Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ во својата книга „Адреналин“ пишуваше за своето тешко детство и за својот татко. Неговиот син го спаси од алкохолизам, а малкумина знаат дека станува збор за фолк пејачот, Шефик Ибрахимовиќ. Шефик Ибрахимовиќ не беше експониран во медиумите, но настапуваше во областите на стара Југославија, каде што е познат по пеењето народни песни. Тој му ја посвети песната „Злато, Златане“ на својот син, а Златан ...
Италијанци и Австријци масовно одат во Словенија да полнт гориво, бидејќи цените се поветини отколку во нивните земји. Медиумите во Италија пишуваат дека жителите на Трст и италијанскиот регион до границите, како и Австријците масовно одат во Словенија, наречена „бензински рај“ и ги празнат залихите од гориво. Цените на бензинот во Словенија растат, но помалку отколку во другите земји. Словенечката влада ги намали акцизите, со што се намали ...
Мадрид е прогласен за најдобра дестинација во Европа за 2026 година од организацијата European Best Destinations, која објавува годишно рангирање на градови низ целиот континент од 2009 година. По почетниот избор што ги земаше предвид податоците како што се растот на туризмот и интересот за пребарување, кратка листа од 42 дестинации беше ставена на гласање од страна на патниците за да се утврдат 20-те места што луѓето најмногу сакаат да ги ...
Стариот музички механизам од градскиот часовник во Битола наскоро ќе биде јавно изложен во новата Музичка соба што се подготвува во Офицерскиот дом. Механизмот, кој со години стоел во внатрешноста на саат кулата, беше откриен при новинарско истражување. Општина Битола одлучи да го донира на Културно-информативниот центар Битола, каде ќе биде соодветно заштитен и претставен пред јавноста. Во просторот ќе биде поставен и информативен агол што ...
Наградуваната глумица, режисерка и кантавторка Барбара Стрејсенд ќе добие почесна „Златна палма“ за животно дело на 79. Кански филмски фестивал во мај, објавија организаторите. Во кариерата што трае шест десетлетија, Стрејсенд (83) глумеше во низа признати филмови, вклучувајќи ги тука „Забавна девојка“ (Funny Girl, 1969), „Тоа што бевме“ (The Way We Were, 1973) и „Јентл“ (Yentl, 1983), коишто таа, исто така, ги режираше и продуцираше. Таа има ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама повикаа на забрзан процес на интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија, објави „Јуроњуз“. Тие, во заеднички авторски текст, објавен во германскиот весник ФАЗ, ја опишаа својата идеја како „реалистичен пат кон ЕУ“, при што функционалната делумна интеграција би служела како меѓуфаза за оживување на процесот на проширување на ЕУ и за зголемување на стабилноста во ...
Во пресрет на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, Мето Ди Флеш и Ана Петановска ја објавија песната и видеоспотот со наслов „Ангелски здив“, посветена на прерано згаснатите животи во оваа голема трагедија што ја потресе Македонија. Песната претставува силна и емотивна музичка приказна која носи порака за болката, загубата и сеќавањето на оние што повеќе не се меѓу нас. Со својата атмосфера и текстуална порака, „Ангелски ...
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер загуби вечерва убедливо од Барселона на гостински терен со 47-27 во својот последен натпревар оваа сезона во Лигата на шампиони (ЛШ). Разликата во квалитетот беше очигледно на страната на Барселона која по почетното водство на Еурофарм Пелистер (2-1, 3-2), брзо ја презеде контролата на теренот и поведе со 11-6, а потоа и со 21-14, за на полувреме да има високи 24-15. Во второто полувреме ...
Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар. Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која ...
Ретроспективна изложба на слики од Ита ТС Арт синоќа беше отворена во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Уметницата се претставува со дела работени во различни периоди со кои одбележува 35 години творештво. На публиката во мојот роден град и го пренесов творештвото од различни периоди. Делата се работени во акрил на платно и на картон, а мотивите се најралични. Многу сум среќна што одбележувам јубилеј во овие моменти, тука додека ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферико Валверде, го предводеше својот тим до убедлив триумф над Манчестер сити. Уругваецот синоќа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите ги постигна трите гола во победата со 3:0. – Беше неверојатно. Секој сонува за ваков натпревар. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, кои играа толку сигурно зад мене, давајќи ми сила, мотивација и самодоверба. Исто така, сакам да им се заблагодарам ...
Британскиот тенисер Џек Дрејпер ноќеска го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс – 4:6, 6:4, 7:6 (7:5). Дваесет и четиригодишниот Британец сервираше 13 аса, направи 5 двојни грешки и реализираше 3 од 7 брејк топки. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ имаше 4 аса, 2 двојни грешки и реализираше 3 од 6 брејк топки. Во четвртфиналето, Дрејпер ќе се соочи со Русинот Даниил Медведев, кој го победи Американецот Алекс ...
Денес се простуваме од нашиот долгогодишен член на ансамблот – Кирил Поп Христов (1967 – 2026), театарски, филмски и телевизиски актер. Нашиот Кили. Дипломирал на на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 година, работи во МНТ, а во 2018 г повторно се враќа на истата сцена, оставајќи значаен белег во ...
Вечерва од 19 ч. во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе биде промовиран „Повратник со две лица“, седмиот роман на Ивица Челиковиќ, кој влезе во тесна конкуренција за „Роман на годината“! Романот отвора сериозни егзистенцијални, морални и филозофски дилеми. Растргнат меѓу копнежот и можноста, вината и искупувањето, главниот лик Нестор залудно се обидува да најде смисла во сенките на сопствената совест и да се ослободи од тежината на ...
Потребни состојки За тестото • 30 г свеж квасец (или 10 г сув квасец) • 1 лажичка шеќер • 1 лажичка брашно • 200 мл млака вода • 800 г брашно • 1 лажица сол • 300 мл млака вода • 30 мл масло • 30 мл масло (за премесување) За филот • 150 г маргарин • 200 г печурки • 150 г посно сирење (растителна замена) • 50 г посно сирење (за одозгора) За премачкување • 50 г маргарин • 50–100 г посен мајонез По желба • сусам • чиа семе • ленено семе • афион ...
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ по повод Светски ден на бубрегот во Македонија денеска во Скопје организира настанот под мотото „Бубрежно здравје за сите: Грижа за луѓето, заштита на планетата’’. На отворањето на настанот, како што најавува организаторот, ќе се обратат министерот за здравство, Азир Алиу; директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски; директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за ...
Од февруари почнаа активности што во текот на март прераснаа во кампања посветена на жената, за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, под мотото „Има помош за живот без насилство“. Станува збор за иницијатива на Секторот за полициски работи од општа надлежност – Оддел за униформирана полиција, а во координација со одделенијата за превенција, одделенијата за полиција и одделенијата за криминалистичка полиција при ...
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21°C. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20°C. Во петок ќе се задржи претежно стабилно и сончево време со мала до умерена облачност. Во ...
Новиот авторски албум Muscle Memory на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски ќе се најде во продажба од 20 март, како компакт-диск и како дигитално издание. За љубителите на винили, Croatia Records, матичната дискографска куќа на Влатко, подготвува и лонгплеј плоча. Новиот студиски албум носи девет нови композиции кои стилски се движат помеѓу прогресивен рок и фјужн, со препознатливата виртуозност и емотивна изразност што со децении го ...
СДС како грамофонска плоча истата приказна ја вртат секој ден постојано фабрикуваат, шират лаги и манипилации. Грaмофонската плоча кај СДС врти, приказната им е иста во секое соопштение или прес-конференција само довербата кај народот им исчезнува, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Институциите ги демантираат секој ден, ама СДС си тера по свое како грамофонска плоча што се врти и ја повторува истата приказна. Венко Филипче и СДС лажеа дека никогаш не ...
На Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Како што објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, патниците претходно со организиран превоз биле транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштиле регионот. Во авионот имаше 151 патници, од кои 109 ...
Март е месец посветен на подигнување на свеста за здравјето на бубрезите, а оваа година на 12-ти март го одбележуваме јубилејниот, 20-ти по ред Светски ден на бубрегот. Како здружение „Ретко е да си редок“, нашата цел овој март е да го свртиме вниманието кон оние кои често се заборавени во статистиките – пациентите со ретки бубрежни заболувања. Ретките болести на бубрезите се исклучително комплексни, често тешко се дијагностицираат и бараат ...
Голема благодарност дo NU Teatar Komedija за донацијата на нивните театарски столчиња, со кои ја опремивме нашата просторија за филмски проекции, велат од ФДУ. Благодарение на оваа донација, просторот сега функционира како мала кино сала каде што ќе се одржуваат проекции, предавања и студентски активности. Голема благодарност дo NU Teatar Komedija за донацијата на нивните театарски столчиња, со кои ја опремивме нашата просторија за филмски ...
Во Националната установа Центар за култура (НУЦК) „Ацо Шопов“-Штип утревечер во 19.00 часот на малата сцена „Благој Самоников“ ќе се одржи промоција на постхумно објавената книга „Крикот на занемениот молк“ од авторот Благој Самоников. Во писменото соопштение на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип се вели дека настанот е посветен на ликот и делото на Самоников, истакнат културен работник и прв директор на тогашниот Центар за култура „Ацо ...
Самостојната изложба на слики на хартија од реномираниот македонски уметник Свето Манев ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата „Остен“ во Скопје. Со изложбата ќе бидат одбележани 40-години од создавање на циклусот „Човек – средство и цел“. Свето Манев (1945, Свети Николе), средно училиште за применета уметност (отсек графика) завршил во Скопје, кај професорите Димитар Пандилов, Драгутин Аврамовски-Гуте и Драгослав ...
Денеска (12.03) во 20:00 часот на Академска сцена ќе имаме проекции на дипломски филмови, соопштија оттаму. Симфонија на Скопје 18ʼ 18” Режија: Кристијан Костадиновски – Игран Октомвриска песна 18ʼ 00” Режија – Марија Петреска – Документарен Final 17 17’00” Режија: Александар Несторовски – Игран/Документатен The Damned Potato 10ʼ59” Режија: Дамјан Дуковски – Игран Бојата на мракот 12ʼ56” Режија: Кристијан Костадиновски – Игран Луфтанза – Лет ...
Во Чифте амам вечерва ќе биде свечено отворена изложбата на современи австриски уметници „Флора-Фауна-Покриви/Пирх-Лајрер-Пирх“, во организација на Националната галерија на Република Македонија и Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија. На изложбата ќе биде претставено современото австриско сликарство инспирирано од пејзажи, урбани мотиви, флора и фауна. На отворањето на изложбата ќе се обратат директорот на Националната ...
Денес, Советот за култура предводен од претседателката Ганка Цветанова, одржа седница на која беше разгледана Нацрт-Стратегијата за развој на културата за периодот 2026–2030 година. На седницата членовите на Советот дискутираа за содржината на документот, неговите приоритети и насоките за идниот развој на културниот систем во државата. Националната стратегија за развој на културата претставува клучен стратешки документ преку кој државата ги ...
Новата претстава „Ова е само крајот на светот“ нè носи на семејна средба што трае еден ден – а открива години премолчени мисли и недоразбирања, информираат од Драмски театар. По дванаесет години отсуство, Луис се враќа дома со намера да каже нешто важно, но разговорите со мајката, братот, сестрата и снаата постепено се претвораат во судир на љубов, болка и одбрана. Зборовите се судираат, речениците се прекинуваат, а она што најмногу сака да ...
Повеќејазично читање на „Циклусот за светулките“ од Матеја Матевски, ќе се одржи на 13 март 2026 (петок), во Друштвото на писателите на Македонија, во 19 часот. Во текот на октомври и ноември 2025 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ се одржа студентска преведувачка работилница посветена на песните од поетскиот „Циклус на свелулките“, објавен во стихозбирката „Круг“ (1977) од Матеја Матевски (1929-2018). Во работата се ...