Филипче и СДС за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет. Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДС кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно наштетува на македонските позиции и црвени линии, посочи Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. -Филипче и СДС немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е дел од Бугарската држава, Гоце Делчев, Питу Гули, ...

Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен по две пукања во Атина – во канцеларија на ЕФКА и во Апелацискиот суд – при што се повредени четири лица. Напаѓач отворил оган во канцеларија за социјално осигурување и во судска зграда во центарот на Атина во вторникот, при што биле ранети неколку лица, соопштија грчките власти. Во тек е полициска операција за пронаоѓање на напаѓачот, за кого грчките медиуми јавуваат дека е 89-годишен ...

На 27.04.2026 во 14:10 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека во викенд-куќа во с.Маврови Анови била пронајдена почината Д.Ѓ.(58) од с.Леуново, општина Маврово и Ростуше, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. На 27.04.2026 во 14:10 часот во Полициското ...

Портпаролот на Движењето За наша Македонија, Никола Мемов, на денешната прес-конференција оцени дека вчерашните јавни настапи поврзани со измените на Законот за Влада покажуваат сериозна конфузија, некоординираност и очигледен раскол во редовите на СДСМ. Според него, во текот на само еден ден од иста политичка адреса пристигнале различни и меѓусебно спротивставени пораки. „Наместо јасно дефиниран став и политичка конзистентност, јавноста доби ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека процесот на проширување на Европската Унија мора да остане заснован на заслуги, без да биде оптоварен од краткорочни политички интереси. Тој истакна дека доколку правилата и стандардите се исти за сите, тогаш и третманот кон земјите треба да биде еднаков. Говорејќи на меѓународната конференција „Западен Балкан во вртлогот на новата геополитика на безбедноста“ во Љубљана, во рамки на ...

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, пред почетокот на денешното рочиште во судницата во „Идризово“ до Судот достави дополнителна медицинска документација за неговата нарушена здравствена состојба и побара мерката притвор да биде заменета со куќен притвор. На ова барање со негодување реагираа родителите на загинатите, кои го следеа судскиот процес во судницата. ...

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд, во однос на најавениот протест пред Судот денеска (28.04.2026) информираме дека во конкретниот предмет е поведена постапка врз основа на изразен сомнеж за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на член 76-љ од Законот за културата, се наведува во соопштението од Судот. „Станува збор за втора фаза во која ќе се оценува уставност и законитост, конечна одлука за оспорените ...

На крајот на април оваа година истекува рокот за меѓународниот натпревар за дизајн на идната серија, со што започнува клучна фаза на промени што ќе бидат видливи во секојдневниот живот на граѓаните низ цела Европа во наредните години. Промената има за цел да го освежи изгледот на банкнотите по повеќе од две децении од нивното воведување, додека одржува високи стандарди за безбедност, достапност и еколошка одржливост. Еврото влезе во оптек на ...

Иранскиот заменик-министер за одбрана денеска учествува на состанокот на министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка во Киргистан. Алијансата е позната како платформа за земјите да дискутираат за алтернативи на западниот блок, а меѓу учесниците се Кина, Русија и нивните евроазиски соседи, како и Индија. Според изјавите што ги пренесоа државните медиуми, заменик-министерот Реза Талеи-Ник на своите колеги им соопштил дека ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на убиените припадници на АРМ во масакрот кај Вејце во 2001 година. -Денеска со длабока почит се потсетуваме на хероите кои го дадоа највредното за Македонија. Во касарната „Илинден“, пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили, положивме венец со свежо цвеќе и оддадовме почит на Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески. ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. -Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет домени и содржел детална база на компромитирани лични податоци за регистрација на сметки на клиенти и ...

Пред 25 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица. На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче ...

По вознемирувачкиот случај на врсничко насилство во скопско Ѓорче Петров, каде ученичка била горена со цигари, а сето тоа било снимано со мобилен телефон, со силна реакција во јавноста се огласи наставничката во пензија и поранешна директорка на две училишта, Наде Молеровиќ. Таа во својот статус порачува дека ваквите сцени не се само изолиран инцидент, туку сериозен аларм за состојбата во општеството. „Неодамнешните слики на насилство меѓу ...

Цените на дел од овошјето и зеленчукот во Грција, во пик на глобална борба со инфлацијата, се исти или дури и пониски од оние во Македонија. Килограм домати се продаваат по 140 денари а килограм јаболка чини 110 денари, исто како и кај нас , пишува Порталб. Во пресрет на годинешната летна сезона , дел од цените од соседна Грција, која е една од најатрактивните дестинации и за нашите граѓани, цените во рестораните главно остануваат на исто, ...

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Тимот обвинители кои го застапува обвинението, на брифинг со медиумите, вчера информираше дека остануваат уште неколку сведоци кои се предложени – тие што од психички причини не може да бидат сослушани и еден кој е во странство, ...

Украинските сили извршиле уште напад со дронови на руската нафтена рафинерија во Туапсе на Црното Море, предизвикувајќи пожар, соопштија локалните власти. Станува збор за последен од серијата напади извршени изминатите недели врз рафинеријата на „Роснефт“ и на пристаништето Туапсе, што предизвикаа излевања нафта во морето и интензивни неколкудневни пожари. Рафинеријата има годишен капацитет од околу 12 милиони метрички тони (околу 240 илјади ...

Кошаркарите на Пелистер синоќа во одлична игра стигнаа до победата во дуелот со првакот МЗТ Скопје Аеродром со 85:74. Ова беше последниот дуел од 4.коло од ТОП 6 фазата од Супер лигата. Со победата Пелистер остана на третата позиција на табелата, а МЗТ Скопје А. На втората што значи дека овие два тима најверојатно ќе играат и во полуфиналето од плеј офот. Лидер на табелата остана екипата на ТФТ со 48 бодови. Клучна за победата беше втората ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американската администрација има индикации дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, но дека постојат многу отворени прашања во врска со неговата вистинска улога на власт во Иран. Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио рече дека клучните прашања се поврзани со тоа дали Хамнеи навистина има политички авторитет и донесува одлуки во земјата, сенаведува во соопштенијата на ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја спореди блокадата на Ормуската Теснина од страна на Иран со „економско нуклеарно оружје“. Во интервју за „Фокс њуз“ синоќа Рубио рече дека блокадата на клучната поморска рута покажува зошто на Иран не треба да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје. „Теснината е еквивалент на економско нуклеарно оружје што тие се обидуваат да го користат против светот, и тие се фалат со тоа“, рече тој. ...

Со својата свиленкаста текстура, панакотата претставува еден од најелегантните десерти на медитеранската кујна. Во оваа варијанта, нејзината нежност е надополнета со свежината на јагодите. Потребни состојки: 500 мл слатка павлака 80 грама шеќер 1 ванилин шеќер (или екстракт од ванила) 10 грама желатин (во прав или листови) 200 грама свежи јагоди 2 лажици шеќер (за јагодите) 1 лажица сок од лимон Начин на подготовка: Желатинот потопете го во ...

ВЛЕН не се појави случајно. Се појави како одговор на потребата на Албанците за промена, за чесно претставување и за политика која не се врти околу тесни интереси, туку околу граѓанинот. Од пет политички субјекти кои се обединија за промена, ВЛЕН се трансформира во еден единствен политички субјект, со јасен идентитет, целосна одговорност и заеднички правец, се вели во соопштението од ВЛЕН. Обединети околу едно знаме и една заедничка политичка ...

– ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за финалниот турнир на Светското првенство во 2026 година, објави „Би-би-си“. Според британскиот сервис, планирана е втора рунда на амнестија, со која ќе се исчистат сите жолти картони на крајот од групната фаза и по четвртфиналето. Според сегашните правила, тимот мора да одигра пет натпревари за да стигне до четвртфиналето, а секои два жолти картони во овие ...

– Манчестер јунајтед синоќа го победи Брентфорд со 2:1 на домашен терен во 34. коло од англиската Премиер лига. Хари Мегваер го отвори резултатот во 11. минута по асистенција од Касемиро. Бенџамин Шешко го зголеми водството на „Црвените ѓаволи“ во 43. минута, на асистенција на Бруно Фернандеш. Матијас Јенсен го постави конечниот резултат во 88. минута. Манчестер јунајтед има 61 бод и е трет на табелата во Премиер лигата и обезбеди учество во ...

Денвер нагетс ја победи Минесота дома во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот на НБА со 125:113. Центарот на Нагетсите, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Во победничкиот тим се истакнаа и Мареј со 24 и Џонс со 20 постигнати поени. Кај Минесота најефикасни беа Рендл (27 поени), Досунму (18), Хајленд (15) и Шенон (15). Резултат во серијата прв до четири победи е 3:2 за Минесота која на овој ...

Напаѓачот кој во неделата се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Министерството за правда на Соединетите Американски Држави. Осомничениот, 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија, се соочува и со две федерални обвиненија – употреба на огнено оружје при извршување насилно кривично дело и транспорт на оружје и муниција преку државни граници ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, смета дека пристапувањето на неговата земја во Европската Унија е клучен дел од мировен договор за завршување на војната со Русија, јави ДПА. Во синоќешното видео-обраќање тој уште ја посочи „реконструкцијата на нашата земја по војната“ како предуслов за „вистински мир во Европа“. Зеленски, исто така, рече дека границите и суверенитетот на Украина мора да се почитуваат, а на неговата земја мора да ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе ...

Агенцијата за филм во рамките на одбележувањето на своето двецениско постоење со подарок за филмофилите- бесплатни проекции на врвни македонски наслови. Секој понеделник „Синеплекс“ стана новото зборно место за сите генерации. Со проекција на „Панкот не е мртов“, „Хомо“,, „Avec L’amour“ и „Господ постои, името и’ е Петрунија“ се направи една ретроспектива на современата македонска кинематографија, а македонскиот филм се врати таму каде што ...

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев. Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029. Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од ...

Во организација на Fashion Weekend Skopje, се одржа јавен разговор посветен на еден од најитните, но често занемарени еколошки предизвици – микропластиката. Настанот беше реализиран како дел од иницијативата MISSION4WATER, која има за цел да поттикне иновации и соработка за справување со загадувањето на водите. Разговорот за микропластиката ја отвори темата што индустријата често ја заобиколува. Со учество на Наташа Сивевска – извршна ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.66
74%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
96%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1018
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
81%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9559

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Калај

50.03

Бакар

12.06

Родиум

319899.93

Паладиум

48883.97

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Сребро

2840.84