Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Откако американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека неговиот личен апел до иранските власти спасил осум жени демонстрантки од сигурна смрт со бесење, иранската амбасада во Јужна Африка објави порака што го шокираше светот: „Ура, Трамп спаси осум жени создадени од вештачка интелигенција“. Hurray, Trump saved 8 AI-generated people. https://t.co/q9Tcbfht15 — Iran Embassy SA (@IraninSA) April 22, 2026 Оваа објава на социјалната мрежа ...
Секојдневен сообраќаен метеж поради автомобили паркирани на едната страна на улицата, нервоза кај возачите при секој обид да се разминат два автомобили на улицата и небезбедно движење на основците што учат во училиштето „Блаже Конески“ во Мичурин. Жителите од населбата велат дека едната сообраќајна лента на улицата „Фрањо Клуз“ постојано е блокирана од непрописно паркирани возила. Според нив, гостите на локалите сместени во зградата покрај ...
Лоши вести пристигнаа за репрезентацијата на Хрватска од Англија, стоперот Јошко Гвардиол според информациите на британските медиуми веќе нема да настапува за Манчестер сити до крајот на сезоната. Гвардиола се опоравува од скршеницата на потколеницата која ја заработи во јануари и најавите беа дека ќе биде подготвен за финишот од сезоната, но сепак тоа нема да биде случај. Хрватскиот дефанзивец по повредата бил опериран, а планот е целосно ...
Со доаѓањето на потоплото време, сè повеќе луѓе поминуваат време во природа, но тоа носи и зголемен ризик од убод од крлеж, пишува „Дневно“. Познато е дека крлежите можат да бидат носители на бактеријата борелија, причинител на лајмска болест, како и на вирусот на крлежно пренослив енцефалитис. Затоа е исклучително важно крлежот навреме да се забележи и правилно да се отстрани од кожата. Докторката Џенин Боуринг сподели едноставен трик за ...
Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше објавените податоци од Народната банка на Република Македонија за трансакциите со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025 година. Mоже да се забележи дека нашите граѓани со платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека „нема временски притисок“ околу продолжувањето на примирјето со Иран, пренесе „Би-би-си“. Трамп во телефонски разговор со новинар на „Фокс њуз“ вчера изјавил дека „не брза да го заврши конфликтот“ и дека сака да постигне „добар договор“. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, исто така, вчера изјави дека преговорите „се во тек“ и дека Трамп јасно ги поставил своите „црвени линии“ кон Иран – ...
Возачи на редуцираната Итна медицинска помош во Скопје, кои за „Слободен печат“ тврдат дека бројот на возила што им се на располагање во смена се брои на една рака за цел град, алармираат за нови проблеми покрај недостигот на услови за работа на оваа занемарена медицинска служба. Имено, тие велат дека возачите не ги помрднуваат своите возила на крстосниците од страв дека „Сејф сити“ ќе им регистрира прекршок. Така возилата на Итната ...
Англискиот премиерлигаш Тотенхем минува низ тежок период, обележан со слаби резултати и пад на самодовербата, па клупското раководство одлучило да повлече невообичаен потег и да вклучи спортски психолог како дел од обидот за излез од кризата. Од „Вајт Харт Лејн“ веќе се во потрага по експерт кој ќе работи и со играчите и со стручниот штаб, со цел да се стабилизира менталниот аспект на тимот во финишот од сезоната. Планот е преку ваква ...
Актерката Ева Лонгорија пред две години донела одлука да се пресели од САД и својот живот да го подели меѓу Шпанија и Мексико, каде денес живее со сопругот Хосе Бастон и нивниот син. Иако пораснала во Тексас, а поголемиот дел од животот го поминала во Лос Анџелес, Лонгорија открива дека најголемата промена за неа била – поинаков ритам на живот. „Во Шпанија навистина уживаат во животот. Обожаваат долги оброци и никогаш не брзаат“, вели таа, ...
Министерството за земјоделство побара од Јавното претпријатие „Национални шуми“ да започне постапка за изменување и дополнување на постоечкиот план кој предизвуваше голема сеча во шумата над село Љубојно и околината во период од 2024 до 2033 година. За ваквиот чекор Министерството преку јавен допис ги известило членовите од иницијативата „Љубојно“, кои до март годинава четири месеци протестираа секој ден против гороцидот на шумата, објави ...
Во фоајето на НУ Центар за култура на 21 април се одржа прес-конференција на која беше претставена програмата на 27. Интернационален фестивал на монодрама, кој ќе се одржи од 23 до 29 април. На прес-конференцијата говореа директорот на НУ Центар за култура – Битола, Сашо Илковски, селекторот на фестивалот Благој Мицевски, Љупка Коларевска Пајевиќ и Љупка Стефановска, додека за значењето на фестивалот и улогата на жири-комисијата се обрати и ...
Раководителката на Службата за итна медицинска помош, доктор Анита Димоска, тврди дека пешакот кој утринава беше прегазен на 200 метри пред поликлиника Букурешт (каде што се наоѓа пунктот за итната помош) бил транспортиран во Клинички центар за 22 минути. На лице место на сообраќајката пак, наша екипа посведочи дека итната помош задоцни, едно возило на итната помош прво го одмина повредениот и замина во друг правец, па потоа се појави ...
Пратеничката и претседателка на ЛДП Моника Зајкова преку видео ги повика колегите пратеници уште денеска да појдат на нотар и да дадат изјава дека имаат само македонско државјанство. -Ајде колеги, сите на нотар со иста изјава – да се види дека е став а не популистички потег. Или сте за само со македонско државјанство или манипулирате. Јас не манипулирам, еве ја мојата нотарска изјава! – вели Зајкова. Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесоа ...
Научниците забележале необично однесување кај макаки-мајмуните на Гибралтар – сè почесто консумираат земја за да ги ублажат стомачните проблеми предизвикани од храна што ја добиваат од туристи. Истражувањето, објавено во списанието „Саентифик рипортс“, покажува дека т.н. геофагија – намерно јадење земја – е значително почеста кај групите мајмуни кои имаат контакт со човечка храна како чоколадо, чипс и сладолед, пренесува „Ројтерс“. ...
Секогаш кога се отвора темата за болестите што најмногу го плашат човекот, на прво место најчесто се издвојуваат кардиоваскуларните заболувања. Дијабетесот, пак, често се доживува како состојба што се контролира со терапија и не бара чести проверки, со претпоставка дека лековите ќе ја завршат целата работа околу регулирањето на гликемискиот статус. Дијабетесот е хронична болест што се карактеризира со намалено лачење инсулин од панкреасот ...
Два воза директно се судриле на железнички премин северозападно од Копенхаген, при што четворица се критично повредени, а уште 13 луѓе завршиле во болница, објави „Би-би-си“. Возовите сообраќале на линија што ги поврзува градовите Хилерод и Кагеруп во регионот Северен Зеланд во североисточна Данска. Противпожарната служба не може да каже што ја предизвикало несреќата, но изјави за данската телевизија дека сите повредени биле пренесени во ...
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, денеска изјави дека Европската Унија наскоро би можела да почне да воведува санкции против Израел, бидејќи промената на владата во Унгарија би можела да го отстрани долгогодишното вето на таа земја. Баро во изјава за „Франс инфо“ рече дека веќе една година се залага за санкции против поединци или субјекти одговорни за насилство врз Палестинците, вклучително и на Западниот Брег. „Мислам ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му постави ултиматум на премиерот Христијан Мицкоски – Владата да ги повлече измените на Законот за Влада со кои се укинува техничката влада, во спротивно СДСМ ќе ја напушти работната група за Изборниот законик. – На овој начин којшто е целосно автократски манир на владеење, оваа влада не треба и не може да се укине. Таа е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори. Кога власта има целосна ...
Претставник на Доналд Трамп побарал од ФИФА Иран да биде заменет со Италија на претстојното Светско првенство, тврди „Фајненшл тајмс“. Според весникот, станува збор за предлог кој има и политичка позадина, односно обид за подобрување на односите меѓу Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони, кои наводно се заладиле по неговите критики поврзани со конфликтот со Иран. „Потврдувам дека му предложив на Трамп и на претседателот на ФИФА, Џани ...
Поранешна вработена во компанијата „Бист индустрис“ поднесе тужба против продукциската куќа на познатиот јутјубер Мистер Бист, тврдејќи дека добила отказ кратко по враќањето од породилно отсуство. Во тужбата, поднесена пред федерален суд во Северна Каролина, Лорејн Мавроматис наведува и сериозни обвинувања за повеќегодишно сексуално вознемирување и родова дискриминација. Таа поднела пријава и до американската Комисија за еднакви можности при ...
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот од Битола ја прифати оставката и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа. До крајот на оваа натпреварувачка сезона екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов. Потсетување, во полуфиналето од ...
Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје. ...
Новинарка вчера беше убиена во израелски воздушен напад врз куќа во Јужен Либан, каде што се засолнила додека известувала за конфликтот меѓу Израел и Хезболах. Нејзиното тело било извлечено од урнатините дури неколку часа подоцна, објави „Асошиејтед прес“. Дневниот весник „Ал Акбар“ објави дека нивната новинарка, Амал Халил, загинала во јужното село Ал Тири. Халил го покривала конфликтот во Либан меѓу Израел и либанската милитантна група ...
Турскиот парламент доцна во средата усвои закон кој вклучува ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години, објави „Вашингтон пост“. Законодавството е дел од глобалниот тренд за заштита на младите од опасни онлајн активности. Неговото усвојување доаѓа една недела по вооружениот напад во кој 14-годишно момче уби девет ученици и еден наставник во средно училиште во Кахраманмараш, во јужна Турција. ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: ...
Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...
Компанијата „Гугл“ се согласи на спогодба во вредност од 135 милиони долари, поврзана со тврдењата дека уредите со оперативен систем Андроид користеле мобилни податоци на корисниците без нивна јасна согласност, отворајќи можност милиони жители на Соединетите Американски Држави да добијат обесштетување. Милиони луѓе би можеле да ги исполнуваат условите за оваа спогодба, но конечниот износ што ќе го добијат ќе зависи од тоа колкумина ќе се ...
Научниците на Универзитетот во Кабардино-Балкарија развија робот што игра шах за да им помогнат на студентите подобро да ги разберат принципите на програмирање. – Создаден е уникатен систем способен самостојно да игра шах. Тој претставува роботска рака што комбинира хардвер и софтвер, а во која се вградени елементи на роботика, машински компоненти, контролни алгоритми и вештачка интелигенција – објави универзитетот. Како што е наведено, ...
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (23 април 2026) без електрична енергија ќе останат делови од Скопје. Во општина Карпош, прекин на струја ќе има во периодот од 04:30 до 15:30 часот кај корисниците „Стил Железо“, „Електроводомонт“, „Европа 92“, како и кај дел од потрошувачите на улиците 1506 и 1550 во Момин Поток и улицата „Дани Калош“. Дополнително, во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат ...
Поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор со 24-часовно полициско обезбедување, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на мерката. Со тоа, Груби и натаму ќе остане во домашен притвор под постојан надзор. Груби се врати во Македонија на 23 февруари, по повеќе од 14 месеци бегство. Наместо да биде спроведен во истражниот затвор „Шутка“, му беше одреден куќен притвор поради ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе Општа препорака со која, на работодавачите од јавниот и од приватниот сектор им препорачува да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство и да се воздржат од практики кои доведуваат до нивен нееднаков или понеповолен третман при бременост, раѓање и мајчинство во остварувањето на правата од работен однос. Оваа препорака ...