Унгарија би можела да добие до 10 милијарди евра од фондовите на Европската унија, откако се интензивираа разговорите меѓу Будимпешта и Брисел за деблокирање на дел од средствата што беа замрзнати поради спорот околу владеењето на правото. Средствата се поврзани со европскиот фонд за закрепнување по пандемијата, а нивното ослободување зависи од исполнувањето на одредени услови и реформи. Според информациите од европски извори, станува збор за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран побарал продолжување на преговорите со САД и дека Вашингтон се согласил на тоа, но истовремено порача дека претходно договореното примирје меѓу двете земји повеќе не е во сила. Изјавата доаѓа во период на нови тензии меѓу Вашингтон и Техеран, откако дипломатските напори за намалување на конфликтот се соочија со нови несогласувања. Трамп посочи дека американската страна ќе продолжи да ...

Недостигот на гориво во делови од Русија создава сè поголеми проблеми за граѓаните и компаниите, поради што на дел од вработените им се препорачува да работат од дома за да се намали потребата од патување. Ограничената достапност на бензин и дизел, долгите редици на бензинските пумпи и нарушеното снабдување предизвикаа дополнителен притисок врз секојдневното функционирање во повеќе региони. Проблемите со снабдувањето со гориво се поврзуваат ...

Најмалку 12 лица загинаа, а осум се повредени во голем шумски пожар во јужниот дел на Шпанија, додека 23 лица сè уште се водат како исчезнати, соопшти регионалната влада на Андалузија. Пожарот избувна во близина на Лос Гаљардос, во регионот Алмерија, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите и со борбата против огнената стихија. Според локалните власти, меѓу повредените има четири лица со тешки повреди. Телата на 12 жртви ...

Месечната претплата за мобилен телефон во Германија може да биде поскапа од користењето нов електричен автомобил. Кинескиот производител „Липмотор“, кој на европскиот пазар настапува со поддршка од автомобилската групација „Стелантис“, го нуди градскиот модел Т03 на лизинг за 48,90 евра месечно. Понудата важи за договор во траење од 36 месеци и дозволена километража до 10.000 километри годишно. За три години корисникот преку месечните рати би ...

100.000 Starlink сателити би можеле да ја исполнат ниската орбита околу Земјата доколку американската Федерална комисија за комуникации го одобри новото барање на „Спејс икс“. Компанијата на Илон Маск планира да управува со огромна мрежа од сателити од третата генерација, со која драматично би го проширила присуството на „Старлинк“ во вселената. „Спејс икс“ во моментов управува со речиси 10.800 интернет-сателити во ниската Земјина орбита, а ...

Србија го кочи проширувањето на ЕУ наместо да биде двигател на процесот, оцени на 10 јули известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, откако европратениците го усвоија неговиот извештај во кој се наведува дека европскиот пат на Белград е значително забавен, а во одредени области е забележано и назадување. Пицула посочи дека Србија има голем потенцијал за членство во Европската Унија, но дека со години не ја исполнува ...

Предложените измени на Законот за студентскиот стандард предвидуваат студентите што внесуваат или употребуваат алкохол во студентски дом да можат да добијат забрана за сместување во сите студентски домови во државата во траење од една до пет години. Максималните пет години не би се изрекувале задолжително во секој случај, но предложената формулација дозволува и внесувањето алкохол да биде третирано како потешка повреда на куќниот ред. Од ...

Промени на Фејсбук и Инстаграм би можеле да следуваат откако Европската комисија на 10 јули прелиминарно оцени дека компанијата „Мета“ го прекршува Законот за дигитални услуги со дизајн што поттикнува зависничко и неконтролирано користење на двете социјални мрежи. Во центарот на истрагата се бесконечното прелистување на содржините и автоматското пуштање видеа. Европската комисија смета дека овие функции постојано им прикажуваат нова содржина ...

Становите на Груевски во комплексот „Панорама резиденс“ на Водно повторно се нудат на продажба откако државата ги конфискуваше по правосилната пресуда за случајот „Плацеви на Водно“. Трите луксузни апартмани ќе бидат достапни за разгледување на 16 јули, а јавното наддавање е закажано за 29 јули. Два од апартманите имаат станбена површина од по околу 200 квадратни метри, како и тераси од нешто помалку од 50 квадратни метри. Почетната цена за ...

Шпанија и Белгија вечерва од 21:00 часот по македонско време на Los Angeles Stadium играат четвртфинале на Светското првенство 2026, во дуел што носи стара мундијалска рана, нов европски судир и огромен влог: место во полуфиналето против Франција. Ова не е обичен меч меѓу две силни европски репрезентации. Ова е натпревар во кој Шпанија сака да покаже дека конечно ја врати шампионската тежина од 2010 година, а Белгија сака да докаже дека ...

Убил човек на 7 години и сега сака да биде гувернер е прашањето што ја потресе трката за гувернер на Колорадо, откако Виктор Маркс ја освои републиканската номинација и влезе во финалната изборна битка. Неговата победа доаѓа со тежок политички товар: сопствено тврдење дека како дете бил принуден од очувот да убие човек. Маркс, поранешен маринец и основач на хуманитарна организација, тесно ја победи републиканската ривалка Барбара Киркмајер во ...

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристоф Ле Риголер, во интервју за Порталб порача дека нема нови преговори за компромисот од 2022 година, во јавноста познат како француски предлог. Според него, повторното отворање на документот би било губење време, а патот напред е во негово спроведување на политички прифатлив начин и во разумен рок. Ле Риголер нагласи дека компромисот од 2022 година не е билатерален договор со Бугарија, туку текст ...

Заедно со шпионските активности, руските разузнавачки служби интензивно развиваат мрежа за регрутирање субверзивци на територијата на Европската Унија. Олександар ЛЕВЧЕНКО Италијанските власти открија руска разузнавачка активност насочена кон добивање геопросторни и сателитски разузнавачки технологии на НАТО. Како одговор, Рим донесе одлука да протера двајца вработени во Амбасадата на Руската Федерација – воениот аташе Иван Горбачов и Михаил ...

Девет европски земји бараат од Европската Унија да попушти со новите гранични проверки преку системот EES, предупредувајќи дека контролите создаваат сериозна загриженост на аеродромите, границите и во туристичкиот сектор. Причината е стравот дека целосното спроведување на биометриските проверки може да донесе уште подолги редици за патниците што влегуваат во Шенген зоната. Како што пишува Euronews, Белгија, Франција, Германија, Грција, ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна ...

Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“. За нив Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување ...

Српски државјанин (61) е повреден за време на летот на „Рајанер“ од аеродромот „Македонија“ во Солун до Минхен, откако дел од моторот удрил во прозорецот на патничката кабина и го скршил. Компанијата „Рајанер“ објави дека летот на компанијата од Солун до Меминген во петок наутро, 10 јули, се вратил во Солун кратко по полетувањето, откако прозорецот на патничката кабина се откачил за време на летот. „Авионот слета нормално, а патниците се ...

Кога ќе се спомене Швајцарија, многу луѓе прво помислуваат на силна економија, прецизност и финансиска стабилност, но една од нејзините најпознати карактеристики секако се величествените Алпи. Нереалните планински врвови привлекуваат милиони туристи од целиот свет секоја година, но токму за да ги зачува овие природни подрачја, Швајцарија започна еден од најголемите инфраструктурни и еколошки проекти во Европа. За да го намали негативното ...

Опозициската СДСМ ја обвини Владата и премиерот Христијан Мицкоски дека преку измените на Изборниот законик се обидуваат да ја манипулираат јавноста во врска со гласањето на дијаспората, оценувајќи дека предложените решенија отвораат простор за изборни злоупотреби. На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, истакна дека партијата не е против правото на дијаспората да гласа, нагласувајќи дека тоа ...

„Проширувањето на ЕУ е вин-вин ситуација и за земјите кандидатки и за Унијата – не смееме земјите да ги оставаме бесконечно да чекаат“, под овој наслов МИА пренесува делови од настапот на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, за време на нејзиното учество на конференцијата на „Економист“ во Атина, Грција. Мецола се обрати како почесен говорник на гала-вечерата на 30. Government Roundtable на The Economist во Атина на 9 ...

Заедно со шпионските активности, руските разузнавачки служби интензивно развиваат мрежа за регрутирање субверзивци на територијата на Европската Унија. Олександар ЛЕВЧЕНКО Италијанските власти открија руска разузнавачка активност насочена кон добивање геопросторни и сателитски разузнавачки технологии на НАТО. Како одговор, Рим донесе одлука да протера двајца вработени во Амбасадата на Руската Федерација – воениот аташе Иван Горбачов и Михаил ...

Министерството за култура и туризам распиша конкурс за Советник инспектор по македонски јазик за инспекциски надзор во североисточен и источен плански регион, Одделение за инспекциски надзор во североисточен и источен плански регион во Сектор за инспекциски надзор на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик. Во критериумите за огласот е наведено: Општи услови да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи ...

Судот во петокот осуди двајца полицајци за заедничко силување на 19-годишна жена во случај во кој е вклучена полициската станица Омонија во центарот на Атина, отфрлајќи ја препораката на обвинителот за нивно ослободување, јави денеска Катимерини. Порота на судот во Атина ги прогласи двајцата полицајци за виновни со мнозинска одлука. Еден од нив беше едногласно осуден и за нелегална обработка на лични податоци откако беше обвинет дека ги ...

Опозициската СДСМ, повикувајќи се на проекциите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), оцени дека македонската економија во следните пет години ќе бележи послаб раст од повеќето земји во регионот и дека тоа ги демантира, како што наведуваат, тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека земјата ќе стане „трета економија“ во Европа. Според СДСМ, ММФ прогнозира просечен економски раст на Северна Македонија од 3 проценти во следните пет години, ...

Додека Бугарија ги разгледува и преиспитиува договорите со Рајнметал, Загреб склучи договор со германскиот одбранбен концерн, што е дел од плановите за индустриски развој на оваа балканска земја за да се интегрира во европската одбранбена индустрија. Бугарија ризикува да ја изгуби инвестицијата на германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“ вредна речиси 1 милијарда евра, што ја договори претходната влада на ГЕРБ-СДФ и Демократска Бугарија. ...

Албанскиот премиер Еди Рама ја бранеше одлуката за финансиска поддршка на концертот на контроверзниот американски рапер Канје Вест. Во јавна објава на Фејсбук во среда, Рама се обиде да се справи со гневот на јавноста поради настанот, тврдејќи дека инвестицијата од 4 милиони евра (4,56 милиони долари) во концертот е добра за земјата. „Одвоивме 4 милиони евра во последен момент за да избегнеме засрамување на Албанија во очите на речиси 25.000 ...

Европа направи уште еден голем чекор кон воведување нова форма на пари. На 9 јули 2026 година Европскиот парламент даде поддршка да почнат преговорите со земјите членки за создавање дигитално евро, со 416 гласа „за“, 169 „против“ и 22 воздржани. Тоа сè уште не значи дека дигиталното евро е пуштено во употреба, ниту дека Европската централна банка веќе донела конечна одлука да го издаде. Но, проектот излезе од фазата на долгорочна идеја и ...

Во време кога врсничкото насилство и ризичното однесување кај младите сè почесто ја загрижуваат јавноста, институциите се обидуваат да го променат пристапот – наместо да реагираат по инцидентите, да ги спречат пред да се случат. Во таа насока, Општина Карпош и Полициската станица Карпош ја спроведоа акцијата „Соседски патроли“, во која покрај полициски службеници учествуваа и родители на малолетни деца. Патролите имаа превентивен и ...

По седумнаесетти пат, Патувачкото кино на „МакеДокс“ тргнува на пат, натоварено со документарни приказни и подготвено за проекции под отворено небо. Од денеска, од 10 до 17 јули, караванот на Патувачкото кино ќе помине низ шест населени места и градови, продолжувајќи ја својата мисија да го донесе документарниот филм на големо платно до места каде што ретко има можност да стигне. Годинашното патување започнува на 10 јули во Неготино, каде ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.52
57%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.42
73%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
66%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.93
57%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.68
67%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.67
94%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
0.45
50%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
43%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.58
53%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.36
66%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
73%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.14
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Калај

56.77

Платина

55652.94

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Злато

137126.15

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27