Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово. Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18:00 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле ...
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, изјави дека Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната. Багеи тврди дека разговорите што се водат меѓу Иран и Оман за Ормуската Теснина не се во никаква врска со отворањето или затворањето на тој пловен пат, пренесе иранската новинска агенција Фарс. Тој рече дека затворањето на Ормуската Теснина било последица, како што наведе, на ...
Војната на Блискиот Исток силно ја погоди потрошувачката во еврозоната, а новите геополитички шокови би можеле повторно да го закочат економското закрепнување, се наведува во денеска објавената анализа на Европската централна банка (ЕЦБ). Вредноста на индексот на доверба на потрошувачите (ЦЦИ) меѓу февруари и април падна за околу 12 поени, што е удар чиј интензитет е речиси споредлив со падот од 15 поени забележан во првите два месеца по ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно ...
Во историјата една држава и народ, секоја генерација си има свои предизвици и борби, така и Македонците и македонската држава. Додека претходните генерации се бореле слободна и самостојна држава, кога започна со славното Илинденско востание во 1903 година и првата република на Балканот, Крушевската Република, па продолжи со вториот Илинден и првото заседание на АСНОМ во 1944 година, новата генерација политичари имаат поинаква, но не помалку ...
Мароканската влада соопшти дека дезинформациите на социјалните мрежи и трговците со луѓе стојат зад масовното преминување на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Министерството за внатрешни работи соопшти дека преминувањата биле поттикнати од дезинформации на социјалните мрежи, трговија со луѓе и погрешно толкување на одлука на шпански суд, што ги навело мигрантите да веруваат дека можат да влезат во Европа без веднаш да бидат вратени. ...
Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка, Министерството за здравство информира дека, по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи во кои била третирана и тоа Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија Скопје, информира ...
Возачите кои патуваат во Грција треба да знаат дека таму не се казнува само пречекорувањето на дозволената брзина, туку и возењето со брзина помала од дозволената, а тоа е 30 километри на час. Според грчките сообраќајни прописи, за ваков прекршок е предвидена парична казна од 30 евра, бидејќи се смета дека пребавното возење може да го попречува нормалното одвивање на сообраќајот. На автопатите и експресните патишта во Грција, покрај ...
Унгарија се соочува со најкритичните пет дена откако рекордната суша во Централна Европа го принуди Будимпешта целосно да ја исклучи нуклеарната централа Пакш, која произведува 40 проценти од електричната енергија во земјата, соопшти премиерот Петер Маѓар во неделата. Според соопштеното од премиерот, со оглед на тоа што електроенергетскиот систем ќе се соочи со огромен притисок, од сите граѓани се бара дополнително внимание и меѓусебна ...
Од денеска, па сè до 5 август, во „КОТУР“ можете да ја погледнете нашата програма „Европска панорама“! Свеченото отворање, проследено со специјалниот настан „WTF OFF“ и забавата по повод отворањето, ќе се одржат на 6 август во Кинотека! Потоа, од 7 до 9 август, следат главната и студентската натпреварувачка програма во Кинотека, како и програмите за анимирани документарци и музички спотови, заедно со забавите, во „Ѕе“! Се гледаме таму! 3–9 ...
Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на историското значење на Првото заседание на АСНОМ и темелите на современата македонска државност. -На 2 август 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, беа поставени темелите на современата македонска држава. Со донесените одлуки беше потврдена државотворната идеја на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничниот премин ГП Табановце за влез во земјата е околу 1 час, на ГП Богородица за излез од земјата околу 1 час, а на ГП Дојран за излез од земјата околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, ...
Расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, е избран за најдобро дело на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“ што се доделува во чест на еден од најзначајните македонски раскажувачи. Во конкуренција од 24 доставени авторски трудови, стручната комисија во состав проф. д-р Димитар Пандев, претседател, и членовите Славе Ѓорѓо Димоски и проф. д-р Иван Џепароски, одлучи наградата да му припадне на расказот „Службен пат до ...
Во текот на изминатото деноноќие низ Македонија биле регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Според последните информации, во моментов нема активни пожари на територијата на државата. Од вкупно регистрираните, 29 пожари се целосно изгаснати, додека еден е ставен под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод, каде што горела нискостеблеста шума ...
Со впечатлива музичка вечер посветена на камерната музика, фестивалот „Охридско лето“ ја продолжи својата богата концертна програма. Под наслов „Внатрешен глас на виолончелото и виолината“, пред фестивалската публика настапија НУ Камерниот оркестар на Битола, австрискиот виолончелист Емил Ровнер и македонскиот виолинист Симон Поповски. Концертот се одржа под диригентската палка на композиторот, диригент и педагог Евгениј Шчербаков од Канада. ...
„Деца на сонцето“ (2014) на Антонио Митриќески е моќна семејна драма за едно необично семејство чиј живот се менува засекогаш кога мафијата ќе го разори нивниот свет. Во главните улоги настапуваат: Мето Јовановски, Владо Јовановски, Ивана Павлаковиќ, Билјана Танески, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Милица Стојанова, Данчо Чевревски итн. Директор на фотографијата е Јарек Шода, а продуцент е Дејан Милошевски. Ве очекуваме на уште една ...
Вечерва во црквата Света Софија во Охрид, со почеток во 21 часот, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ концерт ќе одржи пијанистот Вадим Холоденки. Добитникот на златен медал на натпреварот „Ван Клaјбурн“, Владим Холоденко поседува редок квалитет на пијанизам и исклучителен талент што придонесува тој да добива покани за настапи со реномирани светски оркестри и во престижни концертни сали. Неодамнешните и идните ангажмани го водат ...
Австралиските власти предупредија на зголемен ризик од ширење на птичјиот грип H5N1, откако беше потврдено првото масовно угинување на диви морски птици поврзано со вирусот. Тестирањата покажале присуство на H5N1 кај група големи чапјести рибарки пронајдени на карпите кај Кејп Џафа, околу 250 километри јужно од Аделаида. При хеликоптерски надзор биле пронајдени 49 угинати и 35 заболени птици. Австралиската министерка за земјоделство Џули ...
Црна Гора се најде на листата на Форбс за најдобри места за американските пензионери во 2026 година. Оваа година, Форбс направи и листа на најдобри места за американските пензионери во странство, на која беше вклучена и Црна Гора, како медитеранска земја со одлични плажи и разновидна клима, значително пониски трошоци за живот отколку во САД и задоволителна здравствена заштита. Црна Гора Медитеранска земја со одлични плажи и разновидна клима ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека нема да дозволи, како што наведуваат, омразата и песимизмот да станат „национална идеологија“, оценувајќи дека државата треба да продолжи по патот на економскиот развој, стабилноста и зачувувањето на националните интереси. Во соопштението се прави паралела меѓу историските борби за создавање на македонската држава и денешните предизвици, при што од партијата истакнуваат дека актуелната генерација ...
Полска го забрани капењето во седум одморалишта на Балтичкото Море поради присуство на бактеријата ешерихија коли. Пет од овие крајбрежни одморалишта се наоѓаат во Дарлово, а две во Гдањск, пренесува денеска полското радио „Зет“. Главниот санитарен инспекторат на својата веб-страница известува дека во Западнопоморското Војводство водата на пет капалишта во Дарлово е несоодветна за капење поради бактеријата ешерихија коли. Тестирањето на ...
Двајца државјани на Сирија, 22-годишен и 29-годишeн, се осомничени дека запалиле врата од соба во Прифатниот центар за баратели на меѓународна заштита во Нови Загреб, бидејќи биле незадоволни од сместувањето. Како што објави ПУ Загреб, станува збор за баратели на меѓународна заштита во Хрватска, а инцидентот се случил во петокот. Полицијата се сомнева дека осомничените ја запалиле вратата од собата со употреба на отворен пламен, на засега ...
На островот Андрос, Грција, на меѓународната изложба „Хербариум на Егејот“ се претставени дела на уметници од четири земји, меѓу кои и на македонските уметници Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов. Во текот на јуни оваа година, здружението за уметност „Амалија Гарденс“ ја организираше својата трета уметничка резиденција на островот Андрос, обединувајќи седум уметници: Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов од Македонија; Алексис Авламис, ...
Почина д-р Никола Стојановски, кој долги години раководеше со Сојузот на борците на Македонија и ја водеше конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание. Како учесник во Народноослободителната борба, Стојановски беше еден од живите сведоци на штрајкот на велешките гимназијалци од март 1942 година, организиран против воведувањето на бугарскиот јазик во наставата. Во јануари 1991 година, како најстар пратеник во тогашниот состав, ...
Илинден нека продолжи да нè обединува преку спортот, заедништвото и позитивниот натпреварувачки дух, порача министерот за спорт Борко Ристовски кој денеска присуствуваше на Спортскиот фестивал „Илинден“ во Струга, каде што ги додели медалите на учесниците кои со својата посветеност, спортски дух и фер-плеј го одбележаа овогодишното јубилејно издание на фестивалот. Ристовски истакна дека Спортскиот фестивал „Илинден“ претставува прекрасен ...
Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер синоќа почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран во 21:54 часот, а според информациите од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје. Земјотресот бил со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер синоќа почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран ...
Потребен е политички консензус за националните прашања, но опозицијата мора да се соочи со реалноста дека токму нејзините грешки и попустливост од минатото нè доведоа во оваа незавидна позиција, истакна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА. Тој потсети дека во јули 2021 година во Собранието со речиси целосна поддршка беше изгласана Резолуција за заштита на идентитетските и историските прашања, но тогашната власт ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до крајот ...
Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија ноќеска извршила напади со дронови врз три брода со воен товар во Црното Море и врз еден товарен брод со испораки за украинските трупи во пристаништето во градот Николаев. „Во текот на изминатата ноќ силите на Руската Федерација извршија напади врз транспортна инфраструктура што ги опслужува вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението. Руското Министерство за ...
На илјадници луѓе им беше наредено да евакуираат делови од Спокен во источната американска сојузна држава Вашингтон, додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари. Властите вчера го издадоа предупредувањето за евакуација од највисок степен поради „тековна или непосредна“ закана, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат погодените области и да не се враќаат додека противпожарните екипи ја продолжуваат својата работа. Гувернерот ...