Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз истакна дека Европа се наоѓа на историска пресвртница и дека нејзината безбедност е сериозно загрозена. Тој оцени дека инвестициите во одбраната се клучен приоритет за континентот, особено поради руската агресија врз Украина, зголемените хибридни закани и забрзаното производство на оружје во Русија. На предавањето во Францускиот институт за меѓународни односи (IFRI), Пленковиќ нагласи дека ...
Судската администрација во одредени судови најави дека од утре може да прекине со работа, револтирана од последната одлука на Судскиот буџетски совет. Средствата од судскиот буџет, наместо за додатоци и плати на администрацијата, ќе се користат за тужби поднесени од судии, што предизвика незадоволство меѓу вработените. Претседателот на синдикатот УПОЗ, Трпе Деаноски, истакна дека незадоволството на судската администрација е од порано, ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека на 05.12.2025 година, СВР Штип поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип против Б.Ј. (роден 1989) од Кочани. Пријавата е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ според член 394-г од Кривичниот законик. Како што се наведува, пријавениот на 18.11.2025 во 22:48 часот на ...
Двајца авганистански тинејџери, кои минатата година сами пристигнале во Велика Британија, денес беа осудени на долги затворски казни за силување на 15-годишно девојче во парк во централна Англија. Случајот се случил во јуни 2024 година во парк во Лимингтон Спа, град сместен на десетина километри југоисточно од Бирмингем. Нападот бил извршен врз девојка која тогаш била под дејство на алкохол, а Џаханзеб и Нијазал ја одвлекле од нејзините ...
Лидија Иванковиќ е родена во Скопје во 1979 година, но како бебе била оставена покрај контејнер и подоцна посвоена од семејство во Србија, каде што и денес живее. Детството го поминала во љубов и грижа, но без никакви одговори за своето потекло. Ниту еден документ, фотографија или детал не ја поврзувале со нејзините биолошки родители. Единствената информација што ја имала е дека била пронајдена во главниот град на Македонија. По 47 години, ...
Триесет и тригодишниот напаѓач на Сантос, кој играше повреден кон крајот на сезоната, имаше извонреден завршеток на бразилското првенство, постигнувајќи пет гола во последните четири натпревари. Нејмар изјави дека дошол да го помогне тимот на кој било начин и дека последните недели биле тешки поради повредата на коленото: „Им благодарам на сите што беа со мене и ме поддржаа. Да не беа тие, немаше да можам да ги одиграм овие натпревари. Сега ...
На островот Крит се случија сериозни инциденти откако земјоделци се обидоа да се приближат до аеродромите во Ханија и Хераклион, предизвикувајќи конфликти со полицијата, објави „Катимерини“. На аеродромот „Никос Казанѕакис“ во Хераклион, демонстрантите, кои започнале мобилизација од стадионот Панкритико со моторизирана поворка, се обиделе да го блокираат главниот влез. Полицијата го спречила пристапот од авениите Сенетаки и Икару, но по ...
Крива Паланка повторно ја плени вниманието, претворајќи го градскиот плоштад во вистинска зимска бајка за претстојните празници. Со спектакуларното вклучување на новогодишните светилки, градот официјално ја започна празничната сезона, создавајќи волшебна атмосфера за жителите и посетителите. Централното место го зазема раскошната новогодишна елка, која е опкружена со уникатни светлечки атракции, вклучувајќи: Градот со оваа празнична ...
Иранските обвинители потврдија дека двајца организатори на маратон се уапсени затоа што на настанот учествувале жени кои не носеле хиџаб, откако на социјалните мрежи се појавиле фотографии од нив. На маратонот на островот Киш учествувале околу 2.000 жени и 3.000 мажи, кои трчале одделно. Некои жени биле облечени во црвени маички и немале покриена глава, што предизвикало реакција од властите. Дел од иранското население го поздрави настанот ...
Албанската Влада официјално го одобри Националниот план за непредвидени ситуации за мешани миграциски текови за периодот 2026–2028, стратешки документ кој има за цел да ги подготви институциите на земјата за справување со зголемени миграциски текови на територијата на Албанија. Одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот, по предлог на министерот за внатрешни работи. Спроведувањето на планот е доверено на Министерството за внатрешни ...
Британските медиуми објавија нови информации за наводниот договор меѓу Велика Британија и Северна Македонија, според кој Македонија би прифаќала мигранти кои британските власти ќе ги оценат како неподобни за влез во Обединетото Кралство. Северна Македонија, според пишувањата на „Дејли Експрес“, пристапила претпазливо и прагматично, откако други балкански земји како Албанија и Босна и Херцеговина одбиле директно учество поради ограничените ...
До Владата, поточно до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), пристигнала пријава за сериозна злоупотреба на четири службени возила во предизборниот период, објави телевизијата Телма. Според пријавата, возилата биле користени како поддршка во кампањата за локалните избори во општина Шуто Оризари. Наводно, возилата со скопски регистарски таблички, сопственост на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, ги управувале лица кои воопшто не ...
Сообраќајот на државните патишта низ земјата вечерва се одвива без поголеми пречки, но коловозите на повеќе делници се влажни, што бара повисока претпазливост од возачите. Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека намалена видливост поради магла е присутна на планинските превои Ѓавато и Пресека, каде условите за возење се отежнати, особено во ноќните часови. Дополнително, на патните правци што минуваат низ усеци и клисури можно е појава на ...
Североисточниот дел на Јапонија денеска беше погодно од силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер, кој предизвика штети, повреди и сериозни безбедносни аларми во неколку префектури. Според првичните информации, три лица се повредени – едно во Аомори по рушење на дел од пат, како и две лица во Хокаидо кои паднале додека се обидувале да избегаат за време на потресот. Во префектурата Аомори најмалку 2.700 домаќинства останале без ...
Германија официјално ја затвори квотата за вработување работници од Западен Балкан за 2025 година – сите 50.000 работни дозволи се веќе распределени. Ова значи дека до крајот на годината нема да се разгледуваат нови апликации за работници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Северна Македонија. Според правилото што Берлин го воведе во јуни 2024 година, постапката на хартија изгледа едноставна: германскиот работодавач ...
Најновите статистички податоци за октомври 2025 година покажуваат јасна слика: Србија ја има убедливо најниската инфлација во регионот, додека Македонија се наоѓа во горниот дел од листата, со раст на цените над регионалниот просек – но сепак под нивоата на земјите со најсилни инфлациски притисоци. Во октомври, Србија забележа инфлација од само 2,8 проценти, што ја прави најстабилна економија меѓу земјите надвор од Европската Унија што се ...
Сведоштвото на поранешниот оперативец на ЦИА, Џон Киријаку, открива шокантна и во исто време вознемирувачка реалност за најризичните точки на планетата. Човек кој во име на разузнавањето работел во 72 држави, не раскажува приказни за егзотика и авантури – туку за постојана закана, заседи, хаос и смрт. Иако Стејт Департментот на САД редовно ги предупредува своите граѓани да ги избегнуваат државите со највисоко ниво на ризик – Иран, Украина, ...
Странски фудбалер предизвика вистински хаос во Лондон, откако бил уапсен под сомнение за напад и нарушување на јавниот ред и мир, јавува „Би-би-си“. Инцидентот, кој брзо го привлече вниманието на јавноста, се случил во централниот дел на градот, каде сведоци пријавиле агресивно однесување што довело до итна полициска интервенција. По доаѓањето на службениците, фудбалерот бил приведен и однесен на распит, каде, според првичните информации, се ...
Секторот за внатрешни работи во Охрид објави дека завчера попладне, во просториите на поранешните оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, било откриено машко безживотно тело. Настанот се случил на 06.12.2025 година околу 16:20 часот. По преземените мерки и извршената идентификација, утврдено е дека станува збор за З.Т. (57) од Охрид, кој на 4 декември во 18:25 часот бил пријавен во СВР Охрид како исчезнат, откако се оддалечил од ...
Според последните контроли на Управата за јавни приходи (УЈП), од околу 4.000 спроведени проверки, секој четврти објект е откриен со неправилности, главно во делот на неиздавање фискални сметки. Ова, според УЈП, укажува на широка пракса на неевидентиран готовински промет, која се користи и за плаќања помеѓу фирми „на рака“ и исплата на плати во плик – практики кои се спротивни на законот, создаваат сивата економија, нелојална конкуренција и ...
Граѓаните кои денеска патуваат кон Македонија се соочуваат со значителни задржувања на граничниот премин „Дојран“. Поради штрајк на земјоделците, граничниот премин „Богородица“ (Евзони) е целосно затворен за влез и излез од 11:00 часот, што предизвика хаос кај возачите на терен. Според информации од АМСМ, на „Дојран“ сообраќајот се одвива, но поради зголемен интензитет, се формираат колони на влез во државата. Времето на чекање за излез од ...
Легендарниот Меколи Калкин, кој како дете го играше незаборавниот Кевин Мекалистер, конечно открива детали за можно продолжение на култниот божиќен филм „Сам дома“. Во последните години, Калкин повторно ја прегрна носталгијата околу улогата што го направи светски познат, вклучувајќи учество во реклами и специјални емисии посветени на филмот. Во својата серија „Носталгична вечер со Меколи Калкин“, актерот ја сподели својата визија за новото ...
На шпанскиот остров Тенерифе вчера се случи страшна трагедија кога моќни џиновски бранови го погодија крајбрежјето, одземајќи три животи и повредувајќи најмалку 15 лица. Несреќата ги шокираше локалните жители и туристите, кои неочекувано беа повлечени во морето од силните налети на вода. Според локалните власти, меѓу загинатите е 79-годишна жена од Холандија, која, и покрај напорите на спасувачите за реанимација, починала на самото место. ...
Вчера рано наутро, мирното село Будинарци во Беровско беше потресено од вистинска драма која ги остави локалните жители во шок. 52-годишната М.М. од село Возарци со своето патничко возило „Хјундаи“ со штипски регистарски ознаки удри во двајца мажи, Д.Г. (38) и Ѓ.Ч. (24), кои се наоѓале пред локална кафеана. Сведоците велат дека сцената била хаотична – луѓето трчале настрана, додека автомобилот се движел кон пешаците. Но, инцидентот не застана ...
Индиската престолнина, Њу Делхи, се соочува со сериозна здравствена криза предизвикана од токсичен воздух. Во периодот од 2022 до 2024 година, повеќе од 200.000 луѓе се јавиле во шесте најголеми болници со акутни респираторни заболувања, додека над 30.000 од нив морале да бидат хоспитализирани, потврди индиската влада. Токсичниот воздух е константен проблем, особено во зимските месеци, кога урбаните и приградските области се зафатени од ...
Телото на 12-годишно мигрантско момче беше пронајдено на брегот кај грчкиот остров Самос, по трагичен инцидент во кој детето било удрено од пропелер на чамецот со кој се обидувала да стигне до островот. Во групата имало уште 37 мигранти кои успеале да се спасат и да побараат помош. Телото на момчето веднаш било пренесено во локалната болница, а истрагата за околностите на смртта е во тек. Овој инцидент се случи само неколку часа по ново ...
Денеска во трговскиот центар „Сторо Сторсентер“ во Осло, Норвешка, избувнa пукање кое предизвика голема паника меѓу посетителите. Според првичните информации од норвешките медиуми, настанот се случил во текот на денот, кога неидентификувано лице започнало да пука во еден дел од трговскиот центар. Полицијата веднаш интервенирала и го фатила напаѓачот, обезбедувајќи ја областа и спречувајќи евентуално поголема штета. Засега нема официјални ...
Вечерва регионот беше потресен од трагичен настан – телото на бремена жена е пронајдено во реката Бистрица, во селото Грабаница, во близина на Клина. Жената, на возраст од околу 40 години, претходно била пријавена за исчезната од страна на нејзиното семејство. Според изјавата на портпаролот на полицијата за пеќскиот регион, Фадил Гаши, семејството пријавило дека жената ја напуштила куќата околу 11:00 часот наутро, а подоцна, околу 19:30 ...
Струмичанец се здоби со тешки повреди откако возилото што го управувал излетало од регионалниот пат Кавадарци-Неготино, во близина на кавадаречкото село Марена. Според СВР Велес, несреќата се случила вчера околу 10:50 часот. С.А. (46) од Струмица управувал патничко возило „гели“ со скопски регистарски ознаки кога излетал надвор од коловозот. Повредениот веднаш бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни ...
По тензичните изјави од американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот лидер Володимир Зеленски излезе со реакција дека американските претставници се добро запознаени со клучните украински позиции. Зеленски го оцени последниот дипломатски дијалог како „конструктивен, но не и едноставен“, по средбата со специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и со Џеред Кушнер, кои престојуваат во Киев за напори околу потенцијалниот мировен план. ...