Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Се води систематски црна кампања против ДУИ каде што ние се оцрнуваме дека сме најголемото зло во државата, додека ние нудиме конкретни и издржани решенија, рече синоќа генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми. Тој истакна дека целото општество влегло во стапица дека „неговата партија е најлошото нешто во државата“. Адеми го критикуваше и ставот на Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски дека во Судот ако се користи ...
Хакерите почнаа да користат нов вид фишинг измама позната како „прелистувач-во-прелистувачот“ за да добијат пристап до акредитивите на корисниците на Фејсбук. Експертите предупредуваат дека е потребна дополнителна претпазливост, тие препорачуваат отворање на страницата директно преку прелистувачот и вклучување на двостепена заштита на сметката. Во текот на изминатите неколку месеци, се забележува зголемување на нападите со користење на оваа ...
Новата 2026 година е една од оние во кои јасно се разликуваат знаците кои добиваат сè, односно можности, среќа, поддршка и конкретни резултати. Меѓу нив се Лавовите, Стрелците и Овните. Клучната улога ја игра влегувањето на Јупитер во Лав на 30 јуни 2026 година, но поволните аспекти им одговараат на некои други знаци. ЛАВ Лавот е без сомнение на прво место . Влегувањето на Јупитер во овој знак носи голема експанзија, среќа и чувство дека ...
Нема договор околу изборот на Народен Правобранител и отпаѓа опцијата утре пратениците да гласаат за негов избор. За ДУИ е неприфатливо да биде избран номинираниот Фатон Сељами кој доаѓа како предлог од власта. Треба да продолжат разговорите меѓу партиите и да се изнајде едно решение прифатливо за сите. Ова го изјави генеталниот секретар на ДУИ Арбер Адеми, гостувајќи во емисијата „Анализа“ на ТВ 24. На тој начин потврди дека нема да оди ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд. Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи Јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска и Мартин Стојановски. Како ...
„Safe city“ има можности по регистрација да го следи движењето на едно возило само според регистарски таблички, што е многу подложна на злоупотреби, ако се има предвид дека безбедносните служби во минатото правеле злоупотреби со прислушување за партиски и бизнис интереси. Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи Јавна расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на ...
Пакистан, Саудиска Арабија и Турција подготвија нацрт-договор за одбрана по речиси една година разговори, потврди пакистанскиот министер за одбранбена индустрија, Раза Хајат Хараџ. Неговата потврда уследи по претходната изјава на турскиот министер за надворешни работи за можен договор. Хараџ за Ројтерс изјави дека потенцијалниот трилатерален договор е одделен од билатералниот пакистанско-саудиски договор потпишан минатата година. За ...
Според редоследот на времето тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал ангел, можеби заради неговата надворешна убавина или заради чистотата на душата или пак затоа што се дружел со Божји ангел. Често говорел со ангелот лице в лице. Се случувало и другите да го чујат гласот на ангелот, но не биле достојни да му го видат ...
Дипломатската тензија меѓу Соединетите Американски Држави и Европа го достигнува својот врв, а во центарот на бурата е Гренланд. Европските дипломати изразуваат зголемена загриженост дека компромис со Вашингтон нема да биде можен, особено откако американскиот потпретседател Џ.Д. Венс презеде клучна улога во преговорите за судбината на овој самоуправен дански остров. Соочен со бран американски закани за преземање на Гренланд, данскиот ...
Пешак од Скопје се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила околу 22:30 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“, информираат од полицијата. Според пријавата до СВР Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И. (57) од Скопје. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите констатирале ...
Вклучувањето на Македонија на списокот од 75 земји за кои е суспендирано издавањето на имигрантски (иселенички) визи предизвика политички шок-бранови во земјата, затоа што беше неочекувано нашата земја да се најде во друштвото на земји од третиот свет. Србија како наш сосед не е во тој пакет. Плус и заради тоа што сме членка на НАТО и што имаме потпишано стратешко партнерство со САД. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска ...
Неофицијално, повеќе од 10 лица се уапсени во големата полициска акција што од вчера се спроведува на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување. Според неофицијалните информации, меѓу приведените има вработени во Управата за јавни приходи, поранешни пратенички од СДСМ, сопственик на бензински пумпи, како и сопруга на познат доктор. Сите овие информации засега остануваат непотврдени. ...
Во настапите на министерката за финансии во изминатите денови наместо објаснување на трагичната финансиска состојба на државата, гледаме внимателно конструиран ПР наратив чија цел е да ја манипулира јавноста. Економски апсурдна е тезата што таа ја застапува во јавноста дека поголемото задолжување не значи поголем јавен долг. Во јавните финансии нема филозофија, туку проста математика, јавниот долг е збир на сите претходни обврски плус ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва. Зборувајќи пред бизнисмени на новогодишен прием во Хале, Мерц рече дека стабилноста во односите со најголемиот сосед на Европа е клучна за иднината на Европа и Германија, пренесуваат медиумите. „Ако успееме да го вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно најдеме рамнотежа во ...
По најновото пукање од страна на агенти на ICE во Минеаполис, протестите стануваат сè пожестоки и насилни, како и одговорот на нив, а Трамп размислува да испрати војници. Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани во четврток дека ќе го активира Законот за бунт за распоредување воени сили во Минесота по деновите жестоки протести поради зголемувањето на бројот на агенти за имиграција на улиците на Минеаполис. Трамп, републиканец, им се ...
Американските власти внимателно го следат зголемениот одлив на капитал од Иран и заминувањето на одредени функционери од земјата, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за Newsmax, оценувајќи дека ова се случува во сенка на масовните антивладини протести. „Гледаме како стаорци го напуштаат бродот. Гледаме милиони, десетици милиони долари што се изнесуваат од земјата – тајно изнесени од страна на иранското ...
Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ѝ испратил речиси осум милијарди американски долари на поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс во добротворни цели, со што нејзината фондација стана една од најголемите непрофитни организации во светот, објави весникот „Индипендент“. Бил Гејтс (70) и Мелинда Френч Гејтс (61) објавија дека се разведуваат во мај 2021 година по 27 години брак. Потоа тие ја прекинаа својата филантропска работа, а Френч ...
Во нашиот секојдневен живот, често забележуваме луѓе кои постојано ги одложуваат обврските, избегнуваат одговорност или наоѓаат изговори за да се извлечат од она што не им се сака. Според астрологијата, таквото однесување понекогаш се поврзува со одредени особини кои се нагласени кај некои знаци на Зодијакот. Иако мрзеливоста може да се појави кај секого, одредени знаци се повеќе склони кон пасивност и избегнување на напор. Наместо акција, ...
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ СОТИР КОСТОВ ЗА ЛЕГЕНДАТА НА ЧЕ ГЕВАРА Че Гевара, во секој случај, умре на време, за да израсне во мит. Мит, кој до ден денес не се предава. Им се оттргнува на луѓето од рацете, ги збунува новинарите, истражувачите и науката, и повторно полетува преку Андите, како би могле луѓето да го бараат и среќаваат во далеките прашуми во Боливија, во кањоните на небеските Кордиљери, кои го наткрилуваат ланецот на латиноамерикански ...
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ја внесе балканската иронија во дипломатски амбиент што по правило бара мерка. На 14 јануари 2026 година, на панел-дискусија во Абу Даби во рамки на „Sustainability Week 2026“, разговорот за енергетски коридори и зелена транзиција кратко се претвори во сцена за политички потсмев – насочен кон Грција и Црна Гора. Според официјалниот транскрипт објавен од кабинетот на албанскиот премиер, Рама влезе во ...
Иако луѓето денес живеат подолго, многумина не ги живеат подоцнежните години во добро здравје, а деменцијата е една од најголемите закани. Сепак, научниците проценуваат дека околу 45% од случаите на деменција би можеле да се спречат со промена на исхраната и животните навики. Една навика што би можела да го зголеми ризикот, без ние често да го сфатиме тоа, е посегнувањето по слатки закуски попладне, пишува HuffPost. Врската помеѓу шеќерот и ...
Ако ви е здодевно постојано да јадете здодевни пржени јајца, постои едноставен кујнски трик што ќе ги направи покрцкави и многу повкусни. Јајцата се омилен избор за појадок низ целиот свет, подготвени на безброј начини и комбинирани со толку многу вкусови и додатоци, но малкумина можат да го победат совршено прженото јајце со златна жолчка. Доколку сакате пржените јајца да бидат уште повкусни, искусните готвачи од порталот „Просеј и ...
Гласноговорничката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, јасно истакнал дека сака Соединетите Американски Држави да ја „преземат“ контролата над Гренланд, додавајќи дека присуството на европски сили на оваа територија нема да влијае врз неговата одлука. Левит изјави дека разговорите помеѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот ...
Американските сили во Карипското Море запленија уште еден танкер за нафта под санкции за кој администрацијата на Доналд Трамп вели дека е поврзан со Венецуела. Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, напиша на социјалните мрежи дека танкерот „Вероника“ претходно поминал низ венецуелските води и дејствувал спротивно на карантинот за санкционирани бродови во Карибите, наметнат од Трамп. Ноем, исто така, објави кратко видео ...
Непријатниот мирис во автомобилот честопати погрешно се поврзува со валкани седишта, тапацир или подни простирки. Повеќето возачи инстинктивно посегнуваат по правосмукалка, средства за чистење или освежувачи на воздух, не сфаќајќи дека вистинската причина за проблемот обично се крие на многу поедноставно и помалку видливо место. Скриениот виновник е вентилацијата Во многу случаи, изворот на непријатниот мирис е филтерот во кабината. Овој ...
За време на новогодишната ноќ, во Саудиска Арабија беше отворен најголемиот забавен парк – Six Flags, кој се гордее со највисокиот и најбрзиот ролеркостер во светот (Falcons Flight). Се наоѓа во градот Кидија, недалеку од Ријад, и вреди – не помалку – од една милијарда долари. Исто така, е дел од амбициозен план овој регион да стане глобален центар за игри, спорт, забава и култура. Проект со повеќе фази Покрај забавниот парк „Сикс Флеџс“ , ...
Вселенскиот брод „Драгон“ на „Спејс Екс“ со двајца астронаути на НАСА, Зина Кардман и Мајк Финке, астронаутката на JAXA, Кимија Јуи и космонаутот на Роскосмос, Олег Платонов, слета во Тихиот Океан во близина на Сан Диего. Ова слетување е првата медицинска евакуација во историјата на американската агенција НАСА. Астронаутите поминаа пет месеци во вселената, но поради здравствен проблем на еден од членовите, мисијата беше скратена за еден ...
Јавното обвинителство на РСМ бара од Адвокатската комора да го повика на одговорност Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото скопско обвинителство кој сега работи како адвокат за неговите наводи изнесени во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. – Јавното обвинителство на Република Северна Македонија најостро реагира на неетичкиот и непрофесионален јавен настап на адвокатот Мустафа Хајрулахи во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа ...
Граѓанската иницијатива Стоп за Усје повторно излегува на улица, алармирајќи дека воздухот што го дишат граѓаните станува сè поопасен по здравјето и животот. По првата граѓанска блокада одржана на 26 декември 2025 година, нивните барања биле доставени до сите надлежни институции, но, како што велат од иницијативата, досега не добиле никаков одговор, ниту пак биле повикани на разговор. „Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! ...