Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Граѓани на социјалните мрежи реагираат дека еден пешачки мост во Градскиот парк е целосно уништен, откако работници кои работеле во паркот се обиделе да преку него да пренесат багер. Но, според сведоштва на граѓаните, даските попуштиле па сега мовчето е целосно уништено. „Оти паркот не е доволно уништен, ете сега и мостот го искршија со багер кој се обидуваа да го преместат на другата страна и нормално им пропадна“ реагира граѓанин на ...
На околу 30 километри југозападно од Талин, во естонското место Руму, тиркизната вода денес привлекува капачи, нуркачи и туристи. Под површината, меѓу потонатите згради, гаражи и индустриски машини, останале делови од каменоломот и затворскиот комплекс во кој затворениците со децении биле користени како работна сила. Езерото не е природно. На неговото место се наоѓал каменолом за варовник, отворен во доцните 1930-ти години покрај затворот ...
Нејмар потврди дека повеќе нема да настапува за фудбалската репрезентација на Бразил, со што на 34-годишна возраст ја заврши репрезентативната кариера долга 16 години. Одлуката ја соопшти откако претходно, по елиминацијата на Бразил од Светското првенство, најави дека натпреварот против Норвешка најверојатно бил негов последен во жолтиот дрес. „Моето време со репрезентацијата заврши“, изјави Нејмар, додавајќи дека е горд на својата кариера и ...
Планот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да отвори дел од комерцијалниот бизнис на светската фудбалска федерација за приватни инвеститори наиде на силен отпор од Европа, Азија и Северна и Централна Америка. Регионалните конфедерации предупредуваат дека предлогот бил подготвен без суштински консултации и може долгорочно да го промени начинот на кој се управува со Светското првенство и со другите натпреварувања на ФИФА. Азиската ...
Во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Општина Центар почна реконструкција на фасадата и целосна замена на внатрешното осветлување, соопшти градоначалникот Горан Герасимовски по увидот во градежните работи. Проектот се финансира преку заем од Светска банка и е насочен кон подобрување на енергетската ефикасност на објектот, намалување на потрошувачката на електрична енергија и обезбедување подобри услови за учениците и наставниот ...
Двајца жители на гостиварските села Топлица и Чегране се лишени од слобода поради сомнение дека организирале борби со кучиња, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Полициското одделение Галате на 28 јули, околу 23:45 часот, на влезот во селото Топлица затекнале група граѓани и повеќе кучиња со видливи повреди и крвавења од борба. Според полициските информации, присутните претходно се договориле да ги организираат ...
Министерството за транспорт распиша тендер за стабилизација на свлечиштето и санација на пропаднатиот пат кон Теферич, кој е затворен за сообраќај од февруари. Проценетата вредност на работите изнесува околу 46,6 милиони денари, односно приближно 760.000 евра, а понудите ќе се примаат до 24 август. Во огласот, објавен на 23 јули под број 13198/2026, предметот на набавката е опишан како санација на слегнувањето на коловозната конструкција ...
Групацијата „Лимак“ го назначи Санџак Курт за нов генерален директор на „Лимак Скопје“. Тој доаѓа на местото на Куртхан Апајдин, кој по повеќегодишното раководење со компанијата и реализацијата на проектот „Дајмонд оф Скопје“ го продолжува професионалниот ангажман со нов кариерен предизвик. Курт е дипломиран градежен инженер на Универзитетот „Мустафа Кемал“ во Турција, а професионалната кариера ја започнал во „Лимак“ како практикант во 2005 ...
Двајца жители на гостиварските села Топлица и Чегране се лишени од слобода поради сомнение дека организирале борби со кучиња, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Полициското одделение Галате на 28 јули, околу 23:45 часот, на влезот во селото Топлица затекнале група граѓани и повеќе кучиња со видливи повреди и крвавења од борба. Според полициските информации, присутните претходно се договориле да ги организираат ...
Унгарските власти го активираа највисокото ниво на готовност за справување со сушата, откако недостигот од вода достигна критично ниво на речиси три четвртини од територијата на земјата. Министерот за заштита на животната средина Ласло Гајдош соопшти дека индексот на суша го надминал законски утврдениот праг од трет степен во 66 од вкупно 84 водостопански подрачја. Вонредниот режим на работа ќе се применува на 74 проценти од територијата на ...
Нејмар потврди дека повеќе нема да настапува за фудбалската репрезентација на Бразил, со што на 34-годишна возраст ја заврши репрезентативната кариера долга 16 години. Одлуката ја соопшти откако претходно, по елиминацијата на Бразил од Светското првенство, најави дека натпреварот против Норвешка најверојатно бил негов последен во жолтиот дрес. „Моето време со репрезентацијата заврши“, изјави Нејмар, додавајќи дека е горд на својата кариера и ...
Опозициската СДСМ оцени дека институциите со задоцнување признале дека по епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар постои ризик од појава на хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања, и побара кривична одговорност за, како што наведува, пропустите во справувањето со кризата. „По епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, власта сега официјално признава дека постои ризик од хепатит А и Е, како и од други ...
Жителите на Општина Карпош што претрпеа материјална штета во силното невреме на 21 јули можат да поднесат барање за процена и надомест на оштетувањата. Барањата веќе се примаат, а постапката ќе се спроведува во соработка со Владата и Град Скопје. Образецот за пријавување може да се подигне во архивата на Општина Карпош или да се преземе електронски преку линкот објавен во известувањето на Општината. Пополнетиот образец со потребните ...
До Собранието доставен предлог-закон со кој набавките на Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ се изземаат од Законот за јавни набавки. Проектот вреден 21 милион евра, од кои 95 отсто јавни средства, го раководи поранешниот директор на МРТ Марјан Цветковски, назначен во јуни од градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ ...
Фалби за владеењето на Владимир Путин и претставување на анексијата на Крим како „враќање кон Русија“ – се дел од содржината на книгата „За Русија и Русите“, донирана на училиштата во Србија и Република Српска од Фондацијата „Руски мир“, која е под санкции од Европската Унија, пишува Радио Слободна Европа/Радио Либерти. Во јули, фондацијата објави дека, со помош на руското Министерство за надворешни работи, обезбедила опрема и учебници за 60 ...
Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ не беше ставен на дневен ред на денешната собраниска седница, откако процедуралните забелешки прераснаа во жестока расправа со навреди, предупредувања и остри дофрлувања меѓу пратениците. Претседателот на Собранието Африм Гаши ја прекина седницата и свика вонредна координација со координаторите на пратеничките групи, по која беше постигнат компромис законот ...
Големите јазични модели (LLM), развиени од водечки технолошки компании како што се Google, OpenAI, Anthropic и други, во некои одговори на корисниците наведуваат содржина од проруски пропагандни извори, вклучувајќи медиуми и организации под санкции од Европската Унија. Ова е она што го предупредува новата студија на британскиот тинк-тенк Demos, која покажува дека Русија и другите актери вклучени во хибридно војување би можеле да ја користат ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за нов топлотен бран што ќе ја зафати Македонија, со период на сончево и многу топло време и дневни температури кои на повеќе места ќе надминат 40 Целзиусови степени. Метеоалармот се однесува на периодот од 29 јули до 2 август, но официјалната временска најава покажува дека екстремната жештина може да продолжи и во текот на следната работна седмица. Според УХМР, земјата е под влијание ...
Пет дена откако бела пенлива материја се појави во реката Лепенец, а потоа преку вливот се прошири и во Вардар, јавноста сè уште нема одговор што било испуштено во водата, од каде потекнувало загадувањето и кој е одговорен. Лабораториските анализи не се објавени, изворот не е лоциран, а нема ниту информација дали е утврден потенцијалниот сторител. Загадувањето беше забележано на 24 јули во реонот на Злокуќани, каде густата бела пена го прекри ...
Општина Центар објави јавен повик за доделување еднократна парична помош на граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме на 21 јули. Финансиската поддршка ќе изнесува најмногу 100.000 денари по барање, а ќе се доделува исклучиво за оштетени покривни конструкции и фасади на индивидуални и колективни станбени објекти. Право да аплицираат имаат физички и правни лица со недвижен имот на подрачјето на Општина Центар. ...
Пожарникарите продолжуваат да се борат со голем шумски пожар на егејскиот остров Парос во среда, а властите објавија подобрена ситуација, но предупредија дека силните ветрови и расфрланите жаришта остануваат загрижувачки, јави денеска грчки Катимерини. Пожарот, кој избувна во вторник во близина на депонијата на островот во централната област Камби, се движеше преку ноќ низ областа Агаирија кон Трипити на југозападот од островот. Портпаролот ...
Државната комисија за спречување на корупцијата предупреди дека носењето посебни закони по скратена постапка, со кои се заобиколуваат системските правила за јавни набавки, претставува висок ризик од корупција. Реакцијата следува по поднесувањето на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, со кој набавките на новата фондација се изземаат од Законот за јавните набавки. Антикорупциската ...
Најголемата спортска сала во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од денеска почнува да работи со новото име Т Арена и со нов визуелен идентитет, како дел од партнерството меѓу Македонски Телеком и спортскиот центар. Почетокот на новата сезона ќе биде одбележан на 2 септември со концерт на македонски изведувачи, посветен на 35-годишнината од независноста на Македонија. Настанот е дел од програмата на Владата за одбележување на ...
Германската Сојузна криминалистичка полиција – БКА, во моментов класифицира 410 лица како потенцијални безбедносни закани од областа на исламистичкиот тероризам и екстремизам, покажуваат податоците на институцијата со состојба од почетокот на јули. Во истата полициска категорија се заведени и 65 лица поврзани со десничарскиот екстремизам и 17 лица поврзани со левичарскиот екстремизам. Бројките се менуваат во зависност од индивидуалните ...
Македонија ќе го откаже неискористениот дел од заемот од Светска банка во износ од 19,2 милиони евра, но тоа не значи дека државата се откажува од грант или од неповратни средства. Постојниот заем од 20 милиони евра ќе биде затворен, а Владата истовремено бара од Собранието одобрување за ново задолжување од 25 милиони евра кај истата меѓународна финансиска институција. Предлогот за изменување на законот за задолжување е доставен во Собранието ...
По изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија е меѓу најуспешните земји во Европа, уште една странска компанија донела одлука да ја напушти државата, обвини денеска СДСМ. Од опозициската партија велат дека германската компанија БМЗ ќе го затвори производствениот погон во Илинден и производството ќе го пресели во Полска, со што околу 90 вработени ќе останат без работа. „Нема да се реализираат ниту најавените нови вработувања. ...
Зголемена фреквенција на возила повторно е регистрирана на граничниот премин Богородица, каде утрово за излез од Македонија кон Грција се чека околу 40 до 45 минути. Интензитетот на сообраќајот е зголемен и на патните правци надвор од градските средини, во период кога голем број граѓани патуваат кон летните туристички дестинации. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од ...
Иранската револуционерна гарда лансирала повеќе балистички ракети кон американски сили распоредени на Блискиот Исток, соопшти Централната команда на САД. Според американската војска, сите ракети биле пресретнати, а американските сили останале во состојба на висока борбена готовност. ЦЕНТКОМ го опиша нападот како обид за ненадеен удар, извршен во вторникот во 17:45 часот по источноамериканско време. Американската команда не соопшти кон кои ...
Последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека билатералните протоколи со Бугарија не се дел од Преговарачката рамка не е само ново правно толкување на европскиот пакет од 2022 година. Таа е во директна спротивност со политичкиот наратив што ВМРО-ДПМНЕ го градеше четири години, според кој францускиот предлог, протоколите, историската комисија и уставните измени претставуваат единствен механизам за „бугаризација“ на Македонија. Доколку ...
Цените на нафтата пораснаа за повеќе од четири отсто откако обновените судири на Блискиот Исток повторно го зголемија ризикот од нарушување на снабдувањето преку Персискиот Залив и Ормускиот Проток. Брентот во утринското тргување се приближи до 88 долари за барел, додека американската нафта WTI се движеше околу 83 долари. Пазарниот пресврт следува по тридневно намалување на цените и краток период на релативно затишје. Американските сили ...