Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Книгата „Елизабета Втора“ на Роберт Хардман открива дека Ендру Маунтбатен-Виндзор бил не само вербално, туку и физички агресивен кон најблиските соработници на покојната кралица Елизабета Втора кога не ги почитувале неговите наредби. Во книгата се тврди дека поранешниот војвода од Јорк физички го нападнал контраадмиралот и една од најголемите доверливи личности на покојната кралица, Тоња Џонстон-Барт, откако му било кажано дека не може да ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Топ тема“ предупреди на сериозниот ценовен шок и растот на трошоците за живот, обвинувајќи ја Владата дека доцни со навремени и ефикасни мерки за справување со економската криза. „Пет земји членки на Европската Унија сакаат да предложат данок на екстрадобивка за енергетските компании. А кај нас, кога зборуваме за основните прехранбени производи, сме шампиони, бидејќи имаме енормно ...
Силно полициско присуство и координирана акција против нарко-криминал утринава беше спроведена на повеќе локации низ државата. Неофицијално, МВР преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, спроведува акција во Скопје, Штип, Струмица и во скопското село Грчец, пренесе Скопје1. Цел на акцијата е криминална мрежа поврзана со трговија со ...
Додека тенискиот свет со нетрпение ја следи доминацијата на Карлос Алкараз и Јаник Синер, кои практично ги поделија сите важни трофеи на почетокот од сезоната, познатиот тренер Рикардо Пјати крена многу прашина со своето предвидување за претстојниот дел од сезоната на земјена подлога. Човекот кој некогаш работеше со Новак Ѓоковиќ, но и му беше ментор на Јаник Синер, верува дека разликата помеѓу водечкото дуо и остатокот од АТП турнејата е ...
Германците, или оние што живеат во оваа земја, мора да обрнат внимание на правилата. Сончево време, пријатни температури и неколку слободни денови за Велигден ги охрабруваат многумина конечно да се зафатат со градината. Косењето на тревникот, потстрижувањето на живата ограда или чистењето лисја се чини како идеален начин да се искористи максимално долгиот викенд. Сепак, она што на прв поглед изгледа како безопасен план може да се претвори ...
Македонските тимови кои учествуваа на Олимпијадата за роботика – Minoan Robotsports Competition Global Olympiad што се одржа на Крит од 3 до 6 април, покажаа супериорност и освоија прво и второ место во најтешката дисциплина каде роботите што се дизајнирани, изградени и програмирани од учесниците целосно автономно извршуваат серија комплексни задачи со висока прецизност и сигурност. Тимот SPACE WALKERS (на возраст од 13 до 18 години) ...
Делегација на македонската влада предводена од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, ќе учествува на втората сесија од стратешкиот дијалог со САД, соопшти Министерството за надворешни работи. Беше истакнато дека стратешкиот дијалог претставува важна платформа за продлабочување на билатералната соработка и подобрување на партнерството со САД, со фокус на клучните области од заеднички интерес, вклучувајќи ја одбраната и безбедноста, ...
Линда Лавлејс беше американска порнографска актерка која стана позната по својата изведба во хардкор порно филмот „Длабоко грло“ од 1972 година, кој беше огромен успех. Во својата автобиографија, „Искушение“, таа опиша што се случувало зад сцената. Подоцна станала преродена христијанка и портпаролка на антипорнографскиот покрет. Линда е родена на 10 јануари 1949 година во Бронкс во работничко семејство. Таа го опишала своето воспитување во ...
Неодамна, една жена, додека прегледувала снимки од безбедносна камера инсталирана на влезот, случајно го слушнала разговорот на својот партнер со пријател по телефон. По осум години заеднички живот, таа неочекувано открила што тој навистина мисли за нивната врска. Како што таа опиша на Reddit , тие се во врска речиси една деценија. Тој има три деца од претходниот брак, таа има едно, сите веќе се тинејџери. Тие живеат удобно и, како што вели ...
Во 01:10 по полноќ, на улицата „Јадранска Магистрала“ е уапсен 22 годишник од Скопје, во чие возило биле најдени голема количина производи без документација, соопшти МВР „На 07.04.2026 околу 01:10 часот на ул. „Јадранска Магистрала“ во Скопје, полициски службеници од ПО Мирковци го лишија од слобода А.И.(22) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл.278 од КЗ. При преглед на товарно возило „мерцедес“ ...
Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, беше осудена на две години затвор. Предметот е вратен на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82 Одлуката доаѓа по јавната седница одржана на 11 март годинава, каде судот ги уважил жалбите и на одбраната и ...
Барон Трамп го прослави својот роденден без полубраќа и полусестри Роденденот на Барон Трамп, кој неодамна наполни 20 години, требаше да биде уште еден семеен момент во кругот на најблиските. Сепак, нешто се случи зад затворени врати што ги разгоре гласините за врските во семејството Трамп. Имено, според странските медиуми, списокот на гости за прославата го составила неговата мајка, Меланија Трамп – и донела одлука што изненадила ...
Апелацискиот суд ја укина пресудата со која Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше осудена на двегодишна казна затвор за злоупотреба на службената положба и предметот го врати на повторно судење, пишува „Слободен печат“. Според нивните сознанија, укинат е и делот со кој Димова требаше да врати 370 илјади евра кон Националната агенција. Според Апелација, во првостепената ...
Марс, планетата на борбеноста и акцијата, влегува во огнен Овен на 9 април, каде што ќе донесе голема движечка енергија за Овен, Стрелец и Лав. Марс во Овен е во своето седиште , што значи дека тука ја манифестира својата најсилна енергија. Ова е позиција на сурова моќ, импулс и нагон за акција без многу размислување. Марс ќе остане во Овен до 18 мај. Потребата да се биде прв Луѓето со оваа позиција имаат природна потреба да иницираат ...
Диетата дизајнирана за руски балерини овозможува губење на 5 килограми за една недела. Во оваа диета, планот на исхрана се базира на форсирање на еден вид храна секој ден. Дава брзи резултати, но треба да се напомене дека дефинитивно треба да се консултирате со вашиот лекар пред да започнете со употреба. Неделно мени: Ден 1. На првиот ден, дозволено е да се јаде било каков зеленчук без ограничување: печен, суров, варен. Јадењата треба да се ...
Координирана полициска акција против нарко дилери утринава се спроведува на повеќе локации низ државата. Како што неофицијално објави Фокус, МВР преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, спроведува акција во Скопје, Штип, Струмица и во скопското село Грчец. Целта на оваа акцијата е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин. Меѓу ...
Многумина од нас не можат да си замислат утро без кафе, но честопати правиме една грешка што ја намалува неговата ефикасност. Иако кафето дава моментална енергија, додавањето премногу шеќер може целосно да ги неутрализира ефектите на кофеинот. Премногу шеќер предизвикува брз скок на инсулинот, што доведува до пад на енергијата и поспаност, токму кога сакате да бидете будни. Замените за шеќер, како што се вештачките засладувачи, често ...
По пауза од четири години, во Вашингтон денеска ќе се одржи втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Високата владина делегација ја предводена министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и министерката за енергетика Сања Божиновска. ...
Силно полициско присуство и специјални единици на терен се забележани рано утрово во неколку градови низ државата. Според неофицијални информации, Бирото за јавна безбедност при МВР, во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција насочена против организирана криминална мрежа. Операцијата се одвива на повеќе локации во Скопје, Штип, Струмица, како и во познатото скопско село Грчец. Како што пренесува порталот „Нетпрес“, на удар е ...
Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што може да очекува секој хороскопски знак. Еве што може да очекува секој хороскопски знак: ОВЕН ЉУБОВ: Ќе бидете расположени да пробате сè ново и интересно. РАБОТА: Негативни промени на кариерниот план. Се наоѓате во предизвикувачка фаза која нема да заврши наскоро. ЗДРАВЈЕ: Стабилно. БИК ЉУБОВ: Влеговте во период на промени. Можни се раскинувања и нова љубов. РАБОТА: Можна е помош од ...
Меланија Трамп одлучи 20-тиот роденден на Барон да го направи интимна прослава, без присуство на неговите постари полубраќа и полусестри од претходниот брак на неговиот татко. Според извори блиски до семејството, прославата била мала, строго контролирана и фокусирана само на Барон. Меланија, наводно, лично одлучила да не ги покани Доналд Трамп помладиот, Ерик, Иванка и Тифани, бидејќи не се блиски со Барон, кој не пораснал со нив. Овие ...
Министерот Лимани ја отежна постапката за добивање на туѓа нега, реагираат од политичката партија Левица. – Новиот Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, донесен од министерот Фатмир Лимани, наместо да ги олесни постапките, системот се усложнува, а одговорноста дополнително се префрла врз граѓаните. Иако формално се најавува поедноставување, новите измени воведуваат дополнителни оптоварувања и тоа ...
Ново истражување спроведено од агенцијата 40dB за шпанските медиуми „Ел Паис“ и „Кадена СЕР“ крена прашина кај тамошната јавност: огромното мнозинство шпански граѓани го гледаат Доналд Трамп како најголема закана за глобалната стабилност. Овие резултати одразуваат не само ставови за меѓународната политика, туку и длабоки внатрешни поделби кога станува збор за безбедноста и иднината. Според резултатите од студијата, дури 81 процент од ...
Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, кој бил ранет во американско-израелските напади во кои беше убиен неговиот татко Али Хамнеи, наводно е онеспособен и прима медицински третман во градот Ком, пренесе „Ен-ди ТВ“. Според дипломатска белешка, 56-годишниот свештеник бил во бессознание и се лекувал поради „тешка здравствена состојба“. Ова е првпат да биде откриена локацијата на врховниот лидер на Иран. Централниот град Ком се наоѓа на ...
Ирански официјални лица изјавија за Ал Џезира дека Иран ќе им дозволи на бродови од некои пријателски земји да поминат низ Ормускиот теснец во замена за безбедносни такси. Според дописникот на Ал Џезира од Техеран, Али Хашем, официјалниот претставник истакнал неколку точки што ја претставуваат позицијата на Иран. Иран ќе им дозволи на бродови од некои пријателски земји да поминат низ Ормутскиот теснец во замена за безбедносни такси. Врз ...
Тој имал 2,25 промили алкохол во крвта. 36-годишен канадски државјанин вчера е уапсен во Охрид откако во пијан клен, се однесувал агресивно во кафеана во градот, соопшти МВР. „На 05.04.2026 во 12:20 часот во СВР Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.А.С.(36) од Канада, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Охрид, го нарушил јавниот ред мир со агресивно однесување, а при извршена проверка, било ...
Во големото дерби од 31-то коло од италијанската Серија А, фудбалерите на Наполи остварија вредна победа против Милан со резултат од 1:0. Со овој триумф, Наполи ги прескокна „росонерите“ на првенствената табела и го зазеде второто место, што очигледно ги згасна последните надежи на тимот на Масимилијано Алегри да го загрози водечкиот Интер во борбата за Скудетото. Првите 45 минути понудија вистинско тактичко надмудрување со неколку солидни ...
Рокот на Трамп за Иран да се согласи на договор истекува во вторник во 20 часот по источно време. „После тоа, тие нема да имаат мостови, нема да имаат електрани. Камено доба, да, камено доба“, рече тој на прес-конференција во понеделник. „Имаме план… каде што секој мост во Иран ќе биде десеткуван до 12 часот [полноќ по источно време]… каде што секоја електрана во Иран ќе биде надвор од работа, ќе гори, ќе експлодира и никогаш повеќе нема да ...
Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето – значи кога стапи во петнаесеттата година од животот – свештениците ? соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека Таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во ...
Руските разузнавачки служби му доставиле на Иран детален список од 55 клучни цели на израелската енергетска инфраструктура, според податоците добиени од „Џерусалим пост“ повикувајќи се на извори блиски до украинската разузнавачка заедница. Овој извештај, кој укажува на продлабочување на воената и разузнавачката соработка меѓу Москва и Техеран, сугерира дека доставените информации му овозможуваат на Иран да изврши прецизни ракетни напади врз ...