Вистинска паника настанала во грчкото летувалиште Ханиоти на Халкидики, откако тригодишно момче од Србија за кратко време се одвоило од своето семејство и исчезнало од видик. Случајот се случил вчера, а благодарение на брзата реакција и потрагата, детето било пронајдено по само 20 минути, живо и здраво. Според информациите, момчето претходно било во продавница во Ханиоти заедно со својот татко и постарата сестра. Во еден момент, под околности ...

Градскиот плоштад во Кавадарци е целосно подготвен да ги пречека љубителите на кошарката, добрата енергија и дружбата. Во тек се последните подготовки, тренинзи и усогласување на финалните детали пред официјалниот почеток на овогодинешното издание на спортскиот турнир Street Basket. Посетителите може да очекуваат одлична атмосфера, атрактивни потези, напрегнати натпревари и незаборавни спортски моменти под отворено небо. Детали за настанот: ...

Група италијански калуѓерки се бори против плановите на локалниот совет да им ја одземе долгогодишната концесија над плажата. Родители се возеле 100 километри со МРТВИОТ СИН на задното седиште: цело време мислеле дека спие! Овој необичен спор, кој локалните медиуми веќе го нарекоа „света војна“, претставува најнова точка на судир во долготрајната дебата за монополот над приватните плажи долж италијанското крајбрежје. Властите во лигурскиот ...

Една објава на Инстаграм му донела сериозна парична казна на 20-годишен млад човек во Хрватска, откако фотографијата што ја споделил на својот профил била оценета како навредлива кон полицијата. Станува збор за Н. Д., кого Општинскиот суд во Вараждин го прогласил за виновен поради објавата на социјалната мрежа. На спорната фотографија, младиот човек бил фотографиран пред полициско возило, додека со двете раце покажувал средни прсти. Во ...

Инцидент меѓу двајца вработени во Клиничката болница Тетово бил пријавен во полицијата, откако претходна расправија меѓу колегите прераснала во физички напад. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 август 2026 година во 09:20 часот во Полициската станица Тетово. Пријавата ја поднел 54-годишниот З.М. од Тетово, кој е вработен во Клиничката болница Тетово. Тој пријавил дека бил физички нападнат од ...

Флорида денеска треба да го изврши 13-тото погубување во текот на оваа година, со што сојузната држава повторно се издвојува во САД по бројот на извршени смртни казни. На смртна казна е осуден 61-годишниот Вилијам Франсис Силвија, кој бил прогласен за виновен за убиство на неговата разделена сопруга и за обид за убиство на нејзината мајка. Според предвидениот распоред, Силвија треба да биде погубен со смртоносна инјекција во Државниот затвор ...

Поголема количина марихуана и опрема поврзана со нејзино одгледување и мерење биле пронајдени при полициски претрес во дом во Прилеп. Во акцијата бил приведен 47-годишен прилепчанец. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Прилеп на 18 август, околу 1 часот по полноќ, го лишиле од слобода И.Ѓ. (47). Претресот во неговиот дом бил извршен врз основа на судска наредба издадена од Основниот суд во ...

Во текот на јули во Македонија се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, покажуваат најновите податоци објавени од Институтот за јавно здравје во месечниот билтен за движењето на акутните заболувања. Од новорегистрираните случаи, девет се лица од машки пол, додека два случаи се однесуваат на лица од женски пол. Според податоците, станува збор за лица на возраст од 20 до 49 години, што покажува дека новите случаи се регистрирани кај возрасна ...

Страшна хеликоптерска несреќа го потресе грчкиот остров Сифнос, откако приватен хеликоптер се урнал во близина на куќи, кратко време по полетувањето. Според информациите што ги пренесуваат локалните медиуми, во несреќата животот го загубиле сите шест лица кои се наоѓале во леталото – пилотот и пет патници. Несреќата се случила во попладневните часови, а првичните информации укажуваат дека хеликоптерот паднал во близина на хелиодромот во ...

Најмалку 30 деца, од кои голем дел се британски државјани, можеби биле зачнати со помош на ин витро оплодување во Северен Кипар при кое, според сомнежите на родителите, биле употребени погрешни донатори на сперма или јајце-клетки. Станува збор за случаи во кои родителите тврдат дека претходно внимателно ги избрале донаторите, но подоцна се посомневале дека во процесот на асистирана репродукција бил користен друг донатор од оној што го ...

Патувањето кон Грција за едно семејство од Србија неочекувано се претворило во повеќечасовно чекање на граничниот премин Евзони, откако новиот систем за влез и излез на Европската Унија, познат како ЕЕС (EES), не успеал правилно да ги прочита податоците од пасошот на една од патничките. Иако жената и претходно патувала во странство и без проблеми ги преминувала границите, овојпат ситуацијата на грчката страна создала сериозни проблеми. Според ...

По краткото освежување и падот на температурите, Македонија повторно ја очекува значително затоплување. Според развојот на временската ситуација во регионот, од утре се очекува постепено зголемување на температурите, а во наредните денови летните горештини повторно ќе станат главна тема. По посвежиот период, температурите повторно ќе започнат да растат, а во најтоплите делови од земјата максималните дневни температури би можеле да се ...

Најновите сезонски пресметки на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF) покажуваат интересен развој на временските услови во наредните месеци. Според прогнозата, која се темели на ансамбл од 51 нумеричка симулација, крајот на летото, есенскиот период и првите месеци од зимата имаат зголемена веројатност да бидат потопли од вообичаениот климатски просек. Овие прогнози се особено значајни бидејќи се однесуваат на подолг ...

Хрватската писателка, колумнистка и новинарка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, оставајќи зад себе богат книжевен опус и препознатлив јавен настап кој со години предизвикуваше големо внимание во јавноста. Рудан е родена во Опатија на 29 октомври 1949 година. Во текот на својата долгогодишна кариера се изгради како авторка со исклучително остар и директен стил, а нејзините ставови често предизвикуваа жестоки реакции. Без многу ...

Пожар утрово избувнал во куќа во скопската населба Козле, поради што на местото веднаш биле испратени екипи на скопската противпожарна бригада. Од објектот на улицата „Јуриј Гагарин“ се забележува густ чад кој излегува од прозорците на куќата. Ситуацијата била пријавена во полиција во раните утрински часови, по што започнала интервенцијата на пожарникарите. На терен во моментов се припадници на Бригадата за противпожарна заштита од Скопје, ...

Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со беспилотни летала врз Москва и поширокиот московски регион, при што биле погодени повеќе објекти, а регистрирани се и повредени лица. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 197 украински дронови над поширокиот регион на руската престолнина. Според неофицијални информации, во нападот биле употребени повеќе од 600 беспилотни ...

Кинеската компанија „Фотон матрикс“ (Photon Matrix) разви необичен уред за борба против комарците кој користи ласер, вештачка интелигенција и LiDAR технологија за да ги открие инсектите и да ги елиминира. Системот функционира така што со помош на сензори го следи просторот околу себе, а напредните алгоритми препознаваат кога во неговиот домет се наоѓа комарец. Според информациите за уредот, детекцијата може да се изврши за само три ...

Агенцијата за управување со одземен имот ќе понуди на продажба 990 хаварисани возила, кои нема да можат повторно да се користат во сообраќај, туку ќе имаат третман исклучиво како отпаден материјал. Станува збор за различни видови подвижни предмети – патнички и товарни моторни возила, мотоцикли, трактори и приколки. Целиот пакет е проценет врз основа на проценките изработени од Бирото за судски вештачења при Министерството за правда. Почетната ...

Предавството и изневерената доверба различно влијаат врз секој човек, но според астролошките толкувања, два хороскопски знаци особено тешко забораваат кога некој ќе ги повреди – Скорпијата и Јарецот. Иако нивните реакции се различни, заедничко им е тоа што ретко преминуваат преку предавството како ништо да не се случило. Скорпија – памети и внимателно го избира следниот чекор Скорпиите важат за исклучително лојални и интуитивни личности, но ...

Мерките за справување со западнонилската треска во Македонија дополнително ќе се засилуваат, а министерот за здравство Саздо Клековски упати апел до граѓаните во загрозените подрачја да ги намалат сите водни површини што можат да станат места за размножување на комарците. Покрај планираното прскање против комарци, граѓаните во подрачјата каде што е прогласена епидемија ќе добиваат и СМС-пораки со препораки за заштита и намалување на ризикот ...

Света Луција е единствената суверена држава меѓу 193-те членки на Обединетите нации чие име се поврзува со конкретна жена – Света Луција од Сиракуза, христијанска маченичка од почетокот на четвртиот век. Луција е родена околу 283 година во Сиракуза, на Сицилија, а според христијанската традиција била убиена околу 304 година за време на прогоните на христијаните под римскиот император Диоклецијан. Нејзиното име потекнува од латинскиот збор ...

Војната меѓу САД и Иран влегува во нова и сè поопасна фаза, додека дипломатскиот простор за постигнување договор станува сè потесен. По истекувањето на рокот предвиден со јунскиот меморандум, преговорите остануваат блокирани, а спорот околу Ормускиот Теснец дополнително ги продлабочува тензиите. Американскиот претседател Доналд Трамп испрати остра порака до Техеран, барајќи Иран да „крене бело знаме“, додека од иранска страна пристигнуваат ...

Храброста на младиот Јован Костадинов од Виница добива меѓународно признание. Момчето кое за време на трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани помогна да бидат спасени 21 лице е избрано меѓу 16 млади луѓе од светот кои ќе ја добијат наградата „Младинска храброст 2026“. Признанието ќе му биде врачено на 27 август во Стокхолм, Шведска. Приказната на Јован започна во трагичната ноќ на 16 март 2025 година. Додека огнот и густиот чад го ...

Сувите и испукани пети се чест проблем, особено во летниот период кога почесто носиме отворени обувки или одиме боси. Кожата може да стане груба, задебелена и со текот на времето да почне да пука. На интернет често се препорачува сода бикарбона како домашен трик за омекнување на стапалата, но дерматолозите не ја наведуваат како стандардна терапија за испукани пети. Многу посигурен пристап е редовното навлажнување и нежното отстранување на ...

Русија изградила или значително проширила најмалку 10 бази за беспилотни летала во близина на Украина и Белорусија, покажува истрага на британски „Телеграф“, базирана на сателитски снимки, документи и анализа на специјализираната компанија DroneSec. На идентификуваните локации биле забележани најмалку 59 шини за лансирање дронови, од кои околу 20 се доволно долги за употреба на најновите руски беспилотни летала со долг дострел. Некои од ...

Министерството за здравство ги засилува мерките поради ширењето на западнонилската треска, а министерот Сашо Клековски предупреди дека август и септември историски се периодот кога ризикот е најголем. Во земјава во моментов има 35 потврдени случаи, додека уште три лица се водат како суспектни и се во процес на дијагностицирање. Досега се регистрирани три смртни случаи, а 15 пациенти се излекувани и отпуштени од болничко лекување. Поради ...

На многумина им се случило да го заборават месото во замрзнувач, а подготовката на ручекот веќе да треба да започне. На интернет кружат различни трикови со сол, оцет и млака вода кои ветуваат одмрзнување за само неколку минути, но со сурово месо треба да се биде особено внимателен. Еден од најбрзите препорачани начини без микробранова е месото да се стави во добро затворена, непропустлива кеса и целосно да се потопи во ладна вода. Водата ...

Кристијано Роналдо најави дека актуелната сезона најверојатно ќе биде последна во неговата професионална кариера. Португалската суперѕвезда, која на 41 година и понатаму настапува за Ал-Наср, призна дека моментот за повлекување од фудбалот е сè поблиску. „Ова е веројатно мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство“, изјави Роналдо во интервју за „Vogue“. Зад него се 25 години професионален фудбал и повеќе од ...

Еврото забележа силен раст во однос на американскиот долар и достигна највисоко ниво во последните два месеци, откако инвеститорите ги променија очекувањата за идните каматни стапки во Европа и САД. Во текот на денешното тргување европската валута се искачи до околу 1,158 долари за едно евро, додека американската валута ослабе и во однос на повеќе други големи светски валути. Главната причина е сè поголемото очекување дека Европската ...

Јапонски научници развиваат експериментален пристап кој би можел во иднина да помогне во борбата против одредени последици од стареењето преку елиминирање на старечките, или таканаречени „зомби-клетки“. Тимот предводен од професорот Тору Минамино од Универзитетот Џунтендо идентификувал протеин GPNMB, кој се појавува во зголемени количини кај одредени старечки клетки. Научниците потоа развиле вакцина насочена кон клетките што го изразуваат ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
92%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.68
66%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.3
80%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54

Цинк

3.76

Кобалт

33.53