Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20-та титула во англискиот шампионат откако го победија Тотенхем со 5:1 на домашен терен во 34-то. коло од Премиер лигата. Гостите од Лондон поведоа во 12. минута преку Доминик Соланке, но само четири минути подоцна Луис Дијаз израмни за тимот од „Енфилд“. Ливерпул поведе во 24. минута со голот на Алексис Мекалистер, а потоа следеа головите на Коди Гакпо во 34. минута и Мохамед Салах во 63. минута. ...
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала вечерва во 20:09 часот го погоди источниот дел на Турција, во близина на градот Малатија. Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил регистриран на географски координати со ширина 38.3697 и должина 38.9433. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар информира дека хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 9 километри под површината на земјата. Засега нема пријави за ...
Во новата епизода на култната анимирана серија „Симпсонови“, насловена „Abe League of Their Moe“, премиерно се појавува лик од Македонија – млад бејзбол талент кој го освојува Спрингфилд. Епизодата, емитувана денес, на 27 април на „Фокс“, претставува уникатен момент за македонската публика, особено затоа што во неа се вклучени и сестрите Невена и Калина Нешкоска, како и нивниот брат Наум – креаторите на „Дарко Биберко“. Тие беа дел од преводот, ...
Алкалоид обезбеди место во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ со победа по изведување на пенали над Рунар Сандефјорд од Норвешка. Македонскиот тим загуби со пет гола на гостувањето (29-34), но заради победата од пет гола во Скопје, мечот го решија седмерци. Херој на македонскиот клуб е Иван Галевски. Голманот прво пред крајот одбрани шут за плус шест на Норвежаните со „шпага“. А, потоа, следеше шоу во пенал-серијата и три одбранети удари од седум ...
Денеска 96 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење Денеска (27.04.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 08:30 до 16:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје. При контролата санкционирани се вкупно 96 учесници во сообраќајот, од кои изречена е 41 мерка за возење со брзина поголема од дозволената, 15 санкции за возачи ...
Ванкувер го потресе трагичен настан откако 11 лица беа убиени во саботата навечер за време на уличен фестивал, соопшти полицијата денес. Според првичните информации, осомничениот напаѓач, 30-годишен маж, имал долга историја на ментални нарушувања и претходни контакти со полицијата и служби за ментално здравје. „Лицето кое го приведовме има значајна историја на интеракции со нашите служби и со експертите за ментално здравје“, изјави началникот на ...
На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар. ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот. Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите. Вистината е документирана: во официјалниот записник ...
Експлозија во иранското пристаниште Шахид Раџаи: 40 загинати, над илјада повредени Бројот на загинати во вчерашната силна експлозија што го потресе јужниот брег на Иран се искачи на 40, а повеќе од 1.000 лица се повредени – соопштија денеска иранските медиуми повикувајќи се на официјални извори. Според првичните информации од царинската служба, причината за трагедијата е најверојатно пожар што избувнал во складиште со опасни и хемиски материи, ...
Жалфијата – древен лек со современи бенефити Жалфијата (Salvia officinalis) е една од најценетите лековити билки во светот и честопати се нарекува природен антибиотик и антисептик. Нејзиното латинско име доаѓа од зборот salvare, што значи „да се спаси“ или „да се излечи“, а за нејзините моќни својства пишувале и античките автори кои се занимавале со медицина. Уште пред 2.000 години, Римјаните ја користеле жалфијата за различни здравствени ...
Фудбалот победи во Варна: Македонија и Бугарија обединети во хуманост Денеска во Варна се одигра хуманитарен фудбалски натпревар кој не само што обедини две земји, туку донесе и вистинска магија на теренот преку легендарни фудбалски имиња кои оставија длабока трага во историјата на светскиот фудбал. Македонската и бугарската јавност имаа ретка можност повторно да ги видат на дело фудбалските великани, меѓу кои се издвојуваа Горан Пандев и Христо ...
Монетата на принцезата Грејс Кели е највредната монета од 2 евра во еврозоната досега… Специјална монета од две евра вреди многу повеќе, поради нејзината уникатност може да имате вредност поголема од 3.000 евра во вашиот паричник. Вредноста на евро монета обично точно се одредува. Освен монети од центи, има само монети од 1 или 2 евра. Нивната вредност е точно едно или две евра, но има и поединечни примероци за кои е одредена поголема парична ...
Саудиска Арабија и Катар денеска соопштија дека ќе го отплатат долгот на Сирија кон Светска банка, што изнесува околу 15 милиони долари. Најавата за отплата на долгот уследи неколку дена откако гувернерот на сириската Централна банка и сирискиот министер за финансии учествуваа на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка. Голем дел од инфраструктурата на земјата е уништена за време на 14-годишната граѓанска ...
Досието на Тито во ЦИА: Дезинформации, шпионски игри и една стара мистерија Меѓу милионите декласифицирани документи на американската разузнавачка служба ЦИА, се појавуваат и извештаи што се однесуваат на Јосип Броз Тито – југословенскиот лидер и една од клучните фигури на Студената војна. Како што објавува хрватскиот портал 24sata.hr, еден од најинтригантните извештаи на ЦИА доаѓа директно од самиот врв на советскиот извршен комитет, со ...
Тирана – По меѓународниот аеродром во Тирана и оној во северниот град Кукс, набрзо во Албанија ќе профункционира и новоизградениот аеродром во приморскиот град Валона. Албанската вицепремиерка и министерка а инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку изјави дека Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) на аеродромот во Валона му додели аеродромскиот код и продажбата на билети. – ИАТА позитивно ја оцени апликацијата на ...
Според договорот потпишан со грчкиот партнер, Македонија, поточно компанијата ЕСМ е обврзана за долгорочен закуп на преносниот капацитет, 15 години да плаќа по 300.000 евра месечно за закуп на капацитет за пренос на гас, сеедно дали се користи тој или не. – Поради „паметните“ одлуки, ЕСМ секој месец плаќа по 300.000 евра и ќе плаќа 15 години за закуп на капацитет за гас што не го користиме. Користел – не користел, плаќаш, тоа се 3,6 милиони евра ...
Најубавото нешто кое ќе го видите денес! Во Гевгелија, постои штрк кој стана маалско милениче, штрк кој успеал да се зближи со луѓето, но и животните од едно маало во Гевгелија. Мишко го знаат сите, и млади и стари, кои со нетрпение очекуваат Мишко да се појави во нивниот двор. “Мишко и Мицка живеат заедно под ист покрив. Секој ден го делат просторот, сонцето и љубовта што ја добиваат од тетка Ленче. Таа се грижи за нив, а таа љубов тие ја ...
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави Курск е целосно ослободен. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск. – Нашите сили ги продолжуваат активните одбранбени операции во одредени подрачја на (руските) области Курск и Белгородск – истакна Зеленски. Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави Курск е целосно ослободен. – Русија повторно ...
Поради планирани технички зафати, утре (28 април 2025 година) без електрична енергија ќе останат делови од Тетово и неколку околни села. Прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот. Според најавата, електричната енергија ќе биде исклучена во дел од градот Тетово, поточно објектите што се наоѓаат во населбата Дреноец кон касарната. Исто така, без струја ќе бидат и делови од селото Непроштено, посебно во т.н. Македонско маало. Прекин ќе има и во ...
Со голема радост и достоинство, жителите на Мала Преспа, село Шулин, го прославија најголемиот христијански празник – Велигден. Во дворот на црквата Св. Ѓорѓија се одржа торжествена прослава која беше овековечена со дронска снимка, прикажувајќи ја величествената атмосфера. Настанот беше збогатен со традиционални македонски ора и песни, носејќи го духот на вековната култура и вера. Многубројните верници и гости со заедничка радост го честитаа ...
Хуманитарниот натпревар е во организација на бугарската Фондација „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година Фудбалските репрезентации на Македонија и Бугарија денеска во Варна ќе одиграат хуманитарен натпревар, а целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Но овој ревијален меч нема да го играат актуелните репрезентативци, туку ...
Од 23 јуни 2025 година, НЛБ Банка ќе воведе измени во тарифите и општите услови за физички и правни лица, објави Слободен печат. Според новиот предлог тарифник, Банката го укинува надоместокот од 750 денари за приклучок на интернет банкарство со токен за физички лица. Но, за увид во состојбата на сметките преку мобилното банкарство МКлик, ќе се наплаќа надоместок од 20 денари месечно за одредени пакети. Исто така, клиентите ќе плаќаат 45 денари ...
Под силно полициско обезебдување во Мелник се одбележаа 110 години од убиството на Царот на Пиринот Јане Сандански. На семакедонски традиционален собир во негов спомен присуствуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Сајковски, Ковачки и Мицевски, кои на фејсбук објавија: „Македонски национален херој, војвода и водич на Македонската револуционерна организација, кој до крајот на својот живот останал да се бори за самостојна Македонска држава“. Но, не ...
Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците која е дел од Европскиот фронт, предводена од ДУИ, не открива дали ќе се повлече од коалицијата доколку Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари ѝ се приклучи. Села вели дека не може да се меша кој со кого ќе се среќава и разговара, но оти може да каже дали некој треба да биде дел од Фронтот. „Има средби, а од друга страна мене лично и на Алијанса за Албанците не ни пречи, а дали треба да ...
Писмото на францускиот император Наполеон во кое тој наводно не се согласува со апсењето на папата Пиј VII, а коешто самиот го наредил, е продадено на аукција во Фонтенбло во неделата за 26.360 евра, објави аукциската куќа Osenat, која ја организираше продажбата. Станува збор за вистински „политички маневар“ – писмото од 23 јули 1809 година, потпишано со „Napole“, што веројатно е деминутив од Наполеон, чија вредност се проценуваше на 12.000 до ...
Најмалку осум лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, додека шестмина се повредени кога автомобил влета во толпа луѓе во канадскиот град Ванкувер, објави мрежата „Глобал њуз“, повикувајќи се на неименувани извори. Полицијата на Ванкувер соопшти дека на лице место е уапсен 30-годишен маж осомничен за нападот. Полицијата соопшти дека се работи за лице од Ванкувер кое управувало џип. „Околу 20:15 часот по локално време, маж со своето возило влета во ...
Виктор Осимен би можел ова лето да стане ново засилување на Реал Мадрид, а оваа опција станува реална доколку Винисиус Жуниор се пресели во Саудиска Арабија. Според информациите на порталот Fichajes, Реал го гледа нигерискиот напаѓач како потенцијална замена за бразилскиот фудбалер, кој оваа сезона постигна 20 голови и имаше 14 асистенции во 42 натпревари. Винисиус се најде пред искушение поради огромната понуда од Саудиска Арабија, која, како ...
Полицијата во Ванкувер соопшти дека инцидентот кој се случи за време на уличниот фестивал, при што најмалку осум лица загинале, не се смета за терористички акт. „Во овој момент, убедени сме дека овој инцидент не беше терористички акт“, се наведува во соопштението што полицијата на Ванкувер го објави на платформата X. Еден од сведоците на настанот, Жозеб Варде, сопственик на камион за брза храна, изјавил за BBC News дека видел како автомобил ...
Токму во текот на ноќта, Русија лансирала речиси 150 дронови на повеќе подрачја во Украина, информираа денеска украинските власти. Во најновиот напад, Русија користела вкупно 149 дронови, при што украинските воздушни сили успеале да пресретнат 57 и електронски да блокираат 67. Како што соопштија локалните власти, едно лице загинало, а 14-годишна девојка е повредена во Павлоград, во областа Дњепропетровск, која е цел на напади трета ...
Председателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изрази поддршка за Украина и нејзиниот претседател, Володимир Зеленски, потврдувајќи дека Европа секогаш ќе ја поддржи земјата во нејзината потрага по мир. „Можете да сметате на нашата поддршка за време на преговорите во напорите за постигнување праведен и траен мир“, напиша Фон дер Лајен на своите официјални социјални мрежи, по состанокот со Зеленски во Рим, каде двајцата ...
На 26.04.2025 во 11.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Д.(24) и С.У.(23), двајцата од Велес. На 25.04.2025 околу 09.15 часот тие биле затекнати при обид да извршат кражба од подрумска просторија од куќа на ул.„Спиро Захов“ во Струмица, при што физички ги нападнале сопственикот З.К. и неговиот сосед Д.Т., по што побегнале од местото. Тие биле задржани во Полициската станица Струмица и во присуство на ...