Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Македонската поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка Сузана Туринџиева објави емотивна посвета за својот починат сопруг Марјан, по повод десетгодишнината од неговата смрт. „Ова утро се навршуваат десет години без тебе, Марјане, во кои твоето отсуство го чувствуваме секој ден. Времето лета, децата пораснаа, добивме и внуци, но љубовта, спомените и трагата што ја остави во нашите срца останаа засекогаш“, напиша Туринџиева. Таа сподели ...
Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираше дека интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен утринава. Според последните информации, зголемена фреквенција на возила била регистрирана на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при ...
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопштија од Обвинителството. Како што наведуваат оттаму, во првата истрага биле опфатени татко и син, на ...
Од Универзитетската клиника за урологија синоќа информираа дека со голема гордост го одбележуваат официјалниот почеток на работа на новите оперативни сали - современ хируршки простор изграден и опремен според највисоките светски стандарди. Од таму посочија дека оваа значајна инвестиција носи: најсовремени услови за изведување на хируршки интервенции, поголема безбедност и подобра грижа за пациентите, подобар квалитет на хируршките процедури ...
Почетокот на Илинденскиот коњички марш годинава го одбележа посебен и емотивен момент. За време на свеченото испраќање во црквата „Св. Петар и Павле“ во Долно Лисиче, еден од учесниците ја запроси својата избраничка. Двајцата се дел од коњаницата која, по добиениот благослов, тргна на пат кон Крушево во пресрет на одбележувањето на Илинден. Нејзиното „да“ беше пречекано со радост од останатите учесници и присутните. Така, маршот посветен на ...
Денот е поволен за партнерства, заеднички проекти и разговори што водат кон конкретни решенија. Photo by Yohan Marion on Unsplash Месечината во Јарец денес формира хармоничен тригон со Венера во Девица, носејќи стабилност, добра соработка и можност да се потпрете на луѓето што ви значат. Подоцна, Месечината влегува во Водолија и ја насочува енергијата кон иднината, новите идеи и малите промени што со текот на времето можат да донесат големи ...
Август за вас започнува поспокојно, но завршува како еден од најважните месеци во годината. Во првите три недели ќе чувствувате потреба да се повлечете, да размислите за изминатиот период и да се ослободите од товарот што предолго го носите. Ќе имате впечаток дека нешто се подготвува зад сцената, а интуицијата ќе ви биде посилна од вообичаено. Сончевото затемнување во Лав на 12 август ја осветлува вашата потсвест, носејќи важни сознанија и ...
Август ви носи месец во кој ќе треба да најдете рамнотежа помеѓу амбициите и личниот живот. Ќе почувствувате силен поттик да преземете иницијатива, но најголемите успеси нема да дојдат од брзање, туку од трпеливо градење на она што навистина ви е важно. Почетокот на месецот е одличен за поставување долгорочни цели, а како што ќе минуваат деновите, ќе станува сè појасно кои луѓе и проекти заслужуваат да останат дел од вашата иднина. Еден од ...
Август ќе биде месец во кој ќе се свртите кон она што ви дава чувство на сигурност. Домот, семејството, личните вредности и емоционалната стабилност ќе бидат во преден план. По динамичниот период зад вас, сега ќе почувствувате потреба да забавите, да ги средите работите околу себе и да создадете цврста основа за следните месеци. Сончевото затемнување во Лав на 12 август отвора ново поглавје поврзано со домот и семејниот живот. За некои ...
Август е еден од најдинамичните месеци за вас оваа година. Вашиот ум ќе биде полн со идеи, ќе запознавате нови луѓе, ќе добивате интересни информации и ќе почувствувате дека конечно работите почнуваат да се движат. Но, покрај сета таа активност, месецот ќе ве потсети дека не секоја можност треба веднаш да ја прифатите. Изборот ќе биде исто толку важен колку и акцијата. На 12 август, Сончевото затемнување во Лав носи нов почеток во областа на ...
Август ќе биде месец во кој повторно ќе ја почувствувате својата сила. По период исполнет со преиспитувања и емоционални турбуленции, сега ќе имате повеќе енергија да се борите за она што навистина го сакате. Фокусот ќе биде ставен на финансиската сигурност, личните вредности и градењето постабилна иднина, но најголемата промена ќе се случува во вас самите. На 11 август Марс влегува во вашиот знак, носејќи ви поголема мотивација, храброст и ...
Август е вашиот месец. Сонцето е во вашиот знак до 22 август, а на 12 август се случува и Сончево затемнување во Лав – еден од најзначајните астролошки настани годинава за вас. Ова означува почеток на нов личен циклус кој ќе се развива во наредните месеци. Ќе почувствувате дека е време да ги оставите зад себе старите верзии од себе и храбро да зачекорите кон она што навистина сакате да бидете. Во текот на месецот ќе бидете во центарот на ...
Август ви носи чувство дека конечно почнувате да гледате подалеку од секојдневните обврски. Ова е месец во кој ќе размислувате за иднината, ќе создавате нови контакти и ќе сфатите кои луѓе навистина ја заслужуваат вашата доверба. Многу од вашите успеси овој месец нема да дојдат преку индивидуален труд, туку преку соработка, пријателства и луѓе кои веруваат во вас. Еден од најважните настани е влегувањето на Венера – вашата владејачка планета ...
Август ви носи чувство дека повторно ви се отвораат вратите на сите полиња. По период во кој многу работи се одвиваа бавно или бараа трпение, сега ќе почувствувате силна желба да учите, патувате, запознавате нови луѓе и да излезете од рутината. Ова е месец кој ве потсетува дека растете кога си дозволувате нови искуства. Најважниот астролошки настан е Сончевото затемнување во Лав на 12 август, кое ја активира вашата зона на патувањата, ...
Август ви носи месец на големи амбиции и важни пресврти. Ќе почувствувате силна желба да напредувате, да бидете препознаени за својот труд и конечно да ги реализирате целите на кои долго работите. Работата, кариерата и вашиот јавен имиџ ќе бидат во центарот на вниманието, но истовремено ќе сфатите дека вистинскиот успех нема смисла ако не е во склад со вашите лични вредности. Најзначајниот момент е Сончевото затемнување во Лав на 12 август, ...
Август за вас ќе биде месец на длабоки промени. Наместо да се фокусирате само на обврските и целите, животот ќе ве повика да погледнете под површината. Ќе размислувате за довербата, финансиската сигурност, блиските односи и сè што ве поврзува со другите луѓе. Ова е период кога ќе затворате едни врати за конечно да се отворат нови. Најзначајниот настан е Сончевото затемнување во Лав на 12 август, кое ја активира вашата зона на заедничките ...
Август ќе биде еден од најтрансформативните месеци за вас оваа година. Многу настани ќе ве поттикнат да направите промени во секојдневниот живот, односите и начинот на кој се грижите за себе. Најважната порака на овој месец е дека не можете да продолжите напред ако постојано носите товар што одамна требало да го оставите зад себе. Сончевото затемнување во Лав на 12 август носи нов почеток во секојдневните навики, работата и здравјето. Можно ...
Август ќе биде еден од најзначајните месеци за вашите односи. Без разлика дали станува збор за љубов, деловни партнерства или блиски пријателства, ќе стане јасно кои врски имаат потенцијал да растат, а кои ја исполниле својата улога. Ова е месец што ќе ве научи дека вистинската независност не значи да бидете сами, туку да бидете со луѓе кои ве прифаќаат такви какви што сте. Најважниот астролошки настан е Сончевото затемнување во Лав на 12 ...
Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка С.С., која е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште. Според информациите од црногорската полиција, инцидентот се случил на 24 јули, кога жената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, наводно намерно прегазила куче од расата шарпланинец. По настанот се обидела да ја напушти Црна Гора, но била запрена на ...
Православните верници на 30. јули (четврток) го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци. Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрли тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување на водоводна инфраструктура, наведувајќи дека причината за неиздавањето на одобрението е неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од ЈПДП информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за водоводна мрежа, по што на 26 април истата година била ...
Четириесет и едногодишна битолчанка се здобила со тешки телесни повреди откако изгубила контрола над четирицикл и се превртела на регионалниот пат Битола – Пелистер. Сообраќајната незгода се случила вчера околу 14:45 часот. Повредената била пренесена во болницата во Битола, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола. Четириесет и едногодишна битолчанка се здобила со ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на последните локални избори Амар Мециновиќ од Левица и познатата млада балерина Стефанија Гaштарска заедно го искачија врвот Плат на Шар Планина. Од фотографиите што ги споделија и двајцата, не е тешко да се заклучи дека, пратеникот и младата балерина се во љубовна врска која досега беше непозната за јавноста. Мециновиќ на последните избори влезе во вториот круг заедно со сега актуелниот ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објавија дека во моментов има невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на суградица во јужните делови на Куманово. Правецот на облаците со дожд се со движење е кон исток. Според картата која што ја објави УХМР, може да се забележи дека и делови од Скопје се зафатени од невремето. Сепак, засега овие делови на Скопје, засега се зафатени само со дожд, грмежи и засилен ветер, без ...
Прегазено куче од Македонка во Црна Гора - случај кој со денови ја бранува јавноста, а особено ги допре вљубениците и активистите за заштита на животните. Според информациите што се споделуваат на социјалните мрежи, жената тврди дека постапила во обид да ги заштити своето куче и своите деца, додека други сметаат дека ваквиот чин не може да се оправда. Со став се огласи и познатата македонска новинарка и активистка за правата на животните, ...
Заклучно со денеска, годинава во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот минатата недела. Од регистрираните ...
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дополнителни детали за случајот во кој 24-годишник од Петровец е осомничен дека физички ја нападнал својата мајка, а потоа ја влечел со автомобил. Според Обвинителството, на 25 јули попладнето, осомничениот во семејниот дом ја удрил мајка си со тупаница во лицето. Потоа ја повлекол за левата рака, влегол на возачкото седиште и силно ја затворил вратата, при што раката на жената останала ...
Јавно претпријатие за комунални дејности „Маврово“ информира дека ќе спроведе превентивно чистење на водоводната мрежа на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, поради што упатија апел да не се користи водата за пиење. Од претпријатието апелираат граѓаните во овој период да не ја користат водата за пиење, туку исклучиво како техничка вода. По завршувањето на интервенцијата, јавноста ќе биде дополнително известена кога водата ...
Скопјанец вчеравечер бил нападнат од малолетник на бензинска во Чаир. - На 27.07.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје, С.З.(58) од Скопје пријавил дека на 26.07.2026 околу 21:05 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од 17-годишник од Скопје, соопштија од МВР во дневниот билтен. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Скопјанец вчеравечер бил ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика ...