој тргувал со повеќе работи како промена на името, закони и слично. Зоран Заев ги имаше сите снимени разговори коишто ги предаде во СЈО ги имаше во копија селектирано предаде 600 и кусур илјади разговори, бидејќи имаше околу 2 милиони разговори. И со истите тие снимени ...
На 43 годишна возраст почина Дарко Голубовски, во јавноста познат како Кнеле и пријател на Раде Штекли, објави hypetv.mk. Во февруари 2025 година, беше уапсен со 4,5 килограми кокаин, како дел од групата на Раде Трајковски – Штекли. Покрај тоа, Кнеле беше познат по неговата здравствена состојба, бидејќи пред неколку години му беше пресадено вештачко срце. Идол на Голубовски беше српскиот криминалец од деведесеттите години Александар ...
Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Прилеп-Градско, соопшти Прилепското обвинителство. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судир на автомобили кои се движеле во иста насока. Еден од загинатите е возачот на едната кола која учествувала во несреќата. МВР претходно јави за вкупно петмина повредени во несреќата, од кои двајца загинал „На ...
Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основниот кривичен суд Скопје на 28 октомври годинава го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека ќе бидат воведени пет нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје. Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. – Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која се намалуваат малопродажните цени на горивата. Според најновите пресметки, бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се поевтинуваат за еден денар по литар. Со оваа одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 76,00 денари за литар. Цената на ...
ВРЕДИ во изборната програма за 2024 година вети основање на Албанска банка со доминантен албански капитал, како гаранција за економско зајакнување на Албанците и рамномерен регионален развој. Денес, наместо да го исполни ова ветување, како слуга на ВМРО, ВРЕДИ ги отвори вратите за навлегување на „Српскиот свет“ во банкарскиот сектор на Македонија преку „Алта банка“, наведува ДУИ . Ова не е обична финансиска инвестиција, туку директен ...
„Амфенол“ е корпорација која има доверба во Македонија поради што постојано инвестира. Ние немавме засој во инвистициите во било која криза, бројки покажуваат постојан раст и за време на „ковидот“. Не гледам причина сега да застанеме. Имаме одлична соработка со Владата, одлична комуникација со премиерот Мицкоски. Неговото присутво денеска овде, за нас преставува привилегија и чест. Сметам дека нашите континуирани вложувања ќе бидат ...
Лицата кои ќе сакаат да купат стан за живеење и кои првпат ќе аплицираат за кредит ќе имаат поповолни услови од оние кои купуваат стан за други намени. Мерките што ги подготвува Народната банка, а се во оваа насока, се очекува да бидат објавени за една до две недели. – Релативно готови сме со мерките со коишто ќе ги олесниме условите за оние кои по првпат купуваат стан за живеење, а значително ќе ги затегнеме критериумите со соработка со ...
Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во јули оваа година порасна за 4,1 процент споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7 отсто споредено ...
Бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година е зголемен за 3.4 % во однос на истото тримесечје од 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.0 % и ...
Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст, напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска во објава на Фејсбук. – Стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што е за 1 процент помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме ...
Економијата се стабилизираше, запрен е слободниот пад и економскиот пустош наследен од СДС.Со ВМРО-ДПМНЕ на власт веќе почна постепеното заживување и развој на целокупното стопанство, велат од партијата. Четири квартали последователно, македонската економија расте со три или над 3%. Во второто тримесечје од годинава, Бруто домашниот производ во Македонија порасна за 3,4%, додека градежништвото и секторот транспорт и складирање се двигатели ...
Државниот завод за статистика вчера објави параметар во кој вели дека трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредбено со истиот месец претходната година и тоа е тренд кој што нè следи цела година, посочи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. -Она кое за мене е забележливо е фактот што таа трговија во индустријата во делот на размена со странство е дури и повеќе зголемена отколку трговијата во ...
Во моментот во Македонија активно се работи на повеќе автопатски делници, и тоа автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10Д и автопатот Тетово – Гостивар – Букојчани Коридор 8, Штип – Брана Отиња, како и обиколницата во Штип. -Автопат Прилеп – Битола (Коридор 10Д) Штип – Брана Отиња Автопат Тетово – Гостивар – Букојчани Коридор 8 Обиколница Штип Продолжуваме да ја градиме Македонија, објави на својата Фејсбук страница премиерот на Република ...
Преговараме со колегите министри од државите низ каде поминува Коридор 10 да потпишеме Договор за соработка за развој на коридорот во делот на патната и железничката мрежа, зелената транзиција и во делот на електропреносната мрежа. Оваа наша иницијатива веќе е прифатена од некои министри, со останатите ќе договараме во следниот период, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во ТВ ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави нова инвестиција во Македонија. Македонската Влада е пред договор за со огромна канадско-американска компанија за нова инвестиција од 150 милиони долари. Непрестано ќе продолжиме да работиме во борбата за заштита на животниот стандард и економијата. Следната година ќе биде година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Работиме на тоа најмногу и со сите сили. Објавувам убава вест која ќе ги ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ. На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји, соопшти ...
Според извештајот на Здружението на нафтени компании на Србија (УНКС) за цените на горивата во регионот, од 13 октомври 2025 година, Албанија и Грција го задржаа статусот на земји со најскапо гориво, додека Босна и Херцеговина Македонија и Бугарија се уште се меѓу најповолните,објави Блиц.рс Просечната цена на бензинот BMB 95 во регионот е 1.429 евра за литар. Албанија бележи највисока цена со 1.779 евра, по што следува Грција со 1.756 евра, ...
Компанијата „Костал“ во 2026 година ќе го продолжи инвестицискиот циклус во фабриката во Охрид со нови 30 милиони евра и ќе бидат отворени нови 200 работни места. На средба со извршниот директор „Костал Аутомотив“ Каи Кникман и Виктор Мизо, директор на „Костал“ Македонија, претпладнево беше премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази задоволство, што „Костал“ верува во Охрид и во Македонија, и продолжува да го зголемува своето производно ...
Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска изјави дека треба да и се даде шанса на Лукоил Македонија и дека може да снабдува деривати од други земји. – Имав средба со ...
Откако веќе со години ги гледаме како омилени актери на сцената и малите екрани во Македонија, Тино и Атанас се потврдија и како најактуелното дуо во домашната стенд-ап комедија. Моментално во Македонија во јавниот простор се веќе истакнати како најпопуларните актери и стенд ап комичари , a нивните заеднички проекти се и доказ за истото. Минатата година , со нивното шоу „(Нат)просечен Македонец” Тино и Атанас навистина успеаја да го кренат ...
Во време кога сите сме онлајн и никој не е „присутен“, двајца од најпопуларните македонски стендап-комичари, Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски, решија буквално да нè вратат со „На линија“. Токму така се вика нивното најново стендап-шоу, кое ќе се одржи во живо, на 21 и 23 ноември од 20:00 часот, во салата „Јане Сандански“ во Скопје. На прес-конференцијата што ја одржаа по тој повод, за одбраните новинари, кои им се и доверливи, бидејќи ...