Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Со децении, генерации деца веруваа дека една конзерва спанаќ може да даде неверојатна сила, благодарение на легендарниот цртан лик Попај морнарот. Но, вистината зад овој популарен мит е многу поразлична. Иако спанаќот е исклучително здрав зеленчук богат со витамини, минерали и антиоксиданси, не ги зголемува мускулите ниту дава „супермоќ“ преку ноќ. Долго време се верувало дека содржи огромни количини железо, но ова убедување се проширило ...
Многумина имаат навика повторно да полнат пластично шише со вода, верувајќи дека така заштедуваат пари и создаваат помалку отпад. Сепак, експертите предупредуваат дека пластичните шишиња за еднократна употреба не се наменети за долготрајно користење. Според нив, не е проблем шишето да се дополни неколку пати во текот на истиот ден, доколку е чисто и не било изложено на високи температури. Но, користењето на истото шише со денови по ред не се ...
Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство 2026, откако во драматичен полуфинален натпревар во Атланта ја совлада Англија со 2:1. По мирното прво полувреме без голови, Англичаните поведоа во 55. минута преку Ентони Гордон, кој ја искористи грешката во аргентинската одбрана. Иако изгледаше дека Англија е на чекор до големото финале, „гаучосите“ направија неверојатен пресврт во самиот финиш. Во 85. ...
Германски суд го осуди 25-годишниот Емануел Р., син на германски милионер, на 11 години затвор поради бруталното убиство на неговата 76-годишна маќеа, Ивка Пешиќ, по потекло од Беране. Злосторството се случило во јуни минатата година во семејниот стан во Минхен. Според обвинението, на трагедијата ѝ претходела жестока семејна расправија која избувнала по разговор за работи извршени на семејниот имот. Во еден момент, обвинетиот земал кујнски ...
Адам Чепмен (43) од Англија со месеци верувал дека главоболките и заморот се последица на стрес, премореност или грип. Но, кога почнал да има проблеми со одењето, станувањето и разбирањето на едноставни инструкции, семејството го убедило итно да побара лекарска помош. По направените испитувања, лекарите му дијагностицирале глиобластом – агресивен тумор на мозокот кој се смета за една од најтешките форми на оваа болест. Чепмен бил подложен на ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи на Халкидики, при што животот го загубија мајка, татко и нивното бебе. Трагедијата предизвика шок во Грција, а на местото на несреќата веднаш интервенирале полицијата, пожарникарите и екипи на итната медицинска помош. Според првичните информации, несреќата била со фатални последици за трите членови на семејството. Надлежните служби спроведуваат истрага за да ги утврдат точните околности и причините што ...
По повеќе од еден век ограничувања и децении загадување, реката Сена повторно стана место за капење. Благодарение на обемниот проект за нејзино чистење, во кој Франција инвестираше повеќе од една милијарда евра во пресрет на Олимписките игри во Париз 2024, жителите и туристите повторно можат да уживаат во освежување во срцето на француската престолнина. Денес во Париз функционираат три бесплатни градски капалишта на Сена – Bercy, Bras Marie и ...
Хрватскиот град Сплит најави дека ќе воведе забрана за продажба на алкохол во продавниците, киосците и специјализираните продавници во ноќните часови, со цел да се намалат нарушувањата на јавниот ред и мир и да се подобри квалитетот на животот на жителите. Мерката нема да важи за кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти. Според најавите, ограничувањето ќе се однесува на продажбата на алкохол од 20:00 до 06:00 часот, а локалните ...
Автопатот Кичево–Охрид треба целосно да биде завршен до мај следната година, а рокот ќе биде испочитуван, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Тој посочи дека од вкупно 57 километри веќе се пуштени во употреба околу 37 до 38 километри, додека на преостанатите делови интензивно се работи. Според најавите, до крајот на октомври треба да биде пуштен и делот од Извор преку тунелот до Врбјани. За ...
Дваесет и петгодишната активистка Ана Лидке поднесе кривична пријава до израелските власти, тврдејќи дека била сексуално нападната за време на престојот во израелски притвор по нејзиното приведување од хуманитарната флотила што пловела кон Појасот Газа. Израелската затворска служба ги отфрла сите наводи. Според нејзиното сведоштво, за време на еден од претресите во притвор била изложена на сексуално насилство. Таа тврди дека чувари ја ...
Американски истражувачи развија нов автономен систем кој може самостојно да открива, идентификува и неутрализира поморски мини, без директно управување од човек. Новата технологија е наменета да ја подобри безбедноста на поморските операции и да го намали ризикот за екипажите при расчистување на опасните морски подрачја. Системот користи комбинација од напредни сензори, вештачка интелигенција и автономна навигација за прецизно да ги лоцира ...
Пожар избувна вечерва во непосредна близина на населбата „Гоце Делчев“ во Охрид, меѓу охриѓани позната како „Бараки“. Според првичните информации, огнот зафатил сува вегетација, а на терен веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица. Густ чад се издига од местото на пожарот и е видлив од повеќе делови на Охрид, при што прекри и неколку населби во градот. Пожарникарите работат на локализирање на огнената стихија и ...
Овој петок (17 јули), Capri Pool Veles организира летна вечер исполнета со музика во живо, пријатна атмосфера и дружење покрај базенот. За доброто расположение ќе се погрижи Bouzouki Band, кој ќе настапи со внимателно одбран репертоар инспириран од медитеранскиот музички дух, создавајќи совршена атмосфера за летна вечер под ѕвездите. Настанот започнува во 21:00 часот, а посетителите ќе можат да уживаат во вкусна храна, освежителни коктели и ...
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Куманово поради сомнение дека подолг период вршел семејно насилство врз членови на своето семејство. Според пријавата, тој со своето однесување предизвикувал страв, вознемиреност и несигурност кај оштетените. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена кривична пријава, а предметот ќе биде доставен до надлежното јавно ...
Видео од ајкула забележана во близина на црногорскиот брег предизвика големо внимание на социјалните мрежи и меѓу туристите. На снимката се гледа голем морски предатор кој плива во Јадранското Море, а многумина веднаш претпоставија дека станува збор за голема бела ајкула. Сепак, експертите сметаат дека, иако на прв поглед наликува на голема бела ајкула, најверојатно станува збор за друг вид. Според нив, од достапната снимка не може со ...
Полицијата работи на расчистување на инцидент во кој пет лица пријавиле дека биле физички нападнати пред угостителски објект во Тетово. Според пријавите, нападот се случил пред локалот, а по инцидентот биле преземени мерки за утврдување на сите околности. Од СВР Тетово информираат дека по пријавата се преземаат активности за идентификување на сите инволвирани лица и за целосно документирање на случајот. Засега не се соопштени дополнителни ...
Хрватската полиција покрена дисциплинска и кривична постапка против двајца полициски службеници од Полициската управа Пожега-Славонија, откако се појавија снимки на кои, според сомневањата, тие имале интимен однос со жена во службено полициско возило. Според хрватските медиуми, снимките биле направени во различни периоди, а на нив наводно се гледа како службеното возило било користено за цели што не се поврзани со службените обврски. ...
Полициски службеници од СВР Велес утринава околу 02:15 часот го привеле 26-годишниот Е.Х. од Велес, откако на улицата „Благој Ѓорев“ агресивно се однесувал кон полицајци кои извршувале службени задачи. При извршениот преглед кај него бил пронајден и одземен нож, а дополнително било утврдено дека бил под дејство на алкохол. Алкотестирањето покажало дека имал 1,00 промил алкохол во крвта. Осомничениот бил задржан во полициска станица, за ...
Неексплодирана граната била пронајдена во близина на селски пат во кривопаланечко, по што веднаш биле известени надлежните служби. Според информациите од МВР, вчера околу 14:50 часот во ОВР Крива Паланка, 54-годишниот М.С. пријавил дека во близина на селски пат во кривопаланечко село забележал граната. На местото излегле полициски службеници, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал опасната направа за ...
Google Maps добива нова функција базирана на вештачка интелигенција што ќе им овозможи на возачите да поставуваат прашања без да ја прекинуваат навигацијата. Новата опција, наречена Ask Maps, користи Gemini AI и овозможува природен разговор со апликацијата за време на патувањето. Наместо рачно пребарување, корисниците ќе можат едноставно да прашаат, на пример, каде има најблиска бензинска пумпа, ресторан, место за полнење телефон или ...
На шпанскиот остров Ла Гомера, дел од Канарските Острови, сè уште се користи необичен начин на комуникација познат како Силбо Гомеро – јазик составен од свирежи. Благодарение на него, жителите можат да испраќаат пораки преку длабоки клисури и планински предели на растојание од неколку километри. Овој уникатен систем на комуникација потекнува од древните жители на островот, а со текот на времето бил прилагоден на шпанскиот јазик. Наместо ...
Британската поп-ѕвезда со косовско потекло Дуа Липа јавно застана зад протестите во Албанија против изградбата на луксузен туристички комплекс поврзан со семејството Трамп. Во подкаст објавен во вторникот, таа порача дека движењето на граѓаните е „инспиративно“ и изрази сериозна загриженост за начинот на кој проектот бил одобрен. Протестите во Тирана траат секојдневно од крајот на мај. Демонстрантите се противат на изградбата на туристички ...
Трикатна станбена зграда во местото Бенетусер, во близина на Валенсија, целосно се урна за само неколку секунди, но благодарение на брзата реакција на станарите беше избегната голема трагедија. За среќа, во инцидентот нема загинати ниту повредени. Жителите непосредно пред уривањето забележале пукнатини на ѕидовите и слушнале необични звуци што ги натерало веднаш да ги напуштат своите станови. Само кратко потоа, зградата се претворила во куп ...
Дваесетгодишна девојка е повредена во српскиот град Вршац откако нејзината сосетка ја полила со киселина. Како што дознава српски „Блиц“, драмата се случила на улицата во Вршац каде што живеат двете жени. „Двете сосетки најпрво се скарале, по што едната од нив заминала дома, зела киселина за чистење тоалети и ја полила другата. Кога нападнатата жена се обидела да се одбрани, сосетката насрнала врз неа и со дрвена мотка“, открива извор за ...
Припадниците на Хрватската горска служба за спасување (ХГСС) – Станица Шибеник, изведоа исклучително сложена и напорна акција во кањонот на реката Чикола кај Дрниш, откако беше пријавено исчезнување на машко лице. На дежурниот телефон на спасувачката служба, на 14 јули во 18:40 часот, пристигнал повик од Центарот 112 со информации за исчезнатото лице. Веднаш биле споделени првични индиции за можната локација, по што потрагата се насочила во ...
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе биде ангажиран во Министерството за одбрана, соопшти министерот Владо Мисајловски. Како што истакна министерот, Ивановски е пример за дисциплина, истрајност и спортски дух, а неговите успеси на домашната и меѓународната сцена се доказ дека посветената работа носи врвни резултати. Во рамки на новиот професионален ангажман, Ивановски ќе го пренесува своето знаење и искуство на припадниците на ...
Апелациониот суд Скопје донесе одлука со која ги потврди доживотните затворски казни за Љупчо Палевски-Палчо и тројцата негови соучесници, осудени за грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Со одлуката, како што се дознава, останува на сила најтешката казна предвидена со закон за Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои беа прогласени за виновни за двата ...
Големите технолошки компании со години тврдат дека корисниците сами треба да го контролираат времето поминато на телефоните и социјалните мрежи. Но, сè поголем број истражувања, судски процеси и нови закони покажуваат дека проблемот можеби не е само во содржината што се објавува, туку и во начинот на кој се дизајнирани самите апликации. Во центарот на вниманието повторно се најдоа платформите како TikTok, Instagram, Facebook, YouTube и други, ...
Една прилепчанка останала без огромна сума пари откако, како што пријавила во полиција, била измамена од лице кое преку социјалните мрежи побарало помош за наводно лекување на болно дете. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 14 јули 2026 година во ОВР Прилеп, кога жената раскажала дека неколку месеци претходно започнала комуникација со непознато лице преку интернет. Лицето ѝ се обратило со молба ...
Кога ќе замириса доброто вино, ќе засвири безвременската староградска песна, а летната вечер ќе ги спои љубителите на убавиот дружељубив дух, тогаш Кавадарци пулсира во својот препознатлив боемски ритам. Во рамките на годинашното „Кавадаречко културно лето 2026“, вечерва со почеток од 20:00 часот во просториите на Винскиот музеј во Кавадарци ќе се одржи уште една незаборавна „Боемска вечер“. Настанот е во организација на здружението „Винотек“ ...