По настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“, на сцената на 56. издание на „Илинденски денови“, пејачот и игроорец Никола Зацески, пред бројната публика, клекна на колено и ја побара за жена својата долгогодишна љубов Наталија Цветкова. Облечени во македонска народна носија, тие создадоа слика што совршено го спои она што фестивалот го слави веќе 56 години – традицијата, припадноста и човечките вредности што се пренесуваат од генерација на ...

Поранешниот извршен директор на американската инвестициска банка „Ситигруп“, Едвард Џин Смит осуден е на 30 години затвор поради низа сексуални злосторства извршени од 2015 до 2024 година. Смит е осуден од Судот во Менхетн откако призна вина за сексуалните злосторства, примање на детска порнографија и попречување на правдата. Одбраната тврдеше дека „главната причина“ за неговите кривични дела е нарушување од спектарот аутизам и оти ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека САД го спречуваат Израел да ја напаѓа иранската енергетска инфраструктура поради загриженоста за глобалната економија и пазарот на енергенси. Навистина сакаме да нападнеме ирански енергетски цели, но САД не го одобруваат тоа во овој момент, наведе Кац. Тој додаде дека Вашингтон се плаши дека таквите напади би можеле да го предизвикаат Иран да возврати врз соседните земји и да предизвика ...

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание. Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело „давање награда за ...

Поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки денеска објави дека формирал нова парламентарна група по поделбата во главната конзервативна опозициска партија во земјата, Право и правда (ПиС), јавува ДПА. Групата, наречена Развој Плус, вклучува 40 парламентарци и еден сенатор, изјави Моравјецки пред новинарите во Варшава. „Сакаме да работиме за развојот на Полска и нејзиниот конзервативен идентитет“, рече тој. Десничарската популистичка ПиС, ...

Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување. Право на учество имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребна документација. Сите детали од јавниот повик ...

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила утрово е забележана на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 40 минути. Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата. ...

Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги повика граѓаните да ја искористат можноста за државна финансиска поддршка преку јавниот повик за субвенционирање приклучување на природен гас и набавка на котел на гас. Со мерката, како што соопшти Министерството, домаќинствата може да добијат субвенција до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас или за ...

Денеска одржавме работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн обраќање учествуваше директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. Разговаравме за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ...

На претстојните Медитерански игри, македонскиот тим со околу 130 членови ќе настапи во 19 спортови – во индивидуални дисциплини како атлетика, бокс, карате, таеквондо, пливање и борење, како и во екипните спортови, фудбал, ракомет, одбојка и 3х3 баскет. Најмлад член на делегацијата е тенисерката Сара Митевска, а најискусен спортист е Лука Заложник во коњичкиот спорт Македонија во Таранто 2026 ќе ја претставува делегација која ги обединува ...

Цената на нафтата утрово порасна за повеќе од 4% бидејќи обновените непријателства на Блискиот Исток ги разгореа геополитичките тензии по неколку дена релативен мир, поттикнувајќи нова загриженост за прекини во снабдувањето со енергија. Цената на нафтата од типот Брентот денеска скокна за повеќе од 4% кон 88 долари за барел прекинувајќи ја тридневната низа на падови, додека цената на суровата нафта од типот WTI скокна за речиси 4% на околу 83 ...

Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на ...

Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и ...

Заклучно со 28 јули 2026 година, Фондот за здравствено осигурување исплати 560,9 милиони денари за надоместоци за боледување. -420,3 милиони денари се исплатени за породилни отсуства, што претставува највисока исплата за породилни отсуства во еден месец. -140,6 милиони денари се исплатени за останати видови боледувања. Фондот информира дека нема застој во исплатата на породилните надоместоци. По исполнување на законските услови за првата ...

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информира дека овогодишното 47-мо издание на фестивалот Скопско лето свечено ќе се затвори утре, 30.07.2026г. (четврток), на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан со почеток во 20:30 часот со концерт насловен „Звук што расте“ – 40 години Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“. Во свечената атмосфера на затворањето на 47. Скопско лето, Камерниот оркестар на ...

Актерот, писател, музичар и еден од најпрепознатливите македонски уметници, Игор Џамбазов, е годинашен добитник на престижната награда „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност, која традиционално ја доделува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Одлуката ја донеле Фестивалот и Советот на фестивалот МТФ „Денови на комедија 2026“, кои истакнуваат дека признанието му се доделува за неговата ...

Општина Крива Паланка најави голем бесплатен музички настан. На 29 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка, ќе настапи едно од најголемите музички имиња на Балканот – Лепа Брена. Легендарната музичка ѕвезда, чии песни со децении ги обединуваат генерациите низ целиот регион, ќе приреди концертен спектакл во Крива Паланка, исполнет со безвременски хитови и незаборавна атмосфера. Истата вечер пре публиката че настапи и популарниот пејач ...

На сцената на едно од најзначајните музички случувања во регионот – фестивалот „Бисер Јадрана 2026“ во Тиват – блеснаа бројни музички ѕвезди од Балканот, а меѓу најзабележителните настапи беше токму оној на македонската пејачка Ана Петановска и српската интерпретаторка Наташа Михајловиќ. Двете уметници премиерно ја изведоа новата композиција „Под ногама“, создадена од проверен авторски тим – музиката ја потпишува маестро Григор Копров, ...

Десетици илјади жители на Мајорка вчеравечер (26.07) протестираа во Палма де Мајорка против последиците од туризмот на нивниот остров, во екот на главната туристичка сезона. Со тапани и свирчиња тие се одѕваа на повикот на платформата „Помалку туризам, повеќе живот“, која го организираше протестот под слоганот „Мајорка на граница на издржливоста“, пишува Дојче веле. Туризмот одамна ги надмина границите што островот може да ги издржи, ...

Новооснованиот уметнички колектив „Орион“ ја започнува својата работа со уметничка колонија и изложба насловени „Нема време за одмор“, кои од 20 до 30 јули се одржуваат во Охрид. Завршната изложба ќе биде отворена на 29 јули во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Проектот претставува алтернативна културна иницијатива насочена кон забавување на брзото темпо на секојдневниот живот и создавање простор за набљудување и доживување на ...

Со дела од македонски те композитори Властимир Николовски, Бете Илин, Дамјан Темков и Драган Шуплевски, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски –Ѓумар одбележа 40 години од постоењето. Концертот под мотото „Звук што расте“ се одржа вчеравечер на „Охридско лето“ донесувајќи младешки елан и истовремено високи креативни вредности на младите уметници на кои допрва им претстои блескава кариера. Диригент на вечерта ...

По повод Илинден, книжевната програма „Зад датумот“ ќе ги поврзе историското паметење, јазикот, културното наследство и книжевноста, а ќе отвори и две јавни иницијативи за читателите и библиотеките Го знаеме датумот. Но зад 2 Август стои многу поширока приказна – луѓето што ја живееле историјата, зборовите со кои ја именувале Македонија, идеите со кои ја замислувале нејзината слобода и книгите во кои го запишале своето време. Под мотото „Овој ...

Во Културниот центар „Култ“ во Охрид вечер во 20 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Ткажалки“ од Александра Јуруковска. Книгата ќе ја претстави писателката и универзитетска професорка Мерсиха Исмајлоска, а стихови ќе чита Марија Филоска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на книжевната критичарка, новинарка и промоторка на културата, Александра Јуруковска. За ова дело таа лани ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобар необјавен ...

Новата сезона 2026/2027 ќе започне на 25 септември со премиерата на „Три сестри“, современа сценска адаптација инспирирана од безвременската драма на Чехов, во режија на Нела Витошевиќ. Освен новото читање на едно од најзначајните дела на светската драмска литература, оваа премиера ќе остане запаметена и како првата претстава во историјата на МНТ што ќе се изведува со превод на англиски јазик. Со воведувањето англиски превод за дел од ...

Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот. Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија. Настапувала пред ...

Молк кај албанските политичари, но и кај граѓаните Албанци за загадената вода . Што знам ако водата во Гостивар беше двојазична можеби ќе излезеа на улица да побараат оставка од градоначалникот Лимани. ќе имаше прес-конференции, четири соопштенија и пет европски претставницикои ќе сочуствуваа со маките на Албанџите кои имаат почуствителни стомаци од Македонците. Гледајте ја новата„Чавез“, 45-та, летна епизода посветена на Гостивар. Молк кај ...

Пациент во поодминати години, кој е заразен со вирусот на западнонилската треска, се бори за живот на Инфективната клиника, откако кај него се развила тешка форма на воспаление на мозокот (енцефалитис). Пациентот е приклучен на респиратор, соопштија здравствените власти. За жал, 76-годишниот пациент има тешка клиничка слика и се наоѓа во Одделот за интензивна нега. Тој е поставен на респираторна поддршка бидејќи неговата состојба е критична. ...

Речиси половина од жителите на Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство очекуваат да живеат во друга земја во одреден момент од својот живот, според ново истражување спроведено на 2.000 возрасни лица. Анкетата ја спроведе истражувачка агенција за дигиталната осигурителна компанија Feather, а резултатите покажуваат дека растечките трошоци за живот се главната причина зошто многумина размислуваат да се преселат во странство. Ова го ...

Квалитетниот сон е еден од најважните фактори за доброто здравје, без оглед на возраста. Лошо преспиената ноќ веќе следниот ден не само што може да предизвика замор, намалена концентрација и полошо расположение, туку и посериозни последици со здравјето. Со стареењето се будиме порано од вообичаено. Тоа е природен процес поради внатрешниот биолошки часовник, но тоа не значи дека ни треба помалку сон, изјавија научниците. Според истражувањата, ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.87
32%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
59%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.36
32%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.04
35%
1013
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.78
40%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.34
71%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
2.24
42%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.4
45%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.52
43%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
42%
1012
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
1.34
28%
1011
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.35
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Злато

136962.18

Сребро

1994.05

Бакар

13.51

Родиум

274085.11