Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Ни снег, дожд, ветер или жешко време не го спречија битолчанецот Николче Чкламовски (46) во исполнувањето на неговата мисија 200 пати да се искачи со велосипед на врвот Пелистер на 2.601 метар. Двестотиот пат се случи на 28 септември, кога со шампањско в раце на врвот заедно со пријателите, исто така спортисти, го прославија јубилејот. „Моето искачување до највисокиот врв на Пелистер се одвива веќе осум години и можам да кажам дека застој ...
Израелските сили запреа 13 бродови од хуманитарната флотила „Сумуд“ која синоќа тргна во пробив на поморската блокада на Газа за да достави помош, но организаторите кажаа дека 30 бродови продолжуваат да пловат кон брегот. Израелското министерство за надворешни работи објави видео кое потврдува дека меѓу уапсените е најпознатиот учесник на акцијата, шведската активистка Грета Тунберг. „Неколку пловила од флотилата Сумуд-Хамас се безбедно ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче повторно го повика премиерот Христијан Мицкоски да ја прифати Резолуцијата за национален консензус за црвени линии и временска рамка за продолжување на преговорите со ЕУ што неговата партија ја предложи на 25 септември. Од предизборен митинг во Македонски Брод Филипче му се обрати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да ги надмине личните и партиските интереси за да може сите 120 пратеници да изгласаат Резолуција во ...
Израелската војска ги пресретна бродовите од глобалната флотила „Сумуд“, која вечерва тргна во пробив на поморската блокада на Газа во обид да достави симболична количина хуманитарна помош. Флотилата се состои од повеќе од 40 цивилни бродови со над 500 луѓе, меѓу кои се пратеници, адвокати и активисти, вклучувајќи ја Грета Тунберг. „Пресретнувањето започна. Два брода се веќе пресретнати и изгубивме контакт со уште еден“, изјави по 20 часот ...
Европските лидери се сретнаа во Копенхаген за да разговараат за плановите да се зајакне одбраната на истокот на ЕУ против руските дронови, додека некои сметаат дека ова би требало да биде пошироко. Европските власти ја обвинија Русија за дрски упади во воздушниот простор на Полска, Романија и Естонија во изминатиот период, додека Данска не кажа директно дека Русија е одговорна за инцидентите со дронови над тамошните аеродроми. „Русија се ...
На Клиниката за онкологија и радиотерапија годишно се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка, а околу 60 проценти од пациентите за првичната дијагноза односно за биопсија одат на приватно, рече денеска Ана Марјановиќ од Здружението Хемаонко, во чест на одбележувањето на 1 октомври, почетокот на Месецот за борба против ракот на дојка. Марјановиќ рече дека она кое што е најпоразително за онколошките пациенти во Македонија, е што ...
„Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Георги М. Унковски, од денеска игра во кината низ Македонија. Вечерва, кинопремиерата ќе биде прикажан во кината „Синеплекс“ во Скопје, во Киноверзум во Скопје, Штип и Велес, во 3Д кино Битола и Манаки Битола, по што ќе почне игра редовно во киносалите на мрежата Киноверзум низ целата земја. „Диџеј Ахмет“ имаше светската премиера на 24 јануари на фестивалот „Санденс“ во Парк Сити, Јута и ги доби Наградата од ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна дискриминација врз основ на лично својство во областа на работата и работните односи врз диригентката Дијана Имери-Илкоска од Александар Котевски, поранешен в. д. директор на Филхармонијата. На почетокот на јануари годинава, Филхармонијата ја отпушти Имери-Илкоска, а како што објави таа тогаш, ѝ бил забранет пристап во филхармониската зграда. Неколку дена потоа ѝ бил ...
Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорската диригентка проф. Летка Димовска-Полизова и продуцент промотор на македонската уметност Иво Јанкоски се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста , соопшти Министерството за култура. Државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на ...
Општина Крушево влезе на престижната листа Топ 100 зелени дестинации во светот за 2025, заедно со светски познати туристички места од САД, Чиле, Франција, Шведска, Словенија, Јапонија. Изборот го направи меѓународната организација „Грин дестинејшн“ (Green Destination) која ги поддржува местат со одржлив туризам и екологија. Признанието деновиве во Монпелје, Франција го примија Татјана Хасану, раководителка на Одделението за локален економски ...
Грција денеска е парализирана од генерален штрајк, при што вработените од јавниот и приватниот сектор се обединија за да протестираат против најавените измени на законот за работни односи. Траектите останаа во пристаништата, таксистите и возовите во Атина нема да возат 24 часа, додека автобусите, трамваите и метрото имаат намален возен ред. Штрајкот наруши и бројни јавни служби, вклучувајќи ги училиштата, судовите, болниците и општините. ...
Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и нивните фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска излегоа на протест блокирајќи го мостот „Гоце Делчев“ во центарот на градот. Протестираат бидејќи немаат земено плата за месец август, а од денеска се и без здравствено осигурување. „Очекувавме вчера да биде исплатена платата за вработените. Но, за жал, платата не е исплатена и од денес вработниците остануваа без здравствено осигурување и сите ...
Tри седмици сообраќајот низ Велес се одвива со потешкотии во периодите кога минуваат возовите по пругата во центарот на градот. Колони возила се создаваат кога се спуштени безбедносните рампи на четирите премини. Тие често достигнуваат и до Пошта или Офицерски. Причината за застојот е што возовите возат со намалена брзина, имаше и случаи кога велешани сигнализираа дека возот бил расипан, па стоел на отворена пруга. И по четири работни дена, ...
Фестивалот на пивото Октоберфест ќе остане затворен до најмалку 17 часот денеска откако полицијата пронашла експлозивни направи во станбена зграда во северниот дел на Минхен, која се запалила, при што загинало едно лице. Полицијата кажа дека нема опасност за јавноста, иако специјалните сили спроведуваат истрага во област, каде што, според весникот „Билд“ и други медиуми, се слушнале истрели и експлозии. Според полицијата, станбената зграда ...
Италија кажа дека го повлекла воениот брод што ја следеше меѓународната флотила која се обидува да ја прекине поморската блокада на Газа и да достави помош, оставајќи ја ранлива на израелски напади. Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја повика флотилата да запре, сметајќи дека нејзината хуманитарна мисија би можела да ги поткопа надежите за мир. Глобалната флотила „Сумуд“ се состои од повеќе од 40 цивилни бродови со над 500 луѓе, меѓу кои ...
Од денеска, во канцеларијата на Народниот правобранител е пуштен бесплатниот телефонски број 0800-54321 заради пријавување каква било повреда на граѓанските права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември). „По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ...
Најмалку 69 луѓе загинаа откако земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтерова скала го погоди централниот дел на Филипини. Епицентарот на плиткиот земјотрес бил во близина на градот Бого во покраината Себу, каде што болниците се преполни, изјавија од цивилната заштита. Еден функционер изјави дека има најмалку 150 повредени. Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос, кажа дека државата брзо ќе реагира за да им помогне на настраданите. ...
Американската влада од денеска е во блокада откако Сенатот, во кој Републиканците имаат мнозинство, не успеа да изгласа закон за нејзино финансирање, со кој тоа би се продолжило привремено до 21 ноември. Ова последен пат се случи во првиот мандат на Доналд Трамп во декември 2018, кога владата не работеше 35 дена, најмногу во американската историја. Блокада на владата значи замрзнување на сите нејзини несуштински активности и програми, при што ...
Во првата недела од светски познатиот фестивал на пиво Октоберфест во Минхен се зголемил бројот на девојки и жени кои побарале помош во однос на претходната година. Иницијативата „Безбеден Октоберфест за девојки и жени“ забележал 197 случаи во споредба со 181 лани, според организаторите. Во шест случаи постоело сомневање дека на гостинките им биле дадени апчиња за силување. Организаторите се сомневаат дека бројот на непријавени случаи е многу ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави дека американската војска ќе бара од борците да ги исполнуваат највисоките машки стандарди на тестовите за физичка подготвеност, признавајќи дека овој потег може да исклучи некои жени од службата. „Стандардите мора да бидат унифицирани, родово неутрални и високи“, рече Хегсет на собирот на стотици американски воени офицери во базата во Квантико, Вирџинија. Тој ги критикуваше „дебелите ...
Доналд Трамп му порача на Хамас дека има три-четири дена за да одговори на мировниот план за Газа, што го претстави вчера по средбата со Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа. Планот кој содржи 20 точки предвидува моментално завршување на војната, ослободување на сите заложници и претворање на Газа во демилитаризирана зона, во која Хамас не би имал никаква улога. Трамп предупреди дека Хамас ќе се соочи со „многу тажен крај“ ако го одбие ...
Порасна и бројот на насилства, семејни, врз жени, врз деца, има случаи на фемициди, претепување и повредување на бремени жени. Има и зачестено пријавување на силување на деца, а државата од 54 барања за надомест на жртви на насилство, одобрила само една исплата. Според статистиката што ни ја испрати Министерството за правда, граѓаните бадијала поверувале дека може да бидат обесштетени ако претрпеле насилство и го пријавиле во полиција. Иако, ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за 20 години Македонија би можела да падне под еден милион жители, што би предизвикало уривање на пензискиот и здравствениот систем. На промоција на петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Мицкоски рече дека демографската рецесија трае повеќе од 70 години, при што бројот на новородени деца е во постојан пад. „Во 1950 година во Македонија имало над 50.000 ...
Дваесетина студенти од Македонија ќе учествуваат на работилниците на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“ кој ќе трае три дена, од 1 до 3 октомври. Проектот, како што рекоа денеска германската амбасорка Петра Дрекслер и францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер, е заснован на меѓукултурен и меѓугенерациски дијалог, а целта е стимулирање на креативноста кај младите, промовирање на историското наследство на ...
На 2 октомври од 20 часот почнува новата сезона на Филхармонијата, со концерот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи колумбискиот виолончелист Сантјаго Канон Валенсија. Диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак. „Оваа сезона ја нарековме #Без филтер затоа што класичната музика не подложи на вештачки разубавувања, туку станува збор за уметност без шминка, во ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека Израел под ниедни услови нема да прифати создавање палестинска држава и порача дека израелската војска ќе остане во Газа и после прифаќањето на мировниот план претставен од Доналд Трамп. Тој вчера се сретна со Трамп во Белата куќа, при што беше изложен мировен план од 20 точки, кој предвидува моментално завршување на војната и претворање на Газа во демилитаризирана зона. „Тоа беше историска ...
Околу 43.000 евра биле пронајдени во канцелариите и домовите на двајцата инспектори на бугарската извршна агенција „Автомобилска управа“, кои беа уапсени поради барање мито од тимот на Роби Вилијамс пред неговиот концерт во Софија во неделата. Тие се обвинети за корупција откако биле фатени како бараат мито од британските возачи на камиони кои превезувале опрема за концертот на Вилијамс. Бугарските власти кажаа дека тие комуницирале со ...
Српската полиција уапси 11 лица кои оставале свински глави пред џамии и одредени еврејски места во и околу Париз, што го правеле по наредба од странска разузнавачка агенција, објави српското министерство за внатрешни работи. Покрај тоа што оставиле свинска глава пред девет џамии, уапсените се сомничат и дека фрлиле зелена боја врз Музејот на Холокаустот, неколку синагоги и врз еврејски ресторан во Париз и дека поставиле бетонски „скелети“ ...
Хамас сѐ уште не одговорил на мировниот план за Газа, што Доналд Трамп го претстави вчера по средбата со Бенјамин Нетанјаху, кој го кажа дека го поддржува. Планот од 20 точки беше поздравен од европските и блискоисточните лидери и тој предвидува Газа да стане демилитаризирана зона која веќе нема да претставува закана за Израел. Трамп кажа дека планот ќе донесе мир не само во Газа, туку и на целиот Блиски Исток и го предупреди Хамас да го ...
Доналд Трамп објави дека се многу блиску до постигнување мировен договор за Газа и мир на Блиски Исток откако денеска го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа. Таа претходно го објави мировниот документ што Трамп го замисли како „сеопфатен план за крај на војната во Газа“, кој се состои од 20 точки. Тој предвидува Газа да стане „дерадикализирана зона без терор која нема да претставува закана за своите соседи“. „Тесно ...