Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Вознемирувачки случај е регистриран во Виница, каде што 31-годишен маж се соочува со кривична пријава поради сомнение дека со огнено оружје пукал кон основно училиште. Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница информираат дека против П.З. (31) е поднесена пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според полициските информации, инцидентот се случил на 12 јануари 2026 година, кога пријавениот, како што е ...
Израел наводно финансирал тајна интернет кампања вредна 46,5 милиони долари, чија цел била да влијае врз начинот на кој системите за вештачка интелигенција одговараат на прашања поврзани со војната во Газа и односите меѓу Израел и САД. Според објавените информации, операцијата ја водела компанијата Clock Tower X, поврзана со Бред Парскејл, поранешен менаџер на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп. Намерата била преку ...
Вознемирувачки случај е регистриран во Струмица, каде што 21-годишен маж се соочува со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Струмица поднело кривична пријава против лицето С.Ф. (21), поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз 12-годишно девојче. Според пријавените информации, настанот се случил на 24 ...
Тензиите меѓу САД и Иран повторно се зголемуваат откако американската војска изврши серија напади врз цели поврзани со Иранската револуционерна гарда. Вашингтон соопшти дека станува збор за одговор на претходни напади со балистички ракети и дејствија насочени кон американските сили во регионот. Од Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) информираа дека бил погоден голем број цели на Иранската револуционерна гарда, вклучувајќи ...
Вознемирувачки случај е пријавен во Струга, каде што 27-годишен жител на Скопје се соочува со кривична пријава поради сомнение дека физички ја нападнал својата девојка во авто-камп на струшкото крајбрежје. Од ОВР Струга информираат дека против лицето Б.М. (27) е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „телесна повреда“. Според полициските информации, настанот се случил во авто-камп во близина на Струга, каде што осомничениот, како ...
Сите кои планираат патување кон Грција во следните денови треба да се подготват за сериозни гужви и долго чекање. Пред нас е еден од најоптоварените викенди во летната сезона, кога се очекува зголемен број возила на патиштата и создавање километарски колони на најфреквентните гранични премини. Најголем притисок се очекува на премините Евзони и Дојран, кои традиционално се меѓу најкористените рути за македонските туристи кои патуваат кон ...
Општина Кавадарци постави нови средства за смирување на сообраќајот на крстосницата меѓу улиците „Шишка“ и „27 Март“ во селото Глишиќ, со цел да се подигне нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот. Со оваа сообраќајна интервенција се овозможува значително намалување на брзината на движење на возилата, подобра контрола на крстосницата и поголема заштита на пешаците и локалните жители. Од општината истакнуваат дека безбедноста на ...
Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не поради фудбалските терени. По големите спортски обврски, напаѓачот реши да се опушти и да ужива во летниот одмор, а неговото друштво предизвика голем интерес кај јавноста. Според пишувањата на странските медиуми, Мбапе моментално престојува на Сардинија, каде што бил забележан во друштво на шпанската актерка Естер Експозито. Нивното заедничко ...
Шокантно откритие во грчката престолнина отвори голема полициска истрага, откако бездомник пронашол куфер со тело на 38-годишна Британка во напуштена зграда во Атина. Случајот се истражува како убиство, а еден необичен детал поврзан со нејзиниот мобилен телефон дополнително ја зголеми мистеријата. Телото било пронајдено на 18 јули во атинската населба Кипсели, кога бездомник забележал куфер во напуштен објект од кој се гледал дел од човечко ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против две физички лица и едно правно лице поради сомнение за сериозно даночно затајување, со кое, според надлежните, буџетот на државата бил оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари. Пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство Скопје, а лицата се сомничат за сторено кривично дело „даночно затајување“ согласно член 279 од Кривичниот законик. Според информациите од ...
Руските научници развиле нов пристап за доставување лекови против рак кој во експериментални истражувања покажал значително подобри резултати од традиционалната хемотерапија. Според првичните податоци, новиот метод овозможува лекот да биде до 10 пати поефикасен во борбата против туморските клетки, благодарение на употребата на специјални наноконтејнери кои можат да се разложат во крвотокот. Методот го претставил академикот на Руската ...
Силно невреме го погоди југоисточниот дел на Бразил, оставајќи зад себе човечки жртви и голема материјална штета. Според локалните медиуми, најмалку пет лица го загубиле животот откако моќна бура со ветрови кои надминувале 100 километри на час го зафатила регионот. Најпогодени биле големите градови Рио де Жанеиро и Сао Паоло, каде што силните налети на ветер предизвикале вистински хаос. Бурата корнела дрвја, оштетувала објекти, соборувала ...
Американскиот рапер и музички продуцент Канје Вест и неговата поранешна лична асистентка Лорен Пишота постигнале судска спогодба во случајот што таа го покрена против него поради наводно сексуално вознемирување, со што спорот би можел да заврши без понатамошна судска постапка. Според судските документи доставени до надлежниот суд во Лос Анџелес, договорот меѓу двете страни бил постигнат на 23 јули, а барањето за повлекување на тужбата треба ...
Нови докази откриени во селото Мала Калуѓерка кај Зубин Поток повторно ја отворија една од најболните и најнеразјаснетите приказни од војната во Косово. По пронаоѓањето човечки останки и делови од облека, косовските власти започнаа детални ископувања, а првичните судско-медицински анализи потврдиле дека коските се од човечко потекло и имаат форензичко значење. Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека првичните сомневања упатуваат на ...
Италија воведува нов пристап кон издржувањето на затворските казни, откако парламентот усвои закон што на дел од осудениците зависни од дрога или алкохол ќе им овозможи наместо во затвор, казната да ја издржуваат во домашен притвор или во специјализирани терапевтски заедници. Со оваа мерка, властите се надеваат дека ќе придонесат и за лекување на зависностите, но и за намалување на пренатрупаноста во затворите. Законот беше изгласан на 29 ...
Трудницата Одри Суарез, која носи близнаци, била брутално нападната од питбул додека шетала на 17 јули во градот Топика, во американската сојузна држава Канзас. Го преживеала нападот, како и нејзините neroдени бебиња, но се здобила со тешки повреди на лицето — унаказена е, пишува „Паризиен“. Според наводите на полицијата од Топика, во населбата избила тепачка меѓу три лица. Тогаш шестгодишниот син на едно од вмешаните лица пуштил две кучиња, ...
Неверојатна брзина измерила полициската контрола на автопатот А1 кај клучката Смоквица, каде што 29-годишен возач од Гевгелија бил запрен откако со својот автомобил се движел со дури 204 километри на час. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран на 29 јули во 21:26 часот, кога полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија при СВР Струмица вршеле сообраќајна контрола со радар. При ...
Драматична ситуација се одвива на неколку грчки острови, каде што големи шумски пожари продолжуваат неконтролирано да се шират. Најтешко погодени се Крит, Парос и Лезбос, а силниот ветер дополнително ја влошува состојбата, правејќи ја борбата со огнената стихија исклучително тешка. Најкритична е состојбата на островот Крит, особено во регионот Ретимно и во неколку околни населени места, каде што пожарот зафати големи површини. Високите ...
Дел од пензионерите во Македонија ќе можат да ја добијат својата јулска пензија порано од вообичаено. Една банка веќе официјално потврди дека средствата ќе им бидат достапни на клиентите уште во петок, на 31 јули 2026 година, што значи дека тие ќе можат да располагаат со своите пари пред почетокот на новиот месец. Според официјалното известување, Шпаркасе банка ги информира своите клиенти дека јулските пензии ќе бидат префрлени на нивните ...
Властите во американската сојузна држава Висконсин донеле одлука да ѝ ја одземат лиценцата за производство и дистрибуција на алкохол на пиварницата „Minocqua Brewing Company“, чиј сопственик Кирк Бангстад е познат по своите политички ставови и контроверзни објави на социјалните мрежи. Според американските медиуми, одлуката на Министерството за финансии треба да стапи во сила на 4 август, но компанијата има право да поднесе жалба. Додека трае ...
Градските власти во Токио соопштија дека 265 парови стапиле во брак откако се запознале преку владината апликација „Tokyo Enmusubi“, која користи вештачка интелигенција за поврзување на потенцијални партнери. Апликацијата беше пуштена во употреба во септември 2024 година како дел од мерките за справување со долготрајниот пад на наталитетот во Јапонија. Нејзиното воведување следеше по истражување кое покажало дека голем број луѓе кои сакаат да ...
Македонските граѓани кои планираат да патуваат кон Халкидики, Солун, солунскиот аеродром или да се враќаат кон Македонија преку Евзони, треба да сметаат на значителни сообраќајни измени викендов. Според најавите од грчките власти, солунската обиколница ќе биде целосно затворена за сообраќај во двата правци во ноќта меѓу сабота (1 август) и недела (2 август), во периодот од 23:00 до 05:00 часот. Причина за затворањето се градежни активности ...
Во СВР Скопје вчера вечер била пријавена пукотница во скопското село Арачиново, при што било оштетено паркирано патничко возило. Според информациите од полицијата, 60-годишен жител на Арачиново пријавил дека околу 20:40 часот, додека се наоѓал во дворот на својата семејна куќа, слушнал истрел. По проверката забележал дека хаубата на паркираниот „Фолксваген Голф“, кој е во сопственост на неговиот син, била погодена и оштетена. На местото на ...
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила во полиција дека била физички нападната од своето момче пред зградата во која живее, во населбата Блок 70. Според информациите од СВР Тетово, жената го пријавила случајот ноќеска околу 01:10 часот, наведувајќи дека нападот се случил претходниот ден околу 18:30 часот. Утрово, осомничениот Б.И. од Тетово сам се појавил во полициска станица, каде што се пријавил. Од полицијата информираат дека по ...
Павел Дуров е руски технолошки претприемач и основач на платформата Телеграм, која денес е една од најкористените апликации за размена на пораки во светот. Последниве денови повторно се најде во центарот на вниманието, откако руските власти покренаа кривична постапка против него, обвинувајќи го за помагање на терористички активности преку платформата. Според Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), администрацијата на Телеграм не ги ...
Поранешниот претседател на Основниот суд во Лебане, Светомир Цветковиќ, починал за време на одмор во Грција, каде што престојувал заедно со својата сопруга, пренесуваат српските медиуми. Тажната вест ја потврдил неговиот син Никола Цветковиќ, кој изјавил дека на неговиот татко ненадејно му се влошила здравствената состојба. Тој веднаш бил пренесен во болница, но и покрај напорите на лекарскиот тим, не успеал да ја добие битката за живот. ...
Во американската сојузна држава Флорида во ист ден беа извршени две смртни казни, што е прв ваков случај од 1964 година. Прво беше погубен Џејмс Дакет (68), осуден за убиството на 11-годишната Тереза Мекбафи во 1987 година. Неговото погубување претходно беше привремено одложено за да се разгледаат нови ДНК-докази што ги посочи одбраната, но судот ги отфрли барањата и егзекуцијата беше извршена по одлука на гувернерот Рон Десантис. Околу шест ...
Тешко семејно насилство ја потресе Бугарија, откако 48-годишен маж е осомничен дека по расправија ја полил својата сопруга со бензин и ја запалил. Против него е покренато обвинение за обид за убиство извршен на особено свиреп начин, а обвинителството најави дека ќе бара тој да остане во притвор додека трае истрагата. Инцидентот се случил во селото Медовец, каде што семејната куќа по настанот е обезбедена и ставена под полициски надзор. Според ...
Британски суд го прогласи 19-годишниот Норвежанец Јоханес Конгснес Натланд за виновен за заговор за убиство, откако утврдил дека отпатувал во Велика Британија со намера да изврши ликвидација по нарачка на меѓународна криминална организација. Според обвинителството, Натланд се согласил да изврши убиство за 25.000 евра, а само два дена по неговото пристигнување во Англија бил уапсен во хотел во Хадерсфилд. При полициската акција биле пронајдени ...
Пазарот на недвижности во Рим повторно привлече внимание, откако гаража од само 34 квадратни метри во историскиот центар на градот беше продадена за 760.000 евра – сума со која во многу делови на Италија може да се купи луксузна вила или голем семеен дом. Гаражата се наоѓа во престижната населба Триденте, во близина на Пјаца дел Пополо и неколку од најпознатите трговски улици во италијанската престолнина. Поради ексклузивната локација и ...