Белград
10ᴼ /
9ᴼ
На десеттото издание на фестивалот за европска литература „Букстар“, кој ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври, учество ќе земат писатели и поети од Македонија и од странство. Еден од учесниците е писателот Фарук Шехиќ од Босна и Херцеговина со кого Радио МОФ имаше можност да направи интервју. Покрај тоа што пишува проза и поезија и неговите книги се преведени на 16 јазици и објавени во повеќе од 20 земји, Шехиќ е и новинар. Низ разговорот ...
Во понеделник (30 септември) со почеток во 11 часот во читалната на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ќе се одржи ориентациска недела за бруцоши. На настанот, студентите ќе може подобро да се запознаат со факултетот, студиите и професорите. Агендата е следна: 11.00 – 12.00 Запознавање со факултетот и факултетското собрание 12.00 – 12.30 ЕЛСА Младинска организација 12.30 – 13.00 Македонско здружение на млади правници 13.00 – 13.30 ...
Радио МОФ беше еден од домаќините на осмиот Медиумски ден за средношколци. Ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово и школото „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка влегоа и „ѕирнаа“ во редакцијата и радиото. Видоа како работиме, што работиме и зошто работиме. Дознаа нешто за мисијата на нашиот медиум што годинава наполни 13 години, а разбраа и за етичките стандарди за кои се залагаме во борбата против дезинформациите. Исто така, слушнаа и ...
Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи стапува на сила утре (28 септември). Со него, се очекува дополнително намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. „Тоа значи дека утре е крајниот рок до кој купувачите и добавувачите треба да склучат нови договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи во кои на ...
Глобалното движење „100 Thousand Poets For Change“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“, во сабота (28 септември) од 19 часот ќе го реализира 14. издание на поетската манифестација „100 илјади поети за промена“ во НУ Завод за заштита на спомениците од културата и Музеј – Струмица. Манифестацијата ќе започне со отворање на изложбата на дигитални цртежи „Сенката на звукот“ на Владимир Мартиновски, а потоа со промовирањето на ...
На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски. Промоторка на книгата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Награта „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности ...
Барање да се спроведе ревизијата на студиите за валоризација на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато и финализирање на процесот на прогласување на заштитените подрачја во консултации со експертската јавност и граѓанските здруженија, испратија вчера 17 граѓански организации до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за животна средина Изет Меџити. Тие го поздравија повлекувањето на Предлог законите за прогласување на Охридското Езеро за ...
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ја спореди ситуацијата во која се наоѓаат Палестинците од 7 октомври со „пекол кој секој ден е се полош“, пренесува Н1. Гутереш се осврна на влошената ситуација на Палестинците во Газа на состанокот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА). Тој рече дека на министрите за надворешни работи на земјите членки им ја објаснил ситуацијата на ...
Министерството за образование и наука (МОН) вчеравечер ги објави резултатите од Конкурсот за сместување студенти (бруцоши) во студентски домови во академската 2024/2025 година. Листите со примени студенти во студентските домови може да се најдат на следниов ЛИНК. Приговор по однос на резултатите, студентите може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од 5 дена од објавата на резултатите. Конкурсот беше објавен на ...
Лекарската комора на нивната веб-страница, со одлука на Извршниот одбор, објави информација за доктори кои се носители на важечки лиценци за работа, со цел, како што велат, да се подобри транспарентноста во работењето и безбедноста на пациентите. Листата содржи информации за име и презиме на докторите, нивната специјалност, бројот на лиценца и датумот на важност. Таа е јавно достапна и сите заинтересиран правни и физички лица може да проверат ...
Првиот прототип на сувенир изработен од биоотпад денеска беше претставен од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Град Скоје во седиштето на УНДП. На него е прикажан часовникот на старата железничка станица, чии стрелки се застанати во 5 часот и 17 минути означувајќи го катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963. „Овој часовник потоа стана препознатлив и како симбол на обновата на градот и светската солидарност“, велат од ...
Здружението „Икуалити“ вчеравечер во Музејот на современата уметност во Скопје организираше ZEN Инклузивно Soirée со модна ревија на која 31 лице со уникатни способности продефилира во колекција гардероба адаптирана за нивните специфични потреби. На ревијата беа промовирани панталони, кошули, маици, фустани и јакни со модерни дезени и дизајни креирани да придонесат за поголема независност и поквалитетен живот за лицата со попреченост, пишува ...
Руската Дума со големо мнозинство го одобри нацрт-законот со кој се забранува посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е легална, пренесува Данас. Предлог-законот мора да помине уште две читања во Думата пред да биде испратен до Горниот дом, а потоа до претседателот Владимир Путин за негов потпис. Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, рече дека законот има за цел „да ги заштити детските и традиционалните ...
Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје и Општина Центар утре (петок) повторно одганизираат вело-бус низ Дебар Маало. „Децата, заедно со возрасните, ќе возат низ населбата, ќе се чекаат на 5 вело-бус постојки низ населбата и заедно, безбедно, ќе стигнат до градинката 13 Ноември и основното училиште ‘Коле Неделковски’“, велат од „Гоу Грин“. Од таму нагласуваат дека по четирите успешни возења на вело-бусот ...
Основниот граѓански суд Скопје, претставуван од судијата Јованка Спировска Панева, го одби барањето за повторување на постапката за надомест на нематеријална штета поднесено од тужителот Горан Трпеновски, информира Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). „Образложението на судот во пресудата е неприфатливо, бидејќи се оспорува својството на новинарите кои работат или работеле во онлајн медиуми имплицирајќи дека тие не се новинари. Во ...
Светскиот натпревар во хип хоп и стрит денс шоу во организаија на клубот „Брејк а лег“ ќе се одржи од 9 до 17 октомври во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Скопје ќе биде домакин на 5 илјади танчери кои доаѓаат од 35 држави и 5 различни континенти. Најавени се натпреварувања во повеќе возрасни категории. „Очекуваниот број на публика од петнаесет илјади присутни, говори дека Скопје во текот на тие десет дена ќе биде навистина раздвижено, ...
Кратка панел дискусија за еко активизмот и учеството на средношколците во еко акции и истражувања ќе се одржи во петок, 27 септември со почеток од 10 часот во Клубот на новинари во Скопје. „Доколку сте професор, ученик, граѓански активист, претставник на граѓанска организација, средно училиште или едноставно сакате да дознате нешто повеќе за граѓанската наука, нејзината важност, како и организациите кои спроведуваат вакви проектите и ...
И после неполн месец од почетокот на школската година, некои деца со атипичен развој се’ уште немаат добиено образовен асистент. Сега и вториот оглас се пролонгираше, што значи дека десетици ученици се’ уште се исклучени од образовниот процес и остануваат дома, бидејќи дел од основните школи немаат капацитет паралелно да спроведуваат едукација и инклузија. Родители што се обратија до Радио МОФ се жалат дека нивни деца не се примаат во ...
Пишува: Ангела Петкова „Немој да се жалиш ќе ни направиш проблем“; „Ти ќе страдаш, тие секогаш се во право“; „Абе се крева ли револуција сам? Нема да те поддржи никој“; „Правно се заштитени тие“, „Супер е што го имаш тој порив, само не во овој систем“, „Ти не знаеш кај живееш?“… Ова се коментари кои ќе ги добиете од колеги, пријатели, професори и родители доколку им кажете дека сакате да поднесете жалба против сторена неправда во било која ...
Израелските напади продолжија низ појасот Газа, а според Министерството за здравство, утрово се убиени 23 Палестинци, пренесува Ал Џазира Балканс. Цел на израелската авијација бил бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Газа. Мета на израелски беспилотни летала беше и бегалскиот камп Буреиџ. Била погодена цивилна зграда, при што загинале шест членови од исто семејство. Од почетокот на израелскиот геноцид во Газа, речиси 42.000 Палестинци ...
И после неполн месец од почетокот на школската година, некои деца со атипичен развој се’ уште немаат добиено образовен асистент. Сега и вториот оглас се пролонгираше, што значи дека десетици ученици се’ уште се исклучени од образовниот процес и остануваат дома, бидејќи дел од основните школи немаат капацитет паралелно да спроведуваат едукација и инклузија. Родители што се обратија до Радио МОФ се жалат дека нивни деца не се примаат во ...
Граѓанската организација „Младите можат“, во рамки на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, објави повик преку кој ги повикува сите средни училишта да аплицираат и да станат дел од програмата за подобро ментално здравје. Таа вклучува целогодишен процес на активности со учениците, како и обуки за наставниот кадар, стручните служби и раководството, при тоа опфаќајќи теми како булинг, ефективна комуникација, меѓуврсничко насилство, ...
Со свечена церемонија за доделување медали вчера во Охрид беше заокружено 31. издание на Балканската олимпијада по информатика (БОИ), во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ). Добитник на највисокиот златен медал и освоено прво место е Даниел Којнов од Бугарија, додека златни медали освоија и Милош Милутиновиќ од Србија и Борис Михов и Андреј Стефанов од Бугарија. На овогодинешната Балканска олимпијада по информатика, ...
Од денеска па се до 30 септември во Крушево ќе се одржи 22. Меѓународна младинска конференција насловена „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“ во организација на Младински Сојуз. На конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 100 активни млади лидери од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија, Германија и Франција. „Овој настан се ...
Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов ќе има интернационална премиера во рамките на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Проекцијата е закажана за 29 септември, со почеток од 14:30 часот во Националната галерија во Прага, соопшти „Скопје филм студио“. По проекцијата е најавено предавање од кураторите на изложбата „Ниедно чувствo не е конечно: Колекција на солидарноста во Скопје”, реализирана во ...
Следниот месец Албанија ќе го отвори првиот кластер во пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ), јавува Радио Слободна Европа (РСЕ). Оваа одлука сега резултира со неформално одвојување на Албанија од Македонија, бидејќи Бугарија сè уште не ѝ дозволува напредок во пристапните преговори со ЕУ. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се договорија на следната меѓувладина конференција, на 15 октомври, Албанија да отвори пет поглавја од првиот ...
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во своето обраќање на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека светот не може да си дозволи Либан да стане уште една Газа, пишува „Анадолу“. „Народот на Либан, како и народот на Израел и луѓето во светот, не можат да си дозволат Либан да стане уште една Газа“, рече Гутереш. Тој повика на итен прекин на непријателствата и ги повика сите страни да преземат ...
Запознајте го Алшар – првиот хуманоиден робот ди-џеј во Македонија. Алшар кој претставува спој на вештачката интелигенција и мехатрониката, неодамна го имаше првиот настап во клубот Ребел во Охрид. Хуманоидниот робот ди-џеј беше промовиран на Денот на независнота на Македонија, каде домашна и странска публика имаше можност да го просведочи перформаност. Покрај Ребел, тој бил промовиран и на смотрата за електронска музика во Битола, а веќе има ...
По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за злоупотреба на службена положба Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отпочна постапка против поранешниот организациски директор на Клиниката за токсикологија. „Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифати иницијативата, оформи предмет и отпочна постапка по обвинителен предлог против организацискиот ...
Министерот за надворешни работи на Либан, Абдула Бу Хабиб, објави дека бројот на внатрешно раселените лица се приближува до половина милион поради тековните израелски напади, што укажува на значително зголемување на кризата со раселувањето во земјата, пишува „Анадолу“. „Бројот на внатрешно раселени лица во Либан се зголемил за речиси 500.000 поради израелската воена офанзива“, истакна Бу Хабиб на настан организиран од Фондацијата Карнеги на ...