Министерството за здравство од денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“. Како што информираат од Министерството, главната активност на кампањата е одржување на јавни трибини водени од панелисти, стручни лица и доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка. Во рамки на ...

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) информира дека денес остварило средба со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на која биле дискутирани неколку точки поврзани со подигнување на студентскиот стандард преку процесот на дигитализација во високото образование. „Целта е да ја ставиме дигитализацијата на студентските процеси во центарот на реформите што ќе придонесат кон ...

Повеќе од 50 познати домашни и странски тату артисти создаваа уметност на кожа на втората интернационална конвенција „Skopje Tattoo Show“ изминатиот викенд во Скопје евент центар. Се собраа голем број љубители на уметноста и тетовирањето и сведочеа на демонстрирањето на уникатни техники и стилови демонстрирани од светски признати тату уметници. „Од реалистични портрети до апстрактни дизајни, секој уметник имаше можност да го покаже својот ...

На 15 и 16 октомври на Машинскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, ќе се одржи Саем за пракса и вработување. Како што информираат организаторите на Саемот ќе чествуваат 20 компании а ќе се одржи и форум: „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“. Агендата е следна: 15.10.2024 година (вторник) Свечено отварање на Саемот: 12:00 часот Локација: холот на Машински фкаултет – Проф. д-р Златко Петровски, Декан на ...

Re: store, центарот за рестилизирање на стари модни парчиња, каде што се слави одржливоста, креативноста и индивидуалноста, повторно ќе се отвори на 16 октомври (среда) во Културно едукативниот центар „Лабораториум“. „Re: store ја започна својата приказна во скопското Дебар маало во 2012 година, со мисија да го дефинира концептот на продажба на употребена облека и да биде креативен простор за редизајнирање на дизајнерска облека, но и да понуди ...

Во периодот од 18 до 25 октомври ќе се одржува петнаесетотто издание на „ЕХО“, фестивал што е посветен на ширење на планинаската култура преку изложби, издавање книги, панел дискусии, детски и филмски работилници, но и предавања на многу различни теми. „Ехо Фестивал на планински филм 2024“ официјалното отворање ќе го има во Дом на АРМ, петок 18 октомври од 20 часот со проекција на филмот „Виорник од работ“, Игор Вртачник, Словенија, 2024, 107′, ...

Во Македонскиот народен театар (МНТ) на 17 октомври со почеток во 20:00 часот ќе се оддржи премиерата на претставата „Бели ноќи “ според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во оваа копродукција играат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трјческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак. Првата реприза е закажана на 18 октомври, а билетите се веќе ...

Вкупно 102.061 странски туристи ја посетиле Македонија во август, според извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во меѓувреме, според податоците на ДЗС, регистрирани се и 114.811 домашни туристи. Најголемиот број од странските туристи се од Турција (50.227 туристи), по што следуваат туристите од Србија (9.898) и Романија (5.996 туристи). Бројот на ноќевањата во август пак, изнесувал 911.478, од кои 74.3% се од домашните туристи, а ...

Вечерва (14 октомври), со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена изложбата САМО (ДО) ВЕРБАТА на Христина Тарабунова, која ќе биде изложена до 18 октомври. На изложбата ќе бидат претставени 12 нови и симболички дела, каде што извор на инспирација e главното и генералното верување во себеси и своите способности. Како што информираат организаторите, делата се претставени во релјефен стил со акрил техника ...

Овој четврток (17 октомври) во скопската Европска куќа ќе се случи четвртото издание на младинското книжевно читање „Клинци“. Овојпат на „Клинци“ ќе читаат Марија Ангеловска, Марија Велинова, Сатја Александар Давитков и Марко Кочишки. „Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат „Млади бездарници“. Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, ги започнавме книжевните читања наречени „Клинци“. Секое издание ве ...

Дводневните врнежи од септември во неколку области на Сахарската област во југоисточниот дел на Мароко ги надминаа годишните просеци и предизвикаа поплави, соопштија официјални лица од метеоролошката агенција на земјата, јавува Н1. Селото Тагунит на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележа повеќе од 100 мм дожд за 24 часа. Сателитски снимки на НАСА покажуваат како езерото Ирики, кое е суво 50 години, се полни со вода. „Поминаа ...

Со „Парада на нации“, танц во кој учествуваа 5.000 танчери од различни земји вчера, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се отвори светското првенство во „хип-хоп“ и „стрит денс шоу“ – „IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024“. „Ова е посебен момент за Македонија, бидејќи го имаме задоволството да бидеме домаќини на еден од најпрестижните настани во светот на хип-хопот. Скопје, со својата богата историја и културна ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… 1. Владата да го прекине молкот во врска со геноцидот во Газа, побараа граѓани на денешниот протест Македонија да ја признае Палестинската држава и да се приклучи кон меѓународните напори да се забрани дотурот на оружје на Израел. Ова во понеделникот (7 октомври) го побараа активисти и граѓани кои протестираа ...

Во понеделник (14 октомври) во 19 часот во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) синологот Игор Радев ќе одржи предавање на тема „Класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“. „Првиот именуван поет на европската култура е Хомер, слепиот бард, кој пее за војни, јунаци, градови и држави, но не учествува во нив: токму физичкиот хендикеп – слепоста, небаре служи како симбол за неговата одвоеност од историската ...

Оваа година е децениска за платформата ADE Green, настан кој ќе се одржи на 18 октомври во Felix Meritis во рамки на „Amsterdam Dance Event 2024“ (ADE) кој ќе се одржува од 16 до 20 октомври во Амстердам, Холандија. Платформата преку панел дискусии го става фокусот на клучните тематики кои се однесуваат на еколошките и социјални аспекти поврзани со музиката, а посебно ќе бидат опфатени теми како: управување со водите, известување за влијаниjата ...

Промоцијата на 34. број на списанието „Филозофска трибина“ ќе се одржи во среда (16 октомври) во 19 часот во Салон – Империјал 2 во Културно информативниот центар – Скопје. Во „Филозофска трибина 34“ се поместени шест авторски текстови (од: Мирко Ѓошевски, Трајче Стојанов, Марија Тодоровска, Александар Стаматов, Пантелеј Кондратјук и Бошко Караџов). Списанието содржи и два преводи на текстови (од Еуген Финк и Стивен Фридман, во превод на Трајче ...

Фестивалот на нова музика „Здраво млади“ по 14. пат го преполни Младинскиот културен центар со луѓе дојдени да се дружат и да слушаат различна, по малку и нова музика на некој од трите стејџови. „Здраво млади“ годинава се најави и одржа подоцна од вообичаеното, а МКЦ одамна не било толку полно и колоритно, што направи градот повторно да завибрира во алтернативна-младешка-бунтовна енергија. Програмата беше курирана од музичкиот колектив „Гола ...

На 16 октомври (среда) во 17 часот, во Нетавил ќе се одржат Чивнинг разговори со Асоцијата на Чивнинг стипендисти и претставници од Британската Амбасада. „Ова е идеална можност да дознаете сè за процесот на аплицирање и студирање во Обединетото Кралство, како и да се запознаете со членовите на Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти кои ќе го споделат со вас нивното искуство и ќе одговорат на вашите прашања“, се вели во најавата. Повикот за ...

Од 14-18 октомври во Кинотеката на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во чии рамки ќе бидат прикажани три играни и два документарни филмови. „Романската кинематографија доживеа вистински подем во последните две децении, со таканаречениот ‘нов романски бран’ како водечко движење кое внесе свежина и оригиналност на европската филмска сцена и филмови кои се карактеризираат со минималистички пристап, документарен стил, ...

Нестандардните и нелегалните депонии, еден од најголемите предизвици на земјава во обезбедувањето здрава животна средина, до 2033 година ќе бидат сведени само на случајни појави, предвидува новата нацрт-Националната стратегија за управување со отпад, пишува Мета.мк. Документот пропишува дека во следните пет години отпад треба да се подигнува од најмалку 97 отсто од домаќинствата во земјава, а степенот на собирање треба да се зголеми од сегашните ...

Вработените во основното и средното образование од октомври ќе земаат поголема плата за 5%, информираат денес од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Владата, по одржаната средба на која беше постигнат договорот. „Дополнително за наредните години, заклучно со март 2028 година, платите во овие дејности ќе се зголемат кумулативно за околу 50%, односно март 2025 дополнителни 7%, март 2026 година од 7,5% до 10%, март 2027 година од ...

Правото на храна е основно човеково право кое не вклучува само пристап до храна или начини за нејзина набавка, туку и пристап до доволно, безбедна, хранлива и културно прифатлива храна. Вградено во Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права (ICESCR), во кој членуваат сите држави од Европа и Централна Азија, остварувањето на ова право денес останува премногу далечно за многумина, пишува Организацијата за храна и земјоделство ...

Четириест и девет граѓански организации и институции од секторот животна средина здружено се собраа со барање за средба со надлежните институции, со цел да се гарантираат еколошки параметри во Предлог – Стратегијата за рударство 2025-2045, која се подготвува за усвојување. Нивното бaрањето беше поднесено до министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и премиерот Христијан Мицкоски, а тие одржаа и прес-конференција ...

На 9 октомври во КИЦ – офицерски дом во Битола, свечено беше отворено 11. Mеѓунaродно графичко триенале ИГТ – Триенале Битола- 2024 година. Триеналето, свечено го отвори градоначалникот на Битола, Тони Коњановки а говореа и Амбасадорот на Република Аргентина, на кој му беше доделено специјално признание на неговата земја за придонесот во графичкото творештво, како и константното и издржано присуство на авторите од Аргентина на самото триенале. ...

Меѓународниот театарски фестивал СкупиФестивал Скопје кој ќе се одржи од 14 до 19 октомври го започнува своето 18. издание по ред, во просториите на Албанскиот театар – Скопје. Свеченото отвoрање ќе биде во понеделник, 14 октомври во 20 часот, на сцената на Албанскиот театар – Скопје со изведба на Националниот театар од Приштина, Косово. Со претставата „1984“, од авторот Џорџ Орвел, во режија на Игор Менџиски, и во изведба на Арта Селими, Басри ...

Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство или биле било како злоупотребени. „Станува збор за давање бесплатни совети од страна на стручни тимови со различни области“, велат од Општината. Психолошкото советување опфаќа психолошката помош обезбедена од страна на стручно лице-психолог искусен за ...

Асоцијацијата „Еквалис“ организира „Чешми, сенки и негативен простор“ – пешачка тура низ животот во градот (Скопје) на 19 октомври (сабота) со почеток во 13:00 од игралиштето Славка Недиќ. „Многу меѓу-простори и лиминални локации произлегуваат од отпечатокот на официјалните градби во просторот околу нив. Во овој т.н. негативен простор поминуваме голем дел од нашето време и животи, ако го исклучиме нашиот престој во домовите, школите или ...

Повеќе од десетина сојузни држави во САД го тужат Тик ток, обвинувајќи ја платформата дека помага да дојде до ментална здравствена криза кај тинејџерите, јавува Би-Би-Си. Двопартиска група од 14 јавни обвинители од целата земја тврди дека компанијата користи функции за зависност за да ги закачи децата на апликацијата и дека намерно ја залажувала јавноста за безбедноста на продолжената употреба. „Тик ток знае дека компулсивната употреба и другите ...

Хрватската поп група„Свемирко“ на 16 ноември од 20:30 часот во „Станица 26“ ќе одржи самостоен концерт, како уште една најава за претстојниот фестивал „Таксират“. „’Свемирко’ е поп бенд. Иако нивната музика можеби не е поп во класичната смисла на таа дефиниција, тие секако се оние кои ги поставуваат трендовите и ги поместуваат, па дури и ги отстрануваат границите. Клучната личност на ‘Свемирко’, главниот креативен ум зад бендот, Марко Вуковиќ, ...

Со отворен настан со работилници, дружење и музика, „Зелената арка“ заедно со пријатели и граѓани од повеќе генерации го прославија петтиот роденден на Општествената градина „Бостание“, со што одбележаа и пет години од почетокот на здруженото градинарство во Скопје. Димитар Самарџиев од „Зелената арка“ за Радио МОФ зборува за активностите во градината, какви видови култури тука растат, но и зошто е важно да се гради колективен дух кон ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
70%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.52
92%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
63%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1006
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
86%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
48%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Паладиум

46425.68

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Сребро

1878.05

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Злато

135056.24

Никел

473339.37

Калај

40.48