Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Нивото на реката Дунав во Бугарија и натаму опаѓа, а кај шест од седумте главни хидрометеоролошки мерни станици во земјата денеска е регистриран водостој под референтната нулта ознака. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниско ниво е измерено во Русе каде водостојот е на котата минус 94 сантиметри, што е за два сантиметри пониско од вчера. Во Орјахово е измерено минус 82 сантиметри, во ...
Цените на горивата повторно се најдоа во фокусот на американската јавност. Претседателот Доналд Трамп упати директен повик до нафтените гиганти да ги намалат малопродажните цени и порача дека дел од нивниот профит треба да се врати кај потрошувачите. „Ова важи и за другите нафтени компании… И намалете ја цената на нафтата за потрошувачите (малопродажбата!) веднаш!“, напиша Трамп. Неговите коментари уследија откако „Шеврон“ во петокот објави ...
Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот дека планира да затвори пет дипломатски мисии во странство, соопштија денеска извори. Во известувањето испратено кон крајот на минатата недела до одредени конгресни комисии, беше наведено дека САД планираат да затворат канцеларии во Сент Џорџ (Гренада), Нагоја (Јапонија), Медан (Индонезија), Дуала (Камерун) и во Винипег (Канада), објавија британските медиуми, повикувајќи се на изворите кои ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) ѝ се закани денеска на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со правни мерки поради контроверзниот план на претседателот Џани Инфантино да продаде удел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори и го предупреди раководното тело на светскиот фудбал да не ги уништува потенцијалните докази. Како што денеска јавија светските агенции, адвокатите на УЕФА ја информирале ФИФА дека ...
Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД. За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска ...
Реал Мадрид му понуди на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор нов договор вреден 22 милиони евра годишно, објави „ЕСПН“. Сепак, 26-годишниот Бразилец сака повеќе – околу 30 милиони евра годишно. Тој верува дека ова ќе биде неговиот последен голем договор и е уверен дека заслужува плата соодветна на неговиот придонес во успехот на клубот. Винисиус е во Реал Мадрид од летото 2018 година. Неговиот тековен договор со мадридскиот клуб важи до ...
СДСM се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата.Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како опозиција оти не се ...
Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна, наведува СДСМ. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски.Ништо повеќе.Денес повторно се врши хиперхлорирање.Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено.Но никој не смее тоа јавно да ...
Одборот за мир – иницијативата предводена од САД – вчера соопшти дека израелската армија целосно ќе се повлече од Појасот Газа само откако Хамас ќе биде разоружан. „Спротивно на неточните извештаи, повлекувањето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) зад Жолтата линија ќе дојде само по завршувањето на процесот на разоружување, на кој Хамас се обврза пред медијаторите“, соопшти одборот за мир на Икс, додавајќи дека ова се однесува на лесното и ...
На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Таткото на Нејмар објави дека неговиот син сè уште може да игра за бразилската репрезентација. На 29 јули, 34-годишниот Бразилец објави дека го одиграл својот последен натпревар за репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година. – Не можам да гарантирам дека тој е 100 проценти завршен со репрезентацијата. Можеби сè уште ќе се врати, го цитираше инсајдерот Фабрицио Романо таткото на Нејмар на социјалната мрежа Икс. Нејмар одговори со ...
– Реал Мадрид му понуди на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор нов договор вреден 22 милиони евра годишно, објави „ESPN“. Сепак, 26-годишниот Бразилец сака повеќе – околу 30 милиони евра годишно. Тој верува дека ова ќе биде неговиот последен голем договор и е уверен дека заслужува плата соодветна на неговиот придонес во успехот на клубот. Винисиус е во Реал Мадрид од летото 2018 година. Неговиот тековен договор со мадридскиот клуб важи до ...
Група од 25 американски сојузни држави вчера поднесоа тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради царините воведени за 60 трговски партнери. САД неодамна воведоа 10 и 12,5 процентни царини на увозот од 60 трговски партнери, обвинувајќи ги дека не вовеле и ефикасно не спроведуваат забрани за увоз на производи изработени со принудна работа. Подносителите на тужбата, инаку држави предводени воглавно од ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата ...
Премиерлигашот Њукасл договори трансфер на чешкиот голман Лукаш Хорничек од Брага за сума од 32 милиони евра. Дваесетичетиригодишниот Хорничек веќе им се приклучи на соиграчите во тренинг кампот на Њукасл во Шпанија каде официјално ќе потпише петгодишен договор, објавија британските медиуми. Последните неколку дена беа емотивен ролеркостер откако првпат слушнав за овој трансфер, а сега сум многу среќен што сум тука. Ова е одлична можност во ...
Англискиот премиерлигаш Челзи продолжи со летните засилувања за новата сезона, потпишувајќи договор со 22-годишниот аргентински репрезентативец од средниот ред Валентин Барко. Аргентинецот, кој во Лондон доаѓа од француски Стразбур, со „сините“ потпиша седумгодишен договор. Финансиските детали за трансферот, засега, не се обелоденети. Барко беше дел од аргентинската репрезентација на неодамнешното Светско првенство и досега има пет настапи во ...
Романската армија подготвува нова минирачка акција на карпи во Дунав за да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа Чернавода, која се соочува со сериозни проблеми поради сушата, која предизвика драстично намалување на нивото на реката. Едниот реактор веќе е исклучен пред шест дена, додека другиот, според локалните медиуми, е на работ на затворање. Првата минирачка акција, спроведен на 2 август, не ги донесе очекуваните резултати, ...
Економијата на Cеверна Кореја расте благодарение на соработката со Русија и Кина. Како што пишува „Блумберг“.”, забележан е 3,5% раст на БДП на Cеверна Кореја во 2025 година. Агенцијата додава дека севернокорејската економија расте трета година по ред со најбрза стапка откако западните санкции беа заострени во 2017 година. Севернокорејската економија успешно се развива под санкции благодарение на економската и воената соработка со Русија и ...
Актуелниот европски првак ПСЖ му се приклучи на Јувентус во трката за потписот на голманот на Парма, Зион Сузуки, испраќајќи официјална понуда за јапонскиот репрезентативец. Италијанските медиуми објавија дека францускиот тим е подготвен да плати 33 милиони евра обесштетувањеза Сузуки. Јапонскиот репрезентативен голман, кој е роден во Њујорк, се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Серија А откако ѝ се приклучи на Парма, одигрувајќи ...
На групите за туристи во Грција е објавено предупредување за сите оние што летуваат во регионот на Касандра. Според објавите, по спроведени микробилошки анализи на водата за пиење во Сивири и околните места, донесена е одлука е дека водата од чешма не треба да се употребува за пиење, но ни за подготвување храна или миење заби. Во објавата се додава дека за сите потреби треба да се употребува купечка или превриена вода. На групите за туристи ...
Пожар од големи размери беснее во јужниот дел на Албанија, кај Делвина и Финиќ, каде според министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, ситуацијата е критична. Со часови се соочуваме со тешка ситуација поради пожарите во неколку села во Делвина и Финиќ, а апсолутен приоритет на службите е заштита на населението и домовите. Сите наши структури се на терен и операцијата продолжува без прекин, и од земја и од воздух, со ангажирање на ...
Џеј Клејтон положи заклетва како нов директор на американското Национално разузнавање, што надгледува 18 американски разузнавачки агенции. Тој ја презема функцијата по оставката во мај на поранешната директорка на националното разузнавање, Тулси Габард. Нејзиниот мандат е обележан со конфликти со демократите во Конгресот. Опозицијата ја обвини дека ја поддржува политичката агенда на американскиот претседател Доналд Трамп и шири неосновани ...
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, Општина Врапчиште, осомничени за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, поради пукање со огнено оружје на свадбена прослава. Според Обвинителството, оомничените, на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје и тоа три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар со кои ...
Во швајцарскиот град Базел има епидемија на легионерска болест, при што едно лице починало, а 26 се заразени со легионелоза. Деветмина од заразените се хоспитализирани, од кои едно лице е во тешка здравствена состојба. Се претпоставува дека извор на заразата се ладилни кули вградени во деловна зграда во Базел. Легионерската болест е инфекција на белите дробови предизвикана од бактеријата „Легионела пнеумофила“ (Legionella pneumophila). ...
Сообраќајот на државните патишта во попладневните часови се одвива непречено по суви коловози, но е забележана зголемена фреквенција на возила на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија. На граничните премини има подолги задржувања поради зголемен интензитет на сообраќајот. На ГП Табановце за влез во државата се чека околу два часа, а за излез околу 30 минути. На ГП Пелинце (Прохор Пчињски) ...
Свидетелства, дипломи, нотни записи, црковни книги, ракописи, фотографии се чуваат на долгите полици во депоата на штипскиот Архив. МИА влезе во депото, каде што се чуваат архивските документи, а кои од историски аспект се бесценети. Истражувачи од сите страни на светот и граѓаните кои го посетуваат Архивот во Штип со голема љубопитност и внимание сакаат да ги видат старите документи, кои се чуваат во депоата, а за посетителите има и изложбен ...
Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење na шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле опфатени со санкциите против Русија. Како што пишува весникот „Берлинер Цајтунг“, санкциите го отежнале купувањето резервни делови и одржувањето на авионите. Во февруари 2024 година, ЕУ воведе санкции врз производителот на хеликоптери „SC ...
Стотици политички, правни и јавни личности во Јордан потпишале отворено писмо со кое бараат повлекување на американските сили од земјата, објави „Њујорк тајмс“. Тие го нарекуваат американското присуство безбедносен, политички и економски ризик што ја вовлекува земјата во војна во која не сака да биде дел. Како што пишува весникот повеќето јордански медиуми одбиваат да го објават писмото, а организаторите предупредуваат дека потписниците би ...
Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење na шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле опфатени со санкциите против Русија. Како што пишува весникот „Берлинер Цајтунг“, санкциите го отежнале купувањето резервни делови и одржувањето на авионите. Во февруари 2024 година, ЕУ воведе санкции врз производителот на хеликоптери „SC ...
Иран собори уште еден американски извидувачки дрон „MQ-9“ Рипер над Ормутскиот теснец, соопшти ИРГЦ. Секој дрон „MQ-9“ чини околу 30-40 милиони долари, а производствената линија на американската војска за ваквите дронови е веќе затворена од 2025 година, поради што секој ваков дрон што Американците го губат над Иран создава непријатен проблем со замена за Пентагон. Иран покажа дека има начин ефикасно да ги искористува ранливостите на „Рипер“: ...