Ловењето на риба со помош на градење на ловишта или мандри, иако веќе не се применува, се уште важи за највпечатливиот начин за рибарење во Македонија и најпрепознатлив токму за Дојран. Денес на прсти се бројат луѓето кои се уште паметат како се ловело со мандри и кои директно учествувале во оваа макотрпна техника на која рибарите некогаш и ги посветувале сите работни часови, а често се работело и доцна во ноќта. Во овој традиционален начин ...

Македонската машка репрезентација го комплетираше успешниот ден на Светското училишно првенство во ракомет, обезбедувајќи пласман во полуфиналето со убедлив триумф попладнево над Саудиска Арабија со 23-11, откако претходно пласман меѓу четирите најдобри селекции обезбеди и женската кадетска репрезентација. Во завршниот натпревар од групната фаза избраниците на селекторот Горан Кузманоски доминираа во натпреварот против Саудиска Арабија и по ...

Опозицијата не се надева на напредок во однос на евроинтеграцскиот пат на државата по изјавата на премиерот дека ќе чекаме додека не добиеме сигурни гаранции за евроинтеграцискиот процес. Сметаат дека е потребно обединување на сите политички фактори околу ова прашање и тоа да не се користи за добивање дневнополитички поени. Претседателот на собранискиот Национален совет за евроинтеграции и лидер на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на ...

– Една недела по освоеното второто место на белградскиот маратон, Дарио Ивановски забележа нов голем успех триумфирајќи денеска на полумаратонската трка во Дубровник. Македонскиот рекордер во маратон ја истрча патеката во должина од 21 километри во време од 1:06: 30 часа. Ивановски беше убедливо најбрз, минувајќи низ целта со речиси осум минути побрзо време од второпласираниот Силвије Томас од Хрватска (1:14:05) и неговиот сонародник Жељко ...

Од Европската Унија многу се заинтересирани за Коридор 8. Го прогласија за втор најзначен безбедносен коридор во НАТО Алијансата, затоа што почнува во Италија преку Драч, Тирана, Охридското Езеро, Скопје, Деве Баир, Софија, Бургас и Врана и завршува во Одеса, и е многу значаен во овие глобални случувања, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во поткастот на порталот Курир, како што информира Министерството за ...

– Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство кое се одржува во Скопје, откако попладнево го совлада Бразил со 19-18. Четвртфиналната пресметка донесе резултатски неизвесен натпревар во кој македонската репрезентација имаше водство од еден гол на полувремето (11-10), кое успеа да го зачува до самиот крај. Ања Лашкоска со пет и Ивана Трифуноска со четири голови беа најефикасни ...

Турската патека „Истанбул Парк Сиркуит“ ќе се врати во календарот на Формула 1 од 2027 година најмалку до 2032, соопшти денеска турското претседателство. Патеката на азиската страна од најнаселениот град во Турција е популарна кај возачите и навивачите, но последен пат беше домаќин на трка во 2021 година како замена за време на пандемијата на Ковид 19. Истанбул парк, исто така, беше домаќин на Гран При трки помеѓу 2005 и 2011 година, како и ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во поткастот на Курир одговарајќи на прашање во врска со состојбата на државниот буџет истакна дека ако не се краде, има пари. -Чесно настапивме, нема корупција, нема криминал. Во такви услови пари се наоѓаат. Прво се подготвени меѓународните кредитори, или инвеститори да вложат пари кога гледаат дека има транспарентен процес, вели Николоски. Вицепремиерот нагласи дека ...

Гевгелиски се двете запалени возила ноќеска во Карпош 1. Настанот се случил ноќеска на паркингот на раскрсницата меѓу улиците „Никола Тесла“ и “Орце Николов“. Се работи за возла Пежо 307 и Ауди А3. Најверојатно станува збор за поднетнат пожар, а станарите од зградата велат дека сопственикот на двете возила живее во зградата до паркингот. Причините се непознати. Гевгелиски се двете запалени возила ноќеска во Карпош 1. Настанот се случил ...

Ни остануваат часови до судниот ден на една цивилизација како што најави претседателот на САД Доналд Трамп по примиријето што го договори со Иран. Откако Трамп го нападна Иран, и он не знае зошто, Иран го затвори Ормутскиот теснец, па Трамп го нападна Иран за да го одблокира Ормутскиот тенсец, за потоа Иран уште посилно да го блокира теснецот, па тогаш и Трамп реши да го блокира веќе блокираниот Ормутски теснец. Единствениот излез од оваа ...

Декември 2008 година разоткри шема што ги уништи животите на познати личности и обични луѓе, а последиците се чувствуваат и денес. Една декемвриска ноќ во 2008 година донесе неочекувано изненадување за илјадници инвеститори низ целиот свет. Веста за апсењето на Берни Медоф, познат финансиер од Волстрит, одекна како детонација, откривајќи ја најголемата Понци шема во историјата на Соединетите Американски Држави. Според обвинителството, ...

Човек е снимен за време на преносот во живо на CNN од хотелот „Вашингтон Хилтон“ откако напаѓачот застрела агент на Тајната служба на настанот во Белата куќа на кој присуствувале 2.600 луѓе и претседателот Трамп. Во моментот на пукањето, меѓу присутните се појави паника, најголем дел се кријат под масите додека обезбедувањето ги евакуира високите службеници. Повеќето од високите гости потоа ја напуштија салата каде што се одржувше настанот, ...

Каја Калас, високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, ја изразува својата поддршка за американскиот претседател, првата дама и сите присутни, додавајќи дека политичкото насилство нема место во демократијата. Светски лидери го осудуваат насилниот инцидент што се случи синоќа на вечерата со новинарите од Белата куќа, и додаваат дека со олеснување ја примиле информацијата оти американскиот претседател и ...

Еден момент беше сосема познат: Огромната балска сала во хотелот „Вашингтон Хилтон“ беше исполнета со нејасен звук од илјадници претежно неважни разговори, сите измешани заедно преку море од стотици маси, исто како што секогаш се случува пред да започне формалната програма на годишната вечера на дописниците од Белата куќа. Следниот момент беше сосема бизарен: Жени во фустани, мажи во смокинзи, речиси сите присутни клекнаа на подот додека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп откри нови детали за вооружениот инцидент во Вашингтон, посочувајќи дека напаѓачот делувал решително и бил совладан благодарение на брзата реакција на Тајната служба. Во обраќање пред новинарите во Белата куќа, Трамп изјави дека напаѓачот нападнал безбедносен контролен пункт со повеќе видови оружје, но бил неутрализиран за кратко време. „Мажот нападна безбедносна контролна точка вооружен со повеќе ...

МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за најмалку пет нови товарни локомотиви, а работиме и со Светска банка за набавка на нови возови. На ова го додаваме и проектот за Градски воз, првата линија ќе започне да функционира на 1 септември и набавката на нови електрични автобуси – изјави вицепремиерот Николоски. Во поткасот за Курир, како што информира Министерството за транспорт, Николоски нагласи дека ова е „еден од најзначајните проекти кои го ...

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, го опиша хаосот што настанал за време на пукањето во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржуваше традиционалната вечера со новинари, на која присуствувал и американскиот претседател Доналд Трамп. Според неговото сведоштво, во салата настанала паника, со превртени маси и вооружени лица кои се движеле низ просторот. „Масите се превртуваа, луѓе влегуваа со оружје“, изјави Вајт, опишувајќи ги сцените во ...

Два автомобили целосно изгореа утринава околу 5 часот на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, при што благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше спречено ширење на огнот кон други возила и објекти. Според сведоштва на станари од околните згради, пред да го забележат пожарот, слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис. Пожарот избувнал на паркинг простор каде биле ...

Агент на американската Тајна служба, кој беше ранет за време на нападот на гала вечерата за новинари во Вашингтон, е пуштен од болница и се наоѓа на домашно лекување, потврдија официјални извори. Информацијата ја соопшти Ентони Гулиелми, кој поради безбедносни причини не откри детали за идентитетот на агентот ниту за установата во која бил хоспитализиран. Клучниот момент што спречил потешки последици, според него, е заштитната опрема. ...

Предлог-измените на Законот за минерални суровини не се закана за животната средина, затоа што во сила остануваат сите постојни механизми за нејзина заштита, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Предложените измени се јасно дефинирани, ограничени по опфат, прецизно таргетирани и се однесуваат исклучиво на јавните претпријатија, односно субјекти врз кои државата има директна или индиректна контрола и на минерални суровини од јавен интерес, пред ...

Зоран Заев инспирација и мотив за политичкото делување на Венко Филипче, кое секако не е во корист ниту на СДС, ниту на државата, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Филипче како докажан и верен службеник на својот газда, Зоран Заев, очигледно, доби сила по неговото појавување на Бихаќка, па засили со неговите јавни настапи, небаре е портпарол на СДС, а не претседател. Од толку прес-конференции и јавни појавувања, ...

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец со криминално досие. Тој е 31-годишниот Кол Томас Ален, инженер и програмер од Јужна Калифорнија, кој до вчера им предавал математика на деца и развивал видео игри, објавува CNN. Тој признал пред полицијата дека мета му биле американските функционри на вечерата на дописниците од Белата куќа што се одржа синоќа во хотелот „Вашингтон Хилтон“, објави ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 19 до 28 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија синоќа беа евакуирани од годишната вечера со дописниците од Белата куќа од страна на Тајната служба откако маж отвори оган врз обезбедувањето. Вооружениот маж со сачмарка пукаше врз агентите на Тајната служба, при што е повреден еден полицаец, а напаѓачот е уапсен. Човек нападна безбедносен контролен пункт вооружен со повеќе оружја и беше соборен од некои многу храбри членови на ...

При напад со беспилотно летало во градот Билопиља, во регионот Сумски што се граничи со Русија, загинаа двајца мажи. Украинската армија соопшти дека е погодена населба на пет километри од границата со Русија. Во регионот Дњепропетровск има една жртва и четворица повредени, објави на Телеграм началникот на регионалната воена администрација, Олександр Ганџа. Тој додаде дека „непријателот гранатираше четири области со беспилотни летала и ...

Напаѓачот на синоќешната вечера на дописниците во хотел Хилтон во Вашингтон, кој е идентификуван како Кол Томас Ален од Калифорнија, призна дека мета му биле американските политичари. Тој утре ќе биде изведен пред суд под две обвиненија – употреба на огнено оружје и за напад врз сојузен агент со опасно оружје. Истражителите соопштија дека Ален од предградие на Лос Анџелес е учител и програмер на видеоигри. Тој во хотелот бил пријавен како ...

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба да се спроведе истражна постапка против скопјанец осомничен дека сторил кривично дело силување дете кое не наполнило 15 години, како и злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, сомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати ...

Кошаркарот на Панатинаикос, Ти Џеј Шортс, е најкорисен играч (MVP) од плејофот на Евролигата, објави денес веб-страницата на натпреварувањето. Шортс запиша 21 поен, три скока и две асистенции за 22 минути во победата на Панатинаикос од 87:79 над Монако, со резултат од 9/13 шут од поле. Тој имаше индекс на корисност од 24, што го прави MVP на плејофот на Евролигата втора година по ред. – Беше одличен настап, и за тимот и за мене. Убаво е ...

Нормална е појавата да има побарувачка за билети кога станува збор за натпреварувачки натпревари, но не е честа појава билетите за пријателски натпревар да се продаваат со брзина на светлината. ФС БиХ пред неколку дена ја информираше јавноста дека веќе се продадени 22.000 билети за пријателскиот натпревар помеѓу БиХ и Македонија. Капацитетот на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ е намален на 30.077 седишта за овој натпревар од безбедносни ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху им нареди на израелските одбранбени сили (ИДФ) „жестоко да нападнат“ цели на Хезболах во Либан. Претходно, портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае повторно ги предупреди либанските цивил, и покрај примирјето, да не се враќаат во јужен Либан. Во текот на денот се огласија сирените за тревога во областите Менара, Маргалиот и Мисгав Ама. Според израелските медиуми од либанска територија истрелани се три ракети. ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
78%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.34
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
83%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.24
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

50.03

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97