Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека партијата не може да го игнорира или заборави својот историски пораз на локалните избори, каде што обезбеди само 126.000 гласови и шест општини. Според неа, СДСМ долго време носи натрупани проблеми, но недостатокот на искрена внатрешна дебата за резултатите од минатите избори директно влијаел врз сегашната позиција на партијата. Петровска нагласи дека ...
„Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју во ...
Сцени од раскошни станови во Киев, од кои еден вклучува златен тоалет, слики од спортски торби полни со пари и аудио снимки од службеници кои наводно разговараат за стратегии за перење пари ги шокираа Украинците во текот на изминатата недела. Администрацијата на претседателот Володимир Зеленски се најде во средината на најголемиот корупциски скандал откако тој дојде на власт, дестабилизирајќи го раководството на земјата во клучен момент од ...
Ирина Шајк имаше уште едно смело појавување за лансирањето на календарот на Пирели за 2026 година во Прага, а откако првично се шеташе во градник, потоа се појави со избелени веѓи и впечатливи смарагдни обетки во форма на солза. Таа носеше црн фустан на едно рамо со ролка и шапка што ја покриваше главата. Необичната креација имаше проѕирни делови, кои откриваа црна долна облека. Покрај тоа, сите ги забележаа нејзините огромни висечки смарагдни ...
Граѓаните буквално се шокирани од новите цени кои деновиве беа корегирани во повекето маркети. Цена на табла јајца надминува и 330 денари, покрај ова забележано е поскапување и на одредени месни производи. Целиот овој шок доаѓа во атмосфера на почетокот на зимските слави, имендени, но и на на месец ипол пред големите празници како Нова Година, Божик, Водици кога и граѓаните повеке се опуштаат во трошењето. Во повеке градови, купувачите велат ...
Србија пред голема одлука..Ќе успее ли навреме да ја продаде нафтената индустрија или ќе го следи примерот на неколку соседни земји и ќе ја национализира компанијата…Земјата веќе доби јасна порака од САД дека во следните три месеци руската сопственост на НИС мора трајно да се промени … Александар Вучиќ пак бара решение за Нафтената Индустрија на Србија да има за седум дена…Од американски пресдтавници добил и предупредување дека и банкарскиот ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека во следните седум дена мора да се најде решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), на која САД ѝ поставуваат услов за суспензија на санкциите, за да не биде во мнозинска руска сопственост. Тој учествуваше на отворената седница на Владата на Србија и рече дека последната опција за НИС ќе биде национализацијата, доколку нема друго решение. Прва на седницата се обрати министерката ...
Американската агенција НАСА го закажа лансирањето на новиот сателит Sentinel-6B за понеделник, 17 ноември, што ќе овозможи значително подобрување во контекст на следење на морската површина на Земјата. По лансирањето, Sentinel-6B ќе го започне процесот на вкрстено калибрирање на податоците со својот претходник, Sentinel-6 Michael Freilich, за да обезбеди основни информации за океаните на Земјата. Сентинел-6Б е вториот од двата сателити што ја ...
Колкава ќе биде штетата од скандалот со ИПАРД Фондовите и како тоа ќе влијае врз земјоделците, кои вложиле и чекаат финансиска поддршка е прашањето кое се отвора по аферата со мито за доделување на ИПАРД средства, која деновиве ја бранува јавноста. Од Националната земјоделска мрежа за 24 објаснуваат дека најмалку 400 апликанти се засегнати со овој проблем. И потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Серафимов посочува дека ...
Македонија гласала против резолуција која ги осудува нациозмот и нео-нацизмот, објави на Фејсбук пратеникот Реџеп Исмаил. – Нордистан со уште едно лудо гласање во ОН! Овој пат против резолуција која ги осудува нациозмот, нео-нацизмот и нивните современи деривати. Иронијата да е уште поголема, токму Македонија е најзагрозена од европските држави со бришењето на историската меморија од времето на агресијата на фашизмот врз македонскиот народ. ...
СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д. А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 и „противправно лишување од слобода“ по член 140 од Кривичниот законик… СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д. А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични ...
Американската манекенка од палестинско потекло Бела Хадид отворено проговори на социјалните мрежи за својата борба со Лајмската болест. Дијагностицирана ѝ е во 2013 година. „Кога твојата хронична болест е хронична и некој вели: „Секогаш нешто ти се случува“. Да… Може да се каже дека болеста е хронична“, пишува во објавата што ја сподели на својот Инстаграм профил. Таа, исто така, ја сподели објавата на инфлуенсерката Александра Вајлдесон со ...
Пред 34 години кога Македонија станува независна држава, а кога во Албанија паѓа комунистичкиот режим, Македонија има речиси шест пати поголем бруто домашен производ од соседна Албанија. 34 години подоцна, Албанија има речиси два пати поголем бруто домашен производ од Македонија. БДП 1991 -Македонија: 4.9 B -Албанија: 1.1 B БДП 2025 -Македонија: 16.69 B -Албанија: 27.2 B Во истиот тој период Македонија успеала да го зголеми својот БДП за нешто ...
Речиси триесет години по премиерата, документарната серија „Смртта на Југославија“ останува едно од најважните и највлијателните телевизиски сведоштва за распадот на државата што со децении претставуваше модел на мултиетнички соживот во Студената војна. Емитувана во 1996 година на Би-Би-Си, во време кога војните на територијата на поранешна Југославија сè уште траеја, серијата во шест епизоди исцрпно ја претстави политичката, воената и ...
Обвинителниот акт за трагедијата во кочанскиот „Клуб Пулс“ открива шокантни детали за тоа како објектот со години работел врз основа на лажна и некомплетна документација, одобрена од обвинетата инженерка Милка Едровска и нејзината фирма „Венци Проект“. Наместо да ги почитува законските прописи за градба, Едровска се товари дека изготвила документ без клучни безбедносни елементи, а потоа, со години подоцна, само го „ажурирала“ со менување на ...
Властите во Етиопија потврдија епидемија на смртоносниот вирус Марбург, болест слична на ебола, при што се откриени најмалку девет случаи. Болеста убива до 80 проценти од заразените. Вирусот се појави во јужна Етиопија, а Африканските центри за контрола и превенција на болести (Африка ЦДЦ) го наведоа вирусот „Марбург“ како еден од најсмртоносните познати патогени. Како и еболата, Марбург предизвикува тешко крварење, треска, повраќање и ...
Руската амбасада во Вашингтон соопшти дека, по повод 92 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Москва и Вашингтон, во денешните геополитички услови се отвора „нова шанса“ за стабилизација и подобрување на односите меѓу двете сили. Во изјавата, пренесена од РИА Новости, амбасадата наведува дека во „мултиполарен свет“ и во момент кога администрацијата на Доналд Трамп се откажува од „либерално-глобалистичкиот модел“, се создава ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече петнаесет забрани за вршење дејност на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите, како што велат од АХВ, бил ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни ...
Централниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ вчера одржа седница на која беа донесени повеќе значајни одлуки поврзани со подготовките за претстојниот редовен партиски Конгрес, закажан за 6 декември во Кавадарци. -Беше донесена одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на делегати согласно ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека работи на продолжување на размената на 1.200 украински затвореници со Русија. „Сметаме на продолжување на размените. Многу состаноци, преговори и телефонски повици сега се посветени на ова“, рече Зеленски. Шефот на Советот за безбедност, Рустем Умеров, во саботата изјави дека одржал консултации во Турција и Обединетите Арапски Емирати, со поддршка на партнерите на Киев, за продолжување ...
Атрактивноста не е само изглед – тоа е комбинација од енергија, став, самодоверба и начинот на кој лицето влегува во просторијата. Некои жени имаат посебна харизма што е веднаш забележлива, дури и пред да кажат нешто. Ѕвездите откриваат дека жените родени под одредени хороскопски знаци зрачат со нешто што е тешко да се опише со зборови, но лесно да се почувствува во нивно присуство. Затоа многумина веруваат дека одредени знаци се оние што ...
Фудбалската асоцијација на Португалија му пиша на ФИФА да не го казнува Кристијано Роналдо повеќе од еден натпревар за црвениот картон што го заработи на натпреварот против Република Ирска, кој Португалците го загубија со 2:0. Ве потсетуваме дека Роналдо првично доби жолт картон, но откако го погледна ВАР системот, беше исклучен, со оглед на тоа што удри со лакт во грбот еден противнички играч. Поради ова, во Португалија постои вистински страв ...
Русија драматично ги засили нападите врз железничката мрежа во Украина, при што штрајковите се зголемија тројно од јули оваа година, во обид да се парализира клучниот логистички систем на Киев. Според украинскиот вицепремиер Олексиј Кулеба, железничките напади предизвикале штета од милијарда долари од почетокот на годината. „Ако ги споредите само последните три месеци, нападите се зголемија за трипати“, рече Кулеба, додавајќи дека се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека во рок од една недела, Русија лансирала околу 1.000 беспилотни летала, речиси 980 наведувани воздушни бомби и 36 ракети од различни видови врз Украина. Според него, во моментов се во тек реконструктивни работи во Харков и Харковскиот регион, Одеса и Дњепропетровск по руските напади. Спасувачите работеле и во Сумискиот и Черниховскиот регион. „Вкупно, синоќа Русите лансираа над 170 ...
Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники. Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи, се наведува во соопштението од СДСМ од прес – конференцијата на Рената Младеновска, член на Извршниот одбор на СДСМ. Сè уште нема изнесено целосни информации пред граѓаните, не е ...
Многу причини доведоа до поразот на СДСМ на локалните избори, кој, за жал, е најголем во историјата на постоењето на СДСМ, вели пратеничката Славјанка Петровска во интервју за Радио Слободна Европа. Таа вели дека состојбата не смее да се игнорира, ниту да се остави на случајност и додава дека отсуството на дебата за претходните изборни резултати придонела за сегашниот пораз. -Заради никакви причини не смееме ниту да го игнорираме, ниту пак да ...
Синоќа околу 23:10 часот, на улицата „Борис Трајковски“ во Скопјe, се случила сообраќајна незгода помеѓу „Фолксваген Голф“ и „БМВ“. 55-годишниот возач на возилото „Фолксваген Голф“ починал, додека другите тројца патници се здобиле со телесни повреди. „На 15.11.2025 година околу 23:10 часот, во СВР-Скопје е пријавено дека на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде на Швајцарија поповолен царински третман една недела откако индустриските лидери во земјата го додворуваа со непроценливи златни подароци, објави „Дејли бист“. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир во петокот наутро објави дека САД постигнале трговски договор со Швајцарија. Швајцарската влада изјави за Сју дека договорот ја намалил царинската стапка од 39 проценти на 15 проценти, со што ...
Полицијата во Штип расчисти тешко кривично дело кое го потресе градот — 74-годишен маж е осомничен дека со нож усмртил 79-годишна жена, а потоа го закопал нејзиното тело во дворот од својот дом,пренесе Либертас повикувајќи се на skopje1.mk Според информациите од Министерството за внатрешни работи, СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност поднесе кривична пријава против Д.А. (74) од Штип ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски, во дебатата во комисијата, го пофали Предлог-буџетот за 2026 година како исклучително развоен со силни социјални компоненти. Тој нагласи дека целта е да се забрза економскиот раст и да се спроведе фискална консолидација преку силна финансиска дисциплина, притоа нагласувајќи дека најголемиот двигател на растот ќе бидат бруто инвестициите. „Во 2026 година се очекуваат позитивни случувања и се ...