Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Со револуционерно видео Реал Мадрид го објави доаѓањето на Дензел Дамфрис. „Кралскиот клуб“ никогаш порано не направил нешто слично, но сега го објави ова необично видео за да го пречека холандскиот бек. Тоа би можело да биде чекор кон нова комуникациска стратегија. Тоа што го гледате не е тенис, тоае Дензел Дамфрис, како постојано оди нагоре – надолу крај аут линијата“, е пораката во видеото. Со револуционерно видео Реал Мадрид го објави ...
Сирените за воздушен напад се огласија ноќта на 30 јули во полскиот регион Лублин, откако непознат објект влезе во полскиот воздушен простор за време на масовниот руски напад врз Украина. Полската војска соопшти дека објектот бил забележан во 3:40 часот наутро по локално време, додека најмалку десетина ракети дејствувале над западна Украина. Според оперативната команда, авион Ф-16 бил испратен да го идентификува и пресретне објектот, но ...
До 13 часот денеска на територијата на Македонија се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде е зафатена нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде гори сува трева. Под контрола е ставен пожарот во општина Кавадарци, ...
По премиерата на 66. Охридско лето и светската премиера во Верона, Битолскиот театар успешно ја заокружи сезоната со нови премиери, бројни меѓународни гостувања, соработки. Последната премиера за оваа сезона „Кориолан“ по делото на Шекспир, во режија на Џон Блондел, беше успешно претставена во рамките на драмската програма на 66. Охридско лето, а веднаш потоа меѓународниот успех НТБ го потврди со светската премиера на Verona Shakespeare ...
Околу 9.800 луѓе починале во Германија од почетокот на 2026 година поради топлотни бранови, според податоците од германскиот институт Роберт Кох (RKI), објавени во неговиот неделник, цитирани од Ројтерс. Податоците доаѓаат откако метеоролозите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 степени Целзиусови во неколку региони на земјата во наредните денови. Според институтот, најголем дел од жртвите се кај луѓето на возраст од 75 ...
Пред нас имаме уште тешки денови и традиционално тежок месец – август. Сакам навистина од сите граѓани да побарам да бидат максимално внимателни. За жал, и сега имаме бројни пожари кои започнуваат поради голема небрежност, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, додавајќи дека државата ќе го стори она што е во нејзина моќ, но и побара внимателност од сите граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Физичка пресметка поради недоразбирање за паркинг место била пријавена на подрачјето на скопската населба Карпош. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, утрово околу 09:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека, по претходно недоразбирање околу паркирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М. (44) од една страна и А.Н. (23) и Т.Н. (55), сите од Скопје, од друга страна. Од МВР информираат дека по ...
Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје, откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судија на Уставниот суд. За в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас ...
Премиерот Христијан Мицкоски посочи економски споредбени параметри со коишто покажа дека растот на БДП и растот на пензиите е за три пати поголем сега отколку за време на владата на СДСМ и ДУИ. Побрзо растат и платите, цените на горивата се најевтини во регионот во услови на криза, а споредувајќи ги параметрите за инфлацијата нагласи дека инфлацијата во јуни 2026 година е 3,4%, додека инфлацијата во јуни 2022, со влада на СДСМ и ДУИ беше ...
Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени бил регистриран денеска, 30 јули 2026 година, во близина на Охрид. Според објавените сеизмолошки податоци, потресот се случил во 11:28 часот по локално време, а неговиот епицентар бил лоциран околу 10 километри западно-северозападно од Охрид. Земјотресот бил на длабочина од 15 километри. Координатите на епицентарот се 41.170 степени северна географска ширина и 20.711 степени источна географска должина. ...
Германскиот автопроизводител „Ауди“ го претстави новиот „Ку-9“ (Q9) – првиот луксузен СУВ-теренец од целосна големина во својата историја. Новиот модел се одликува со пространа кабина, врвна технологија и напредни системи за помош при возење, а првите испораки се очекуваат во четвртото тримесечје од 2026 година. Со должина од 5,31 метри, „Ку-9“ е најголемиот автомобил „Ауди“ произведен досега. Стандардно располага со седум седишта, а како ...
Глобалната побарувачка за авионски патнички превоз во јуни се намали за 1,7 проценти на годишно ниво, главно поради остриот пад на сообраќајот на Блискиот Исток предизвикан од војната со Иран, како и поради послабата домашна побарувачка во Кина, САД и Јапонија, соопшти денеска Меѓународното здружение за воздушен превоз (ИАТА). Вкупниот капацитет на авиокомпаниите, мерен во достапни километри седишта, се намали за 1,3 отсто, додека ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека поддршката за Израел и за неговата влада меѓу американската јавност е намалена, оценувајќи дека главна причина за тоа е влијанието и манипулацијата преку социјалните мрежи, но истовремено порача дека оваа тенденција го загрижува бидејќи двопартиската поддршка од Вашингтон е темел на израелската национална безбедност. Постои директна врска меѓу ширењето на социјалните мрежи и падот на ...
Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, беше уапсен синоќа по наредба на УСКОК, потврди објави порталот „Индекс“. Апсењето е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Коноба пршут“, која се однесува на угостителски објект во сопственост на Керум во Каштел. „Слободна Далмација“ објави дека Керум бил во Вела Лука на Корчула во времето на апсењето, каде што се одржувал настан посветен на Оливер Драгоевиќ. Во случајот се вклучени и ...
Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав. На бродот имало и 52 члена на екипажот. Бродот, што плови под знаме на Швајцарија требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода. Бродскиот агент ангажирал друг брод за да ги собере патниците, но не можел да се приближи доволно до ...
Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, остваруваат исплата од индивидуалните сметки, покажува анализата со пресек на 30 јуни 2026 година. За овие корисници, како што соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, при што просечната нето исплата по корисник ...
Американскиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал беа принудени да го напуштат својот дом во југоисточна Франција, откако разорни шумски пожари го зафатија подрачјето каде што живеат со своите деветгодишни близнаци, Ела и Александар. Во писмо до градоначалникот на Брињол, Дидие Бремон, брачниот пар изрази страв дека не знае дали нивниот дом ќе ја преживее катастрофата. Тие порачаа дека, без оглед на исходот, ќе останат дел од локалната ...
Пред деншшниот дуел против екипата на Браво тренерот на Шкендија, Артим Положани го даде своето мислење за натпреварот. „Браво е квалитетен тим и е тишичен претставник на словенечкиот фудбал. Ние ќе треба да дадеме и повеќе од максимум за да успееме да ја оствариме целта и да се пласираме во следната рунда. Знаеме дека нема да биде лесно, но видовме дека можеме да се надигруваме и дефинитивно ќе продолжиме со ист стил како во Скопје. Предност ...
Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се сечат дрвја, ниту ќе се дозволат какви било други штетни влијанија врз природата – водата, воздухот, за да добиеме некаков бенефит. Мислам дека тоа беа глуви, назадни зборови и желби на одредени поединци да создадат еден вид лажна хистерија – рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Се размислува, информира ...
Неколку милиони денари ќе бидат потребни за реконструкција на кровот на Клиничка болница Штип, кој беше оштетен и однесен за време на силното невреме со оркански ветер што го зафати градот, при што брзината на ветерот достигна 134 километри на час. Заменик-директорката на Клиничка болница Штип, Билјана Ефтимова, по средбата со министерот за здравство Сашо Клековски и директорот на Фондот за здравство Златко Перински, информираше дека се ...
Заедно со министерот за здравство д-р Сашо Клековски, градоначалникот Иван Јорданов и претставниците од Светска банка, ја посетивме Клиничката болница во Штип, каде го разгледавме новиот концепт за реализација на еден од најзначајните капитални проекти во македонското здравство, напиша Златко Перински директорот за ФЗОМ. Со инвестиција вредна 109 милиони евра, проектот добива значително поширок опфат и претставува стратешко вложување во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде што се запознал со секојдневната работа на службениците, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат во справувањето со семејното насилство. Тошковски објави дека статистиката за последните пет години покажува промени во бројот на пријавени случаи. Во 2022 година биле евидентирани 326 пријавени настани, ...
Во рамките на истрагата за наводни неправилности во јавните тендери и фалсификување документи денеска во Турција се приведени 51 човек, меѓу кои и градоначалникот на округот Етимесгут во Анкара, Ердал Бешикчиоглу. Тој беше избран за градоначалник на Етимесгут од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) на локалните избори од 2024 година. Бешикчиоглу е актер и пред да стане политичар беше познат по неговата улога во истоимената ...
Како што објави локалниот портал 3K од Нови Пазар, новиот играч на Нови Пазар ќе биде Стефан Ристовски. Тој, како и Адем Љајиќ, минатата сезона играше за Сараево и двајцата треба да бидат засилувања за клубот. Во Хрватска играше за Риека, но својот најдлабок белег го остави во Динамо Загреб, каде што со години беше еден од лидерите во играта и ја носеше капитенската лента. Во текот на својата кариера играше и за Парма, Кротоне, Фрозиноне, ...
Портпаролот на кувајтското Министерство за одбрана, генерал-мајор Сауд Абдулазиз ал-Атван, денеска изјави дека во „грозоморната иранска агресија“, во која беше погодена зграда во сопственост на кинеска компанија на северот од земјата, еден работник е убиен. Ал Атван во соопштение на платформата Икс наведе дека нападот предизвикал значителна материјална штета на зградата. Тој додаде дека „веднаш по инцидентот, надлежните органи почнале да ги ...
Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелацискиот суд Скопје откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судијка на Уставниот суд. За в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи: „Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за ...
Под влијание на топол бран, до крајот на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време, со постепен пораст на дневните температури. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, особено високи температури се очекуваат од среда, кога во одделни делови од државата максималната дневна температура ќе надмине 40 Целзиусови степени. Под влијание на топол бран, до крајот на следната седмица во земјава ќе ...
Од 31 јули до 3 август, Галичник по седми пат ќе гo отвори своето препознатливо кино под отворено небо за едно од најавтентичните филмски доживувања во регионот. Галичник Филм Фестивал годинава носи повеќе од 50 краткометражни филмови од 30 земји, избрани од стотици пријави од целиот свет, потврдувајќи ја својата позиција како меѓународен фестивал кој ги открива новите авторски гласови. Годинешната програма е најразновидна досега. Покрај ...
Во Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе се одржи своето прво неформално гласање, за да ја процени поддршката за новиот генерален секретар на меѓународната организација. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш завршува во јануари 2027 година. СБ го номинира новиот генерален секретар. Кандидатот мора да добие најмалку девет гласови во 15-членото тело на Советот, при што секоја од петте постојани членки ...