Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
– Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, зборувајќи за напредокот во процесот на европска интеграција, за „Клан њуз“, изјавила дека Албанија е една од земјите на чело на процесот на интеграција, додавајќи дека сè додека е комесар за проширување, ќе се бори земјите-кандидатки да станат полноправни членки на ЕУ, објави АТА. -Се надеваме дека во мај ќе можеме да ги усвоиме сите привремени стандарди за владеење на правото, а ...
Рано утро во Софија. Во мало кафуле близу булеварот „Витоша“, келнерот без двоумење ја изговара цената: „Две евра и педесет“. Никој не прашува колку е тоа во левови. Само пред неколку месеци, тоа ќе беше првата реакција. Главниот град на Бугарија, по воведувањето на еврото од 1 јануари, живее со нова валута. Во Софија, граѓаните веќе плаќаат во евра, но цените сè уште ги „преведуваат“ во левови. Меѓу новите бројки и старите навики, се создава ...
Укинувањето на Пржинска влада води кон изборен фалсификат, предупреди претедсетаелот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Трилинг“. Филипче посочи дека укинувањето на Пржинската влада е сериозен ризик за демократскиот процес, и укажа дека владата на премиерот Мицкоски нема капацитет да организира фер избори, поради силна партизација на институциите. Тој додаде дека институциите се целосно ставени под партиска контрола, што го ...
Во делот на западната страна министерот за транспорт Николоски најави реконструкција на пругата од Скопје до Кичево. -Работиме обиколница на Скопје со цел карго возовите да не влегуваат во Скопје за да не загадуваат. Паралелно го градиме и проектот Градски воз, а работиме и на железничката линија од Скопје, преку Јегуновце Тетово Гостивар до Кичево. Таму работиме со ЕУ на подготвителни работи и следните две години да објавиме тендер за ...
Ракометарите на македонскиот преставник во ЕХФ Европскиот Куп ГРК Охрид со максимален учинок стигнаа до полуфиналето на европското натпреварување. Охриѓани на осумте дуели постигнаа осум победи. Но ривалот во полуфиналето е име за респект поранешен европски шампион Цеље Пивоварна Лашко. – Се истрошувме во Купот и во финалето против Вардар, но немавме многу време за тага. Мора да мислиме на следниот ривал и дуелот со Цеље на гостински терен. ...
Откако Монако синоќа ја совлада Барселона со 79-70 познати се сите учесници во плејофот во кошаркарската Евролига. Ланскиот учесник во фајнлфорот веќе на полувреме стекна висока предност во дуелот со Барселона 49-35 и до крајот ја зачува предноста. Во првото коло од плејофот ќе се сретнат Олимпијакос – Монако, Валенсија – Панатинаикос, Реал Мадрид – Хапоел Тел Авив и Фенербахче – Жалгирис. Првите натпревари се закажани за 28 и 29 април ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо ќе одлучи по завршувањето на сезоната дали ќе остане тренер на Бенфика. „Не сакам да кажам ништо повеќе за ова прашање. Веќе кажав што имав да кажам во врска со Бенфика и нема да давам други коментари. Сите ја знаат ситуацијата многу добро. Кога ќе заврши сезоната, ќе имаме 10 денови да одлучиме дали ќе продолжиме или ќе се разделиме“, изјави Мурињо за ЕСПН. Дел од шпанските медиуми претходно навестија дека ...
Венко Филипче, очигледно, доби сила откако газдата, Зоран Заев му се појави на Бихаќка и повторно се засили да држи пресови и да си игра и портпарол, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче ретерираше од ставот, поточно заканите што ги кажа пратеникот Митко Трајчулески, дека ќе излегле од Собрание ако се укинела техничката влада. Ретерирањето е, можеби, една ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс триумфираа во третиот натпревар од четвртфинална серија во Западната конференција во НБА лигата против Хјустон. По двете победи на домашен терен, Лејкерс славеше синоќа на гостински терен по продолжение со 112-108 и поведе со 3-0 во серијата до четири победи. Во отсуство на повредените Лука Дончиќ и Остин Ривс, најзаслужен за третиот триумф на Лејкерси беше ветеранот Леброн Џејмс, кој повторно блескаше, ...
Израелските сили нападнаа ракетни лансери што му припаѓаат на проиранското либанско шиитско движење Хезболах во јужен Либан во текот на ноќта, јави ДПА, повикувајќи се на денешно соопштение од израелската армија. Во соопштението се вели дека спорните лансери претставуваат закана за израелските граѓани и војници. Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство објави дека шест лица се убиени, а две ранети во вчерашните израелските воздушни ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција нареди да се спроведе истражна постапка против две лица осомничени за кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Државното Јавно обвинителство информира дека осомничени се судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, кои од август 2025 до 7 април 2026 година директно примиле награда од 500 евра и 60.000 денари од ...
Споделете, да ја завршиме кампањата денес ❤️🩹 Ивана ве поздравува сите од болница, денес ќе бидат пласирани сонди до бубрезите за да може наредна недела да патува, имаме и писмо од ќеркичката: “Од дното на срцето ви благодарам на сите добри луѓе што донираат и ни даваат надеж! Вашата помош значи живот за мојата мама… значи уште еден ден, уште една шанса да биде покрај мене. Сега ни е најтешко… ова е нашата последна шанса да продолжи ...
Мај 2026 година носи значајни промени за Ракот, Бикот и Шкорпијата. Ѕвездите се на нивна страна, а животот се менува на подобро. Мај 2026 година носи силен пресврт на небото, а со тоа и во животите на многу луѓе. Според предвидувањата на познатиот турски астролог Мурат, трите знаци на хороскопот влегуваат во период на извонредна среќа, напредок и неочекувани можности. Клучна улога игра поволниот распоред на планетите што носи олеснување по ...
Согласно заклучок од седница на Владата, Министерството за здравство ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари. Во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди. Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни ...
Во нецели две години откако Александар Николоски ја презеде фунцијата министер за транспорт и врски, веќе зад себе има бројки и проценти кои значат рекордна реализација на капиталните инвестиции. Во НАТКАСТ на КУРИР вели дека затоа и се нафатил на оваа позиција. Оваа година веќе сме на 74% реализација. Внимавајте, тоа е за цеа година, а ние за 4 месеци имаме реализација на 74%, што значи дека ни остануваат 26% за 8 месеци. Ќе имаме ребаланс ...
Дел од автопатот Прилеп-Битола, според најавите, ќе стане реалност до следната пролет, а целосно готов ќе биде во 2029-та година. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски беше гостин во НАТКАСТ на КУРИР со Љупчо Цветановски и оцени дека добро оди работата на овој пат. Сепак, истакна дека се соочуваат со еден проблем. Имаме само една опструкција. Се работи за десетина сопственици на диво изградени вили и хациенди со ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски говорејќи за проектите на Коридор 8 изјави дека во моментов во процедура е изборот на изведувач заедно со ЕБОР на потегот од Букојчани до Кичево и додаде дека Кичево – Охрид е веќе при крај. Тоа е оној заборавен проект од кој сите се имаа откажано и ние како Влада кога бевме избрани решивме да го завршиме. Веќе 37 км се завршени од кои 34 км се во функција, а очекуваме до крај на ...
САД ги напуштаат меѓународно признатите дипломатски конвенции во потрага по сопствени интереси, особено во доминацијата на енергетските пазари, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за руската државна телевизија. Тој истакна дека со своите постапки во Латинска Америка и Блискиот Исток, Вашингтон го враќа светот „во ера кога немаше ништо“ – ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи. ...
Лидерот на опозициската СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, категорично ги отфрли сомнежите за криминал во неговото досегашно работење. Коментирајќи ги најавите од премиерот Христијан Мицкоски за можни апсења на поранешни функционери, Филипче кусо и остро порача дека одговорите и толкувањата треба да се бараат директно кај шефот на Владата. Во својата изјава, Филипче застана во одбрана на својот личен и професионален ...
Германски поморски единици ќе бидат распоредени во Медитеранот како подготовка за евентуално учество во мисии во Ормуската Теснина, изјави министерот за одбрана Борис Писториус. Ќе бидат распоредени миноловец и команден и снабдувачки брод, изјави Писториус за весникот „Рајнише пост“. Тој не прецизираше кога точно ќе заминат бродовите. Откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, Иран одговори со ефикасно блокирање на Ормуската ...
Без струја денеска во одредени периоди од денот ќе бидат корисниците на неколку улици во општините Студеничани, Карпош и Центар. Како што информира ЕВН Македонија АД во период од 08:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од село Морани и викенд населба Морани во општина Студеничани. Во периодот од 08:30 до 17:30 часот бе струја ќе бидат корисниците од објекти во круг на фабрика Карпош во населба Александрија и ...
Американската војска соопшти дека погодила брод во источниот Пацифик, при што загинале две лица. Јужната команда на САД тврди дека бродот нападнат во петокот бил управуван од „терористички организации“. Се наведува дека нема повредени припадници на армијата на САД, а убиените се опишуваат како „мажи наркотерористи“, без да се дадат детали. Разузнавањето потврди дека бродот се движел по познати рути за трговија со дрога во источниот Пацифик и ...
Венко Филипче додека глуми патриот и формален лидер на СДС, Зоран Заев ја контролира СДС и е главниот газда, а доказ за тоа е појавувањето на роденденот на партијата, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. СДС на чело со Венко Филипче нема стратегија и план за делување како во сопствената партија, така и со државата. Филипче делува исклучиво по насоки и инструкции од Зоран Заев и за негови лични интереси и цели. СДС на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека се лекувал од рак на простата, признавајќи ја дијагнозата прв пат јавно. Тој рече дека имал операција на простата пред околу година и пол. Но, пред два и пол месеца, лекарите откриле мал тумор и го лекувале во болницата Хадаса во Ерусалим со радиотерапија. Побарав јавното соопштение да се одложи за два месеци за да не се случи тоа во средината на војната со Иран и да се спречи „повеќе лажна ...
Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз кинеската рафинерија за нафта Хенгли поради нејзините деловни зделки со Техеран, соопшти Министерството за финансии. Независните рафинерии во Кина продолжуваат да играат витална улога во одржувањето на нафтената економија на Иран, а Хенгли е еден од најголемите клиенти на Иран за сурова нафта и други нафтени производи, купувајќи иранска нафта во вредност од милијарди долари, се вели во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран планира да даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД, и оти се очекува мировните разговори во Пакистан да продолжат. Тие даваат понуда и ќе мора да видиме, изјави Трамп во телефонско интервју за Ројтерс. Вели декка сè уште не знае каква ќе биде понудата. На прашањето со кого преговараат САД, Трамп рече: „Не сакам да кажам, но преговараме со луѓето кои се на власт во ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 17 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степен. Според УХМР, за време на викендот и почетокот на следната ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи проширување на воената операција на Европската Унија за заштита на трговската пловидба на Блискиот Исток, во услови на блокада на Ормуска Теснина. По состанокот со лидерите на ЕУ, претседателите на Египет, Либан и Сирија, како и со престолонаследникот на Јордан, таа изјави дека може да се разгледа проширување на мандатот на мисии како операцијата „АСПИДЕС“, од едноставна ...
Официјално е отворена првата Инфо-канцеларија на „Скопје 2028“, соопшти вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Вечерва, во Музејот на град Скопје, во присуство на гости од Европа, го направивме првиот чекор кон уште поотворена, подостапна и поинклузивна комуникација со граѓаните. Оваа Инфо-канцеларија е нов простор каде граѓаните ќе можат одблиску да се информираат за процесот, активностите и визијата ...
Родиумот е најскапиот природен метал на глобалниот пазар и неговата цена надминува 325 долари по грам, изјави професорот на Рускиот економски универзитет „Плеханов“, Михаил Гордиенко. Гордиенко наведе дека родиумот се наоѓа во групата платинести метали и дека неговата висока цена е последица на фактот што не постои таргетирано рударење, туку се добива како спореден производ при експлоатација на платина и паладиум. Според него, влезот на ...