Ормутскиот теснец е прашање кое се појави како клучно прашање за време на актуелниот конфликт меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга страна. Колку и да го негира тоа, американскиот претседател Доналд Трамп е исто така клучен за здравјето на американската економија. Ова го покажуваат и пораките што Трамп ги испраќа на социјалните мрежи. Само за неколку дена, тој рече дека Америка не го користи Ормутскиот ...

Пејачката Сандра Африка редовно ги забавува своите следбеници на TikTok, а нејзиното ново видео ја насмеа публиката до солзи. Сандра, всушност, реши да се фотографира откако се подложи на спреј-тен, третман кој ѝ дава на кожата изглед на тен, без изложување на сонце. Во видеото, таа го имитираше познатото претставување на Jованка Реџеповиќ на аудицијата за „Ѕвездите на Гранд”, а нејзиниот настап предизвика лавина од смеа кај фановите. ...

Во судницата во Идризово продолжи судскиот процес против обвинетите, сопственици, обезбедувањето, државни службеници, министри, инспектори за катастрофалниот пожар во диското „Пулс“ во кое загинаа 63 млади луѓе. Сведочеше Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски, кој тврдеше пред Судот дека неговиот син бил поставен за управител на фирма поврзана со дискотеката без реална улога, знаење и без здравствено осигурување. ...

Со полиција ќе се носат сведоци за судскиот процес за трагедијата во дискотеката Пулс ако сами не се појават на следните рочишта кога се поканети. Вака се закани судијката Диана Груевска Илиевска на рочиштето за кое сметаше дека е изгубен ден бидејќи кусо траеше сведочењето на единствениот сведок кој се појави, пренесе Телма. За денеска уредно била поканета вработена во Општина Кочани но таа станала недостапна за обвинителството, а денеска ...

Намалувањето на внесот на додаден шеќер може да помогне во намалувањето на ризикот од дебелина, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања, но целосното исклучување на шеќерот може да предизвика непријатни симптоми кај некои луѓе, како што се замор и проблеми со концентрацијата. Ако внимавате колку шеќер консумирате и изберете храна што природно содржи шеќер, прилагодувањето може да биде полесно, објавува Health.com. Придобивки од исклучување на ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територија на Македонија регистрирани се вкупно 14 случаи на семејно насилство, при што осум лица се лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Тетово, полицијата го приведе 47-годишниот О.С., откако неговиот 76-годишен татко пријавил долгогодишно семејно насилство. Осомничениот, кој бил под дејство на алкохол (2,14 промили), секојдневно упатувал закани и кршел предмети во ...

Ирска официјално започна со тестирање на дигитални паричници кои ќе служат за проверка на возраста на корисниците на социјалните мрежи. Оваа мерка има за цел да ги заштити децата и младите од опасна содржина на интернет и е прв чекор кон целосна забрана на тинејџерските мрежи. Ирската влада верува дека присуството на малолетници на платформи како што се Инстаграм и Фејсбук стана сериозен здравствен проблем што го оштетува менталното здравје ...

Градоначалникот на општина Струга е обвинет за „несовесно вршење на должноста“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, тој за вршител на должноста директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поставил лице со недоволно образование и сертификат за познавање на англиски јазик, како и кое не исполнувало одредени услови од Законот за јавни претпријатија. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи ...

Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател Доналд Трамп со објавување нови закани за Ормуската Теснина, што е витална артерија за глобалните испораки на нафта и гас, јави ДПА. „Ормуската Теснина ќе се отвори повторно само кога, според нов правен режим, штетите од наметнатата војна ќе бидат целосно компензирани од дел од приходите од бродарина за транзит низ преминот“, изјави синоќа на Икс, Мехди Табатабаеи, службеник за ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари, поради сомнежи за злоупотреба на службената положба поврзана со проект за улично осветлување. Пријава е поднесена и против уште едно лице од општинската администрација. -Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична ...

Полицијата ќе ги изведе сведоците на суд за трагедијата во дискотеката „Пулс“ доколку не се појават на следните рочишта кога ќе бидат повикани. Со ова се закани судијката Дијана Груевска Илиевска на рочиштето, кое го сметаше за изгубен ден бидејќи исказот на единствениот сведок што се појави беше краток, објави „Телма“. Вработена во Општина Кочан беше уредно повикана за денес, но таа стана недостапна за обвинителството, а денес и за судот. ...

Понекогаш најважните средби се случуваат кога најмалку ги очекуваме. Едноставен разговор, случајна средба или познанство кое на прв поглед не изгледа посебно може да се претвори во врска што сè менува. Во наредниот период, два хороскопски знака би можеле да доживеат токму таков момент – средба со личност која ќе им донесе нова енергија, ќе разбуди емоции и ќе им отвори врата кон сосема поинакво поглавје во животот. За некои тоа ќе биде нова ...

Иако морковите често се првата храна што ни паѓа на ум кога станува збор за здрава храна за очите, тие воопшто не се единствената храна што помага во зачувувањето на видот. На пример, слаткиот компир содржи три пати повеќе витамин А од морковите, темнозелениот лиснат зеленчук ја штити мрежницата и може да ги забави промените на видот поврзани со возраста, а рибата богата со омега-3 масни киселини може да ги ублажи симптомите на суво око. ...

Нон-пејпер циркулира во Европскиот парламент, како иницијатива на известувачот Томас Вајц – за целосно расчистување на нејаснотиите со Протоколот со Бугарија. Документот, до кој дојде ТВ 24, преку 7 точки го образложува барањето поврзано со амандманот 108 за извештајот за Македонија и ги повикува политичките групи да обезбедат најширока поддршка за негово усвојување во Комитетот за надворешна политика (AFET) во мај. Нон-пејперот го ...

Кризата не е само во Македонија туку и насекаде во светот. Но ние како држава имаме јасен правец и насока каде се движиме и притоа нема да избрзуваме со потези и нема да носиме решенија под притисок оти долговите што денеска оваа Влада ги враќа се токму резултат на такви избрзани политики без стратегија и богами многу криминални политики од минатото,- изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. Во однос на ...

Оваа недела, по трет пат од почетокот на војната во Украина, Русија објави дека целосно го зазела регионот Луганск, пишува CNN. Сепак, украинските власти и независните аналитичари го оспоруваат ова тврдење, велејќи дека линиите на фронтот не се поместиле значително со месеци. Институтот за проучување на војната (ISW) проценува дека руските тврдења служат за претерување со минималниот напредок на бојното поле, со цел да се создаде впечаток ...

Протестот беше поддржан и од албанските политички партии. Додека опозициските партии беа присутни на протестот, владејачките партии ја изразија својата поддршка од далечина. Генералниот секретар на ДУИ, Арбр Адеми, рече дека ако ова прашање не е решено 30 години, зошто да не се реши денес. „Ако не било на албански јазик изминатите 30 години, зошто денес да не биде? Денес е поднесено барање и денес е актуализирано барањето, всушност, не би ...

Иако одредени комбинации на храна можат да бидат вкусни и здрави, некои комбинации е најдобро да се избегнуваат. Некои видови храна, кога се јадат заедно, можат да го забават варењето на храната, да ја намалат апсорпцијата на хранливи материи или да предизвикаат лошо варење. Ви претставуваме четири комбинации на храна кои не е препорачливо да се консумираат заедно. Млеко и цитрусни овошја Млекото заедно со портокал или лимон може да делува ...

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу во саботата во Анкара изјави дека втор турски товарен брод успеал да помине низ Ормутскиот теснец, кој беше затворен од Иран по американско-израелските напади што започнаа на 28 февруари. Уралоглу рече дека на 28 февруари, во областа околу Ормутскиот теснец имало 15 бродови во сопственост на турски бродски компании кои чекале да поминат низ стратешкиот теснец. „Ова се објаснува со нашите ...

Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар. Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, ...

Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог. -Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две ...

Поранешната ѕвезда на германската репрезентација Месут Озил (37) има голема причина за славење, тој стана татко по третпат. Тој и неговата сопруга Амине ја споделија среќната вест со заедничка објава на Инстаграм. Во емотивна порака на турски јазик, тие му се заблагодарија на Алах за доаѓањето на нивната ќерка Елиса. „Фала му на Алах што се роди здрава, наша прекрасна ќерко Елиса. По ќерките Еда (6) и Ела (3), малата Елиса е третото дете во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп не го одобрил предлогот за 45-дневно примирје во војната со Иран, изјавил висок функционер од Белата куќа, пренесува NBC News. „Тоа е една од повеќето опции за кои се разговара и претседателот не ја одобри“, изјавил функционерот, повикувајќи на претпазливост при толкувањето на информациите за можен договор. Во последните часови се појавиле бројни извештаи за можен прекин на огнот. Reuters јавува, ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите малопродажни цени на нафтените деривати, која вклучува намалување на акцизите и повластена стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот). Одлуката стапува на сила од ноќеска по полноќ. Според новата одлука, максималните малопродажни цени на горивата ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 83,50 ден/литар Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 85,50 ден/литар, Дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е ...

Највисоките воени претставници на Србија изјавија дека Украина не е одговорна за инцидентот со експлозиви во близина на гасовод со Унгарија, отфрлајќи ја импликацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој силно наговести дека Киев е вмешан. Српскиот претседател Александар Вучиќ, близок сојузник на Орбан, во неделата изјави дека властите пронашле разорна експлозивна направа во близина на цевковод што транспортира руски гас од Србија до ...

Во интервју за „Аксиос“, американскиот претседател Доналд Трамп откри нови детали од операцијата за спасување на американскиот пилот кој бил во авионот што беше соборен над Иран. Пилотот преживеал повеќе од 24 часа, криејќи се во иранските планини и чекајќи спасувачка операција која била веднаш организирана. Според американскиот претседател, во операцијата учествувале 200 припадници на специјалните сили. „Иран собори авион со рачна ракета. ...

Новиот градоначалник на Струга Менди Ќура заработи кривична пријава за „несовесно работење во службата“. Донел одлука за именување на вршител на должноста директор на јавно претрпијатие иако лицето немало соодветно образование и сертификат за познавање на англиски јазик. – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење ...

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, цената на 95 октанскиот бензин БС-95 се намалува за половина денар, а цената на 98 октанскиот бензин БС – 98 останува иста. Пресметките на Регулаторната комисија не се совпаднаа со тие на Владата која очекуваше бензините да поевтинат, а цената на дизелот да остане иста. Па така од ноќеска на полноќ дизелот ќе се продава по 95 денари за литар, пресметано со попустот на Окта, наместо 92,5 ...

Премиерот Христијан Мицкоски зборуваше за мерките што ги презема владата во врска со зголемувањето на цените на горивата. Тој рече дека очекува Регулаторната комисија за енергетика денес да ја објави цената на бензинот, додека во врска со цената на дизелот, вели дека очекува и покрај отровот на Регулаторната комисија за енергетика, цената на одредени пумпи за гориво да остане непроменета. „Со вчерашната владина одлука, практично ѝ ...

Вчера (05.04.2026), во временскиот период од 13:00 до 19:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе зајакната акциска контрола во патниот сообраќај со посебен акцент на контрола на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. При контролата на автопатот Скопје-Штип со специјално возило пресретнувач сопственост на Министерството за внатрешни ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
81%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
83%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.06
88%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
63%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
86%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
91%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9559

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Иридиум

253540.09

Калај

52.70

Родиум

319899.93

Платина

66744.95

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Паладиум

49351.40

Цинк

0.00

Бакар

12.46