Словенечките спасувачи ги пронајдоа телата на тројцата хрватски планинари кои исчезнаа вчера по лавина во Јулиските Алпи. Едно од телата беше пронајдено вчера, а останатите две утрово, изјави Миха Арх, водачот на спасувачката акција. „Телата се пронајдени закопани метар, метар и пол во снегот. Теренот е многу предизвикувачки, стрмен и карпест, поради што работата на спасувачите беше опасна и отежната. Згора на тоа, постои и опасност од нови ...

Пеперутките со својата убавина, нежност и грациозност се украс на секоја ливада, но не само тоа, нивното присуство се сигурен показател за чиста животна средина, бидејќи тие можат да опстојат само во такво опкружување. Истражувањата на ентомолозите, научници кои ги изучуваат инсектите, за видовите пеперутки на тлото на Македонија започнало уште во првата половина на минатиот век, но позначајните резултати доаѓаат во 1960-тите и 1970-тите ...

Поранешниот премиер Зоран Заев рече дека обвинувањата од актуелниот премиер Христијан Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“ се невистини и очаен обид да се пренасочи вниманието на јавноста од, како што вели, неговите неуспеси. „Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на целата држава. Најостро и категорично ги отфрлам лагите и ...

Американските научници Мери Бранкоу и Фред Рамздел и Јапонецот Шимон Сакагучи се годинашните добитници на Нобеловата награда за медицина. Тие ја добија наградата за нивните откритија во врска со периферната имунолошка толеранција, соопшти Нобеловиот комитет. Периферна имунолошка толеранција е еден од начините на кој телото помага да се спречи имунолошкиот систем да излезе од контрола и да ги нападне сопствените ткива. „Лауреатите ...

Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оствавка неколку часа откако беше објавен составот на новата влада. Елисејската палата го објави ова по средбата на Лекорну со претседателот Емануел Макрон утрово. Лекорну беше назначен за премиер пред само 26 дена, по колапсот на претходната влада на Франсоа Бајру, на која ѝ беше изгласана недоверба во парламентот поради планираните кратења на буџетот. Неколку партии во Националното собрание ...

Стотици планинари се одведени на безбедно откако биле заробени од снежна бура на источната страна на Монт Еверест во Тибет, објавија кинеските државни медиуми. Областа била погодена од невообичаено силни врнежи од снег и дожд. До вчера, 350 луѓе стигнале до малиот град Кваданг и бил остварен контакт со остатокот од повеќе од 200 планинари. Тие биле заглавени на надморска височина од повеќе од 4.900 метри. Планинар кој се симнал порано откако ...

Доналд Трамп изјави дека преговорите за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците напредуваат брзо, додека денеска во Египет треба да продолжат индиректните разговори помеѓу Израел и Хамас. „Разговорите досега беа многу успешни и напредуваат брзо. Техничките тимови повторно ќе се сретнат денеска во Каиро за да ги разјаснат и разработат последните детали. Ми кажаа дека првата фаза би требала да биде довршена оваа недела и барам од ...

Вечерва пукна цевка за вода во населбата Влае, по што пола од западниот дел на Скопје остана без вода. Без вода се и висококатниците во другиот дел од Градот, а со значително намален притисок е и Клиничкиот центар. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека станува збор за голем дефект и дека дел од улиците во населбата Влае се поплавени. Од Градот Скопје нема никаква информација. Од ЈП „Водовод и ...

Стотици илјади луѓе во неколку европски градови денеска маршираа за поддршка на Палестинците и обидот на хуманитарна флотила да стигне до Газа. Во Истанбул се одржа најголемата од повеќекратните демонстрации што се одржаа во Турција. Снимките покажаа толпи како одат од црквата „Света Софија“ до бреговите на Златниот Рог, каде што беа пречекани од десетици бродови украсени со турски и палестински знамиња. Демонстрантите повикаа на муслиманска ...

Во тек се спасувачките акции за расчистување на пристапот до камповите на источната падина на Монт Еверест во Тибет, каде што речиси 1.000 луѓе се заробени од снежна бура што ги блокираше патиштата, според извештаите на кинеските државни медиуми. Стотици локални селани и спасувачки екипи се распоредени за да помогнат во отстранувањето на снегот што го блокира пристапот до областа, која се наоѓа на надморска височина над 4.900 метри. Некои ...

Најмалку пет лица загинаа, а 10 се повредени во последните тешки руски воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. Русија употреби повеќе од 50 ракети и крстосувачки ракети, како и околу 500 беспилотни летала, во комбиниран напад врз земјата, рече тој во објава на социјалните мрежи. Властите изјавија дека четири лица загинале во регионот Лавов во западна Украина, во близина на ...

На Агросаемот во Струмица, каде стотина земјоделци го изложија своето производство, организаторот „Проагро фармери“ додели признанија за жена-фармер на годината и за успешен млад земјоделец во 2025. Изборот на најдобрите во овие две категории се изврши откако здружението од Струмица распиша јавен повик на кој можеа да се пријават сите кои сметаат дека оваа година постигнале добри приноси и резултати. За успешни жени-фармери беа прогласени ...

Градските власти на Истанбул го откажаа концертот на британската поп ѕвезда Роби Вилијамс, „во интерес на јавната безбедност“. 51-годишниот пејач, поранешен член на групата „Тејк дет“, требаше да настапи на 7 октомври во пристаништето Атакој, најголемото пристаниште на Мраморното Море, но вчера на Инстаграм објави дека „искрено жали што мора да го откаже концертот“. Вилијамс ја почна турнејата „Бритпоп“ во мај, настапувајќи во Единбург, ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница, кои биле фатени со 110,31 грама кокаин во кола на автопатот Тетово-Гостивар. Осомничени се дека биле соизвршители во кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. „На 4 октомври, околу 2 часот по полноќ, ...

„Диџеј Ахмет“, дебито на Геoрги М. Унковски, е филм за љубовта, пркосот, исцелувањето и растењето. И најважно, тоа е филм што се бави со луѓе, а не со пораки. Затоа е меѓу, малкуте, најдобри дебија последниве 15 години во македонската кинематографија. Приказната, на турски јазик, е за тинејџерот овчар Ахмет (Ариф Јакуп) од патријархалната јуручка заедница во село во Радовишко и неговото семејство скршено по семејната трагедија – татко му ...

Втора година во селото Градец, Општина Виница, оддалечено од градот 4 километри, се одржува народната манифестација „Лапа“ која го слави традиционалното јадење лапа од скршен ориз (уфак), варена вода и семе од афион, толчено во дибек сѐ додека од него не потече масло. Оваа смеса се разредува најпрвин во студена, а потоа се става во зовриена вода, па се додава оризот сѐ додека не се добие еднолична згусната смеса. Овој специјалитет е уникатен ...

Делегации од Хамас, Израел и САД ќе се сретнат во Египет за да го финализираат американскиот мировен план за Газа за прекин на речиси двегодишниот конфликт. Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека нема да толерира одложување, а бројот на жртви во Газа расте. Хамас соопшти дека е подготвен да влезе во преговори за ослободување на сите заложници, но не ја прифати безусловно целата содржина на планот. Израелскиот премиер Бенјамин ...

Кина ѝ дава сателитска разузнавачка поддршка на Русија за прецизирање цели во Украина, меѓу кои и објекти поврзани со странски инвестиции, тврди висок претставник на украинската Надворешна разузнавачка агенција. Олег Александров изјави за државната новинска агенција Укринформ дека постојат докази за „високо ниво на соработка меѓу Русија и Кина во сателитско извидување на украинска територија со цел идентификација и напади врз стратешки ...

Голем проблем е што Македонија во овој момент задолжителна национална официјална скрининг програма за рак на дојка, рече Ана Марјановиќ од Здружението на пациенти со рак Хемаонко, на денешниот Розов пикник во скопскиот Градски парк, во чест на Месецот за борба против рак на дојка. „Немаме официјален задоложителен скрининг, тоа е навистина проблем и ние веќе преговараме и правиме напори да стане задолжителен за сите граѓани од 40 до 69 години. ...

Нациите стареат бидејќи популацијата на постарите лица расте многу побрзо од вкупната популација, главно поради намалување на наталитетот и зголемување на животниот век, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), одбележувајќи го Интернационалниот ден на стари лица, кој беше на 1 октомври. Во земјите во развој, оваа демографска промена се одвива во рок од само две до три децении – компресирана во времетраење на една генерација. До 2050 година, ...

Десничарскиот милијардер популист Андреј Бабиш победи на парламентарните избори во Чешка, бидејќи неговата партија АНО (Да) доби 36% од гласовите со преброени 90% од изборните единици, објави синоќа Чешкиот завод за статистика. По четири години во опозиција и пораз на претседателските избори во 2023, 71-годишниот Бабиш се врати на политичката сцена. Централнодесничарската коалиција „Сполу“ („Заедно“) предводена од премиерот Петр Фиала ...

Специјаланата единица за уметничко наследство во италијанската полиција запленила 21 дело од изложба на шпанскиот сликар Салвадор Дали во Парма, за кои се претпоставува дека се фалсификати. Изложбата која опфаќа околу 80 уметнички дела, претходно беше поставена во Рим од јануари до јули. Полицијата соопшти дека запленила таписерии, цртежи, гравури и разни предмети од изложбата „Салвадор Дали: Помеѓу уметноста и митот“, која беше отворена ...

Земјата на високата мода – а исто така и на тестенините и пицата што многу дебелеат – воведува национален ден против омаловажување на телото. Официјално именуван како Ден против омаловажување на физичкиот изглед на луѓето, ќе се одбележи во Италија на 16 мај, откако беше надмината последната парламентарна пречка. Денот има за цел да се подигне свеста за опасностите поврзани со омаловажување на луѓето врз основа на нивниот изглед. Законот ...

Филмската ѕвезда Џорџ Клуни изјави дека заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе 100% царина на сите филмови произведени во странство е погрешно решение за вистински проблем. Клуни зборуваше пред годишната церемонија на доделување на наградите „Албис“ во Лондон, програма што тој и неговата сопруга Амал ја создадоа за да им оддадат признание на глобалните бранители на човекови права. Тој рече дека ставот на Трамп оти ...

Аероклубот „Мирко Тодоровски“ на 11 октомври на Спортскиот аеродром крај Логоварди, Битолско ќе прослави еден век летачка традиција и ќе оддаде почит за храбрите ентузијасти што ја иницираа авијацијата во Битола. Од аероклубот, основан во 1930/31 година, произлегоа генерации пилоти, моделари и визионери. „Овој јубилеј не е само потсетник на славното минато, туку и ветување за иднината: нови летови, нови авантури и нови генерации што ќе ...

Депонијата со гипс кај селото Згрополци, Велешко е тешка најмалку два милиона тони и е една од 16 црни точки во Македонија. Таа е резултат на работата на фабриката за вештачко ѓубре „Хемиската индустрија Велес“ затворена во 2003, нуспродукт од производниот процес. Екологистите бараат да се дислоцира депонијата, која стои 22 години и никој не се грижи за неа. „Како што е опасна згурата од Топилницата, таква и оваа депонија на ‘Хемиската ...

Застој во железничкиот сообраќај во центарот на Велес синоќа два часа го блокираше сообраќајот во градот. Товарен воз со цистерни со нафта кој доаѓал од Солун, околу 21ч сопре во центарот на градот. Безбедносните рампи не функционираат три седмици, возот до кај 23ч блокирал две од нив, едната кон месноста Дворови, втората на мостот Гемиџии. Тоа создаде колони возила. „Возот стоеше и беше блокиран патничкиот премин на Нов Мост. Имаше луѓе што ...

Владејачката конзервативна партија во Јапонија ја избра Санае Такаичи (64) за своја нова лидерка, позиционирајќи ја да биде првата премиерка на Јапонија. Такаичи е меѓу поконзервативните кандидати кои се наклонети кон десно од владејачката партија. Поранешна министерка во владата, ТВ водителка и страсна тапанарка на хеви метал, таа е една од најпознатите личности во јапонската политика – и тоа контроверзна. Таа се соочува со многу предизвици, ...

Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, предупреди дека неколку мали и средни авиокомпании во Европа ќе банкротираат во наредните месеци, бидејќи конкуренцијата на пазарот на нискобуџетни летови станува сè пожестока. Во интервју за „Кориере дела сера“, О’Лири проценува дека пропаѓањето на оператори како што се „Плеј“ (Исланд) и „Братенс“ (Шведска) е само почеток на бран банкроти што ќе следат до крајот на годината. Шефот на „Рајанер“ ...

Шон Диди Комбс e осуден на четири години и два месеци затвор по обвиненија поврзани со проституција односно транспорт на луѓе преку државните граници за сексуални средби, со што заврши судскиот процес за валканиот случај кој содржеше ужасни сведоштва за една од највлијателните личности во хип-хопот. Судијата го прекори хип-хоп могулот и за повеќегодишна злоупотреба на две поранешни девојки. Бидејќи Комбс (55) веќе отслужи една година затвор, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
75%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
81%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Платина

67162.91

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25

Сребро

2460.50

Злато

159231.39

Рутениум

45750.51

Паладиум

546.56

Бакар

11.69

Родиум

336779.07

Калај

46.91