Кошаркарските македонски шампиони од МЗТ Скопје вечерва ја почнува битката за кам-бек во силната регионална АБА-лига. МЗТ Скопје е домаќин на првата четвртфинална пресметка и тимот на Широки ќе го пречека во СЦ „Јане Сандански“. Македонскиот првак влегува во оваа пресметка решително и мотивирано. Инаку, на последната средба која не беше толку одамна, Широки во последниот меч од регуларниот дел во АБА2-лига славеше со 82-79. Плејофот се игра во ...

Врховниот суд во Аризона, САД, денеска го оживеа законот од 1864 година со кој се забрануваат речиси сите абортуси, симболична одлука со важни изборни импликации неколку месеци пред претседателските избори во оваа клучна јужна сојузна држава. Законот од пред речиси 150 години забранува секаков абортус од моментот на зачнувањето, освен ако животот на мајката не е во опасност. Силувањето и инцестот не се сметаат за валидни исклучоци, пренесе Хина. ...

Универзална сала со години чекаше да биде реконструирана, ама дочека пламине јазици да ја пеплосаат. Тешка судбина има легендарнава сала, не и се паднаа одговорни функционери за да ја реновираат како што беше планот. Каква ќе и е судбината во иднина? Што функционери сега ќе и „проречат“? Истрагата, треба брзо да покаже која беше причината што во вчерашната огнена стихија изгореа остатоците од некогашната Универзална сала која е во фаза на ...

Македонските деца во 21 век не можат да видат воз. Низ земјава ретко ги има во движење, па ако родител сака на дете да му покаже локомотива треба да го носи на некој слеп колосек каде чмае некоја стара машина. Да, да… тоа е реалноста во нашата земја во векот во кој Кина и Јапонија се натпреваруваат кој ќе направи набрз воз, па веќе ја минаа границата од 400 километри на час. Во исто време, во Македонија (пред неколку недели) нашиве успеаја возот ...

Бугарија ја доби преодната влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а на 9 јуни се закажани вонредни парламентарни избори. Народното собрание на вонредна седница ја инаугурираше 10. преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години. Тоа е и првата влада која по неодамнешните уставни измени положи заклетва пред парламентот, а не пред претседателот, пишува бугарскиот сајт „Новините“. Претходно бугарскиот претседател ...

Осмата рунда во ракометната Суперлига го донесе на програмата вечното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, а по крајот на истото, финишот од сезоната ќе биде доста поинтересен. Битолчани имаа шанса со победа во Скопје уште вечерва да почнат до прослава на титулата и одбрана на трофејот кој го освоија лани, но за да стигнат до тоа, сега ќе немаат право на грешка во периодот кој следи. Вардар покажа карактер и ја искористи предноста од домашен ...

Се гледа дека имате големо чувство за боја. Вие можете да бидете одличен сликар, но тоа не значи дека сте и уметник. Уметник е само оној кој во своето дело внесува лична нота. Ако се задржите на својот терен и малку посериозно ги погледате вашите средновековни фрески, лесно ќе го најдете својот уметнички пат…, бил советот кој во 1930 година тогаш 29-годишниот млад македонски сликар Лазар Личеноски го добил од прославениот хрватски уметник Иван ...

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го освои првото место на квалификацискиот турнир во Молдавија и обезбеди пласман во елитната А дивизија во Лигата на нации на УЕФА, откако попладнево во решавачкиот натпревар за првото место во квалификациите триумфираше над Велс со 2-1. На мечот против Велс Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во 2. минута донесе наше водство, Франсис израмни на 1:1 во ...

Воените дејствија во Газа продолжуваат. Израел ќе постави 40.000 шатори за да ги смести стотиците илјади Палестинци, кои ќе ги расели од градот Рафа во Појасот Газа пред копнената офанзива врз тој град. Инаку, Рафа сега е дом на повеќе од еден милион луѓе, главно раселени Палестинци кои избегаа од другите области на Појасот Газа по нападите на израелската армија, од кои повеќето се жени и деца, пишува „Тајмс оф Израел“. Израелската армија тврди ...

Во посета на Кина е рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров. Неговиот кинески колега Ванг Ји истакна дека Кина и Русија ќе продолжат да се залагаат за инклузивна и просперитетна економска глобализација и против еднострани акции и протекционизам. Ји додаде дека Кина и Русија, како големи земји и постојани членки на Советот за безбедност на ОН, имаат важна меѓународна одговорност за решавање на итните прашања. Според него, Кина и ...

Изборната кампања веќе e во засилена фаза. Што ја одбележува? Подметнувања, црна кампања…, а кога се отвораат теми главна е: Уставот и уставни промени. Нема во Македонија други теми кои ги притискаат граѓаните? Само уште смена на Уставот остана за решавање? Нема митинг, средба со граѓани, интервју, а таа тема да не биде потенцирана и образложувана. Од петни жили се запнува тоа да биде најважното прашање. Се уште актуелниот претседател на ...

Колумна на Никола Тасев: Во предизборие често има една чудна појава – подисплашен политичар крева глас и покажува храброст. Просто да гледаш и да не веруваш дека функционеров е оној кој со години повеќе бираше да клечи, да е сервилен… Таквите чуда мора да се видат. Па ако треба и нека се плати. Затоа, му предлагам на СДСМ под итно да организира продажба на билети за изборните трибини на нивниот претседателски кандидат. Дури и цените мора да се ...

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс доби место во изборот на идеалната петорка на сезоната во Еврокупот. Плејмејкерот игра одлична сезона во која е главен играч на Париз кој стигна до финалето, па изборот и не е големо изненадување. Претходно Шортс беше прогласен за најкорисен играч во првото, десеттото и дванесеттото коло, но и во четвртфиналето и полуфиналето во разигрувањето за титулата. Во актуелната сезона Шортс има просек од 23.4 ...

Албанската полиција, уапсила 60-годишен жител на селото Белорта, кај Корча, поради шверц на ситен добиток од Македонија. -Финализирана е шифрираната полициска акција „повторувач“ за сузбивање на недозволената трговија со добиток. Кај селото Звезда во Малиќ уапсен е Д.Џ. (60) со претходно криминално досие од оваа област. Во возило пикап превезувал 28 глави ситен добиток (кози), без соодветната документација, што го прошверцувал од Северна ...

Канцеларијата за доктрина на верата во Ватикан денеска ја објави декларацијата „Дигнитас инфинита“ во која ја отфрла промената на полот, сурогат родителството и теоријата на родот. Во декларацијата се наведува дека „секоја интервенција за промена на полот, по правило, ризикува да го загрози единственото достоинство што едно лице го добило од моментот на зачнувањето“. За теоријата на родот, според која, родот е покомплициран и понепостојан од ...

Капакот на моторот на Боинг 737-800 во сопственост на Southwest Airlines падна за време на полетувањето во Денвер во неделата, што ја натера американската Федерална управа за авијација (FAA) да отвори истрага. Никој не беше повреден, а летот 3695 безбедно се врати на аеродромот во Денвер околу 8:15 часот по локално време во неделата и авионот беше одвлечен. Авионот Боинг со 135 патници и шест членови на екипажот се искачи на височина од околу ...

Изборната кампања ја дига температурата во Македонија. Се разжестија партиите, но не само со „врели“ понуди за иднината на земјата тику и со меѓусебни обвинувања, најави за тужби за клевета, најави дека ќе има одговорност… По само два дена откако тргна кампања од изборниот штаб на Стево Пендаровски најавија тужба за клевета откако најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини дека и тој стои зад шемата за фалсификување на документи и лажни ...

Македонските ракометарки убедливо ја совладаа Литванија со 34:24 (18:12) во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Денешниот триумф над Литванија беше без резултатско значење, откако Македонија уште во минатото коло го обезбеди учеството на континенталниот собир. Најефикасни во составот на Македонија беа Седлоска и Ризоска со по шест постигнати гола, ...

Српската полиција се уште трага по телото на малата Данка Илиќ. Осомничените за нејзиното убиство беа сослушани во обвинителството, по што судот им одреди 30-дневен притвор. Како што потсетува Телеграф.рс, осомничениот Срѓан Јанковиќ се бранел со молчење во обвинителството, додека Дејан Драгијевиќ го признал делото, а потоа рекол дека татко му и брат му помогнале да го сокрие телото. Во неделата стигна и информацијата дека неговиот брат починал ...

Големиот шумски пожар што вчера избувна во близина на градот Иерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, денека е локализиран, откако пожарникарите и во текот на ноќта продолжија со гаснењето, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, интервенираат 186 пожарникари со 12 пешадиски тима, 38 возила и четири хеликоптери, од кои еден е за координација, а доцна синоќа на островот пристигнаа и ...

Првото летечко такси без возач може да полета во Велика Британија во рок од две години според владините планови, кои исто така предвидуваат редовна испорака на беспилотни летала за медицински цели до 2027 година. Министерството за транспорт го објави својот акционен план за иднината на летовите, според кој летечки такси без екипаж ќе бидат воведени до 2030 година. Планот до крајот на деценијата, исто така, предвидува редовна употреба на ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Македонија. Вучиќ изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, ...

Вчера околу 18 часот и 30 минути во каменоломот на мостарската компанија ХП Инвестинг д.о., во населбата Бијела кај Мостар настанало свлечиште кое предизвикало три автомобили да паднат во езерото, потврдија за Бљесак.инфо од МВР на БиХ. „Во езерото се гледаат два автомобили, а третиот се претпоставува дека е или на дното на езерото или под одронот“, изјави за споменатиот портал портпаролот на МУП ХНЖ Људевит Мариќ. Прво беше објавено дека едно ...

Еурофарм Пелистер му зеде скалп и на Алкалоид. Шампионот со седум од седум го заврши првиот круг од плеј-офот во Суперлигата, откако извојува убедлива победа над вицешампионот од 25-35. Филип Кузмановски и на овој натпревар беше еден од најдобрите ракометари на „зелено-белите“. Тој го анализираше дуелот со Алкалоид и најави уште поборбен Еурофарм Пелистер во иднина. -Можеби некои натпревари ги игравме послабо, можеби противниците беа подобри, но ...

Академикот и доскорешен претседател на МАНУ, Љупчо Коцарев, во интервју за бесплатниот неделник „Македонско Ехо“ истакна дека „Македонија е поробена земја, а за тоа исклучиво се виновни македонските политичари“. Тој посочи и кои се најкрупните 2-3 грешки кои се направија во Македонија во последните 30 години: –Материјалната деградација (неправедната приватизација и уништувањето на повеќето јавни институции во Македонија, вклучувајќи ги ...

Претседателот треба да е личност која ќе обединува и ќе се залага за доброто на народот, со почит кон меѓународната заедница, но со цврст став и во интерес на нашиот народ, мудро и интелигентно, вели Гордана Тодоровска За неколку недели Македонија треба да добие нов претседател кој ќе неси важни одлуки за државата во наредниве години. За тоа место претендираат 7 кандидати, кои ги поминале филтите на партиите. Но каков е филтерот на македонскиот ...

Осомничениот Д.Д.(50) синоќа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Заечар призна дека ја задавил двегодишната Данка Илиќ. Повеќе од два часа синоќа траеше сослушувањето на Д.Д. Тој во обвинителството откри и дека имал помагачи да го тргнат телото на Данка од депонијата. -Тој рече дека татко му и брат му помогнале да се ослободи од телото, вели извор запознаен со случајот. Потсетуваме, осомничените за убиството на Данка Илиќ (2) синоќа ...

Од денеска на возрасните во Германија им е дозволено да носат со себе до 25 грама сушен канабис и да одгледуваат најмногу три растенија марихуана дома. Германија од денеска го либерализира пазарот на канабис декриминализирајќи го поседувањето мали количини. Откако стапија во сила новите закони за лично поседување, пушењето канабис во Германија ќе биде легално за постари од 18 години, пренесува „Гардијан“. Од денеска, на возрасните во Германија ...

Кратко траеше љубовта меѓу Гоце Седлоски и Работнички, по четири месеци дојде разделба поради лошите резултати, Горан Станиќ е именуван за нов тренер. Работнички се реши за тренерска смена откако резултатите во последниот период беа под сите очекувања на раководството. -ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски, соопшти ...

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, денес оствари средба со сениорките и со стручниот штаб на женскиот сениорски национален тим. За прв пат по 12 години, женската ракометна репрезентација на Македонија успеа да се пласира на Европско првенство преку квалификации. Па по враќањето од Баку, раководствотo на Ракометната федерација на Македонија оствари средба со сениорките и со стручниот штаб на „црвено-жолтите“. Првиот човек на ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
72%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
5.25
91%
1016
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
83%
1004
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
85%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
94%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
59%
1010
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Калај

40.48

Цинк

3.23

Кобалт

58.42

Никел

473339.37

Рутениум

29192.88

Паладиум

46425.68

Алуминиум

2.91

Платина

52952.77

Иридиум

145787.60

Сребро

1878.05

Бакар

10.95

Родиум

255598.44