Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Финалистот на кошаркарскиот плејоф екипата на Маџари во новата сезона ќе биде предводена од Марјан Илиевски, кој ќе биде тренер и предводник на стручниот штаб. Тој е еден од коосновачите на клубот и идеолог на овој проект. Маџари во новата сезона покрај настапот во домашните натпревари ќе игра и во АБА 2 лигата што ќе биде деби за клубот во едно регионално натпреварување. Илиевски е едно од најквалитетните тренерски имиња во македонската ...
Новиот менаџер на Челзи Чаби Алонсо, кој како репрезентативец на Шпанија остави белег со освоена светска титула во 2010 и две титули во 2008 и 2012 година се осврна на моменталната состојба во светскиот фудбал откако ФИФА изјави дека ќе продолжи со консултациите за план за привлекување приватни вложувања за Светското првенство и другите турнири. – Фудбалот мора да биде за луѓето, а не во приватни раце. И мислам дека начинот на кој го сакаме е ...
Новиот фудбалер на МЛС екипата Интер Мајами, Бразилецот Касемиро истакна дека сè уште има желба да биде победник по неговиот трансфер како слободен агент. Воедно истакна дека му е чест да биде соиграч на Лионел Меси. – Мојата намера да бидам најдобар и да победувам не исчезнала. Во фудбалот, не знаеме дали ќе победиме или ќе изгубиме, но мојата посветеност и работа ќе останат исти, изјави Каземиро. Тој рече дека Мајами бил неговата ...
Остануваат уште десетина дена до завршување на конкурсот „Антево перо“. Во продолжение ги споделуваме, уште еднаш, пропозициите и ве покануваме да земете учество со вашата необјавена збирка поезија. Вашите ракописи ги очекуваме на [email protected] . КОНКУРС за доделување на наградата „Антево перо“,востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски за 2026 година. Пропозиции: 1. Наградата „Антево ...
Се е поизвесно дека и Македонија од 5 август па во деновите потоа ќе биде на удар на најтоплиот бран од југ, односно од Африка ова лето. Токму од овој датум топлината значително ќе се интензивира кај нас во Македонија, а времето останува стабилно и сончево и без никакви врнежи и без опасност од нови временски непогоди. Очекуваните температури во Македонија за време на овој најтопол бран ова лето се: Тие на многу места ќе надминуваат 35 ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе биде ...
По посетата на клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, каде изврши увид на реконструираните одделенија и на набавената нова медицинска опрема, премиерот Христијан Мицкоски беше прашан и дали летово ќе одмара и каде ќе го искористи годишниот одмор. Тој откри дека нема да има класичен одмор. Тоа ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам недела дена во Белгија, четири дена во Бриж, четири дена во Брисел, откри Мицкоски. ...
Во централна Грција во близина на градот Тива и крајбрежното место Агиос Василиос и на Пелопонез во непосредна близина на археолошкиот локалитет Микена, активни се големи пожари, кои поради ветерот брзо се шират, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација на жителите на неколку населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот во областа Виотија, во централна Грција, од приморското место Агиос Василиос во ...
Ноќва во 01:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило, соопшти МВР. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници и ...
Тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола, одговарајќи на прашање за случајот со Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендери во РЕК „Битола“ вредни 1,7 милиони евра. Тоа нема така да заврши, лично ви гарантирам, зошто лично ќе го следам овој процес, порача Мицкоски. Тој најави дека допрва ќе има ...
Законот за Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година ќе оди на јавна расправа, за да не се остави каков било сомнеж околу транспарентност на овој процес, најави премиерот Христијан Мицкоски. Додаде дека се работи за закон кој треба да се донесе во рамки на приоритетите на овој проект и оти тој е изготвен согласно препораките и праксата во ЕУ. - Јас ја разбирам реакцијата во јавноста поради тоа што има жесток обид за нејзина ...
Денеска директорката на скопската Дирекција за култура и уметност на Скопје – Скопско лето, госпоѓата Василија Чали и деканката на ФМУ – Скопје, проф. м-р Дарија Андовска, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции. Со оваа соработка, имајќи го предвид ентузијазмот и еланот со кои се склучи, очекуваме да се отвораат свежи перспективи и можности за заедничко напредување кон нови хоризонти Денеска директорката на скопската ...
Хајдук го заврши настапот во квалификациите за Лигата на Европа откако претрпе тежок пораз од Пафос со резултат 4:0 по продолженијата во реваншот од второто коло на Кипар. Сплиќанте ја одбранија предноста од 2:0 од првиот натпревар на Пољуд, но со вкупен резултат од 4:2 останаа без пласман во следната рунда од второто по ранг европско натпреварување. Поголемиот дел од критиките беа упатени кон тренерот Гонзало Гарсија, чии одлуки беа доведени ...
Фудбалот е на работ на најголемата војна во историјата. По информациите за намерата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да започне проект и да продаде дел од сопственичките права врз Светското првенство на приватни инвеститори, имаше жесток одговор од Северна и Централна Америка, како и од Азија. Конфедерацијата КОНКАКАФ, која собира 41 национална асоцијација, одржа вонреден итен состанок на кој едногласно и остро го отфрли предлогот на ...
Полициската професија не е професија којашто завршува со истекот на работното време. Таа е животен избор, повик кој бара храброст кога е најтешко, смиреност кога сите други се вознемирени, чесност кога никој не ја гледа и човечност во секоја постапка. Ќе има денови кога ќе бидете први на местото на несреќата, први кога некој ќе побара помош, први кога ќе треба да застанете помеѓу опасноста и граѓаните. Токму затоа оваа униформа носи тежина, ...
Десетици илјади мигранти продолжија да се слеваат во мароканскиот град Фнидек во близина на границата со енклавата Сеута во текот на ноќта, и покрај зголеменото распоредување на безбедносните сили што ги спречуваше да преминат на шпанска територија во Северна Африка. Шпанската државна телевизија TVE објави дека меѓу 2.000 и 3.000 луѓе влегле во Сеута во четврток. Повеќето од оние што успеале да ја преминат границата се чини дека го сториле ...
Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Лани ...
Во Македонија заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, информира Министерството за здравство. Според официјалните податоци, на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, а тројца од нив се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и по направената стручна проценка на ризикот, ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар продолжува да се стабилизира, а бројот на граѓани кои бараат лекарска помош поради стомачните тегоби бележи значителен пад, информира Министерството за здравство. Според официјалните податоци, во текот на вчерашниот ден во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во однос на претходниот ден, кога биле евидентирани 73 пациенти. Во моментов, на ...
На 12 и 13 септември ќе се одржи „NAJK MOTO BIG RACE“, настан што ќе ги обедини љубителите на ATV спортот, адреналинот и културното наследство. Трките ќе се возат во непосредна близина на античкиот локалитет Стоби – еден од најзначајните археолошки локалитети во земјава, препознатлив по своите римски мозаици, амфитеатарот и богатата историја. Организаторите најавуваат дека покрај натпреварувачкиот дух, настанот ќе понуди и уникатен амбиент во ...
На 63 годишна возраст почина Стојан Здравевски – Столе, член на групата „Боеми“ од Битола. Негов инструмент беше кларинетот и вокалното пеење. На почетокот на неговата кариера учествуваше во музичката групата „Боцкин“, а од 1989 година Столе заедно со Тони, Панскиот, Ѓершано и Стево ја формираа групата „Боеми“. Од тогаш па се до неговата смрт беше незаменлив член на групата „Боеми“ со која има испеано бројни композиции и учествувано на многу ...
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) до 27 јули регистрирал 6.707 лабораториски потврдени случаи на циклоспоријаза – заболување предизвикано од паразитот Cyclospora, кој бил поврзан со консумирање контаминирана ајсберг салата. Бројот на заразени и натаму расте, а здравствените власти истражуваат повеќе жаришта на инфекцијата. Паразитот предизвикува цревни тегоби, меѓу кои и пролив, а според американските медиуми, ...
Она што го прави Хапоел Бер Шева единствен во светскиот фудбал е неговиот сопственик и претседател – Алона Баркат, сопруга на израелскиот ИТ милијардер Ели Баркат, кој изгради империја со братот на Алона, Нир Баркат. Со купувањето на тимот во 2007 година, додека беше во втората лига, Баркат стана првата жена во историјата на израелскиот спорт што купи и водеше професионален фудбалски клуб. Нејзината визија беше оживување на неразвиениот јужен ...
Околу 49.000 мигранти преминале од Мароко во шпанската северноафриканска енклава Сеута во последните 24 часа, според проценките на тамошните власти. Илјадници мигранти ја препливале границата до шпанската енклава Сеута во Северна Африка во четврток, а локалните медиуми објавија дека пристигнувањата продолжиле и во текот на ноќта, објави Би-Би-Си. Ceuta amanece sumida en el caos, decenas de marroquíes asaltan una tienda de comestibles. ...
Припадници на СБПТ и СКОР на УКП на српското Министерство за внатрешни работи, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Краљево и БИА, денес во областа на Краљево, го лишија од слобода Р.Т. (1980) од Исток, Косово , поради сомнение дека сторил кривично дело Шпионажа според член 315 од Кривичниот законик на Србија, дознава Танјуг. Р.Т. е осомничен дека подолг временски период соработувал со Албанската разузнавачка служба, која дејствува ...
Властите во Црна Гора затворија четири плажи и поставија црвени знамиња како предупредување за капачите откако се излеале фекалии во морската вода, објави „Вјести“. Анализите покажале дека морската вода на плажите Жукотрлица 02 и Жукотрлица 03 во градот Бар, како и на Словенска плажа 01 и Пржно во Будва, не е соодветна за капење. Посетители минатата недела забележале дека се излева канализација во морето на најмалку две места во Бар. Од ...
Министерката за демографија и имиграција, во соработка со Фондацијата „Хрватска за деца“, започнува пилот-програма за финансиска поддршка за кофинансирање на купување возило со седум или повеќе седишта за семејства со четири или повеќе деца. „Родителството не се поддржува само со зборови, туку со конкретни мерки што се чувствуваат во секојдневниот живот. За семејствата со четири или повеќе деца, возило со поголем капацитет честопати не е ...
По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи дека земјава во наредните денови ќе биде зафатена од топлотен бран, Агенцијата за храна и ветеринарство предупредува дека високите температури претставуваат сериозна опасност и за животните. Од АХВ посочуваат дека несоодветните услови за чување, високата влажност и недоволната вентилација во објектите може да предизвикаат топлотен удар. Сончаницата, пак, се јавува како последица на директно ...
Три хороскопски знаци привлекуваат среќа и финансиски успех од 3 до 9 август 2026 година. Оваа недела, универзумот ги потсетува на нивната самодоверба и им помага да сфатат дека заслужуваат стабилност, изобилство и успех, вели астрологот Кејт Рос. ОВЕН Овнекогаш сте биле достојни за успех, Овен. Хиронот ретрограден во Бик ве охрабрува да го промените начинот на кој размислувате за себе и парите. Време е да ги замените негативните верувања со ...
Хамас потврди дека е постигнат договор за втората фаза од примирјето со Израел, за разоружување на движењето и на другите милитантни групи во Појасот Газа. Членот на преговарачкиот тим на Хамас, Гази Хамад изјави дека се направени „отстапки за доброто на нашиот народ во Појасот Газа, за да го спасиме од смрт и раселување“. Тој додаде дека разоружувањето на Хамас е поврзано со повлекувањето на израелските сили од Појасот Газа. – Нема да ...