Fashion Weekend Skopje 31: Модата како јазик на промените Скопје повторно ќе биде на мапата на регионалната модна сцена. Со концепт што не само што прикажува стил, туку го редефинира. Од 29 октомври до 5 ноември 2025, градот ќе го живее 31-то издание на Fashion Weekend Skopje powered. By UNIBank – најзначајната модна платформа во земјата, која повеќе од една деценија го поврзува светот на дизајнот, индустријата и културата. Под слоганот ...

Во вторник во Завод и музеј – изложба и видео проекција за историските објекти од османлискиот период. Во вторник, во малата сала на Завод, музеј и галерија, ќе се реализира проектот под наслов „За историските објекти, заштитени со закон, од османлискиот период“. Настанот опфаќа изложба и видео проекција посветени на културното и историското наследство од овој значаен период. Во проектот учество зедоа Љупчо Стојановски, професор по историја, и ...

Во сабота, на 11 октомври 2025 година, спортскиот аеродром крај Битола ќе биде местото каде што минатото и иднината ќе се сретнат под истото небо. Аеро Клуб „Мирко Тодоровски“ Битола слави 100 години од првите соништа за лет и храбрите ентузијасти што ја иницираа авијацијата над овој град. Еден век љубов кон небото, генерации пилоти, моделари и визионери – сите тие ја напишаа историјата на клубот. Но овој јубилеј не е само потсетник на славното ...

НУ Камерен Оркестар на Битола го отвора Интерфест 2025 со маестралната „Катули Кармина“ од Карл Орф. Со вистински музички спектакл ќе започне овогодинешното издание на Интерфест – Фестивалот на класична музика, кој традиционално ја претвора Битола во центар на уметничката енергија. Свеченото отворање ќе го одбележи изведбата на едно од најмоќните дела на 20-от век – „Катули Кармина“ од Карл Орф, во интерпретација на НУ Камерен Оркестар на ...

Еден златар во Битола во служба на филмската магија Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ заврши, но некои приказни остануваат и продолжуваат да ја раскажуваат својата магија. Една од нив е поврзана со статуетката, препознатливиот симбол на фестивалот. Оваа награда, статуетката, создадена од скулпторот Димитар Филиповски, ја носи својата финална душа токму во Битола. Со 91 година традиција, Златара „Маслинко“ е повеќе од ...

Tвојот ден е денес – Carpe Diem / Carpe diem, quam minimum credula postero. – Искористи го денот, и што е можно помалку верувај во утрешниот. – Хорациј… На ДЕНЕС нема реприза – грабни го својот миг! Твојот ден е денес. Колку пати си си рекол: „Ќе почнам од понеделник“ или „Ќе има време за тоа“? Чекаме да се наместат условите, да имаме повеќе пари, помалку работа, подобро расположение. И така, миговите се лизгаат покрај нас – тивки, а неповратни. ...

По двете изведби на 23 и 24 септември, „Рибарски караници“ на Битолскиот театар беше изведена во Куманово . Оваа урнебесна комедија беше дел од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ – што за Битолскиот театар претставува уште едно признание за трудот и енергијата на актерите и тимот. Годинешново мото на Фестивалот е „Сите се смееме на ист јазик“. Оваа претстава е во режија на Јован Ристовски. „Ова е храбра претстава и иако е ...

Академската сликарка Лара Ташковска од Скопје приреди извонредна ликовна изложба во Галеријата ,, Ранко Струмениковски “, што претставува прво нејзино презентирање пред битолската публика. Во присуство на голем број поклоници на ликовната уметност на свечен начин беше отворена нејзината прва самостојна изложба во Битола како член на ДЛУБ, а за нејзинпто творештво говореа д-р Драган Ристевски, галерист и кустосот Владо Ѓорески, историчар на ...

Документарец за Еден Македонски Гениј: Горан Стефановски /Документарецот за животот и делото на Горан Стефановски нуди емотивно патување низ неговото наследство, пренесувајќи спомени од блиските и љубителите на неговото дело. На настанот во Битола, во Книжевниот клуб “Утопија”, беше прославена неговата значајна улога во македонскиот и светскиот театар. Документарец за Горан Стефановски – големото име од Битола кое не беше само драматург туку ...

Битола гореше во име на прославата на навивачката група Чкембари. Во име на Чкембарската приказна. Што би бил еден град без ентузијазам? Без енергија, без да го имаш тој фронтмен во душичката кој ќе ти рече уште еднаш гласно да запееш. Да вриснеш од срце во име на овој град и да посакаш знаејќи оти ќе те види и слушне светот. Таква е Битола. Знае дека е видена. Боемска, шарена, весела, отмена, а сепак бучна… Борбена, страсна, спортска. Битола ...

Кога се спојува старото и новото. Кога се буди носталгичност кон една приказна што доаѓа токму од овој филмски гард. Од Битола. Приказна, што вреди да се зборува. Не, ова не се првите филмски кадри на браќата Манаки, но зборуваат за една посебна уметност. Уметноста на браќа Манаки. Бимилк со филмска кампања и поддршка на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ Имено, Бимилк годинава ја продолжува својата мисија на ...

Дарија Крстевска од битолскиот атлетски клуб ОЛИМП, го продолжува победничкиот низ. По триумфот на 5 километри на градската трка „Трчај бе“ минатиот викенд, таа викендов во Скопје блесна и на Купот на Македонија за младинци/ки. Крстевска освои две златни медали – на 800 и на 1500 метри – и ја исполни нормата за бодување, со што донесе значајни поени за својот клуб АК Олимп на табелата за пласман. Младата атлетичарка ќе го продолжи своето ...

Самостојна изложба на Симона Мирчевска: En Plein Air – На Отворено На 3 септември 2025 година, во Културниот Центар Магаза во Битола, беше отворена самостојната изложба на архитектот и визуелниот уметник Симона Мирчевска. Изложбата носи назив „En Plein Air: На Отворено“. Таа претставува апстрактни пејзажи од Пелистер. Делата се создадени ин ситу (на локација) – директно под отворено небо, во непосреден контакт со природата. Самостојна изложба ...

Жири-комисијата на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во состав: Лео Долорес Поповиќ, актер, како претседател на жири-комисијата, Анастас Попдимитров, актер и режисер и Иван Додовски, универзитетски професор и драмски автор, одгледа 12 претстави селектирани во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување што го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков, како и за ...

„Трчај бе во Битола: 2025“ /Трчај бе во Битола – Abbey Road со над 1700 тркачи: ТРЧАЈ БЕ испиша нова страница во уличниот спорт и градската култура „Трчај бе во Битола: 2025“ со повеќе од 1700 учесници од 15 земји, еден музички концепт инспириран од The Beatles и улици исполнети со еуфорија, костими, музика и спортски дух – така изгледаше вчерашната трка „Трчај бе со Алпско 2025“, седмото издание на најорогиналната улична тркачка авантура според ...

На 18 и 19 август 2025 година, во Културен и информативен центар Офицерски дом – Битола во организација на Македонско научно друштво – Битола за прв пат се одржа манифестацијата „Книжевни вертикали“ во рамки на Битфест 2025. На 18 август 2025 со почеток во 19 и 30 ч. беа направени книжевни портрети на Борче Панов и Даниела Андоновска-Трајковска – и двајцата реномирани македонски писатели со бројни награди и објави во странство. За писателите ...

Халкбанк ѝ подари уметничко пијано на Битола / Во Офицерскиот дом во Битола беше откриено пијано кое отсега ќе му припаѓа на градот, како донација од Халкбанк. Инструментот, дизајниран како уметничко дело, нема да остане затворен во салата, по потреба ќе биде поставуван и на платото пред Офицерскиот дом, како и на други јавни локации низ градот, со цел да стане дел од различни културни случувања и настани. „Халкбанк, го избра дизајнот на ...

Џејсон Момоа во „барби издание“ – А сепак, жените полуделе! Филмскиот фестивал во Венеција изгледа дека е уште едно место каде холивудските мега ѕвезди си го „тераат“ шоубизнисот. И кога сме кај таа страна на приказната… Настрана од филмови, критики и осврти… Што се случува со модниот свет и дали, можеби – ама само можеби – треба да постои некоја граница? Имено, овој пат Џејсон Момоа решил малку да „откачи“ во тој поглед и се одлучил за пинк ...

Една од најголемите поп-рок групи на овие простори, Бајага и Инструктори, откако минатата година одбележа величествени 40 години кариера, со неспоредлива енергија и жар продолжува со својата турнеја. Турнеја која ја носи на Get EXITed журката на 7 септември. Големиот градски парк во Струмица ќе ги собере љубителите на квалитетниот гитарски звук. Тие едногласно ќе ги пеат едни од најголемите рокенрол химни. Химни, кои овој култен музички состав ...

Во НУ Народен Театар Битола, започнаа подготовките за првата премиера, во сезоната 2025/2026 година, “Пламенка” која ќе се работи според романот на битолскиот автор Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска. Претставата е во драматизација на драматургот на Битолскиот театар, Билјана Крајчевска. Во претставата играат актерите и актерките: Катерина Аневска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска, Викторија Степановска, Марија Стефановска, ...

„УЧИЛИШНА ПРИКАЗНА“ – ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ИМ ПОСАКА СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА СИТЕ ПРВАЧИЊА ВО ОПШТИНА БИТОЛА Првачињата од основните училишта во општина Битола денес ја започнаа својата голема „Училишна приказна“. Во Градскиот парк, кој блескаше од детска насмевка и возбуда, Општина Битола во соработка со ЈП Паркинзи, Зоолошката градина… Со Културно-информативниот центар, Црвениот крст… СВР Битола, БиМилк и Пелистерка, подготви посебен настан ...

Вечерва, 27 август (среда) во 19:00 часот, во Офицерскиот дом – Битола, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Кире Костов”. Истата е посветена на композиторот, инструменталистот и диригентот Кире Костов (1949–2023). Монографијата е сведоштво за творечкиот опус и животниот пат на маестро Костов, од првите чекори во родната Битола, преку децениската работа во Танцовиот оркестар на МРТ И ФМУ до композициите и аранжманите кои станаа дел од ...

Со енергија која ја полни сцената, со жар кој допира до срцето, и со талент што го надминува нивното искуство — младите актери од Едукативниот центар „Едусфера“ оставија незаборавен впечаток на битолската културна сцена. Театарската претстава „Зет за Кристина“, изведена во рамките на БИТ ФЕСТ, беше повеќе од аматерска претстава — беше вистинска прослава на младинската креативност и театарски дух. Публиката бараше место повеќе, а оние кои беа ...

Бела Ноќ – Битола 2025: Крајот на август е асоцијација на Широк Сокак во бело Крајот на август во Битола отсекогаш има своја симболика – Широк Сокак во бело. Деновиве, градот повторно го живее традиционалниот спектакл „Бела Ноќ“, дел од јубилејното издание на Битфест. Два дена, една улица и еден дрес-код. Широк Сокак блеснува во своето најсветло издание – како сцена за програма што ги спојува генерациите и ја слави македонската музика. Оваа ...

На 26 август 2025 година, во “Пионерски – Книга бар” во Битола, ќе се одржи Првата меѓународна завршна конференција на Еразмус+ проектот „InCultuRe“ – Поттикнување социјална иновација и претприемништво во меѓукултурен и меѓурелигиски контекст. Настанот, Првата меѓународна завршна конференција на Еразмус+ проектот „InCultuRe“ ќе ги претстави главните резултати од двегодишната работа на проектот: нова наставна програма за социјална иновација, ...

Игор Ангелов ја носи монодрамата „Сите најубави нешта“ во UTOPIA – распродаден настан во рамките на БИТФЕСТ Битола ќе има ретка привилегија: на 27 август, еден од најистакнатите македонски актери, Игор Ангелов, ќе настапи со монодрамата „Сите најубави нешта“ во UTOPIA Private Membership Club. Настанот, кој е дел од програмата на БИТФЕСТ – Битолското културно лето, е веќе целосно распродаден – уште еден доказ за огромниот интерес на публиката за ...

„Битолскиот клавир Петко“ ја оживеа магијата на Бит Фест – Првата детска сликовница за Битола, за кратко време стана вистинска атракција Во рамките на културниот настан „Бит Фест“, во книжарницата Book’s House се одржа промоцијата на сликовницата „Битолскиот клавир Петко“. Авторка е Елена Наумовски Нена, а илустрациите се на Мирјана Бубевска. Настанот се одвиваше во волшебна атмосфера и предизвика огромен интерес кај публиката. Целиот прв тираж ...

Музички спектакл во Струмица: Глобалниот хитмејкер Џекс Џонс заедно со регионалните шампиони Бејби Лазања и Бајага и Инструктори доаѓаат на гала забавата Get EXITed Струмица по четврти пат ќе стане центар на регионалната музичка сцена, кога оваа година на 7 септември ќе се одржи големата Get EXITed забава која редовно собира илјадници посетители од цела Македонија и регионот. Публиката ја очекува незаборавна вечер во која на иста бина ќе се ...

На 21 август, ракометното игралиште во Битола ќе стане најгласната и најживата рокенрол сцена во земјата. Паркети, култниот бенд кој остави длабок белег на македонската музичка сцена, го слави јубилејот – 30 години од издавањето на својот прв албум „Грижа на совеста“. Формирани во првата половина на 90-тите години во Битола, Паркети започнаа како локален андерграунд состав, препознатлив по својата иронична лирика… Блуз-рок енергија и ...

Портите не се само дрвени или железни премини — тие се неми сведоци на времето, чувари на сеќавањата. Граничник меѓу јавното и личното, надворешното и внатрешното. Секоја порта крие приказна – за домот, за семејството, за минатото кое живее зад неа. Оваа година изложбата на фотографии СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА која ЦЕРИ ја реализира по тринаесетти пат е посветена на битолските порти. 13-то издание на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА е дел од годишната ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1008
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
89%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
91%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
87%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Кобалт

55.67

Никел

471972.96

Злато

135322.28

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Сребро

1837.41

Бакар

10.76

Родиум

255598.44

Платина

53106.37

Алуминиум

2.89

Паладиум

45879.12

Калај

40.11