Рома забележа убедлива победа од 4:0 над Фиорентина синоќа во првото коло од италијанската Серија А. Напаѓачот на Рома, Дониел Мален, постигна хет-трик. Дваесет и седумгодишниот Холанѓанец постигна гол во 27., 52. и 60. минута. Пауло Дибала асистираше за сите три гола. Николо Пицили го постигна конечниот резултат во 86. минута. Холанѓанецот Мален се приклучи на римскиот клуб во зима и постигна 14 гола на 18 натпревари од Серија А. Рома го ...

Зајакнување на оперативната соработка, побрза размена на податоци, олеснување на трговијата и унапредување на безбедноста на границата беа во фокусот на билатералната средба на царинските управи на Македонија и Косово, одржана во Приштина. Особено внимание беше посветено на One-Stop Shop концептот на граничниот премин Блаце – Хани и Елезит, како заедничка иницијатива која има за цел поедноставување на процедурите и побрз проток на стока и ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека 15-процентното намалување на ученичката кошничка е добро и е олеснителна околност за родителите. Одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција, таа нагласи дека процентот е прилично соодветен и ќе биде од корист за родителите. Државата го прави она што може да го направи. Не заборавајте дека образованието, основно и средно, е задолжително, но и бесплатно. Учениците ...

Учениците ќе имаат учебници, тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата. Првпат годинава тоа го имаме завршено многу порано пред почетокот на учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, една недела пред почетокот на учебната 2026/2027 година. Не можам да кажам дека ќе нема. За жал, верувам дека и ќе има. Но искрено верувам дека тоа ќе биде сведено на минимум и дека ќе биде инцидентно, рече Јаневска ...

Во Општина Градско претпладнево изби тежок пожар на атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево, кој поради силниот ветар и сувата трева брзо се проширил и ги загрозил околните населени места, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Ангелов посочи дека пожарот најверојатно започнал од стрниште, а по итниот повик од градоначалникот на Градско, на терен веднаш биле упатени противпожарни екипи од ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има раст на пензиите на пензионерите од септември, изјави дека за да се заштитат пензионерите, пензиите ќе растат согласно законот, потсетувајќи дека кога владата ги зголемила пензиите линеарно, тогаш одредени поединци охрабрени од опозициските партии поднеле иницијатива пред Уставниот суд за негово укинување. „Да тоа ќе биде редовно нивелирање, ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. -Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина ...

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, ги искажа впечатоците по триумфот од 4:0 на домашен терен над Фиорентина во првото коло од шампионатот во Серија А. – Дониел Мален и Пауло Дибала се играчи од светска класа. Дибала отсекогаш бил таков, само се соочуваше со многу повреди. Овој човек е чудовиште, и покрај сите муабети за „свиленкасти мускули“. Минатата година немаше среќа – се повреди додека изведуваше слободни удари и пенали. Мален е ...

Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за вработување на преостанатите 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година, со што се заокружува предвидената бројка од вкупно 600 специјализанти, изјави на денешната прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Александра Николовска. Според неа, фокусот при ова вработување ќе биде ставен на здравствените установи надвор од главниот град. Приоритет ќе имаат општите и хируршките болници ...

Новата унгарска влада на Петер Маѓар се соочува со сè погласни обвинувања дека борбата против корупцијата и најавеното враќање на државниот имот ги користи како основа за пресметка со компании поврзани со претходната власт на Виктор Орбан. Конзервативниот весник „Маѓар немзет“ оценува дека станува збор за „одмаздничко владеење“, кое може да доведе до запирање на инвестиции, нарушување на правната сигурност и загрозување работни места. Како ...

Денес извршивме увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Она кое што претставува предизвик, не само во оваа институција, туку и во голем број други институции, е стручниот кадар, тоа е нешто коешто е многу важно. Се надевам дека во периодот којшто следи покрај овој прв предуслов, а тоа е опремата којашто веќе е инсталирана, да обезбедиме кадар којшто ќе може да работи на таа соодветна ...

Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеоргиевски, преку објава на „Фејсбук“ информираше за новите спортски терени наменети за средношколците, истакнувајќи дека создавањето современи и безбедни услови за спорт е важна инвестиција во младите. Посебна гордост е кога визијата што ја имаме за младите добива вистинска форма и станува реалност“, напиша Ѓеоргиевски. Тој посочи дека новите терени се изведени со висококвалитетни и издржливи полипропиленски ...

Дваесеткратниот шампион на Гренд слем, Швајцарецот Роџер Федерер, ги оцени шансите на Србинот Новак Ѓоковиќ да го освои Отвореното првенство на САД 2026. – Мислам дека секогаш кога Новак игра на турнир, без разлика дали е Гренд слем или било кој друг, тој има шанса. Имам огромна почит кон него. Видов што е способен, не само еднаш, туку многу пати. Тој го направил тоа насекаде и на највисоко ниво. Секогаш мислам дека сè додека е на турнирот, ...

Во духовното срце на Македонија, во Охрид – градот на Свети Климент Охридски, на писменоста, просветителството и вековната културна традиција – во рамките на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која се одржува во Конгресниот центар во Охрид, се одржа значајна средба меѓу ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, директорката на Меѓународниот ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат ...

Македонија ги освои првите медали на Медитеранските игри во Таранто, и тоа во борење, на третиот ден од Игрите. Фати Вејсели, Реџеп Хајдари и Ахмад Магомедов стигнаа до борбите за медал и обезбедија две сребрени и едно бронзено одличје за македонската делегација. Фати Вејсели во категоријата до 74 килограми во слободен стил го освои сребрениот медал, откако во финалето загуби од Ислам Дудаев од Албанија со 0:4 на поени. Вејсели претходно ...

Цената на биткоинот утрово ја надмина границата од 80 илјади долари, продолжувајќи го силниот раст на најголемата светска криптовалута поттикнат од враќањето на средства во берзански фондови (ЕТФ) поврзани со биткоинот и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства. Биткоинот утрово се тргуваше за околу 80.650 долари, а во текот на денот достигна околу 81.200 долари, што е највисоко ниво од мај. Во однос на почетокот на денот, ...

Унгарската нуклеарна централа „Пакш“ постепено се враќа во нормална работа откако екстремно ниското ниво на Дунав го загрози системот за ладење и принуди неколку реактори да престанат со производство на електрична енергија. Во текот на ноќта повторно бил вклучен и четвртиот блок, кој утрово работел со моќност од 244 мегавати, односно со приближно половина од својот капацитет. Останатите три блока веќе произведувале меѓу 474 и 490 мегавати. ...

Од утринските часови продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак, сооштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ...

„Македоника литера“ деновиве го објави романот на хрватскиот писател, драматург и режисер Матко Сршен „Рокашкото Кралство“, во превод од хрватски на македонски јазик на Славчо Пеев. Рокашкото Кралство е детска држава основана од малите жители на квартот Иза Рока во Стариот Град на Дубровник во средината на 1950-тите. Жителите на тоа кралство од фантазиите се само деца постојано желни за игра. Стариот Град и неговите ѕидини се совршена сцена ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска беше во посета на УХМР. Мојата поддршка е апсолутно тука неограничена, бидејќи нè инспирира работата на луѓе коишто се мотивирани да создаваат, да институциите коишто ги раководат ги модернизираат процедурите, техниките внатре и така натаму. Она кое што претставува предизвик, не само во оваа институција, туку и во голем број други институции, е кадарот, се разбира, стручниот кадар, тоа е ...

Со долг аплауз, овации, со браво! од публиката и искрени честитки синоќа во преполниот Куршумли ан беше поздравена македонската премиера на документарниот филм „Руини“ во режија и по сценарио на Елена Чемерска која се одржа на 17. издание на Фестивалот на документарен филм „МакеДокс“ кој е во тек во Скопје. Светската премиера на „Руини“ беше на 14 јуни 2026 година во рамките на 28. Шангајски интернационален филмски фестивал, каде што филмот ...

35 години самостојна Република Македонија. Од прогласувањето на независноста до денес, на чело на македонската Влада застанале 13 различни личности. Некои управувале речиси една деценија, други само неколку недели, но секој од нив оставил свој белег, позитивен или негативен, врз политичкиот, економскиот и државниот развој на Македонија. Се започна со Никола Кљусев кој стана премиер пред референдумот од 8 септември 1991 година, но беше на чело ...

Премиерот Мицкоски во интервјуто за „Брајтбарт њуз“ нагласува дека поддршката за Трамп од страна на македонската влада започнала уште пред тој повторно да биде избран за претседател на САД. Посочува дека Македонија била меѓу првите европски земји што воспоставиле контакт со луѓе од тимот на Трамп уште во текот на неговата изборна кампања во 2024 година. Потсети дека веднаш по самитот на НАТО во Вашингтон во јули 2024 година, Македонија била ...

о продолжение на борбата против корупцијата и финансискиот криминал, припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за борба против корупција, по наредба на Специјалното одделение за борба против корупција на Вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсија државјанинот на Република Македонија З. А. (43), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело поткуп. Како што се ...

Во старите полошки куќи благо не се правело секој ден. Имало слатки за празник, слатки за слава и слатки што се ваделе тогаш кога на вратата ќе се појавеле гости. Некои се правеле со денови, други од едноставни состојки што ги имало во секоја кујна – брашно, јајца, шеќер, путер и овошје. Денес многу од тие вкусови се оттурнати од модерните колачи, кремови и торти. Но во старите тетратки и во сеќавањата на бабите сè уште живеат слатките што ...

– Новиот тренер на Челзи, Чаби Алонсо, се осврна на победата на гости синоќа против Фулам во 1. коло од англиската Премиер лига. – Дефинитивно е многу добро чувство и знаете колку е тешко да се победи во кој било натпревар од Премиер лигата, во кој било натпревар на гости, но бевме подготвени за тежок натпревар. Мислев дека беше многу професионален, солиден настап, со зрелост. Добро се справивме со натпреварот. Поведовме доста рано, имавме ...

Челзи синоќа го победи Фулам во првиот натпревар под водство на тренерот Чаби Алонсо. „Сините“ славеа со 3:2 на гости во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Жоао Педро (1. минута), новото засилување Морган Роџерс (41) и Кол Палмер (49) постигнаа по еден гол за гостите. Палмер и Жоао Педро разменија и асистенции. За домаќините погодија Џошуа Кинг (23. минута) и поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Гонсало Гарсија (54). Челзи синоќа ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53