Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен ...
Имавме несовесно работење на вработени од Јавното претпријатие „Водовод“ коишто директно со цевки и пумпи вода од река префрлеле во главниот резервоар. За тоа Обвинителството постапуваше и постапува и веќе имаме лица коишто се обезбедени, сослушани. Очекувам да имаме и проширување во истрагата. Одговорноста е лоцирана и се преземаат мерки, веќе е обезбедена техничка вода за користење. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на ...
Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие и членовите на вашето семејство, особено децата, ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај. Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, првиот дел од ...
Претседателот на Конфедерацијата на Северна, Централна Америка и Кариби (КОНКАКАФ) Виктор Монталијани сериозно ја разгледува можноста за кандидатура за претседател на ФИФА. Според британските медиуми, тој би можел противкандидат на Џани Инфантино. Монталијани има амбиции да биде претседател на ФИФА, но ќе мора официјално да поднесе кандидатура до 18.ноември, кога истекува рокот за пријави. Инаку, негов приоритет сега е ре-избор на позицијата ...
Камерите на зградата во која, како што се сомнева, била убиена Људмила Туркова Константинова (28), како што се гледа на снимките до кои српски „Курир“ ексклузивно дошол, го забележале моментот кога руската државјанка последен пат жива влегла во станот од кој никогаш повеќе не излегла. На снимките од безбедносните камери се гледа и моментот кога, наредниот ден, осомничениот турски државјанин К. Е. (25), според сомнежите, го изнесува од ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. 2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание (1903) ...
Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи. Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, ...
Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) соопшти дека во Ормуска Теснина, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“. Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ Ормуска Теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата ...
Над 300 пожарникари интервенираат во големиот пожар што избувна вчера наутро во областа Виотија во централна Грција, што сè уште не е ставен под контрола, а во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за превентивна евакуација на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера наутро и поради силниот ветер, што сè уште дува во областа, огнената стихија брзо се прошири и утрово се активни ...
Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5 проценти или, ако се земе вториот квартал, е 4 ...
Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска изјави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е во завршна фаза и изрази очекување дека уште денес граѓаните ќе добијат вода што ќе биде безбедна не само за техничка употреба, туку и за пиење и подготовка на храна. Одговарајќи на новинарски прашања за обвинувањата од опозицијата во врска со состојбата со водоснабдувањето и спроведувањето на ...
Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...
Мароканската полиција приведе 70 лица под сомнение дека учествувале во насилните инциденти, што избувнаа додека илјадници мигранти незаконски влегуваа во шпанската енклава Сеута. Приведените се товарат за кривични дела „обид за убиство, намерно предизвикување пожар и оштетување на јавен и приватен имот“. Обвиненијата произлегуваат од судирите помеѓу мигрантите и мароканската полиција во Фнидек, Мароко, каде што групи луѓе во близина на ...
Вчера повеќе од 1.000 мигранти влегоа во Сеута, што повторно го привлече вниманието на јавноста кон овој необичен град кој се наоѓа на северот од Африка, но припаѓа на Шпанија. Многумина не знаат дека Сеута е шпанска автономна територија, иако е опкружена со Мароко. Градот се наоѓа на африканскиот континент, но е дел од Шпанија и во исто време претставува надворешна граница на Европската Унија. Сеута била под португалска власт од 1415 година, ...
Со ребалаансот на Буџетот за 2026 година се обезбедува дополнителна поддршка за граѓаните и се обезбедуваат повеќе средства за плати, здравство социјална заштита капитални инвестиции, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Третиот столб на Ребалансот е економскиот развој, кој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Ова значи ...
Хороскопот од 1 август носи промена на ритамот, па три хороскопски знаци конечно добиваат можност да го завршат она што го започнале одамна. Промените нема да се случат преку ноќ, туку ќе се отвораат врати што долго биле затворени: порака што пристигнала во вистинскиот момент, разговор што конечно ќе заврши како што треба или шанса што се појавува тогаш кога најмалку ја очекувате. Ако сте Девица, Стрелец или Водолија, август го носи она што ...
Давор Домазет-Лошо, хрватски адмирал во пензија и геополитички аналитичар, со контратеза на бугарската дека македонскиот јазик е варијанта на бугарскиот. Бугарскиот јазик е една варијанта на македонскиот јазик. Значи, во случајот со бугарскиот јазик, тие го затекнуваат илирскиот народ кој зборува со тој јазик. Лесно било или такви биле околностите за да не одат да го менуваат својот, бидејќи тие немале ни писменост, ништо немале, а овие ...
Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава лишиле од слобода три лица од Скопје, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. Според ...
Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 проценти), куќите со 235 (11 ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање изнесува од околу 30 минути до еден час. На останатите гранични премини од ...
Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани ...
Летонија ја затвори границата со Белорусија, изјави синоќа летонскиот министер за внатрешни работи Јанис Домбрава. Тој наведе дека границата со Белорусија е затворена поради „технички причини“ и ги повика патниците да користат алтернативни патишта. Летонија го затвори граничниот премин Силене со Белорусија во 2023 година поради бранот миграни, за која Рига тврди дека е организирана од Минск. Оттогаш функционира само граничниот премин ...
Претседателот на ФИФА Џани Инфантино се откажа од предлогот дел од комерцијалните права од Светското првенство да бидат под капа на инвестициски фонд. Ова се случи по силниот притисок во рамки на светската федерација и со заканите за бојкот од страна на европските федерации. Инфантино планираше да формира компанија вредна 20 милијарди долари која би управувала со комерцијалните работи на ФИФА, заедно со женското Светско првенство и Светското ...
Американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на викендот масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура. Јас многу силно ќе го нападнам и знаете, во одреден момент тие ќе кажат: Едноставно не можеме повеќе да издржиме, изјави Трамп на средбата со својот кабинет во претседателската резиденција Кемп Дејвид. Подоцна „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп наредил нов напад со цел ...
Денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...
Кошаркарската федерација на Македонија со особено задоволство ја поздравува официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим. Оваа порака претставува значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што искрено му благодариме на ...
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре. Владината прес-служба вечерва соопшти дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за ...
Шпанија денеска соопшти дека во најголем дел го свртела текот на приливот на мигранти во својата северноафриканска енклава Сеута и прецизираше дека 37.500 луѓе пристигнати од Мароко по копно и по море – доброволно се враќаат таму од каде што дошле. Мароканските сили со палки и солзавец ја принудија масата да се повлече од капиите на Сеута, со цел да спречат уште еден налет врз малата територија на Шпанија на брегот на Средоземното Море. ...