Полицијата работи на расчистување на случај што се случил во скопската населба Драчево, откако мајка пријавила дека нејзините две малолетни деца биле внесени во возило и физички нападнати од возач. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 јули околу 00:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека жител на Драчево телефонски ја контактирал мајката од мобилниот телефон на нејзиниот малолетен син. Како што е наведено во ...

Најновиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека до 92 проценти од луѓето ширум светот ќе бидат погодени од ракот на некаков начин, но експертите нагласуваат дека ова не значи дека толкав процент ќе развие малигно заболување. Според СЗО, бројката ги опфаќа не само пациентите, туку и нивните најблиски – членовите на семејството, пријателите, старателите и сите кои ќе се соочат со последиците од болеста во текот ...

Осумдесет и осумгодишна жена е повредена откако дрво се срушило врз неа во паркот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле. Според очевидци, дрвото се скршило под налетите на силниот ветер и за само неколку секунди паднало врз жената, која во тој момент се наоѓала во паркот. Присутните граѓани веднаш притрчале да ѝ помогнат, а на местото на настанот брзо пристигнала и екипа на Итната медицинска помош. Според првичните информации, ...

Повеќекратниот шампион на Србија во билјард, Горан Младеновиќ – Грга (60), почина по тешката сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Ниш–Приштина, во близина на селото Висока кај Куршумлија. Според првичните информации од српските медиуми и полицијата, несреќата се случила кога „ауди“ со германски регистарски таблички преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со автомобилот во кој се наоѓал Младеновиќ. ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, според која од 21 јули, од 00:01 часот, на сила стапуваат повисоки цени на сите видови горива. Најголемо зголемување има кај дизелот, кој поскапува за 6 денари по литар, додека бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе бидат поскапи за 3 денари по литар. Според новата одлука на РКЕ, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат: ...

Кога станува збор за здравјето на срцето, најчесто се зборува за крвниот притисок, холестеролот и физичката активност. Сепак, кардиолозите предупредуваат дека и недостатокот на одредени витамини може да има значајно влијание врз работата на срцето и крвните садови. Според кардиологот д-р Дибаншу Гупта, витамините Д, Б12, Б9 (фолна киселина), Ц и Б1 (тиамин) учествуваат во создавањето енергија, формирањето на црвените крвни зрнца, одржувањето ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна дисциплинска постапка против аргентинската репрезентација по инцидентите што се случија по завршувањето на финалето на Светското првенство, во кое Шпанија ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија и ја освои светската титула. По последниот судиски свиреж на теренот избувнаа тензии меѓу играчите и членовите на стручните штабови на двете селекции. Дисциплинската комисија на ФИФА ќе ги ...

Разорниот шумски пожар што беснее југозападно од Осло продолжува да предизвикува огромни штети, а норвешките власти предупредуваат дека интервенцијата би можела да трае уште десетина дена. Полицијата и противпожарните служби апелираа жителите да не се враќаат во домовите кои останале зачувани, бидејќи опасноста сè уште не е целосно отстранета. Според командантот на полициските операции Столе Фуглас, имало граѓани кои се обиделе да ги пробијат ...

Драматичен инцидент се случил утрово на островот Крк во Хрватска, каде што жена била погодена од гром за време на невремето што го зафатило подрачјето на Кварнер. Несреќата се случила околу 7:10 часот на плажата во Башка. Според достапните информации, жената во моментот носела чадор за сонце кога во неа удрил гром. Спасувачот кој бил на плажата веднаш ѝ укажал прва помош, по што била пренесена со хеликоптер на Итната медицинска служба во ...

Во Дојран е пријавено исчезнување на две малолетни деца од 12 и 13 години кои се оддалечиле од хотел во кој престојувале, по што веднаш е започната полициска потрага. Според информациите, случајот бил пријавен до надлежните служби веднаш по исчезнувањето, а полициски екипи презеле мерки за нивно пронаоѓање. Во потрагата биле вклучени повеќе полициски службеници кои ги проверувале околината на хотелот и поширокото подрачје. Засега не се ...

Полицијата во Куманово постапува по пријава за сериозен семеен инцидент, во кој 13-годишно девојче е осомничено дека физички ја нападнало својата 72-годишна баба, а потоа со остар предмет им се заканувало и на други членови на семејството. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 18 јули околу 21:30 часот во СВР Куманово. Според пријавата, настанот се случил во семејниот дом, каде што малолетничката ...

Националната агенција за регулирање на енергетиката на Молдавија (ANRE) соопшти дека земјата во моментов располага со резерви на дизел гориво за околу осум дена, додека резервите на бензин се доволни за приближно 18 дена. Податоците се однесуваат на состојбата заклучно со 20 јули и се базираат на информациите што ги доставиле економските оператори. Од Агенцијата истакнуваат дека, и покрај информациите кои се појавија во јавноста за можни ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека исплатата на новиот пакет државна финансиска помош ќе започне од 1 септември, а средствата ќе бидат префрлени на сметките на пензионерите, борците и другите категории граѓани. При посетата на Лапово, Вучиќ изјави дека исплатите ќе започнат за околу месец и половина и изрази уверување дека граѓаните ќе бидат задоволни од мерките што ги подготвила државата. Новиот пакет беше претставен кон ...

Палестинското движење Хамас доби нов лидер, откако денеска за претседател на политичкото биро беше назначен Халил ал-Хаја, кој досега беше главен преговарач на организацијата за време на војната со Израел. Ал-Хаја е првиот човек што ја презема оваа функција по смртта на Јахја Синвар во октомври 2024 година, објави „Ерусалим пост“. Во изминатиот период тој стана една од највлијателните личности во раководството на Хамас, особено по ...

YouTube се најде под силен притисок поради сè поагресивното прикажување реклами, а незадоволството веќе прерасна и во судска постапка. Додека бесплатните корисници се жалат дека гледањето видеа станало речиси невозможно без постојани прекини, дел од претплатниците на YouTube Premium тврдат дека услугата не го нуди искуството што им било ветено. Во последните денови на Reddit и на други интернет-форуми се појавија бројни поплаки од корисници ...

Двајца жители на Скопје се соочуваат со кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело „полов напад и силување“, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, преку Одделението за крвни и сексуални деликти, по брза постапка поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против А.М. (41) и Ј.Р. (34), двајцата од Скопје. Според сомневањата на ...

Имала само 16 години кога мистериозно исчезнала без никаква трага, оставајќи го своето семејство во неизвесност што траела речиси пет децении. Денес, по долгогодишна истрага и напредокот на ДНК-технологијата, една од најпознатите нерешени криминални мистерии во Канада конечно доби одговор. Шерон Прајор, родена во 1959 година во Монтреал, била позната како мирна, вредна и примерна ученичка. Најблиските ја опишувале како девојка со големо срце, ...

Финалето на Светското првенство 2026 не донесе само драматична борба за титулата меѓу Шпанија и Аргентина, туку и историски момент кој засекогаш ќе остане запаметен. За првпат во историјата на Мундијалите, полувремето беше претворено во спектакуларен музички концерт, по примерот на легендарното шоу на американскиот Супербоул. На специјално поставената сцена на стадионот во Њу Џерси настапија некои од најголемите светски музички имиња, меѓу ...

Инцидентот се случил во фабриката „Хипол“, а според првичните информации, работниците поминале со полесни повреди. Во фабриката „Хипол“ во Оџаци вчера околу 18 часот дошло до експлозија во која се повредени тројца работници, дознава српски „Блиц“. Како што пренесуваат медиумите од неофицијални извори, работниците во експлозијата се стекнале со лесни телесни повреди. Истрагата за причините кои довеле до овој инцидент е во тек. Инцидентот се ...

Летувањето на црногорското приморје оваа сезона носи нови правила кои веќе предизвикуваат реакции кај посетителите. Најголемо внимание привлече одлуката поврзана со користењето на лежалки и чадори за сонце во попладневните часови. Според информациите на РТЦГ, бесплатното користење на плажниот инвентар по 17 часот повеќе нема да биде достапно за странските туристи. Оваа поволност сега ќе важи само за граѓаните на Црна Гора, кои ќе мора да ...

Голема полициска акција е во тек во Гостивар по случајот со неисправната вода за пиење, кој деновиве предизвика голема загриженост кај граѓаните. Во рамки на истрагата, според неофицијални информации, се приведени три лица поврзани со Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар. Како што дознаваат медиумите од свои извори, по итна постапка биле лишени од слобода вршителката на должност директор на претпријатието, Аратана Асани, раководителот ...

Спортскиот настан во Кавадарци е дел од предвидената агенда за време на 10-дневниот престој на младите од Украина во Михајлово. Спортот уште еднаш се потврди како универзален јазик кој ги спојува младите луѓе. Во спортската сала на О.О.У „Димката Ангелов“ во Кавадарци, се одигра пријателски одбојкарски натпревар помеѓу екипата на Одбојкарскиот клуб „Тиквеш 2019“ и гостинската екипа од Украина. Овој спортски настан е дел од пошироката агенда ...

Хрватска воведува нов пристап кон граничните контроли во текот на летната сезона, со цел да се намалат долгите чекања и огромните гужви на премините. Доколку времето на чекање надмине 45 минути, полицијата ќе може привремено да ги ублажи дел од строгите биометриски проверки. Одлуката доаѓа поради зголемениот притисок на границите, особено во периодот кога голем број туристи и патници пристигнуваат во Хрватска од земји кои не се членки на ...

Со оваа инвестиција на јавното претпријатие трајно се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето за жителите од улиците „Смилица“ и „Рајко Жинзифов“. Во Кавадарци започна реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект за подобрување на комуналните услови. По барање на Месната заедница „Страшо Пинџур“, а согласно Програмата за работа за 2026 година, екипите на ЈП „Комуналец“ започнаа со градежни активности за реконструкција ...

Од 24 до 26 јули, на игралиштето во Превалец ќе се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал „Гоце Коцевски“, кој засекогаш остана во срцата на своите најблиски и пријатели, чиј спомен ќе продолжи да живее преку спортот, заедништвото и хуманоста. Тридневниот турнир ќе започне во петок, 24 јули, со свечено отворање во 19:00 часот. Во програмата се предвидени интонирање на македонската химна во изведба на оперската пејачка Вероника Стојчевски, ...

Несекојдневна трагедија го потресе местото Мала Моштаница во општина Обреновац, во близина на Белград, откако 47-годишен маж го загубил животот од струен удар додека го миел својот автомобил. Несреќата се случила во неделата вечер, а според првичните наоди на истрагата, станува збор за несреќен случај. Како што пренесуваат српските медиуми, мажот во моментот на трагедијата се наоѓал на влажна трева, а струен удар го погодил веднаш откако го ...

Франција се соочува со една од најсериозните сезони на шумски пожари во последниот период, откако огнените стихии уништија огромни површини шума и вегетација, а десетици семејства беа принудени итно да ги напуштат своите домови. Според информациите од француските власти, пожарите досега зафатиле речиси 40.000 хектари шуми и ниска вегетација. Во исто време, 111 лица биле приведени под сомнение дека на различни начини можеби придонеле за ...

И покрај забраната малолетници да управуваат со електрични тротинети, токму деца биле дел од сообраќајна несреќа што викендов се случила во Скопје, при што две 15-годишни момчиња биле повредени. Несреќата била пријавена во полиција во саботата попладне, околу 16 часот, а се случила на крстосницата меѓу улиците „Ќемал Сејфула“ и „Павле Илиќ“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајката учествувале патничко ...

Дали некогаш сте посакале целосно да го промените вашиот изглед, да свртите нов лист и да заблескате како светска ѕвезда? Она што досега го гледавме само на глобалните телевизиски мрежи во култните формати за екстремни трансформации, конечно пристигнува кај нас. За прв пат во Македонија се најавува уникатен проект за моќна и драматична трансформација кој ветува не само нов изглед, туку и комплетно враќање на самодовербата. Станува збор за ...

Во соработка со Здружението „Роднокрајци“, денес и утре локацијата „12 Младинци“ ќе биде центар на детската имагинација, цртање на патека и многу забавни игри. Кавадарци пулсира во ритамот на културата и креативноста! Во рамките на овогодинешното издание на „Кавадаречко културно лето 2026“, денес започнува една прекрасна дводневна приказна посветена на најмладите, но и на сите оние кои сакаат да ја разбудат својата креативна страна. Во ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.99
22%
1011
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
1.96
41%
1012
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
3.27
40%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.85
37%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
0.45
33%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.2
72%
1017
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
4.92
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.67
20%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.42
28%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
3.13
44%
1011
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
2.68
38%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
3.92
50%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Рутениум

53852.50

Паладиум

43435.66

Калај

56.77

Родиум

278103.96

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Бакар

13.54

Злато

137126.15

Платина

55652.94

Алуминиум

3.27

Иридиум

252383.36